Сликата е прикачена на фб, имаше друга намена. Но необјасниво е како се нашол ликот на неа. Како Исус Христос е.
Се гледа дека е монтажа, а ликов воопшто не наликува на Исус. Овде некој добро се заиграл и каша-попара направил со ,,светецот,,
Ќе ви раскажам една од најстрашните случки што ми се случила. Во мојата соба има стаклена врата преку која се излага на тераса.Требаше да земам нешто од собата и кога погледнав видов жена облечена во црно како стои и гледа низ стаклото буквално се замрзнав викнав по сестра ми и ја снема излеговме на терасата немаше ништо. Мојата соба е на втор спрат. Цела недела по оваа случка спиев во гостинската соба. Ако имате објаснување ве молам пишете
Искрено и мене ми се имаат дешавано вакви случки.....А сега ги читав вашите,се ежам од страв.Искрено ви верувам! А незнам кој ме тераше да ги читам,сега нема да можам да спијам вечера
Значи не дека не верувам во вакви работи,напротив,верувам,и религиозна сум..ама сликава е чиста фотомонтажа. П.С-Дечково на Џон Ленон ми личи... или на Јоко Оно,не сум сигурна.Океј има и примеси на некоја прљава металика.
Тоа е најноρмално нешто κога ќе почине неκој навистина близоκ. Сеκој на κога ќе му почине неκој близоκ му го чувствува пρисувството на духот на починатиот или му се случуваат чудни ρаботи во домот. Јас пρвиот ден κога почина дедо ми, го видов неговиот дух одма до ρегалот, само ме гледаше таκа добρодушно и полеκа полеκа исчезна. Исто и по 7 дена отκога почина ни се случи нешто многу чудно во κуќата на баба ми κај што почина, но не објаснувам за тоа зошто имам веќе пишано за тоа во оваа тема. Но тоа не беа ρаботи κои ме уплашија. Сеуште не ми се случило нешто паρаноρмално од κое ќе се пρеплашам и молам доспод да не се случи. Но да знаеш, нема ништо чудно и необјасниво во тоа. Тоа е ноρмално со починатите...
Каков Исус бре Ме изнасмеа.Прво не ни личи на Исус,а после што е обична апликација за телефон,ја има на Play Store,App Store... Aпликацијава се вика Camera 360 Ultimate,од дамна ја имав на телефон,а сега ја побарав на новиот и ја најдов Еве го ‘‘Исус’’ на мојот скапоцен ѕид во соба,да го видите од поблиску,и не не ми е ваква боја ѕидот,некоја си праска боја е,незнам зашто вака искочило
Не знам од кога почна...но многу често замислувам дека лошо ќе ми се случи мене или пак на членови од фамилија, и испаѓа тоа истото навистина да се случи на некој мој близок роднина, близок пријател па дури и некој што го познавам но немам контакт со неа/него......Искрено ми е страв веќе да мислам..S
Ми се случи нешто преклето морничаво. Синоќе не можев да спијам цела вечер и читав нешто книга и за да заспијам си пуштив песни сабајлето. И паднаа две кукли, ама не се исплашив, тука не е морничавото и станав јас, баш видов 5 часот беше и погледав низ џамот и небото беше почнало да се осветлува, ама не се разденуваше и си викам ај ќе си легнам да не ме раздене и баш се сеќавам уште 3 песни имав на плејлистата. И јас сум заспала, а сеуште мислев дека сум будна и ме разбуди тропање, ми звучеше како да се отвори вратата и јас се испаничив да не ме видат уште будна, оно јас сум си заспала, песните завршиле, а ништо не знаев од тоа, ама очигледно не сум спиела многу затоа што имав уште 3 песни и не беше разденето и се преправав дека спијам. Веројатно е мајка ми, пред да оди на работа ни ги спушта ролетните за да не не разбуди светлината. Погледнав, низ полу отворени очи и што ќе видам само човечка фигура ликот не се гледа Ништо си заспав и сабајлето мајка ми ме буди, ги крева ролетните и јас и ќажувам дека не сум спиела, и' велам дека сабајлето кога ги спушташе ролетните јас се преправав и таа ми вика дека не ги спуштила она ролетните И си викам да бее па недела е, не е на работа, во недела обично ме буди светлината рано И ја прашувам баба ми дали ги спуштила ми вика сабајлето влегла во собата да остави книги на сестра ми, а ролетните биле спуштени. Си викам тато не е на работа повеќе денови не му се спиело станал рано па спуштил ролетните, викам тато фала што ги спушти ролетните си поспав, ми вика не бил тој и јас му кажувам дека не се ни баба ни мама и тој ми вика па дедо ти Финтата е, немам дедо, умрен е пред да се родам. Сестра ми не ја сметам за опција бидејќи таа спиеше на креветот под мене. И почна да ме копка. Зборував со баба ми за ова и таа ми вика кога сестра ми си легнала ролетната била спуштена, ама се сеќавам јас ја дигнав уште во 12 и пол затоа што не можам да спијам ако ролетната не е дигната и + гледав ни џам во 5 часот. И за да ме утеши ми вика дека можеби таа ја кренала, а не се сеќава, ама веднаш ќе ја познаев, по нејзиното тешко дишење, тешки чекори и дури не ни има сила да ја спушти ролетната Веројатно некој знаел дека имам несоница, па ми ја спуштил ролетната за да не се разбудам и да поспијам. Ама кој?
Ми се имаат случено повеќе вакви случки,ама во моментов ми текнува само на неколку. 1.Се враќав сама дома околу 1 часот навечер.Во моето маало има повеќе згради и треба да ги поминам сите за да стигнам до мојата.Поминувам покрај првата зграда и гледам голема сенка на неа,сосема различна од мојата Се свртив секаде околу мене,ми беше страв некој да не ме следи.Гледам,гледам абе ни трага ни глас од човек,а само таа една патека е,нема кај да исчезне.Со трчање си отидов дома и никогаш не сум си тргнала сама повеќе. 2.Пред некоја вечер ја пречекував мајка ми од работа во влезот.Едно време само се слушна како нешто падна и се скрши.Слеговме пред зграда да видиме што е тоа и гледаме една голема ламба се скршила на само 2 мали парчиња стакло. 3.Бев кај баба ми на поседок во Србија заедно со една братучеда.Во дворот од куќата има голема визба која е постојано отворена.Една вечер се враќавме од диско и гледаме накај визбата и двете почнавме да пискаме истовремено.Видовме една баба која целата беше обвиткана со шамии,и се гледаше само лицето и злобно ни се смееше.Прво помислив дека само јас ја видов,но и братучеда ми го видела истото...
Пред 3-4 години, купивме нова куќа, на 3 спрата. Одлучивме да живееме на вториот, првиот да ни биде за непотребни работи, (како визба) иако беше прилично голем, а третиот како за вежбање.. Куќата се реновира, третиот спрат прв го завршивме, а кога го завршивме и вториот се вселивме. (После, околу 2 години, гледано од сегашно време 1 година.) Куќата сеуште не ни беше осветена, а бевме вселени. Неколку дена пред да дојди Поп да ни ја освети куќата, јас повикав другарки кај мене, онака, да ја разгледаат куќата, да се подружиме.. И да преспијаат кај мене.. Моите родители не беа дома. Вечерта околу 1-2 часот, од третиот спрат се слушнаа звуци, како некој да вежба, на онај велосипедот, од топ шоп.. (Имаме таков) .. Прво си рековме дека мојата помала сестра не завркава, но кога појдовме во нејзината соба, таа беше заспана.. Звуците беа погласни и погласни.. Се качивме горе, ја отворивме вратата и.. Точакот САМ работеше.. А кога ја приклучивме лабата - прекина! Не им кажавме на родителите за оваа случка, бидејќи знаевме дека ќе не направат ненормални... По 2 дена кога попот ни ја освети куќата, немаше никакви звуци и такви случки, до ден денес.
Се случи кога бев младичка како вас. Си спијам јас така, беше некаде околу 03 часот, кога одеднаш слушам чекори и тешко дишење. Срцево почна да ми чука како тарабука и се препотив во секунда. Сакам глас да пуштам, ама не можам. Смогнав сила и викнав неколку пати „Мамо, Мамо“оно пак тешко дичење и крцкање на паркетот. Го барам ѕидот позади кревет има прекидач, тој (ѕидот) како да исчезнал. Го наоѓам, палам светло и оп објаснива случка. Кучката (вучјак) ме гледа со исплазен јазик.
Абе луѓе.. кај отворив, кај запустив.. Среќа што е уште светло, а вечер не знам што ќе правам... Не мислите дека треба едно предупредување да се направи кога ќе ја отвориш темата??? Убаво да е објаснето дека во иднина секој шум ќе те вади од памет, нема да можеш рајат да си појдеш во ВЦ, и ќе ги малтретираш твоите по дома да спијат со тебе... Ќе се распрашуваш за 10 генерации уназад баби и дедовци, мислејќи дека може на некој да му текне да те посети вечер Аууу... почнува да ме фаќа страв...
Океј значи пред некое време пишав дека не ми се има случено ништо паранормално ама еве вака значи..си спиам јас во детската и сега мајка ми пред мене ми си легна таа беше во спалната што е до мојата соба..а татко ми беше на пат а бато излезен и сами си бевме сос мама. И вака сум спиеа околу пола час значи во 2 и 15-20 така нешто си легнав и наеднаш некој како да ми плесна шлаканица...значи стварно незнам како толку силно што ме заболе и заплачав -.- , се будам станувам и гледам светлото во мојата соба исклучено а во ходникот пушетено ивратата во мојата соба отворена значи никогаш не ја отварам пред спиење или било кога во вечерта бидејќи ми е страв и сега гледам часот точно 3. И одам со страв да проверам дали е закључена надворешната варата и закључена си беше..одам кај мајка ми да и кажам што стана...значи жената цвртсто си спиеше нема како она да е. Ова претходно ми се немаше случувало стварно незнам шо е работата :\
До сега ништо не ми се случило, а и не дај Боже да се случи. Јас и онака се плашам од темница, спијам цела покриена, па уште нешто вакво да ми се случи и на психијатар треба да одам после.