Како што оставив ситни пари неколку денари врз хеланките кои стоеа на печката,се свртев и отидов до моето шкафче.Земав и од таму пари,и кога се свртев парите врз хеланките ги немаше Ги барав секаде,но не успеав да ги пронајдам.Не ми беше до 2-3 денари,но навистина се исплашив.Сама бев дома Можеби не е нешто необјасниво,но..каде би можеле да отидат? Ми се случувале уште овакви случки,слеен пат ќе ви ги раскажам. Инаку пишете нешто,ми се читка
Долго време планирав да пишам во темата и се заборавам Пред некоја недела ставав сабајле да одам на школо, сама бев дома, мама и тато на работа, брат ми беше пред мене оден на школо. Излегов надвор, и само што сакав да ја заклучам вратата, од внатре се слушна едно силно тресс! Како да паднал стаклен предмет и се скршил, не влегов да проверам што е, многу се исплашив, право трчајки отидов на училиште. Може нешто да паднало, ако било на работ или ако имало промаја, ама кога се вратив се беше на местото Друга случка, се враќав дома, темно беше и така одејќи по улицата пред мене видов човек како вози точак, не беше многу блиску, ама јасно се гледаше. Се завртев назад бидејки ми се слушнаа чекори, и кога се завртев пак напред, човекот со точакот го немаше. Навистина јасно го гледав, не ми се причини дека го видов, а немаше каде да оди, ни едно сокаче, ни една улица немаше на тоа место. Мнногу се зачудив, многу
Можеби и не е некоја необјаснива случка, но од тогаш, секогаш погледнувам таму со страв. Пред некое време, кога се враќав од училиште, кога се качував на скали, многу бев изморена, па застанав малку и замижив бидејќи како лошо ми дојде.. Потоа кога ги отворив очите и погледнав нагоре, на погорниот спрат, видов жена со црвена коса, како стоеше, фатена за ограда и ме гледаше. Од патики ме изваде! Потоа ги истрив очите и никого немаше.. Ама многу јасно ја видов женава значи, ме гледаше...
Уфф девојки Јас пак денес после школо бев кај една другарка и пошто сум од Велес близу Којник има едно место го викаат Германски и има една Германска куќа и има гробови во дворот од пред неколку векови од Германците. И сега не фати дожд и трчаме и погледнав кон куќата(пошто беше како недоградена или пак срушена незнам точно) во внатре видов нешто бело Не кажав ништо ама после и кажав на другарка ми и ми рече дека пред некоја година некое дете влегло во куќата и имало златна штикла,исечена коса и костур..И се исплашило детево и отозгоре слушнала како камења да паѓаат и излегло шпринт детево право дома и сонувало само кошмари..И после некој ден детето се фрлило од кровот...Језивооо
Нека де имам слушнато за таа куќа дека во неа имало духови од гермаски војни лица од Втората Светска војна.
Ма не се плаши ова дека се фрлило детево повеќе мислам дека е урабана легенда отколку вистина , ја преувеличиле приказнава малку , а кошмари можеш и да имаш и ако се преплашиш , се е до психата
Овоа стварно неможам да го објаснам Си дојдов од музичко и наставничката ми имаше дадено едни ноти.И си влегов јас дома во петокот кога си дојдов и си ги оставив меѓу едни книги и си викам тука не ги губам.После во саботата сабајлето бришев прашина и кога видов ги немаше.Ги прашав сите дома никој не фанал.Земја ги голтна? Сто пати се превратив ги нема и ги нема......
Кој сака нека ме прави луда, ама вистина е ова. Го отворив прозорецот во соба, пуштив музика и отидов во бањата. Се враќам, прозорецот перфектно затворен. А јас секогаш кога го затварам, рачката ја местам неправилно, накај десно малку. Овојпат беше ептен права, што значи дека не е можно јас откако сум го отворила веднаш да го затворам. А никој друг немаше во куќата...
Не знам какви ти се верувањата, ама „некој“ (со тоа сакам да кажам некој натприроден) си игра си тебе
Епа ај нека престане оти мене не ми е интеренсо и нека се каже кој е А како тоа натприроден? Дух,нешто такво?
Јас зачестив во темава бе :geek: Денеска одам во продавница леб да купам и сеа една комшивка(можам да кажам и пријателка на баба ми) на вратата на излегување беше.И се поздравиме како си шо има ново такви работи и додека зборувам јас одам накај пробавачката(женава уште стое).И ги давам парите и викам дај ми таков леб и ова комшиката вика јас се видов и со брат ти и мајка ти.Продавачката ми вика нема таков и ја викам епа било каков тогаш,си го зимам лебот,сметката и испаѓам(а женава испадна)Испаднав јас и од неа ни трага ни глас. Луѓе ја немаше..Да напоменам стара е не се движи брзо,после ако има накај дома тргнато треба да помине една долга патека и нема шанси да не ја видам.Ако има тргнато на др старна пак ќе ја видев оти има прегледност.Минутка беше во прашање.
Сега ми се случи нешто чудно и необјасниво.Не е којзнае што ама ќе кажам Ја отворив темата "Страши приказни" и маусот(глувчето) само почна да врти надоле.
Ми падна во очи твоето мислење. Бидејќи викаш дека брат ти плаче во сон и ги споменува другарите, не знам колку години има детето, но можеби си има трауми од другарите. Можеби во некоја игра со нив е исплашен или пак можеби некои од нив му се имаат заканувано а страв му е да ви каже и сега потсвесно во сон се брани од нив. Можеби е подобро да го однесете кај некој психолог или полека вие самите да ја откриете причината преку разговор или преку некој цртеж со друштво, со игра доколку е помал. Поздрав
Тој мене ми ги кажува сите лоши и убави работи, сите тајни му ги чувам. Но, на ова воопшто не се сеќава. Кога го прашувам:" Срценце дадино, што си беше синоќе?", тој ме погледнува намќоресто како да не знае за што зборувам. А со другарите се нема тепано околу една година... На психолог не сака да оди, но јас сум му како еден дома, така да, ми останува секој ден да го смирувам кога плаче во сон...