Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    За кој лик станува збор?Девојката на прозорот или дечкото што бега од школо? :?:
     
  2. svetle333

    svetle333 Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Пред некоја година, летно време... бевме излезени со мојата братучеда , кога се вративме дома беше околу 2/3 по полноќ. Таа спиеше на првиот спрат од куќата, јас на вториот. Имаше mp3 player кој го оставила на масичката, во ходникот на мојот спрат. Мp3 player-от никогаш не се пуштил сам да проработи, доколку некој не го пуштеше, а исто така и кога ке го пуштевме се слушаше на слушалки , тивко...Овој пат се качувам јас и слушам музика,беше по гласна(како нормален тон од ТВ) која доаѓаше од mp3 player-от , а песната беше од Тоше Проески(случкава беше можеби после 2 години од смртта Тоше, а братучеда ми премногу го сакаше, како зависна да беше од се што потсеќа на Тоше, песни, слики..)
     
  3. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Често се случува низ куќата да замириса на темјан.
    Не малку да се осеќа, па да кажеш ајде од нешто друго е. Туку цврст мирис и баш убаво се осеќа дека е темјан.
    Почнува да ме плаши ова, сериозно.
     
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Не сакав да те цитирам пошто се лажев дека сум ги изгубила или ми паднале.
    Истото ми се случи пред некоја вечер знаев дека имам 900 денари во новчаникот и добро знаев дека кога вадев пари не ми паднаа зошто по навика секогаш кога вадам пари погледнувам и на подот за секој случај да не ми паднале. Кога ги броев парите во бус имав 700 денари, каде отишле 200 денари??? :?:
    Никогаш не сум изгубила пари а бев на гости кај другар, бевме само јас и тој во собата,не сум мрднала од собата така да би ја исклучила можноста да се работи за кражба, а парите ги нема...дури ми е и необјасниво. 3 пати ги пребројав парите и беа 700 а сигурна сум дека имав 900 денари во новчаникот.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Angel4e123

    Angel4e123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    86
    За девојката(ликот) кој се појави на прозорот.
     
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.181
    Допаѓања:
    169.601
    За ова ликот од девојката немам разумно решение колку и да се обидувам да сватам
    Да не имаше некоедевојче до тебе па да се рефлектирала во стаклото ???чудно е стварно
     
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Ова во другар ти е гледаш и од некој во близина е ликот, аман па и вие кој ќе биде.
    Зборел некој нешто и ко страшило излегол, сигурно или таа што седи до тебе или некоја што трча низ училница или не знам веќе кој.
    А на него му ја покажа сликата, познато му е девојчево???
     
  8. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    2.208
    Пол:
    Женски
    ^
    Мислам дека ако го познава девојчето не би не прашувала овде.а ни пријателите,и ако било тука би требало пред неа да било и таа сигурно би го видела.А и Angel4e123 има 14 год.(барем така и пишува),а девојчето изгледа како постаро,па што би барало тука(штом веќе таа не го знае),и зошто таква фаца би направила.. :worried:
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Мене ми личи како девојчето да збори, од позади со некој муабет прави. :D
     
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Oва со париве сериозно ме ставате во мисла..
    И јас минатиот месец се сеќавам дека во новчаник имав 500 денари и го оставив на маса вечерта а меѓувреме ништо не купив. Утрото кога станав имав 300. Значи ги напнав и мајка ми и татко ми да не земале тие нешто, но тие ме гледаа бледо под изговор дека сум ги изгубила и сега не можам да најдам подобар начин за да се оправдам. |(
    Еве вчера повторно се случи истото само среќа што стануваше збор за помала сума на пари. Навистина чудно ми е..Не сакам да кажам дека имам духови дома или нешто слично бидејќи логично е дека на нив не би им дошло до пари, (ваљда), :lol: ама сепак не можам да си објаснам. Бидејќи досега сум водела рачун колку пари имам во новчаник.
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Абе каква необјаснива случка овде, вие си имате работа со лопов. Суит стар изгледа другар и ја оперишел а тебе валерин не ми е јасно, освен ако твоите не те зезаат нешто дома. Ама дух да краде пари? И тоа од новчаник? :lol:
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    А зошто би ја зезале баш нејзините дома што ќар од тоа? Зошто не размислиш малце...зар родителите би краделе од своите деца...ма немој.
    Нема теорија и мислењето не ти држи вода.
     
  13. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Кој и да крадел не знам зошто не ги земал сите,туку само 200 денари.Кога веќе зима,нека земе се :D
     
    На ColoursOfTheRainbow, LittlePinky и Elissa им се допаѓа ова.
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Абе употребете ја малце смислата за хумор, не бидете толку сериозни, родителите краделе од деца...тие може само да ја зезале малку ако виделе дека верува во такви работи, а за другарот или ја зеза или ја краде.
    Малку по малку, за да ја плаши... :lol: А и да не ја потроши многу, само 900 денари имала, нема да и остане за автобус. Кај тие што земаат плата од илјада евра може им краде по 100 евра.

    А и мене ми се случи слично денес, сосема сум сигурна дека ја извадив платата на свекор ми од банкомат, ја ставив во ташна и така уморна седнав да јадам. По некое време гледам во ташната ги нема парите и ми се стемни. Ама после ги видов во фиока спремни за да им ги дадам. Не знам што се случило во меѓувреме, можеби јас сум ги извадила од ташна, што е повеќе од сигурно. 8)
     
  15. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276

    Редовно водам сметка за парите. Инаку моите сигурно не би ми земале без да ми кажат! Па уште да ме зафркаваат? Нема шанси. Башка јас не верувам во духови, и било какви натприродни работи, меѓутоа постојат работи кои просто не можат да се објаснат во рамките на научното.
    Еве на пример претпоставка: Парите сами од себе исчезнале. :| Многу неверојатно но, штом ги нема, а сум сигурна дека биле таму, и не постои друго објаснение, што друго да мислам?
     
  16. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Mожно е,нели парите да се украдат но не сум до толку да не почувствувам некој парите од џеб да ми ги земе! :D
    Ова моево се случи во краток период,одприлика еден саат,ги ставив парите во џеп тргнав пешки до кај другарка ми,таму седев на истото место околу пола саат и после кога станав случајно ги ставив рацете во џеп и приметив дека ги нема парите.Видов и на местото кај што седев да не испаднале,но не беа таму.
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Ами што ќе му се на дух, пари? За облека? :D :wasntme: Едноставно сте ги изгубиле троа, па се чудите како ги снемало парите.Немет тука ништо чудно.
     
    На Mia.MGK, MaggieTatum и Inola им се допаѓа ова.
  18. AnGeL4e009

    AnGeL4e009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Ми се имаат десено многу случки што не можам да си ги објаснам...Но ..Една стварно ме истаде од такт ...Пред 2 години беше случкава ..Дедо замина на болница многу му се слоши и докториве рекоја дека ке останел таму..и ние со мојве си се вративме дома а само вујче остана таму дане притреба нешто..И другиот ден требаше да го пуштат...Вечерта кон 7 кога мијав тајнири слушнав тропање во од дедо собата (..зашто тој имаше шпорет на дрва секоја вечер си го чистеше дури беше жив и си ја тресеше машата ако знајте што е тоа :) ) кога отварам гледам машата сама си се тресеше кај што тој си ја тресеше секоја вечер се стаписав ја затворив вратата и си продолжив со тајнирите ..и во истиот момент дури ги мијам и кажувам на мама ....После 5-10 минути му се јавуват вујче на телефон на мајка ми.. дека дедо починал .....

    И морав да редактирам: :$ Многу пати ми ивчезнуваја предмети од дома. пред неколку години..(можда имат 5- 6 год)..ситни украси.шминки...облека..и многу други работи...ги прашував на мојве дома дали ги виделе зашто едноставно ќе ги оставев на едно место и појќе никојпат не ќе ги видев...многу му се жалев на мојве дека ми ги снемуват работиве..ми велет измислуваш ...и ојдовме Битола кај една да ми бајт..и ми рече дека ми ивчезнувале дека на некој починат сум заборавила да му вратам нешто дури бил жив.. :x :x ...Мене ми текна дека на еден комшија заборајв да му ја вратам пумпата за велосипедот :worried: и ојдов на негојте домашните и му ја вратив...После една недела откако се вратив од школо..одам да се туширам..одам во мојата соба да земам пешкир и бањарка кога гледам огромен неред во собата :!: а ко заминав на школо беше чиста..баба беше в село..тато и мама на работа поручек сама бев цел ден..сите работи што ми фалеја сите беа низ собата како да паднале од небо.... :tmi: :o ден денес се чудам од кај дојдоја стварите..И бајачката што ми реце за долгот..Зарем толку бил лут за пумпата???? ???? Неможам да разберам..... :?:
     
    На Bitter-Sweet и Ivy89 им се допаѓа ова.
  19. Angel4e123

    Angel4e123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    86
    Ликот изгледа постар, значи невозможно е да биде некој соученик, помали сме ние, хехе :lol: А како што кажа и ти, што би барала некоја повозрасна во нашиот кабинет, а и да, фацата која е направена... :x
     
  20. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Леле што да се прави веќе? Брат ми барем еднаш неделно му се случува ова: сред ноќ писка, плаче и зборува нешто. утредента не се сеќава што се случило, ниту што сонувал. Мама и тато го носеа кај бајачки, црква, сѐ и сешто. И останува истото. Вечерва решив да спијам во дневната на долниот кат за да гледам телевизија. Пред десетина минути слушнав некои звуци, како шепотење.. За помалку од минута брат ми почна да писка. Јас не станав од троседот, но слушнав дека ги спомнува другарите плачејќи. Утре сигурно нема да се сеќава на ништо. И секој месец неколки пати се случува веќе од есента 2013. Му се има случено некому ова? Навистина е застрашувачки плачот. :sweat: