Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Сум слушнала дека 03:00 или 03:15 не знам точно, тогаш шетале лоши сили (ѓаволот).
    Не сакам да те уплашам, не знам што ти се случило, може и да си сонувала...се виде на огледало? Имаше некакви траги од шамар?
     
    На Neongirl и IamSexyAndIKnowIt им се допаѓа ова.
  2. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Не бе само така ме жегна нешто, може и сум сонувала стварно незнам чудно ама не до толку за да се плашам ептен :!:
     
  3. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Нова сум на форумов, и верувејте ми дека овие два три дена успеав да ја прочитам цела тема, од прва страна до 123 :D не дека нешто посебно, али интересна ми е едноставно.

    Лично, немам некое посебно искуство со необјасниви случки, али морам да ви признаам дека вчера се разбудив околу 5 сабајле, мачката ја пуштав да излезе надвор. И ко да ми крцкаше вратата од мојата соба, и тоа крцкањееее, цело време... Па пуштив ТВ колку да дрнда нешто и се мачев да заспијам.

    Не знам дали стварно имали нешто, можда дека се зачитав у темава, сите случки што ви се случиле ги поминав, па најверојатно потсвеста реагира :D

    Поздрав :*
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  4. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.922
    Пол:
    Женски

    Да во 3:00ч.
    Некни вечер кај дечко ми го гледавме Еxorcism of Emily Rose, баш за тоа се работеше во филмот, дека во 3 часот навечер шетаат демоните. Многу бев исплашена од филмот, а и вратата која што се отвара потешко се отвори сама во точно 3 часот, а од никаде немаше промаја, се беше затворено.. од тогаш се избезумив цела и од страв спиев таму не си отидов дома :lol: :devil:
     
  5. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Филм е тоа бее :!: не верувам во демони такви работи којза може јас да сум ја заборавила вратата или пак незнам може сум сонувала хахах и јас го гледав филмот не е многу страшен :) белким по дома не ми шетаа демони не верувам во такви работи баш :devil: :angel:
     
  6. babyane18

    babyane18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Женски
    A што ми се случи мене сега мм излезе и јас ја бањав малата ја легнав така во коритото да си павка и се свртев да ја наместам бањарката за да можам кога ќе ја извадам дирекно на бањарка ја исплакнав и кога се свртев бањарката стуткана така ми се пресекоја нозете што умрев од страв :sweat: незнам што може да е.... а толку имам страв од такви работи што мислам одма срцето ќе ми застане и збогум мајко а и ај да речеш темно да беше да речеш касно а ова со струја во 20 h што мислите
     
  7. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Си ја поткачила до нешто вртејќи се....
     
  8. oneday

    oneday Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    надвор ни стои еден стар дрвен часовник од баба ми не работеше едни 3 години и оваа година имаше многу дожд и сонце и некна кога си легнавме да спиеме точно во 12 часот почна да чука ама како у хорор филм беше не сум сонувала будна беше и тато наредната вечер бил да провери и стварно чукал саатот.
    друга работа е тоа што стрелките му стојат на девет часот, а он чука секоја вечер во 12:04 минути...
    ај помогнете што може да значи, нешто лошо ли е ?????
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.920
    Допаѓања:
    132.904
    Отвори го саатот, изместени се стрелките од лежиштето, затоа не мрдаат. А чука во 12 точно оти така е направен. Внатре механизмот е во ред :)
     
  10. oneday

    oneday Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    нејкат не се местат стрелките ,чудно ми е што чука само во одредени часови 16:04 и 24:04 :(
     
  11. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Една вечер се обидував да заспијам, но не можев. Со саати лежев и не успеав да заспијам.
    Потоа, почнаа да ми доаѓаат лоши мисли. Што ако некој има во собава, што ако некој дојде и наеднаш како да светна еден дел од ѕидот, во форма на правоаголник. Не знам дали навистина се случи или само ми се причини, но многу се исплашив.

    Друга случка.
    Излегов надвор во дворот, на свеж воздух. Немаше никој, сама бев и тргнав да влегувам внатре, оддеднаш нешто започна да шушка, а немаше ниту лисја, ниту пак ветер. Премногу се исплашив и веднаш си влегов внатре.
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    За првото, можеби била некоја светлина од надвор од кола на пример... или само ти се причинило затоа што така си мислела.

    А за второто, да не било некое животинче? Мачка можеби шушкала во тревата, или некој најлон оставен некаде шушкал... не паничи веднаш :)
     
  13. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    ^
    За светлината, не би можела да е автомобил, бидејќи нема прозорец од спротивната страна, а за второто, можеби навистина било некое животинче, не знам точно.

    Инаку, овие две работи се случија одамна, така да не им обрнувам многу внимание.
     
  14. SuperGirl8

    SuperGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Необјаснива случка на татко ми, тој ми кажуваше.:
    Баба му и дедому имале некој дрвен часовник на ѕидот кој не работел. Тие имале слава но не ја ''славеле''.
    Еднаш, одлучиле да ја направат славата, и точно на полноќ, за славата часовникот сам проработил. :wasntme:
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SuperGirl8

    SuperGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Можеби кога си се свртела накај прозорецот, (нели тој е како слабо огледало)си се видела ти :lol: :lol:
     
  16. BlackPiano

    BlackPiano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Досега не сум видела никакви чудни силуети и не сум слушнала чудни звуци, но тоа што се случи последните месеци беше тотално необјасниво. Пред 2 месеца, во јули, 3 дена имав мисли дека некој близок ќе се разболи или ќе умре. Бев загрижена, бидејќи никогаш не бев имала такви мисли толку долго, но сепак заборавив некако. Но, после само неколку дена, една блиска другарка рече дека ќе треба да ја прават операција на мајки и. Дел од моите мисли се остварија, но ајде си мислев не е толку страшно и дека ќе оздрави. Но, вчера за жал мислите целосно ми се остварија и мајка и почина. ;( ;(
     
  17. cat250

    cat250 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Не е возможно бидејќи убаво се гледаше жена во црно (нешто како црн долг фустан) јас не носев црно и кога викнав по сестра ми ја снема :worried:
     
  18. SuperGirl8

    SuperGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Мене тоа да ми се случи, на место умирам од страв..
     
    На Beautiful_girl.. му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ladyh07

    ladyh07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    31
    Дали имате некое објаснување за следнава ситуација: Сонувам еден другар кого одамна не сум го ни видела, ни слушнала... Во сонот носел нешто дрва, товар некој, насмеан бил и ми рекол ќе ме барал за нешто помош... Се будам од сонот и отворам инбокс гледам порака од него кога ќе сум имала време да сум го побарала му требало нешто совет, веројатно за девојка му... Се здрвив кога ја видов пораката...
    Претходна случка, требаше да отидам на испит и видов дека испитот е подоцна т.е. 10 часот, си легнувам да спијам и сабајлинката сонувам како сум доцнела на испит и таму 3-4 црни мачки доаѓаат накај мене... Се будам, 8 часот негде, се спремам полека и заминувам на испит, гледам нема никој, влегувам во предавална, испитот започнал од 8 часот, а јас дури во 10 одам... Потоа проверив, јас сум видела погрешно... Иначе и јас и мајка ми имаме поизразена интуиција, јас уште од помалечка знаев кога нешто ќе ми се случеше, а и соновите ми кажуваат, али овие вакви сонови најмногу ме чудат... :|
     
  20. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    ^
    За објаснување, не знам, но знам дека и мене ми се случи нешто слично.
    Сонував дека одам во библиотека, да земам некоја книга, а навистина утрото требаше да одам во библиотека. Ја барам книгата, а тие ми велат дека не сум ја вратила лектирата ,,Итар Пејо,, , значи во сонот се случува тоа. Потоа, се будам, одам во библиотека и навистина ми велат дека не сум ја вратила лектирата. :o
    Навистина се зачудив.
    Исто ми се има случено уште нешто такво, што сум го сонувала, па потоа навистина ми се случило, но не памтам што точно беше.