Не многу одамна, влегов во соба да се преслечам и само се отвори вратата сама... помислив дека била мајка ми дека влегла, па видела дека се пресоблекувам и излегла... но никој немаше. После ја прашав дали таа влегла не била. А само ние две бевме дома и немаше ни промаја ни ништо, се’ беше затворено! И синоќа ми крцкаше регалот. Ај да речеме ова со регалот е објасниво (дрво е крцка нормално), ама ова со вратава ме замисли. Нема шанси да сум ја оставила отворена, се сеќавам ја затворив убаво и се отворила сама.
Пред 2-3 месеца,си дојдов дома преморена и си легнав да спијам, сама бев во соба. После 2 часа се осеќам будна и нешто како да ме гази по нозете, те на едната те на другата, и осеќав жештина. Многу испаничив, неможев да се помрднам како здрвена бев. Кога конечно успеав да станав погледнав накај прозорот и завесата беше до пола повлечена, а баш пред да си легнам да спијам ја наместив убаво.. Незнам што беше!
Ау, за тоа мислам викаат дека сенки те газеле имам слушнато за да се спречи тоа требало барем малку светлина да влегува во собата каде што спиеш.
Пред 2 години со дечкоми си се решивме да прошетаме до Битола ... И само што стигнавме седнавме во едно мало паркче на клупа ... Имаше љуљашки и клацкалки во паркчето и уште неколку клупи мислам, до нас седеше уште еден пар дечко и девојк,а али си отидоа останавме сами во паркчето. И така си се замуабетивме саат време цигарче врз цигарче и се стемни и ај викам да станеме смештај да бараме . И кога станав од клупата една гледка ме замрзна во момент ... триста математики си правев во тој момент ама неможев да дојдам до одговор. Љуљашките се љуљаа сами рамномерно како да имаше некој на нив, а немаше никој, ни деца имаше пред тоа сами бевме , ни ветер не дуваше топло беше . Му викам на дечкоми види, виде он сирот се извади од памет се наежи и фативме магла од игралиштето . Јас додуша не се плашам од такви работи али се тресев целата додека се движевме . И застанавме пак пред една зграда, пред гаража јас дека зборев на телефон , а он си пушеше цигара. И спуштам слушалка го гледам цел блед викам што ти е ? Вика го фрлив пикавецот али вика од гаражава протна некој рака и го зема пикавецот ... баш го баравме али нигде не го најдовме И од тогаш верувам во све ... Сакајте верувајте во случкава или неморате мое беше да си раскажам
Земи со темјанче помини ја собата, стави некој крст, пушти светлина, Синоќа дома влегов во салонот да земам нешто ама сијалицата не ја пуштив оти напамет знам што каде стои и кога се сетив на една приказна овде срцето ми излезе на место, кога летнав назад.Од една страна ми е интересно да читам овде од друга страна се плашам ептен.
Мојата другарка ми кажуваше додека учела нешто ја удрило по глава и веднаш заспала. Мајка и дошла во собата и ја прашала зошто спие. Другарка ми и раскажала и мајка и рекла следен пат да не заспие кога нешто ке ја удри по глава и не и кажала зошто. Дали некој можеби слушнал зошто? Јас во последио време гледам сенки, ми пагаат работи кои не се на крај, чуствувам присутно на некој третира во собата. Но се навикнав ☺
Хахх....Учителот на Аристотел (не ми текнуе името :Р ) кажал дека ние сме сенки на светот над облаците....Значи духовите всушност на некој начин се вистинските луѓе тука...ВЕРУВАМ во вакви работи,и ве молам не ме правете луда XD
Токму мене ми се има случено истото беше негде во 4 часот на утро, јас сеуште не бев заспана не ми се спиеше цела вечер си чепкав на тел..и верувале или не како што си лежев ме удри нешто по глава и тоа од напред на челото како да ме чукна некој со рака..ллелеее само како се уплашивв поим немате и се скрив под јорган а знам дека сама не се удрив а и плус тоа мирно со главата си лежев на перница.Потоа кога станав и кажав на мајка ми и таа се уплаши и постојано ме прашуваше дали сум добро.. Потоа друга случка..исто така касно навечер јас си бев легната,а на бироото имаше две чаши(стаклени)..и само одеднаш слушам звук од тропаше на чаши(како да се судрија чашите/како некој живели да си направи со нив..) и тоа добро се слушна кога трасна како да се скршија и тоа блиску до мене.Потоа дента ги гледам здрави прави чашите..Земјотрес знам дека немаше таквоо нешто незнам што би можело ова да биде
Земав да ја читам темава и ми текна на една глупост што ми се случи кога бев негде трета-четврта средно. Се враќам јас од парк, 2 сабајле отприлика, сама. Обично секогаш ме испраќаше некој, ама овојпат бев сама од непозната причина. Малку бев фатена од винцето ама не бев пијана, две-три чашки евтино вино помешани со некој лош сок. И така одам по мојата улица и решавам да скратам пат и да поминам низ едни куќи кај што обично има кучиња. Не се многу страшни, едното е пекинезер, ама кога ќе почне да лае кучето по мене обично му се придружува вучјакот од комшиите, па сум екстремно внимателна. Заради ова знам дека немаше никој позади или пред мене на улицата, цело време се вртев да видам да не ме следи улично куче. Стигам конечно пред зграда, конечно смирена затоа што не ме бркаа кучиња и се мислам дали ми е црвена устата од виното и слушам како некој ме вика позади мене. А до мојата зграда има ограда, отприлика 2м висока и за да поминеш од другата страна треба да искружиш 200 метри, значи ако искружил некој, ќе го видев. А и прекачувањето преку ограда е тешко, сигурна сум дека ќе го видев, ако ништо друго ќе слушнев како некој скока. Се вртам и гледам дечко, висок, црн, отприлика на моја возраст. Ме гледа и вика: Сара. Така се викам инаку. И се сврте дечкото, се прекачи преку оградата и дури јас сфатив што се случува, си замина. Да биде повознемирувачко тоа што некој ме следел и се криел цел пат, во зграда немаше никој и беше скроз темно, што е чудно затоа што имам обезбедување во влез и секогаш е таму човекот што работи како обезбедување, плус светлото треба да е запалено. После со денови ги распрашував сите високи црни машки дали некој од нив бил, никогаш не дознав кој бил. Стварно не знам зошто и како се случи тоа. Не верувам дека е нешто натприродно, ама мистерија ми е
Мислиш Платон го кажал тоа. Патем, не рекол дека сме сенки на светот на облаците, туку сенки на сенките, (кои припаѓаат во светот на идеите), бидејќи за да постои стварта треба да постои идеја за нејзино постоење. тоа ви е уствари еден вид пресликување, кое го претставил Платон, благо изразено со моја терминологија.
Далеку од тоа дека ги имаме одговорите за се`, иако некогаш делуваме и функционираме како тоа да е така. Така што, не можеме да бидеме сигурни се` додека не искусиме.
Си легнав вчера вечерта во кревет, си се покрив преку глава и си реков ај малку на телефонот да си поседам. Помина време, и јас целата се вкочанив, па ја исправив перницата, седнав и пак се покрив преку глава, само ушите ми беа откриени. И почнав така да слушам ко бавно, длабоко дишење. Ме фати страв, бев сама во собата. Барем така мислев. Се стуткав пак под ќебе, ама по некое време пак се здрвив и си седнав. Пак слушнав дишење ептен страв ме фати. Ми беше страв да испаднам од под ќебе за да проверам. На крај собрав храброст. Се открив и ја запали столната ламба. Видов дека вратата од тараса останала подотворена и ветерот цело време ја нишал..
Едно утро сонував мртовец,над него седнат поп во црно облечен и до нив на масичката имаше телефон. Во сонот тој телефон почна да звони и во исто време слушам нашиот домашен телефон звони...Татко ми се јави и откако спушти слушалка го прашав кој се јавил, ми вика еден човек умрел па да сум одел на работа да го заменам колегата
http://think.mk/pregled/mornichavi-izjavi-na-deca-od-koi-kje-vi-se-zaledi-krvta Како би го објасниле ова?
И мене ми се случи еднаш во спиењето да ме гази нешто, а не можев ни да сепомрднам,пробував да виканм,ама само ја отворав устата без глас,незнаев како да ме слушни мм и почнав силно да дишам ,кога ме слушна ме дрмна и така успеав да станам,кога му раскажав и него му беше чудно,а имам и една друга случка али од поодамна е,си имав лабелце над спалната и вечерта го турнав и ми падна позади,.наредниот ден пробав да го истуркам до крајот на спалната за да си го земам,и кога стигнав до крајот се свртев да го оставам желевцето со кое го истуркав,се свртев пак да го земам и го немаше,и ден денес не го имам најдено