Необјасниви случки

Discussion in '„Другата“ наука' started by Pennyroyal, Jan 10, 2010.

  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Joined:
    Jan 4, 2010
    Messages:
    6,627
    Likes Received:
    17,435
    Не знам дали се ова случајности или не знам,не можам да објаснам...се познавам со едно машко...се зближивме некако,кога ми беше најтешко тој беше тука...и оттогаш цело време се тера накај него,БУКВАЛНО....речиси секое излегување јас ја сретнувам мајка му,татко му или брат му...или па оти нашито град е помал(Прилеп)не знам...дури еднаш кога бев кај една роднина на гости,имаше една жена дојдено кај неа на гости и низ муабет му била баба,на татко му тетка :wasntme: молам?
    И еве денеска повторни бев излезена и повторно ја видов мајка му....2 пати и тоа...
    Инаку претходно имам напишано пост,се работи за истото машко......
     
  2. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Joined:
    Aug 29, 2013
    Messages:
    197
    Likes Received:
    71
    И мене ми се случувало истото, ако некое момче ми се допаѓа и од целото внимание што ќе ми биде насочено кон него се ќе ми се чини дека се е поврзано со него, се што гледам, се што правам, се што работам. Ќе гледам телевизија и се ќе наоѓам некои емисии, серии каде што има некој со неговото име, ќе сретнувам членови од неговото семејство, се на радио ќе заслушам песни што на некој начин се поврзани со него. Муабетот ми беше, не е необјаснива случка туку од таму што ни е насочено вниманието повеќе забележуваме работи поврзани со нив. Тоа е исто како кога ќе си купиш црвен автомобил Пежо на пример и низ градот ќе ги забележуваш сите црвени Пежоа. Тие и претходно биле тука само што ти не си ги забележувала, туку си почнала откако на некој начин тебе те засегнало нештото.
     
  3. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Joined:
    Mar 8, 2013
    Messages:
    1,758
    Likes Received:
    3,684
    Gender:
    Female
    Сношти онака на Dicovery фатив некој необјасниви случи и вака цело време стоев :worried: .

    Се зборуваше за некој човек од северна Аргентина каде пред 14 години еден ден си седеле во дворот кога слушнале голема експлозија, од што била јака експлозијата дури и кај комшиите на овој шо раскажува во моментот имало работници што граделе некоја мала колиба па дури и колипчето се срушило целото.Прво шо му паднало на ум е авион срушен и организирал неколку групи и тргнале на планината да бараат некоја трага.10 дена ништо не пронашле а следниот ден,тој самиот заминал со неговиот авион (иначе пилот бил) и почнал пак да бара некоја трага и едно време видел ОГРОМНА површина соголена,исто како од пожар.На некои места забележал бел прав но никаде немало некој доказ дека тој прав е алуминиум и немало тркало,крило а и површината била премногу голема за да биде соголена само од авион и затоа научниците го одбиле заклучокот дека станува збор за авион(а и немало некој авион исчезнат) потоа помислиле дека е некој метеорит ама по примероците во составот немало ниту еден елемент кој укажувал на некое небесно тело, особено метеорит.И така по 14 години, во 2009 мислам повторно истото се случило а човеков шо раскажува убеден е дека станува збор за срушено НЛО :sweat:

    Имаше уште една приказна за еден маж и жена кои се движеле со автомобилот на некој автопат близу Охајо, во 22 часот и немало речиси никој.Жената забележала како нешто стои на средината од автопатот и тие мислеле дека е некоја повредена срна зошто во таа област имало многу срни и како што се прближувале со автомобилот тоа се кревало на нозе и им се приближило,но не било човек! Чудовиштето било високо околу 2 метри.... и толку видов, одма го сменав каналот дека мн страв ми беше (не ми се смејте) ..
    Ако некој го догледал ова или може да го најде на јутјуб или слично нека ми пише во инбокс
     
  4. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Joined:
    Jan 4, 2013
    Messages:
    959
    Likes Received:
    513
    Gender:
    Female
    Вчера се праќав од маркет. Цела улица беше темна, немаше жив човек, само една кола паркирана. Штом стигнав до колата наеднаш слушнав како бебе плаче, звукот беше многу јасен и како да доаѓаше од кај колата. Видов во неа, ѕирнав низ прозорчето, немаше никој сигурна сум! :!: Веднаш одкако ја поминав колата се слушна оној језив звук на мачка како писка... Се завртев да видам дали има нешто, и кога погледнав на кај колата, во неа имаше една жена со долга црна коса, како седи внатре и гледа во мене без да трепне :o Може ова не е некоја необјаснива случка, може халуционирам, ама се на се беше многу страшно, цела преплашена се вратив дома :( :D
     
  5. SweetGirl-13

    SweetGirl-13 Активен член

    Joined:
    Jan 25, 2014
    Messages:
    67
    Likes Received:
    18
    Еве ме пак :lol:
    Значи вака:
    - Пред некој ден ми кажуваше другарка ми,како си седи во собата сама,а во кујната мајка и.И сега пример другарка ми се вика Благица(Не се вика така :D )и како некој ја вика на прекар Благе Благе а другарками несака така да ја викаат си го мрази тој прекар има друг...И си мисли мајка и е.И после пак Благице ма,Благее стани ма од креветот.Али овој глас како машки,како див глас,како да го наречам,дебел глас.И на другарка ми и поминала црвената линија на трпење,и отишла во кујна и и рекла на мајка и зошто ја вика така?И мајка и ја гледа вака со ококорени очи :o ,и и вика Благице јас не те викав ти ме викаше мене.И двете се гледаат и аут да ги нема надвор се шетаа :worried: :doh:
    Ми се има и мене случено така,ама не го сфаќам сериозно.Се како да си го слушам гласот и името.
    Стварно језиво :?:
     
  6. Anxe

    Anxe Истакнат член

    Joined:
    Feb 6, 2014
    Messages:
    14
    Likes Received:
    1
    да сум слушала многу за вакви работи..дури и јас сум осетила нечие присуство..сум осетила дека не сум сама но се обидував да бидам смирена и ќе викнев некој за да не стојам сама.. исто и на мајка ми и се случило додека била сама дома јас бебе сум била уште татко ми негде на пат бил.. она спиела ама со отворена врата на спалната и онака се разбудила и погледнува накај вратата и гледа нешто црно провидно..и одма прекинува неможе да дише само гледа ниту мрда ништо и тоа неколку пати го поминало ходникот и се слегло по скалите...мајка ми дури и слушала како крцкаат скалите откако не слушнала ништо се вратила во нормала...почнала да дише...после тоа пак и се случи нешто да има до неа ама не може да го види и тоа ја давело а она ни можела да вика ни да мрда...ја прашуваа да не сонувала ама вистина било..после викнаа поп и ја пееше малце собата и одтогаш се нема десено фала богу
     
    dancxeto999 likes this.
  7. Survive

    Survive Активен член

    Joined:
    Feb 12, 2014
    Messages:
    36
    Likes Received:
    40
    Видов летово сенка од човек со шешир, а немаше никој. Потоа слушнав тропање на прозорот во сплната кај што спиев со братучедата. Истото и се случило и на другата моја братучеда кога била на гости таму.. :wasntme:
     
  8. Yea

    Yea Активен член

    Joined:
    Nov 18, 2013
    Messages:
    10
    Likes Received:
    4
    Тренирам ракомет и ја играв една од најубавите утакмици до сеа. Баба ми исто така тренирала ракомет. Кога завршуваше утакмицата ние го имавме последниот напад акциаата беше ја да шутирам. Кога се дигнав и шутнав видов една жена до голот облечена цела во бело се насмеа и ракоплескаше тоа беше баба ми. Неможам да ја заборавам нејзината насмевка кога го дадов голот и тимот победи поради мене . :)
     
    marija305, Bitter-Sweet and babyblond like this.
  9. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Joined:
    Nov 10, 2013
    Messages:
    1,784
    Likes Received:
    6,712
    Gender:
    Female
    Вчера ги читав мислењава, но не им обрнав толку внимание, секако за да не се плашам. Но вечерта си седам така долу кај баба ми (а дедо ми е умрен и секогаш ми е страв некако во таа соба да седам и си пуштам музиче ) И пишуваме со дечко ми , и ми пушта детево некои слики од плашила, грозни, деца без очи. Ај што го испцујав убаво, страв ми беше да се качам горе да си легнам. Ајде некако се качив, и си легнувам сега, заталкана некаде со умот, и после пола саат откако легнав слушнав чукање некакво, си викам земјотрес да е не почувствував никакво нишање, Силно беше, како некој клукајдрвец да ми чука на пенџерата. Дури и брат ми се подразбуди, но ништо не рече.. Ауу мори мајко си реков сега, отиде... :sweat: :worried:
     
  10. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Joined:
    Jan 30, 2013
    Messages:
    7,357
    Likes Received:
    8,482
    И претходно,како помала ми се има случено ваква необјаснива случка.
    Имено,ми се појави човек пред мене,во искината облека,со стап во раце..како дивјак.
    Беше,толку реално.Ама ајде,ме убедија дека ми се причинило итн,и го занемарив тој факт.Иако,сеуште се присетувам колку само реално беше.
    Е втората случка е од синоќа.
    Откако си измив заби и лице,и така стојам пред огледалото во wc,и си ставам ноќна крема,и во еден момент видов одраз на сенка во огледалото.Како човек облечен во црно,нешто како мантија носеше,помина..а вратата беше затворена :worried:
     
    sweet-star likes this.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Joined:
    Aug 1, 2012
    Messages:
    27,165
    Likes Received:
    177,122
    Gender:
    Female
    Незнам колку е ова необјаснива случка, но ајде да ја раскажам.
    Ми се случува неколку пати: Кога ќе заспијам ( обично спијам како топ) на мојот кревет чувствувам како да се мрда, да се тресе и се будам нагло, со помисла дека е земјотрес а не е.
    Како би го објасниле ова? Вас ви се има случено?
     
    Bitter-Sweet and untouchableGirl like this.
  12. Yea

    Yea Активен член

    Joined:
    Nov 18, 2013
    Messages:
    10
    Likes Received:
    4
    Вчера отидов да земам нешто од собата и вратата од шифоњерот беше доста отворена...Потоа кога отодов да си легнам вратата беше уште повеќе отворена...а никој не влезе во собата.. :sweat:
     
  13. Dimkovska123

    Dimkovska123 Истакнат член

    Joined:
    Jan 27, 2013
    Messages:
    137
    Likes Received:
    62
    Gender:
    Female
    ова стварно е мн. чудно..
    пред неколку недели искочив, и кога се вратив мајка ми ми кажува шо и се десило таа вечер..
    отишла до продавница и на враќање пред нашата куќа погледнала кон небото така случајно, и нешто се спуштало ко светлина(мене кога ми кажа ја и се смеев), и било се поголемо и поголемо, и го викнала комшијата, и тој го видел тоа ама кога он искочил да го види, тоа почнало да се враќа назад кон небото, и од голема светлина(колку раката било), кога се вратило назад кон небото , станало како точка, и се изгубило бо облаците.. чудно..
     
  14. enijov

    enijov Истакнат член

    Joined:
    Dec 31, 2012
    Messages:
    25
    Likes Received:
    22
    Gender:
    Female
    Можеби си имала само визија... Неколку пати и јас имав... :sweat: :worried: :(
     
  15. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Joined:
    Jan 30, 2013
    Messages:
    7,357
    Likes Received:
    8,482
    ^

    И јас имам вакви случки.
    Многупати ми се има случено некоја ситуација, разговор и место каде што сум, да ми се познати.
    Како веќе да имам присуствувано на нив.
    И се ми е однапред познато..
     
  16. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Joined:
    Jun 12, 2013
    Messages:
    402
    Likes Received:
    1,265
    Gender:
    Female
    Toa се вика Дежа ву.. ;)
     
  17. enijov

    enijov Истакнат член

    Joined:
    Dec 31, 2012
    Messages:
    25
    Likes Received:
    22
    Gender:
    Female
    Епа дечки, имаше и некои други што ми раскажуваја и не им верував, но после ова им верувам 100000%. Е значи вака...За време на летниот распуст јас и братучетка ми сме кај мојата баба цело лето и таму спиеме. Епа една вечер кога имав 8 години, мислам дека беше рана пролет сонував еден сон. Ова не ми се веруваше бидејќи ги гледав Тин Ејнџелс и дека таму се случуваа такви работи, но после ова... Во сонот се работеше за татко на мојот другар (ке го викам 1) мајка му на другар ми 2 и дедо му на другар ми 3. Сонував дека тие се карале, а друго не паметам... За време на летото, се случи несреќна случка.Мојот другар 1 и 2 демек предизвикале кршење на стаклото од влезот на зградата па раката на другар ми 3 беше цела раскрвавена...А, потоа ги видов таткото на 1, мајката на 2 и дедото на 3. Тогаш се присетив на сонот, кој всушност не беше сон туку визија (визиите многу чесно беа спомнувани во Тин Ејнџелс,затоа ја спомнав серијата).А, многу од вас знаат дека визија е сонот што ќе се освари иако вие нема ниту да приметите... :( По 3 години во 2013, се случи истото.Пак визија. (Но,и овој пат не заприметив...). Значи во петто кај нас се запиша нова ученичка Софија. Беше демек многу уба оти си ги пикаше фармерките во гзо за да и се видат обравчињата... Па сега во неа се заљубија двајца. Еден од мојот клас и еден од соседниот. Н и Д. Тука беше и Ј. Ј е една год. поголем од нив и од мене.Во мојата визија исто така видов дека Ј му вели нешто на Н пред еден маркет, но незнаев што. Но за време на школската година,после часовите Н и Д се „договорија“ да се тепаат за Софија. А, таа, не ја боли уво. Откако Н и Д се истепаја, Д заврше со потешки повреди. Тогаш Ј го однесе Д во маркетот да си го измие лицето. А кога Ј излезе, му го рече она што јас не го разбрав во визијата:
    - Брат, му го пукна капиларот.- Тогаш сватив за што се работи... Затоа одтогаш се трудам да ги разликувам сонот од визијата и од реалноста.
    Се надевам дека ме разбирате...
     
  18. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Joined:
    Jan 17, 2014
    Messages:
    801
    Likes Received:
    391
    секако. оваа година (читај:последниве два месеца) имав барем десетина визии. Инаку, да се вратиме на темата: често навечер додека сите спијат, јас лежам во креветот во мојата соба и размислувам. Честопати слушам некои звуци (како некој оди по скалите, и никако да се качи на катот). Си мислев дека е само дел од мојата фантазија, но кога една вечер гледав фотографии на фб со сестра ми, моето мислење се смени. Сите спиеја, а ние и двете слушнавме тапи чекори по скалилата. Потоа чекорите се префрлија во ходникот на катот, но вратата беше затворена. Духови не може да се, бидејќи немаме починат човек во куќата. Епа тогаш што се тие звуци? Ме плаши ова..
     
  19. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Joined:
    Jan 2, 2014
    Messages:
    1,650
    Likes Received:
    13,350
    Gender:
    Female
    Се што сонувам, се ми се исполнува. Некогаш дури и ме плашат некои сонови, се правам само да ги заборавам. Ама кога ќе се случи нештото, одма се присетувам дека го имам сонувано. Како предзнаци ми се соновите. Колку пати сум сонувала нешто за во школо. Истото ми се дешавало, со истите зборови се исто! Исто и кога ми е некој очекува принова или ќе добие за брзо време, сонувам и им кажувам. На 3 братучедки им кажав какви бебчиња ќе имаат. И за сите испадна така :D Моите ме зезаат, како баба Ванѓа сум била :D
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Joined:
    Aug 1, 2012
    Messages:
    27,165
    Likes Received:
    177,122
    Gender:
    Female
    Тоа што ти се случува е Deja Vu, и мене истото ми се случува ама дури откако ќе заборавам на тоа дека сум го сонувала.