можеби не сака да ти каже такви се децата ама ти убаво распрашај го или земи од црква крстена вода и три пати испрскај го
^ Не знам друго што да кажам единствено психолог да поработи со него или пак од уплав да му забае некоја бабичка. Во црква однесете го земете крстена вода, на челото, на дланките одвнатре и на стапалата одозгора ставете му и нека се напие.
Еве една моја чудна случка: Кога почина дедо ми отидов кај баба ми да поседам кај неа да не ја оставам сама во периодот кога и беше најтешко. Беше приквечер и јас и баба ми седевме во собата и се досадувавме бидејки не сакавме да го запалиме телевизорот додека не пројде 1 недела од неговата смрт. Бевме сосема сами во куќата, само јас и она и никој друг! Така одеднаш во слушнавме звук како нешто се скрши и звукот доаѓаше од кујната. Јас и баба ми преплашени полека појовме кон кујната, ја отворивме вратата, го запаливме светлото и што да видиме! На масата откако знам за себе имаше една чинија од цврсто дебело стакло и во неа чувавме овошје. Епа чинијата ја најдовме преполовена на два еднакви дела и немаше никакви помали парченца од стакло. Потполно самата од себе се беше скршила. Се извадивме од памет и веднаш ги фрливме двете парчиња. Ноќта мене и баба ми сон не не фаќаше. Наредниот ден и кажавме на мајка ми што се случи и она се исплаши многу, викнавме поп да ни попее малку во куќата и тој ни кажа дека душата на мртвиот секогаш е во куќата првите денови и дека тој ја скршил чинијата и дека нема причина за страв. Душата ни се смири и потоа не бевме уплашени за таа случка откако попот ни раскажа за што се разботи.
Кога бев мала околу 6-7год ми се има случено нешто што никогаш досега незнаев што е. Мојот кревет беше под прозорецот а спроти мене беа мајка ми и татко ми. Една вечер се сеќавам неможев да заспијам,и гледав нагоре. Наеднаш слушнав возрасен машки глас како го изговара моето име. Како да ме вика.Се исплашив. Ја разбудив мајка ми и кажав што слушнав.Таа не ми поверува и си легна. Наеднаш повторно некој ме викаше . Цело време додека не заспав го слушав гласот кој ми го кажуваше името и никако не се откажуваше.Чуствував како да ме вика надвор..
Нова сум овде.. Мене ми се нема случено ништо толку многу страшно ама оваа вечер сонував (Сигурна сум дека сонував) дека на Фејсбук имам 5 пораки и утрото кога се разбудив навистина имав 5 Не е нешто толку чудно но никогаш не ми се случило. И напишете нешто.
Тоа ти се вика интуиција или може да се каже дури и интуитивна видовитост,и јас имам таква способност,кај некого повеќе,кај некого,пак,помалку е развиена!Јас мислам дека во одредени ситуации дури може и добро да дојде,да спречиме да се изложиме на некоја животна опасност,како на промер,со ,,Титаник,, бродот што потонал,што некои луѓе ја сонувале несреќата,па не се качиле на бродот и останале живи благодарение на сонот и на нивната интуиција!Не се плаши воопшто,добро е што си интуитивна,може некогаш,како впрочеми сега,да ти се најде за арно! :geek:
И мене ми се има случено чудна случка.Оваа година имавме слава.И ние бевме на горниот спрат од куќата,а на долниот нема никој.Онака јас се шетам во ходникот и сите се во дневната освен братучедка ми и сестра ми во спалната.И ја сакав да влезам во спалната и рачката од вратата се наведна како некој да ја отвара одвнатре и ја влече но бидејќи е тешко да се отвори упорно се влече.Јас ја фатив и ја отворив ги прашав дали братучедка ми или сестра ми сакала да ја отвори и тие ми се колнеа дека не ја отворале.И тие беа занемени и зачудени,но си помислив да не праам драми од оваа морничава случка.
Можеби си сонувала...?Инаку и мене ми се има случено слично,како некој да зборуваше и да ме викаше да одам во кујна.
Еве ме и мене, повторно со нешто морничаво, секако не со цел да ве исповадам од памет, оти знаете јас дека на се барам логично објаснување и не верувам во ,,необјаснивото''. Како и да е, пред 4 години, неодамна пред да реновираме имав црвена флејта. Бев сеуште основно училиште и честопати со класот вежбавме песни. Таа флејта беше обична, пластична но јас многу ја сакав. Никогаш не преферирав да го земам оригиналот под изговор дека звукот од оваа подобро излегува. Како и да е, да не должам многу, еден ден ја изгубив. И тоа оставајќи ја на бирото во мојата соба, и после враќањето од балконот со мајка - ми не беше таму. Пребарав се живо и диво, ми доаѓаше паркетот да го откорнам за таа проклета флејта но, никаде ја немаше пустата. После 4 години, значи матурирав, се запишав факултет се, барајќи си еден изгубен документ и вадејќи ги фиоките од моето биро ШОК! Флејтата заглавена меѓу две фиоки на крајот од бирото. Бев сама дома и не ми се веруваше што гледам, ми се стемни значи. Не знаев дали да се смеам или плачам, ама како и да е колку да се потпирам на рационалното испаничив луѓе, признавам. Манив тоа, ја оставив таму, ги фурнав фиоките назад и си останав сета во прашалници. Кога дојде мајка - ми ја прашував кога кречеле пред неколку години случајно да не ја ставиле таму, но таа ми рече дека се сеќава оти ја барав и ќе ме известела. Башка што бара да ја става на такво место па баш меѓу фиоки. Утредента дали ви се верува дека со мајка - ми ги вадевме фиоките повторно за да се увери дека е тука, и флејтата....ЈА НЕМАШЕ! На крај се изнервирав бидејќи мајка - ми ме убедуваше дека ми се причинило и така случката ми остана скоро неразјаснета и после два месеца.
Вакво паранормално нешто не ми се случило...но многуу често му се слулувало вака си велам себе си еј замисли ова и ова да се случи и оп се случи значи сосема рандом работи, исто како и кај форумџиката често сонувамсонови кои се случуваат.
Mene mi se deshaavaat mnogu vakvi sluchki,ednash si sedam na PC i samo mi se jadeshe i idam vo kujna i otvaram frizhider i gleam sho ima,odednash zabelezhuvam nekoi noze a site bea ispolegnati majka mi,tatko mi i brat mi i samo zatvaram frizhider gleam nema nikoj,posle zemav za jadenje i idam nakaj soba i osekjam nekoja si negativna energija,se vrtam nema nikoj posle idam pak do kujna da go ostavam tanjirot mi se pristori edna bela koshula i se vrtam pozadi mene nema nisho i mi beshe strav posle da mrdnam pogled od PC....Vtora sluchka:Bev sa i go barav mobilniot niz stan i sea vlagam vo detska soba gleam na krevetot mi go nema,poslee baram baram i pak vlagam vo detska i go gleam na krevet...od pamet sum se izvadil i 23874023874 pati vo denot mi se sluchuva DEJA VU :3 SPEECHLESS ://
Баш пред некој ден ми се случи необјаснива случка. Имено, дека бев сама дома, си легнав прилично рано околу 23 часот, и ја заклучив влезната врата. Значи во тоа сум ептен сигурна. По некое време ме бара телефонски една комшика да одам кај неа. И погодете што-влезната врата беше отклучена.
Ми се има истово десено:Пред некој ден идам кај другар и сеа исто куќа е тоа али он живее на 3тиот спрати и сеа си качувам и глеам нагоре жена со бела коса и бел фустан и само исто така ги тријам очите и глеам нема никој од памет се извадииив
дали ви се има некад случено навечер телевизорот или компјутерот како да испуштаат некој звук (ислучени се ) како да тропа нешто тоа навечер многу ме плаши... ??
Се е до психата,опасна машинерија е мозокот!!! Ако верувате ,мислите и ќе гледате такви работи... И јас забегав едно време и се борев сама со себе ми требаше долго време(1-2 год.)да се вратам во нормала,затоа со време приберете си го паметот Како сега нема ништо?Ниту гледам ниту слушам
Баба ми почина пред месец и пол. И сега помеѓу мојата соба и собата на моите имаме ходник. И дали навечер кога седам ми се причинува или не незнам, ќе се заборавам на лаптоп и некако како да осеќам дека она стои пред мојата соба во ходникот ама кога ќе фрлам поглед никој нема. Неколку ноќи беше така. Спојлер Офф топик: 2 дена пред да умре ја сонував како дошла кај мене на кревет млада кога била и јас сум и рекла оди си бабо и сум плачела. Он топик: Се случува неколку ноќи да срипам од спиење во паника како да ме гуши нешто и да плачам. Или имам уплав или е ова необјаснива случка.