Ете ви превенција против вакви работи! За да можеме мирно да спиеме само треба да се придржуваме кон некои правила. Да резимираме: - Никако немојте да спиете во тивки соби, посебно оние кои имаат изолација од надворешни вибрации и електромагнетни сигнали?? А ако веќе морате да спиете во ваква соба, осигурајте се дека нема да биде многу тивка за да не почнете да халуцинирате, оставете нешто да дрнда, да пее и слично. Меѓутоа оперски певици не доаѓаат во предвид, зошто може да се покажат како извор на високо фреквентни звуци кои (ако запеат нормално) можат да ви ги искршат чашите, стаклата, па после Цацко ќе ви биде крив. А ако изворот на овие звуци кои кршат стакло сепак остане непознат, тогаш треба озбилно да се запрашате дали можеби ЦИА или ДБК ви прават финти за да ве избудалат и да завршите во лудница (така е барем во филмовите ) - Пред легнување замолете ги глувците од горниот спрат да не „чекорат“ со човечки чекори, или барем да си ги собујат чевлите. - Ако во текот на ноќта забележите сенки тогаш веројатно некој од вашите блиски ви прави финти. Едноставно, се договориле да ве преплашат на спиење, станале пред прозорецот, и си прават сенкички со прстињата, па откако ќе видат дека сте се препаднале и ви се скусил животот, со филмска брзина се кријат некаде за да не ги видите. И ви се смеат, најверојатно . А можно е да ви се гледаат сенки и од уметничките инсталации кои сте ги спремиле за во музеј, ама како за беља сте ги оставиле пред прозорецот, па кога удрила месечевата светлина ги претворила во ужасни сеништа (ако им се верува на претходно поставените фотографии). Ете тоа ви е „најлогичното“ објаснување и советување, па повелете здивнете!
Е не, баба ти шо е почината дваесе години дошла да ти каже кај го оставила азното злато. Читнав оти ти исчезнувале предмети, па може сака да ти прати порака за азното. Не, тетке, забораваш кај шо оставаш. Најдобриот начин да скриеш нешто е да не го скриеш, така никој нема да го бара, па никој нема да го најде, оф корс. Не постојат соби со изолација у реалноста нели, ама постојат куќи и зградишта кои се наоѓаат над подземни реки кои имаат прилично сериозна константа резонанса. У многу сериозно научни експерименти се кршат стакла и ѕидови паѓаат од звуци. Опасни духови, јебешга. Еве ти природни извори на инфразвуци: http://en.wikipedia.org/wiki/Infrasound#Sources Второ, не знам која е разликата меѓу тропање на глувци и она на човечки чекори. Има ли? Нема, дефинитивно нема. Ако тропа нешто, мора човек да тропа. Или глувци може да се. Човечки стапки тешко е да се дефинира дека се човечки, ама се дефинираат како тропање. Трето, човечката цивилизација со илјадници години соѕвездијата ги гледале како нешто, како мали и големи мечки, како орачи и плугови, така да дешавките за сенките се повеќе од реални. Кажав, сестра ми со месеци мислеше оти има камила кога си легнува. Сосема обичен предмет се рефлектирал на ѕидот. И човечиња на Марс виделе. И на Месечината крокодил. Ама се само неповрзани работи кои кога ги спојуваме добиваат некакво значење. Дури и планетите биле ѕвезди луталици т.е. живи луѓе, пример ко богот Марс. И не беше целта да покажам уметнички инсталации со сенки, туку дека многу лесно предметите можеме да си ги замислиме у било какви форми кои не постојат. И сето тоа благодарение на фактот дека не сме бихејвиористички човечиња туку нешто сосема друго. Ова друго: http://en.wikipedia.org/wiki/Gestalt_psychology Еве ти. The whole is greater than the sum of its parts. И дефинитивно не сакам инфериорни луѓенца кога се обидуваат да ме исмеат. Не ти успева, тетке. I am always the smartest man in the room, trust me. And I'm even modest. За крај, за пред да си легнам, читни го ова: https://en.wikipedia.org/wiki/Observable_universe Во ова местенце, кое не е ниту целиот универзум туку само видливиот, постојат секакви работи, планети од дијаманти, и сонца шо се со прилично висока скоро Планкова температура, и неуспешни сонца, и прстени на Сатурн, и се и сешто, ама не постојат духови, тешко некако ги виделе на телескопи, дури ни на Хабл, а целиот видлив универзум го има мапирано. У нашите главчиња е, како придружник на нашиот адреналин, и на колективната потсвест. Дури и факинг егзорцизми се објаснуваат преку научни студии. Лека ноќ.
Аман бе младичу, што се возбуди толку? Од кај таа идеја дека те исмевам? Сите си ги толкуваме работите како што си милуваме, нели? А јас сакам и хумор да внесам меѓу другото. Ама добро, мал си уште, ќе пораснеш, и „тета“ на твои години си ласкаше дека е ептен „тхе смартест ин тхе универсе“ ама.... Има време, и ти еден ден ќе научиш што значи хумор, исмевање, разлика меѓу глувчешки и човечки чекори, и се што треба де... А до тогаш ти посакувам безгрижно детство и успешно школување!
избегавме малку од темата, дај пишувајте необјасливи случки итересни се за читање (среќа што мене не ми се случило нешто такво)
http://www.youtube.com/watch?v=KKT_sE4B7WI Да не работеше у некоја институција за распознавање чекори, па ја знаеш разликата?
Не е можно од ултразвуци да се скрши шишето затоа што со собата имало и други шишиња што не се скршиле (стаклени и со ракија и вино ако е битно) и да, дедо ми живее сам, но тоа не значи дека куќата никој не ја одржува затоа што мајка ми и тетките често ја чистат и милион посто глувци нема и не се слушаат како човечки стапки (еве ако е важно, дедо ми има поставено факови за да знае ако случајно има глувци) Со добра намера се надевам дека барем еднаш ќе доживееш нешто необјасливо и ќе се почувствуваш и како другите на темата на кои што се правеш паметен Спојлер Немој да мислиш дека сакам да те испровоцирам или дека те мразам или слично само ја продолжувам дискусијата НЕ (лично)
На форумот шетам како гостин и оваа тема ми е омилена, но морав да се вмешам па се регистрирав. Не велам дека сите напишани случки се вистинити, но поголемиот дел се. И слободно можам да кажам дека и верувам на калрс оф д реинбоу, затоа што имам доживеано нешто слично. Кога умре дедо ми, баба сакаше да ги раздаде сите негови кошули и додека зборувавме за тоа во фиоката каде стоеа кошулите нешто пукна, направи брау. Баба ми почна да ги разгледува кошулите и во една во џебот најде позлатен саат ( да не ме свати некој грешка дедо ми додека бил жив го ставил) кој сега е на брат ми И имам една другарка, еднаш бев во нејзината куќа и чувството не може да се опише. Низ цел ходник има слики од нејзините предци. Во секоја соба се чувствува нешто како да некој ќе ти рипне и за врат ќе те фане. Не може да се опише со зборови. Но чудно е што само во собата на сестра и ништо не се чувствува. Кога седевме во нејзината соба и признав дека ми е страв и сакам да си одам дома и таа ми рече дека и на неа и е исто СЕКОЈ ДЕН и дека навечер понекогаш мора да користи апчиња за спиење за да заспие поради големото чувство на присуство и во куќата поп нема влезено. И калрс оф д реинбоу НЕ рече дека тоа е дух тоа за неа е необјасливо и никаде не прочитав дека верува во духови и сигурна сум дека девојчето разликува чекори од глувци и човечки стапки. Вакуман ај шетај те молам .
Не ви се деѓаваат бе веќе вакви паранормални нешта? Ја запоставивте темава. Ај се јас да пишам,незнам сега верувам дека не е нешто паранормално,ама секогаш кога одиме на 3 спрат со кучето заедно кога се качуваме застанува на врата и несака да влезе внатре,мислам од ходникот во малиот ходник што меѓу собите несака да влегува. Еднаш јас го земав враце и така го внесов и почуствував како да се вознемирува и се обидува да ми избега од раце што не е случај за 2ри или 1 кат. А нели викаат животните гледаат она што неможеме ние да го видиме? Не верувам искрено во ова,може нормално не му се допаѓа амбиентот. Дрго.Вчера,откако легнав слушав како чкрипат ролетните од прозорот во мојата соба. Не дека се исплашив јас,повеќе мајка ми,можеби ветер беше,ама сум прочитала тука на темава дека на некому чкрипеле ролетните толку силно како некој да сака да ги извади,сепак мислам дека е ветер,зависно од јачината може да чкрипат и многу силно.
Од помала си бев многу заинтересирана за вакви работи, и често гуглав и читав разни приказни,искуства, видеа и што уште не, така да случкиве што ги пишувате во темава се многу веројатни, зошто имам прочитано мал милион слични случки што се имаат случено низ светов.Дека за дел од нив има објаснувања, верувам дека има, ама не сум скептик.Инаку мене ми се имаат случено неколку ајде да ги наречам необични случки,кога бев мала повеќе се плашев од тоа, а сега и некако не ми влијаат бидејќи се трудам да си најдам објаснување. Една од случките што повеќе ме збуниле ми се случи пред 1-2 години, си доаѓав дома од школо, 2-ра смена и бев доста изморена, и има едно патче каде што живеам кое што проаѓа низ шума, и прилично темно е и језиво е, има стари гробишта и црквичка и избегнувам да одам од таму сама, ама ете таа вечер нешто ме натера да одам.Како што се искачував нагоре погоре на скалите видов старица облечена во црно како да лебдеше, срцето како да ми застана се загледав убаво и таму беше трепнав и веќе немаше ништо.Сето тоа си го препишав на уморноста и можностите на халуционации, пошто самиот страв и психава може ме излажаа,ама ете и ден денес кога проаѓам од таму се ежам.
Уф па јас живеам блиску до гробишта и секоја вечер се слушаат некакви чудни шумови. Ама ако, навикната сум си.
Ај и јас да ви раскажам нешто за мене. Пред неколку дена легнав на креветот да спијам и само што ги затворив очите како да го видов ликот и слушнав гласот на мојата покојна баба (на татко ми мајка). Не обрнав многу внимание, мислев дека ми се причинува. И после кога заспав ја сонував нејзе цело време , ме следела насекаде кајшто сум одела , ми кажувала нешто да го прашам татко ми , а и собата да си ја средам ( а баш тие деновови собата ми беше несредена пошо разместував некои ствари), и фатила таа да чисти , да ми средува. Се разбудив цела преплашена.
Мене ми се имаат случувано многу необјасниви појави кои не ме исплашиле премногу, па да ги запомнам. Инаку, една моја другарка ми имаше кажувано дека пред 8 години загинал нејзин близок во сообраќајка. Пред 3 дена, го сонувала целиот со спојувалки. Утредента, враќајќи се од училиште, по улицата биле истурени спојувалки до нејзината куќа... Страшно Инаку, бев сама дома додека моите беа на одмор и повикав другарка да ми прави друштво. Спиевме на први спрат и беше, чинам 3 часот по полноќ. Гледавме некој смешен филм и гласно се смеевме. Наеднаш снема струја во куќата, а светилките надвор светеа Престанавме со смеањето и слушнав дека некој гласно се смее... како ХАХАХХА како да грми. Се слушаа чекори во дворот. После 10 минути се врати струјата и чекорите и смеата исчезнаа. Утредента вратичката од оградата беше отворена. Заедно отидовме на црква затоа што беше 28 август. Бев и на бајачки за од уплах затоа што се плашам премногу..Господ не чувал Последно нешто е во куќата каде што живеам со семејството беше случката со ѕвоното. Една вечер, си седиме јас, сестра ми и мајка ми дома. Беше 11 ипол и некој ѕвонеше на врата. Постојано ѕвонеше. Излегов на тераса и почнав да викам: КОЈ Е? КОЈ Е? Немаше никој...Утредента го извадивме ѕвоното мислејќи дека е расипано и ставивме друго. После една недела, во исто време ѕвонеше некој на новото ѕвоно. Понекогаш, кога е премногу страшно, имам напади на паника и моиве ме смируваат со разни лаги дека било само до напонот на струја.. незнам што... необјасниво е страшно е!! Се вратив од излегување и беше покрај 3 часот. Разговарав за поминатата вечер со другарката на телефон и да не ги разбудам домашните, влегов во купатило и си седнав на шоља Мислам дека зборувавме до 4 ипол и тамам сакав да излезам од купатило, слушнав како вратата од ходник се отвора полеееека, и наеднаш лупнува назад. КОСАТА МИ СЕ КРЕНА и и ѕвонев на мајка ми да дојде до ходник затоа што неможев сама да излезам
Откако умре прабаба ми таа така висок тон си попушташе и тетка ми ми кажа дека сам си се попуштил телевизорот кај неа мн висок тон значи се наежив
Па види вака.И мене ми се случува многу често да се затегни или да се повиши тонот,да се смене канал,и сл. Ама,никогаш јас не сум обратила внимание на тоа,од причина што е навистина смешно и глупаво. Да,сигурно некој дух си игра со звукот на телевизорот,не? Провери дали е исправен телефизорто,колку е стар,провери ја инсталацијата,далечинскиот управувач или копчињата на телевизорот. Од она што сум читала овде на фемина за ваквите да ги наречам паранормални нешта,па и на други сајтови и форуми,дојдов до заклучок дека,постои само едно нешто што ги предизвикува овие случки-мозокот. Значи утринава, знаете каков филм си направив,а свесна бев и намерно го правев тоа,сакав да го тестирам мојот мозок. Лежев заедно со кучето,сама во спалната.И замислував како некој гази по паркетот,и се приближува до мене,како одеднаш ќе ме фати за врат и ќе ме убие,и навистина ми се причини дека крцка подот и ме фаќа нешто за врат.Толку се занесов во тоа,што почна да изгледа вистинито. Поентата ми е,ако живеете со помислата дека не постојат духови и такви ствари,навистина нема да ви се случуваат вакви нешта!Се се сведува на нашиот мозок,односно нашиот избор во што ќе веруваме,во приказни за деца,или ралноста,односно науката!Не е научно докажано дека постојат духови,никој тоа не го докажал,нити утврдил,а во 21 век,кога имаме лек дури и за ракот,да не се открие една ваква ,,честа,, (како што е барем тука)појава е апсурдно.
Никогаш нема да можеме да докажеме дали постојат или не. Мене лично ми се случувале многу работи и јас лично си верувам дека сепак постои нешто. Ама што е тоа нешто никогаш нема да си го разјасниме ние луѓето. (Затоа што на пример, секој има различно сфаќање на работите.)
Еднаш кога играв хорор игра слушнав завивање. Излегов надвор и гледам куче. Го земав и за 2-3 дена го снема. Се шалам, си избега од мојата мачка.
Значи вака девојки. Ми се случи денес. Бев на школо прва смена ,а цел ден во школото ми се спиеше бев многу изморена едвај изджав. Само што се вратив дома беше баба ми. Рече ќе одела на болница и само што излезе од вратата станав ја заклучив вратата и го извадив клучот (99,9%). Мобилниот го ставив во ходник да се полни а јас легнав во собата. Бев премногу изморена и покрај тоа се мачев да заспиам и некако сум заспала. Инаку да напоменам имам "лесен" сон се будам на секој шум што дури некогаш и ме нервира тоа.Моите си доаѓаат од работа во 3 часот . Неможеле да ја отворат вратата бидејки клучот бил ставен од внатре ( иако го извадив 99,9%). Ѕвонеле на ѕвончето до тој степен што ѕвончето се расипало. Ми ѕвонеле и на мобилен телефон двапати до крај и тоа не сум го слушнала. На крај татко ми ја разби вратаа и влегоа во станот и ме разбудија и тоа двапати го изговорил моето име за да ме разбуди. Е сеа сакам да прашам дали некој има некоја ваква слична случка ? И ми остана во енигма кој го ставил повторно клучот на врата и како е можно да не можам да се разбудам дали е можно да е од преголемиот замор ?
Ах, па во меѓувреме јас те посетив и си отидов дека видов си спиела и ја затворив вратата со клуч на неа... Сори! Сигурно ова си го измислила или си месечарела...