Heey Girls xD Јас сум нова =') Темава одамна ја разгледувам и сите случки ги следам...Само денес ми текна да се регистрирам *_* xD -Досега сто пати ми се имаат случено многу работи(необјасниви...)Еве неколку што се неодамна случени; 1.Прееска седев на телефонот и разгледував нешто на форумов...И баш тогаш ми текна да се најавам(не е битно,во случкава тоа не спаѓа :3 )....И сега јас си седам и вратата беше полу отворена и го гледам тато како стрела оди во спалната.И јас испаѓам од собава,влегувам во спалнава,нема никој.Одам во дневната,тато спие.Стварно не ми беше јасно,што видов,или дали ми се причинило!? 2.И ова е од прееска.Гледам ТВ,и одам во кујна да се напијам сок.(САМА БЕВ ДОМА,СЕ СЛУЧИ ОКОЛУ 11ЧАСОТ!!)И така пред да одам во кујна го уклучив тоа за топлење заборавив како се вика и се враќам од кујнава,тоа исклучено од штекот,ТВ исклучен...Ај да снемаше струја,ламбата во WC-то и детската беше запалена ... 3.Денес ми е роденден,и нели како и секогаш си викам другари и другарки.Седиме ние,некаде од кај 12 до 15:15...И ги испраќам,само една другарка остана...(Пред 5 мин си отиде xD)И седиме така,тато само што дојде.Ја чекав мама да дојде.И тато спиеше во дневната,јас и другарка ми во детска.И некој ѕвони на надворешната врата.Отворам,никој.Упорно си ѕвони....и,ПАЗЕТЕ СЕГА !!Стојам пред вратава,и ја фаќам квакава,престанува да ѕвони.Ја тргам раката,ѕвони....Стварно страшно беше ...
Пред неколку дена бев сама дома. И мајками ми остави баничка од гробишта што донела за јадење. Знам добро дека баничката стоеше во танирчето на масата. После 2/3 сата ја барам ја нема. Буквално ја снема од тањирот.
И подобро што ја снемало, јас колку што знам не се носат јадења од гробишта дома, тоа што е за душа таму се јаде и не се носи дома. Исто така откако ќе се врати човек од гробишта треба да си го измие лицето и треба 3 пати вода преку рамо да си фрли за таму да им остани „лошото“(смртта) за да не си ја носиш дома, од иста причина не се носи храна од гробишта дома ,туку таму на лице место се јаде. Нека викнат твоите поп да ви крсти вода и да ви испрска низ куќата или стави темјан на рингла да погори да ја замириса куќата.
Јадења од гробишта се носат, незнам јас како е кај вас. Моите беа на 40 дена - помен и таму им давале храна за дома. Сите носат ние така знаеме, за вас незнам. А за поп ни беше набргу после тоа.
Денеска ми се случија многу случки... 1.Се враќам јас од надвор,и случајно минам покрај џип,и видов имаше како тефтерче ама отворен .И онака го загледав.Отпозади ме викна другарка ми и се свртев,нели се поздравивме,и се свртев да го догледам тефтерчето(незнам што интересно ми беше во него )тефтерот затворен x.х 2.Идам јас од школо,и одам по патот.И како некоја сила да ме повлече и ме турна ..За малце ќе паднев.Кога се вратив дома,пак се турнав во ѕидот...Не е моќно да сум се спрепнала!
Еве читам и баш ми текна една случка што се случи поодамна. Беше околу 1 часот по полноќ и мајка ми и татко ми спиеја, сестрами беше во нејзината соба на компјутер а јас си седев на телефон во мојата соба.. Слушнав звук на палење на телевизорот кој сигурно беше исклучен (телевизорот која се пали и гаси испушта таков звук) најчудно беше што кога отидов во собата телевизорот беше исклучен, да беше уклучен ајде де некако се уклучил, ама да го испушти звукот и да не се уклучи.. Ја прашав и сестрами за да се осигурам нека не ми се причинило и не, и она го слушнала! А исто таками се има случено еднаш во мојата соба си облакав пижами и одеднаш телевизорот се уклучи..
Имам и јас многу вавкви случки, но сега ке ви кажам најбрзо што ми се случи. Пред 10 месеци ми почина најдобрата другарка, таа почина на 26 јули, а после 5 дена братучетка прва ми правеше свадба, ден пред свадбата на братучетка ми јас цел ден плачев и несакав да одам затоа што многу жалев по другарката. Вечерта си седнав надвор на тараса сама и се мислев што да правам, во тој момент се појави другарка ми на местото каде што пред да умре ја сликав и ми рече Те молам оди на свадба и помини си убава, ден денеска неможам да си објаснам дали од што бев преоптеретена, дали вистина се појави бидејки сеуште немаше 40 дена незнам ама и сега кога пишувам се тресам.Другиот ден отидов на свадба и убаво си поминав. Но таа мисла не ми излага од главата.
И мене ми се случува истото .. прво почна со онака на пример на училиште наставничката шо ке речи и сл.. а сега се се поозбилни на пример пред половина час видов дека мајка ми ке го истури кафето и ке се изгори и тоа се случи
Верувале или не јас знаев на која дата ќе ми се родат и двете деца.првото се роди значи баш наа тдата што сакав и што мислев дека ќе се роди не знам имав некое чувство уште от кога ми кажаа до кога ми е терминот.Со второто дете си израчунав верувале или не и баш како што пресметав точно на таа дата ми се роди синчето.А и двајцата се родени на тринаесетиот ден откога влегов во деветиот месец.Чудно но вистинито,ама ете кои се шансите и двете деца да се родат баш на тринаесетиот ден значи до толку да се истемпираат.Верувале или не ова навистина е вистина и јас си се чудам дали сепак тоа си беше некоа мајчина интуиција.А исто така ми се случува понекогаш да сонувам нешто и наредниот ден да ми се случи значи потполно истото што сум го сонувала.Навистина бизарно но целосно вистинито.
Минатата година на 1 август со друштво бевме за Дојран,бидејќи бевме со комбе решивме да преспиеме во него.И така седејќи,зборевме нешто.И некаде околу 00:00 езерото почна да испушта страшни звуци,како да рика.Ние девојчињата се исплашивме а момчињата решија да го снимат звукот.И откако престанаа звуците,пуштивме да го слушнеме снименото,се слушаше само тишината.Утредента кога прашавме еден човек рече дека не слушнал ништо но дека езерото секоја година на 2 август земало по 1 жртва,а многу луѓе вечерта на 1 август ги слушале тие страшнио звуци...Ми се има случувано повеќе необјасниви случки,ќе допишам вечер.
За ова ми текнува еднаш со моите кога бев на одмор во Дојран, баш на тој ден на 2 август воопшто не отидовме на плажа си го преседовме денот пред приколка, а и сто не одеа и оние кои живеат таму или со години имаат нивни приколи па го знаат ова. И ми текнува дека се чу дека некое машко се удавило и тоа во плиткото,. дали било вистина или не, незнам. Бог да чува, има нешто. А исто знам и за Вардар дека зима жртва ама незнам кој ден.
Кажете ми веднаш кога ќе дознаете, да не ми текне баш тој ден да се бањам, само да се сончам на Градска плажа
Ние секогаш кога одиме на одмор, каде и да одиме се паѓа датумот 1-7/8. Во Дојран сум била трипати, а еднаш бидејќи никаде немаше место спиевме во кола, па затоа останавме само три дена. Таа ноќ беше претопло, ја зедов лежалката и легнав надвор на тревата. Звуците беа како рикање, точно. Но не знам дали се од езерото или некој намерно ги прави. Наредната година на истиот датум пак отидовме во Дојран. Јас се скарав со моите и отидов кај паркот, по патеката покрај езерото. На тоа што е како мост имаше шатор, а во него двајца кои светеа со рачни ламби. По десетина минути излегоа (беа момчиња) и се фрлија во езерото.. Но, јас само едниот го видов кога излезе од водата. Тој зеде крпа од шаторот и седна, а јас набрзо заминав, па не видов дали другиот излезе од вода..
За Вардар порано ќе се чуеше тук таму дека некое ромче се удавило, па веројатно и од тоа произлегло дека ете демек Вардар зима жртви. А за езерото мислам дека е некоја легенда која ете благодарение на мештаните живее до ден денс, а и моите очигледно си рекле вистина или не, што е сигурно сигурно е сепак да не појдеме на плажа ...можеби има нешто...има, Аја цел ден се скува пред приколка. Јас не верувам ама кога го прочитав постот ми текна па ете го споделив како забавна информација што сум ја слушнала и доживеала.
Пред неполни две години секоја година скоро одевме на одмор во Дојран со друштво, баш тој период. И тоа намерно два пати сме седеле на 1 и 2 август, знаејќи ја легендава со цел да чуеме нешто, ама слабо некако духовите не сакаат. Сешто искусивме беше несоница и изгореници другиот ден од сонцето. Така да или ние не слушаме или не знам што е работава.
Се` е можно. Јас мислам дека некој го прави звукот и се зафкава колку да имаат некоја атракција во градот. А јас тогаш не ни знаев за легендата, но го слушнав звукот. А можеби е бил и ветрот или не знам што
Могуче е. Ние со другариве тогаш си се посмеавме, ама работава не е баш за смеење. Таму луѓе ѓинат речиси секоја година.
Гинат, ама па не им е никој виновен. Да не дојде некој да им вели:" Вие вечерва да влезето во еџеротот да се зафркавате и да се бањате по секоја цена, оти жешко е,а туш или каде дома немате. Не е зимоно време да греете вода на шпорет. Сега мајка ви нема да стои до шпоретот на жешкото да ви грее вода. Рипајте во вода, ајде. Што чекате?" Јас колку што знам никој не ги тера да влегуваат после 22:00 да се бањаат во гадните води на Дојранско Езеро.