И мене ми е многу необјасниво.Во државите,местата каде што луѓето никогаш во живот немаат видено снег,температурите се спуштиле и под нулата.Додека кај нас немаше ни з од зима.Богами имам чувство како пролет да е,а и темературиве се накако височки за во сред зима. Гледав на Discovery,можноста Јужна Европа да стане пустина е многу голема.
И мене ми е многу чудно што насекаде ни светот е ладно,снег има температурите под нула а,кај нас ништо од тоа.Како да е пролет,права пролет.
Не сакам да шпекулирам, меѓутоа можно е да HAARP е одговорот. Како и да е, не знам колку е релевантен изворов но, ете прочитајте. http://tocka.com.mk/1/115501/poradi-defekt-vo-haarp-sistemot-namesto-srbija-zamrznata-e-amerika
мене оваа ми е шпекулација, што знам некако не ми е за верување, јас вчера го видов оваа, па баш погледнав и CNN, нема ништо пишано во врска со оваа... башка и немаше само на точка да го пишува, ќе го кажаа и на телевизија или пак на други интернет портали... затоа и ми е чудно малце, можеби и вистина да е, штознам
Пред 5 минути во собата кај мене ми се крена завесата како некој да поминува низ неа Вратата ми беше затворена,прозорецот исто!Немам уклучено никакво грејно тело во собата и стварно не можам да си објаснам!
ова случка што сега ке ми ја кажам ми се има случено лично мене пред многу години, едно 7-8 повеке не се....бев во град излезена и беше точно датумот SV.Vасилиј или василица- стар нова година кога се слави идам јас за дома со другарките со такси, арно ама тие живеат подалеку малку од мене и ме остави таксито на главната улица горе и јас си слегувам по улицкава моја надоле накај мојата куќа, беше замрзнато студено, снег имаше и одам јас полека да не паднам на мразоти сега на едно 5 метри до мојава врата поточно од мојава куќа одспротива има исто така куќа и буквално само мало уличе или партце не дели зосто такво е малото,,,,,си одма полека и гледам пред куќата нивна точно пред влезната врата, двокрилна врата жена застаната со раце така пркрстени и седи како да vи опишам како да се мисли дали да влезе или не, и јас сега с е чудаамм мене мозокот во тој момент не ни ми помисли дека нешто не е нормално и си мислам е комшикава сигурно е им се има нешто случено може биле болни, и одам јас побрзав накај мојата врата и пак ми е чудно и се вртам да видам пак ама ништо немаше, никаква жена -се мирно и тивко 3 часот. ја видов значи женава убаво видов како е облечена, како седи со рацете и оп ја снема.....и јас си појдов дома и реков утре штом станам ке ја пратм бабами одоколу да праша дали били некој надвор тоа време, да не им с е слошило нешто, ама пред тоа јас им кажав на моиве што видов....беше бабами да праша и дозна дека немало никој надвор сите спиеле се било ок ништо невообичаено.....и нас ни текна што е, и после ми кажаа мајками и бабами дека на девојката што живееше во таа куќа пошто сега е мажена жена додека била девојка исто така од град кога идела пред гаражата нивна која им е на самото патче видела човек со шешир и се исплашила почнала да вика да плаче, цело мало на нога ама немало буквално ништо.......јас еве во вакви работи што не сум верувала, во духово, магии и сл ми се има слушено ова, па што беше вистината таа нок и што се случи да тоа јас го видам навистина незнам и неможам да си објаснам и ден денес...а тие комшии баш од таа куќа како да се проколнати само трагедии им се случуваат ни род ни пород, смрт и се неубави работи.....кој мисли и прави некому лошо нему господ бог нека му суди и врати дупло повеке,,, ......
Најверојатно се астрални патници или духови од минатото. Друго објаснување нема. Туку се мислам за нешто одамна дали да прашам овде на форумов па еве се наканив.. Во неколку овдешни постови прочитав дека на многумина од вас им се привидел човекот со шешир а и онака имам слушано и од други луѓе за него. Буквално како некоја легенда се пренесува. И баш се прашувам дали е еден или повеќе ги има? ?
Мене ми се случи сношти една необјаснива случка Легнав да спијам, и како по навика си го зедов мобилниот и се уклучив на ФБ. После некое време собата почна да мириса на машки парфем, и тоа силно до кашлање дојде работата.. Слегов долу и му кажав на татко ми што се случило, па се качивме да видиме што е работата. Чудно е што само мојата соба мирисаше и тоа на машки парфем.. Проверивме во собата на брат ми да не има некој отворен или скршен парфем па да доаѓа од таму миризбата, ама ништо немаше.. Потоа мојата соба ја претресивме, случајно да не има некој машки парфем, па пак ништо немаше... Сабајле кога станав не се осеќаше никаков мирис.
Вечерва ми се случи нешто чудно што не можам да си го објаснам, па сакам тоа да го споделам со некој. Тацна што стоеше на рафтот падна и се скрши без никој да ја допре, не и придадов некакво значење. Ова се случи околу 11ч на моето работно место, наеднаш ми замириса на свеќа... и тоа онака типично како во црква таква миризба. Колешката ми помина исто и она го забележи тоа, и двете добри десетина минути стоевме и се чудевме од каде доаѓа миризбата, но нејзин извор не најдовме и си продолживме со работа. Наеднаш се свртев позади мене на рафтот и еден пијалок беше на неколку милиметри до работ, и она ист го виде овоа... а ова со пијалаков ми се случува веќе неколку пати, да е изместен од неговото место иако само јас сум таму, а не сум го помрднала. Моментално сум малку уплашена и замислена
Prvo izvinete za latinicava, od telefon sum. Nie kolku poveke citame mislenja od drugi, tolku poveke ni e strav i mislime deka zad nas ima nekoj i strav ni e. Jas utrovo bev sama doma i citam i mislev deka ima nekoj zad mene. Mi bese strav da sesvrtam. Koga pocina dedo mi i drugiot den majka mi gi mestese patikite i bese navednata i slusnala kako nekoj se preteruva. Jas pred da umre dedo mu ofamna i spijav so sestrami ama taa spijase na drugiot krevet i jas stanuvam od krevet i odam kaj nejziniot krevet i neznaev kaj se naogav i ke odev da ja uklucam strujata ja baram ja nema i mozi 5 minuti ja barav i i viknav na sestra mi i mi svetna so telefonot pa ja ukl. Slednata vecer povtorno stanuvam i sednuvam pod massata i muslev dekaxsum kaj dedo mii baba mi vo soba i mu vikam i placam babo, dedo ne me ostavajte i pak stanuvam ja baram strujata ja nema i ja razbudiv sestra mi. A pak ednas odev kaj edna druga baba i sedime vo kolata jas, tatko mi, majka mi, sestra mi i brat mi i umase golema krivina i japominuvame se vrtam nazad i imase covek so dolga bela brada i bela kosa. Jas se cudam i se pulam vo covekov i mu vikam nabrat mi vidi go covekon i se vrti bratmi i toj iscezna. Mnogu strasno me gledase i koga pominuvame tuka sekogas se vrtam i mislam deka ke go vidam povtorno... :/
Ова се случи пред 2-3 години. Беше лето, и после вечерно излегување со другарками со мотор си одиме дома. Јас пиев ама не многу 3-4 пијачки а таа не, нормално дека требаше да вози...Како возиме со моторот веќе ближеше 4 сатот, на патот од десна страна од нигде никаде се појави жена, цела во бело, нешто како сакоо,палто, сукња и голем шешир носеше. Чудно беше што жената во ниеден момент не се сврти, а нормално се гледаа светлата, и звукот од моторот во цела тишина се осеќаше... И до ден денес и двете кога разговараме неможиме да си објасниме што беше тоа, и само фала му на Господ што ниедна не се сврти назад од кога ја одминавме, којзнае што ке видевме...
Луѓе пред некој час ја отворив вратата од дневната и видов како другата врата, вратата од ходникот се отвора самата, да напоменам НЕ Е ВОЗМОЖНО да е од промаја, оти вратата тешко се отвара, заглавува и треба повеќе сила да употребиш, јас со две раце се бесам на неа за да ја отворам. И вчера слушнав затропа нешто регалот и цедињата што се наоѓаа на наткасната паднаа, како да се разлетаа, а ништо не ги допре. Сите од дома сме свесни за ваквите случувања и навикнати се, но мене понекогаш ме фаќа страв и не можам да заспијам-.- Знам дека нешто има, бидејќи и мачката ми реагира онака кога се’ е во ред, се костреши се пули некако исплашено и јас го следам нејзиниот поглед да не видам и јас нешто И секоја ноќ со мене си ја земам мачката како детектор на натприродни сили
Овоа ми го кажуваше баба ми..На времето кога биле верени со дедо ми требало да одат на некоја свадба и после да одат кај некоја жена(нез дали му била роднина) и да преноќат таму...И сеа истерале свадба и тргнале накај куќата на таа жената и на дедо ми му се приодило во вц и рекол дека он ќе одел и ќе свршел работа а они да продолжат...(сеа таму кај шо отишол незз дали било полско вц важно имало стреа и било околу полноќ) и спискал наеднаш од главоболки па баба ми и жената турале ракија едвај го спасиле после некој му кажал дека на полноќ под стреи стоење НЕ ....
Ми се случи,па нз не е мн чудно ама можда има нешш,којзнае.. ТОј што ми се допаѓа ми звонел во 00:31 да ме побара ( најверојатно испил малку поваќе па сакаше да се видиме) јас не бев илзезена и дур сабалјето го гледам мобилниот...и пази...му звонам-не крена и кога случајно да видам колку е саатот-12 :31...
Фала му на господ досега ми се немаат случено вакви работи .Шала на страна.Ми се има случувано да ми се причинува додека да одам негдека и дали наутро навечер или преку ден и си одам јас и се ми се причинува дека некој ме следи,секој човек што ќе го видам ми се причинува како да ме следи .Еднаш па,едно девојче 3-4 години помало од мене,околу 11 години а може и 12-13 беше и еднаш ќе ја видам.Утредента се враќам од школо пак ќе ја видам !А девојчево,не ме ни приметува,ај да речеш ме следи или шпионира,не.Само јас го гледам оно си шиба напред не ме ни гледа.Ни го знам девојчево,ни ми е некоја другарка или роднина.Бог да чува,така беше 2-3 месеци,секој ден еднаш го гледам кога ќе испаднам надвор,еднаш од балконот.Ту,бе што 'ксмет сум имала да го гледам 3 месеци!Тоа беше некаде од Септември до кај Октомври или почетокот на Ноември.А сега не го гледам,до душа и по ретко излегувам. .А гледам нешто темава не е активна.т.е дали престанаа да ви се случуваат необјасниви случки?Би сакала да читам,ајде пишете нешто зошто по 10 пати на денот ја превртувам темава и вие 106 страни ги пречитувам,ама досадни се веќе случкиве.
Имам уште многу случки..но еве една посебна ќе издвојам. Кога го убија братучед(матурант) ми играјќи кошaрка, мајка ми одма замина натаму што слушна на тв. Јас незнаев точно што се дешава бидејќи бев малечка... Кога дојде мајка ми малце да одмори, и јас онака потслушнав ко кажуваше дека вечерта нешто тропало од собата негова, вратата се отварала се затворала и сијалицата се палела и гаснела...Поминааа едно 10 години од тогаш и ја прашав мама што точно се случило...сето ова што го напишав погоре, ама ми кажа додека неговата баба била сама дома слушнала глас негов неколку пати..и рекол бабо јас сум добар...она излегла да провери да види случајно дан е некој друг ...но немало никој...Ова сето што го напишав е чиста вистина. Некој друг ден ќе напишам друга случка =)
Во последниве неколку месеци ми се случува да бидам видовита...Пред 2-3г.незнам кој е од Велес,ќе се сети вечерта Сабота спрема Недела,всушност беше Недела ама 2 часот по полноќ.И ја сонувам како куќа гори,луѓе бегаат надвор од неа..И сабајле станувам и си викам ај сон било ама ја како да сум оживеала со сонот,како да сум била на местото на настанот,вирче од солзи на перницата...И одам во Кам со мајка ми и татко ми и коа гледам тато прави муабет со еден чичко,другари се се сретнавме и прават муабет дека во 2:05 кај дворови изгорело некоја куќа .И ја слушам,не кажувам на никој за сонов,али некако чудно ми беше....Сонов во 2 часот сонувам дека гори куќа,а после десеттина минути изгорело во дворови....А во сонот местото на настанот беше во близина на дворови,1-2 километри оддалеченост од дворови.И стварно језиво ми дојде....Можеби требаше да го ставам во темата СОНОВИ,но одлучив тука...Што може да е тоа,до ден денес се чудам И секоја вечер страв ми е дане сонувам нешто однапред и после да се случи Незнам....
Собата ми е прилично осветлена бидејќи спијам со пуштен телевизор. Но, има еден дел што е многу темно, како ќоше нешто е на страна. И кога спијам сум завртена секогаш накај тоа ќоше, значи одма пред очи ми е. Не знам дали разбравте. Е сега на тоа место пред некоја недела видов човек. Беше околу 3 часот, јас претходно спиев и кога ти отворив очите го видов. Бев во нешто како полу-сон и бев свесна што гледам ама сепак не ми беше многу страв. Добро, бидна што бидна. Се помирив.. Си велам било некоја сенка, нешто ми се причинило или пак било сон. Пред некој ден повторно во тоа ќоше видов не било што туку џуџе, лелеее Или се пореметувам или нешто не е во ред. А свесна сум, не сум во сон знам. Ама од кога ќе го видам тоа нештото јас потоа не се сеќавам на ништо.