Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Ако не веруваш во ништо ...едноставно не пишувај и не замарај со твоиве "објаснувања" .Некои работи..ДА може да е објаснат,но некои е.И ако не си искусил ништо подобро не пишувај и не објаснувај.Пишувај си во темата Насмевка и таму смеј си се ;) Поздрав :*
     
    На ColoursOfTheRainbow, sweet-star и Kaylie им се допаѓа ова.
  2. sweet...love

    sweet...love Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    15
    Вака сега тоа ми се случи синоќа не е многу страшно но јас сепак се исплашив...
    Го изгасив компјутерот и струјата и легнав да спијам но кога си легнав немаше никаква сенка на ѕидот, по неколку минути се појави една сенка како да беше над мене и како да ме набљудуваше, потоа слушнав некој како дише со страв се свртев назад и видов некој како поминува но станав веднаш ја светнав струјата и немаше ништо а да видам како некој поминува ми се има случувано многу пати. Пред некој ден кога се качувавме со другарка ми по скалите на горе видов како некој во црно поминува покрај wc то сигурна сум дека некој помина...
     
  3. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Една моја блиска другарка постојано тврди дека гледа жена во црно како стои пред вратата кога таа ќе легне да спие.
     
  4. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    Кога тетка ми се почина ( беше многу млада и загина во сообраќајка ) цело време како да го чувствувам нејзиното присуство ( незнам дали е од премногу тага и жал, или стварно се случува ). Ми се случуваше кога седам, како да чувствувам некој дека седи до мене. Една вечер моите си легнаа да спијат, а јас ноќната птица останав да гледам филм. Седев во трпезарија, а светлото таму се вклучува/исклучува од кујна. Трпезаријата и кујната ја дели една лизгачка врата која е заглавена бидејќи таму имаме ставено кауч. И само како што седев, светлото ми се изгасна. Прво помислив, татко ми станал до кујна. Отидов до спална гледам спијат сите. Викам сигурно прегорела сијалицата. И баш се мислев да одам да проверам кога почна нешто од кујната многу силно да тропа. Од памет се извадив, и баш како на филмовите во темното решив да одам да проверам. Кога влегов во кујната немаше никој и пробав да ја запалам сијалицата и бум светло. Како некој намерно да ми ја изгаси. Цела ноќ не заспав од страв :(
     
  5. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Ете ме во темата :sweat: ова првпат ми се случи и се надевам и дека последен пат.. Вчера со мм си легнуваме, и стандард на масичката си имаме шише со вода за да не идеме до кујна. И вчера го наполнивме си легнавме ама преморени одма заспавме и шишето како го оставивме така си остана.
    Но тоа траеше до сабајлето,бидејќи кога станавме беше празно и баш и мм се зачуди и се зазборевме кој би можел да биде стално и заклучуваме и нема никој друг со нас, па сега цело време мислиме дека можно е да има нешто во куќава..И имаме во другата соба една врата што едвај се отвара како да е заклучена и сама нема теоретски шанси да се отвори а оваа недела неколку пати ја најдовме отворена :sweat: Имал некој слично искуство? :(
     
    На she.narcisse01 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SwiFtiE-7330

    SwiFtiE-7330 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Пред една недела откако ни завршија часовите и сите си заминаја, со другарка ми појдовме до wc пред да излезиме од училиште. Значи сите си заминаја на тој спрат само ние двете бевме единствени, никој друг немаше. И се гледавме на огледало и јас слушам смеење потивко, си реков другарка ми се смеј. А таа мислела дека јас се смеам и ми рекла ама не сум обрнала внимание. И и велам „Што се смееш толку што ти е смешно?“ И таа се чуди и ми вели: „Не се смеев, па јас мислев дека ти се смееш.“ И потоа велам: „А знаеш дека нема никој друг освен нас овде?“ :^) И кога сфативме се гледаме зачудени, смеењето уште еднаш се слушна и ние шпринт да не нема оттука.
    А и некогаш кога сум сама слушам дишење, необични звуци и некогаш дури и како да зборнал некој само за секунда.
     
    На she.narcisse01 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Ами јас каде што учев во училиштето, имаше починато едно девојче и после часови јас и една другарка имавме навика да остануваме, одевме по училници и крадевме креди :lol:
    И влагам јас во една училница, другарка ми чекаше надвор и јас само што влегов бум вратата се затвори позади мене.
    ГАРАНТ НЕ БЕШЕ ПРОМАЈА! Оти не беше ветровито, многу жешко беше (јуни) и прозорите од училницата беа затворени. :!:
     
  8. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Вчера,поточно денес сабјале,01:00 h сите спијат јас легната во кревет учам биологија.А ми се спие и се плаче. :D
    Светлото уклучено и затоа прозорот како огледало е,го гледам ходникот на него.И така лежејќи фрлам случаен поглед кон него.
    Во тој миг,гледам црна сенка како поминува во ходникот,на една секунда и ја снемува.Се здрвив. :|
    Не викам не,можда халуцинирав од замор,ми се причини или пак видов сенка од сосема нешто друго иако немаше од што да биде.
     
  9. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Chica-Linda

    Chica-Linda Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    20
    Мене ми се случи пред некој ден.Се враќам од школо дома и дома немаше никој.Отидов до соба да се пресоблечам и гледам закачалка обесена на кваката од прозорот и на неа мојот шал и нормално отидов до кујна да си каснам нешто и кога пак се вратив у спална има што да видам.Закачалката си стоеше на прозорот а шалот ми беше стаена на парно ама онака баш убаво наместен како да се суши.и ја ваква :o се извадив од памет и и кажав на мајка ми а она па ми се смее.Ваљда не хаулцинирав :?:
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bibii18

    Bibii18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    19
    И мене ми се има случено....Кога бев помалечка, бевме на 40дена од дедо ми па сестра. И откако заврши тоа што требаше, заминавмо кај на ручек кај нив дома. Моиве беа седнати, јас пред ТВ, и само одеднаш се завртев накај ходникот и видов една сенка како влага у ходникот и одеднаш ја снема..јас почнав да плачем, ме прашаа што ми е, им кажав, но никој не ми веруваше ми велеа дека измислувам ...дека тоа било сенка од ТВ.

    Исто така, летово 2013 кога бев дома со моето куче, мајка ми дојде од работа па потоа татко ми...баба и дедо и дада беа на гости... И мајка ми седна на троседот, јас на фотељата, а татко ми сеуште јадеше и кога тргнав накај кучето,,...тоа почна да ржи да лае..одеше напред назад накај фотелјата како за во напад...сите се зачудевме...зошто ржи кога нема причина...и јас пак се вратив до фотелјата....и почнав да го викам Алиса дојди нема никој овде..не бе мајка тоа немаше абер да дојде, уште ржеше до негде доаѓаше и неидеше понатака...И на крај искрено се уплашив и го дигнав и го стаев кај мене во соба и прекина да ржи и лае...Искрено..незнам што да кажам..знам само дека имаше нешто на тоа место...!!!!
     
  12. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Многу пати така прави и моето куче.
    Макар што не верувам дека гледа нешто што не треба да гледа.Одамна ми се нема испонашано така као ментално.
    Инаку,да животните гледаат она што ние луѓето ннеможеме да го видиме,го чуствуваат.
     
  13. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    ^Хахахха а моево џукелче?Што да кажам?Секоја вечер у дворот во празно лае.Ко забеган,и ке отидам до него ке почне околу мене во круг да се врти и околу куќа да трча да копа во двор,и само некои кеси развлекува низ двор,се мава по врати,гризе дрва,квичи,лае,се врти во круг,ме влече околу куќа,освен дека е забегано,нема нешто необјасниво за него,мрднато.
     
    На girl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Штотуку осетив како да ме погали нешто! Е наздравје сега спиење!
     
    На girl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. layla555

    layla555 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Јас летото влегов да се туширам и маичката ја оставив доле на под и кога излегов ги земав панталоните гаќите чорапите ги ставив во корпата за перење ама маицата ја немаше и после пола саат откако се облеков да ја вратам бањарката маичката на сред купатило,нема шанси да не сум ја видела.Потоа по 2 вечери спиевме со кучето и накај 3 беше и почна да ржи и да гледа во една точка следната вечер зборев со една другарка на мобилен и имаше кеси на под со алишта и како нечиви раце да ја пипкаа кесата,не спиев цела вечер им кажав на моите и не ми веруваа.Трауми имав
     
  16. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Јас не верував во вакви работи, додека на мене не ми се појавија. Овие четири работи се случија во последниве 2 месеци. Морам да напоменам дека тука, во Виена живееме во прилично стара зграда, која што исто така била за време на втората светска војна бомбардирана. Во здрагада освен ние, една баба и уште 2 фамилии, никој друг не живее, туку се канцеларии.
    1.Сестра ми си ги собира сите ќеси од поскапите марки од кои што купува (мислам ќеси од Луј Витон, Брбери, Тифани и сл). Многу не уредна личност е, ама ќесите секогаш и се во еден ќош од собата спастрени и никогаш не ги користи, туку си ги чува, колекционер е. Еднаш ги средуваше ќесите и и фалеа 2. Мислеше дека јас ја зезам и и ги кријам, ама и докажав дека не сум јас. Ни мајка ми, ни татко ми, ни јас ги немавме користено и сл. Ќесите едноставно исчезнаа, ни трага ни глас од нив има...

    2.После тоа исчезнуваа и уште неколку работи:
    Например јас си имам една капа со пуфка и многу си ја сакам. Последен пат ја оставив во вреќата во капи, ракавици, шалови во март (2013) и сега сакав да си ја носам и отидов да ја побарам, арно ама капата ја немаше, а пред тоа никој друг ја немаше носено. Пак ги прашав моите дали ја виделе и никој не ја видел капата од последниот пат во март кога ја носев. Исчезна...
    Ми исчезна и мојот омилен парфем. Од сабајлето пред да одам во школо се прскав, кога се вратив го немаше на местото каде што го оставив. И овој пат ги прашав моите дали го виделе, и ми кажаа не.
    На татко ми исто така два шалови му исчезнаа, никој не ги видел и не знае каде се...

    3.Татко ми и мајка ми ми имаат кажано да не ги убедувам дека постојат вакви работи, зошто додека не виделе со свои очи, нема да верувале. Океј! Беше околу 22:30, јас и сестра ми бевме будни, а тие се враќаа од јеџ концерт. Влегле во влезот и без да го викнат лифтот, сам си се симнувал. Татко ми кажа дека ако некој влегол пред нив и се предомислил да не се вози и да оди по скали, ќе го виделе, зошто толку брзо не може да оди, а и плус никој немало на скалите. :x

    4.Ова ми се случи пред една-две недела, беше околу 15:00 и јас си лежев на каучот во дневна, а сестра ми требаше некаде да излезе. Дојде се поздрави и вратата тресна, дека излезе. Си седам јас така и од еднаш слушам во трпезаријата гласни чекори како од човек. Викнав: ******* излезе ли? И никој не ми одговори, и многу чудно ми падна. Поминаат пет минути и пак слушав. Тука веќе ме фати паника и почнав да се дерам и да плачам и на „духот“ му се испораздрав, му кажав моја куќа, тебе не ти е место тука, кој си ти!? И чекорите беа уште погласни! Се јавив кај баба ми во Скопје (имаме фиксен телефон и исто како во Скопје плаќаме сметката) и и кажав, бабо **** (братучед ми) тука е? И ми кажа дека е тука. Братучед ми го интересираат вакви паранормални работи и исто по верата си и знае се можно поврзано со неа. Му кажав:
    *******, кажи ми што да направам, слушам чекори јасни, како некој тука да е, не е можно да халуцинирам, не сум ненормална!!! Те молам помогни ми!
    Ми кажа да застанам пред иконата што ни е во дневна и да се помолам малку, и тогаш ако чекорите престанат, да одам до кујна и лук да земам и со него по дома да се шетам и ноќе до перницата да си го ставам.
    Го заваршив разговорот и среќа масичката каде што ни е иконата во дневната одма е до каучот (во случајов до мене) и ја земав, почнав да се молам и чекорите престанаа. Отидов со трчање до кујната лук да земам, ама од паника ми падна и да се наведнам да го земам осетив како некој ме гали по косата. Тука умрев. Не можев да зборам, да врискам, ниту ништо да правам, се укочив. Едан минута останав така и после тоа престана. Го земав лукот и земав нож од кујната, ама чекорите уште ги слушав, само што беа потивки. Летнав во дневната со лукот да спијам и после само осетив мајка ми кога ме разбуди, се вратила од работа. Заборавив да кажам, татко ми беше во Македонија, така да јас сама бев дома.
    После ова спијам со лук (иако смрди :puke: ) и секоја вечер пред да заспијам се молам. Навистина помага, барем од тогаш ништо ми се нема случено.
    И луѓе, верувајте не ве лажам! Ако и тука ми пишете дека халуцинирам или не знам што, ќе се убијам! Никој освен братучед ми не верувам и сите ми се смејаваат ако им кажам и ме прават ретардирана. Многу е тешко кога нема на кого да се каже. ;( ;( :doh:
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Прво мора да те прашам зошто паничиш? Никој не вели дека халуцинираш или нешто слично, меѓутоа сепак тоа со молење пред икона и земање лук ми е некако преувеличено. Не во смисол дека лажеш, туку зошто го правиш тоа?
    И да има нешто, освен да те исплаши нема да те изеде. Ако живееш подолго време во таа зграда веројатно го сфаќаш тоа. Т.е. ако требало да се случи нешто досега, не мислиш дека одамна веќе ќе се случело? На крај земи темјан, фино исчати и не се гуши навечер со лукови и чуда.
    Башка за предметиве..Јас од искуство, ти гарантирам дека било што да ставиш во шкаф после извесно време нема да го најдеш, а не па после година и кусур.
    Тоа е веројатно некое физичко правило, да работите кои се оставени подолго време исчезуваат. :D Се шегувам, нормално.
    Муабетот ми беше дека колку и да внимаваш на работите тие едноставно со тек на време преку расчиствуање, или рестарвација се губат. И после определено време ако ги најдеш ни на крај памет не би то текнало дека си ги оставила на тоа место.
    Тоа едноставно се случува и не обрнувај толку внимание на тоа.
    Башка за чекориве..И мене многупати ми се случува да ги чујам, а не живее никој над нас, бидејќи сме во зграда па не обрнувам внимание бидејќи или се стаорци или лупаат од доле децава под нас па преку парното се слушаат звуци...
    Така да не им придавај значение, бидејќи што и да е нема намера да ти направи нешто, туку е само залутано и си го бара патот. :)

    Ете гледаш, дури и те полагило за коса, шо убо. :D Шала.. :emo:
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Уште темјамин да им донесам на моите дома, па до Будимпешта да летам! :D
    Инаку лукот демек штител од зли духови и слични работи.
    Се плашам дека ќе станам како баба, ако и веќе не сум! Се плашам дека ќе почнам да верувам во работиве и бабините деветини.
     
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Не знам зошто би ги исплашила твоите со темјан? Па не знам дали знаеш ама со тоа во црквите се чати и не е ништо страшно. Плус мириса убаво и создава убава хармонична енергија.
    Јас кога сум сама дома често знам да го сторам тоа.
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    На Ella.313 му/ѝ се допаѓа ова.