Денес пак ми се случи нешто многу чудно. Незнам дали беше халуцинација или беше вистина. Лежев на креветот и осетив како нешто да скокаше на креветот и подоцна застана до мене. Прво помислив дека е баба ми ама после слушнав како збори во другата соба. После слушав и гласови, но ништо од тоа не разбирав и потоа заспав. Премногу се исплашив и сега ми е страв да излезам од соба, а сама сум дома.
Инaче тoa првoтo е фенoмен нaречен спиечкa пaрaлизa. Мoзoкoт ти е рaзбуден, телoтo ти спие. Мoже дa ти се случи дa хaлуцинирaш.
Не се плаши, немаш причина. Мислам дека и тебе ти се случува парализа во сон. Викаш си бил преморена, па по тоа се поврзав со мене. Ми се случува понекогаш парализа во сон, но приметив, само ако сум преморена, на пр. кога имам испити. Е сега ништо како топлина или сл. не сум почувствувала, но мислам дека станува збор за иста работа. Јас повеќето пати, дури сум свесна дека се работи за парализа и си викам смири се, не паничи, ќе помине брзо. Мада, не секогаш ми успева да се смирам. Ама најбитно,минува таа состојба брзо.
Мене ми се случило 15/ина пати, а чувството е е неописливо страшно, да бидеш парализиран додека кон тебе се движи морбидна сенка, секој може да замисли колку е бизарно. Инаку научниците се обидуваат да дадат логичко објаснување на овој феномен, сакаат да докажат дека се работи за нарушување на REM (rapid eye movement) и тогаш настапува парализа во сон и страшни халуцинации. Но исто така многу од научниците признаваат дека оваа теза не е 100% точна, што го прави овој феномен уште повозбудлив при самата помисла. Додека пак психолозите превентивно советуваат дека ова се случува како резултат на голем стрес на кој е изложена личноста или пак анксиозност, заедно со спиритуалистите советуваат разни медитации кои го намалуваат чувството на стрес а со тоа исчезнува и ваквиот тип на феномени. Јас можам да кажам од лично искуство од кога почнав да медитирам по 15 минути пред спиење дека не ми се случило такво нешто, а исчезна и стравот од темница кој што го имав уште од мала.
Вчера ми се случи нешто. Седев во мојата соба и почувствував како некој да ме фати за раката. После легнав да спијам и слушав чекори, чувствував како да има уште некој во собата. Кога ми се случи ова не размислував за вакви работи, така да не е можно да сум замислувала.
Sekogas go poglednuvam saatot koga e 9:11, I toa I navecer I nasabajle. Ova veke mi se slucuva podolgo vreme, mozebi dve godini. Ne e bas sekoj den I sekoj pat, zavisi sto pravam I kolku sum zafatena, no mnogu cesto se slucuva koga da vidam kolku e saatot eve ti go 9:11. Edno vreme citav na internet za ova I ne sum sama, ima i drugi koi go gledaat ova vreme. Pisuvase nesto deka tie luge se duhovni luge koi se poblisku do pronaoganje na sebesi I neznam sto drugo, mnogu imase ne procitav se. No do den denes mi e neobjasneta rabota
И мене ми се случува нешѕо слично. Кога и да погледнам во часовникот часот е пример 16:16 22:22 12:12. Навистина ми е многу чудно.Creepy.
Знам дека ќе речете случајност, но мене навистина не ми е јасно. Минатите 3 дена, се сретнав со една пријателка 3 пати на истото место и во истото време. Ајде, вториот пат си велам ништо чудно, судбина. Но еве синоќа пак. Толку ли многу се сакаме?
Se izvinuvam za latinicava na tel sum. Kako prvo zdravo na site, jas sum nov clen, neodamna se registrirav. Supev mi e ovaa tema, cela ja procitav i resiv da spodelam so vas edna moja slucka koja ja imam spodeleno na drug forum pa ako sakate dadete mi vase mislenje. Po opsirno e raskazana pa zatoa ke pastiram.
Ај сеа ќе ви раскажам што ми се случи мене пошто сеа имам време.Ове ми се случи пред околу 2 месеца и уште неможам да си го објаснам и незнам дали сонував (иначе јас упорно се убедувам дека сонував) Таа вечер спиев кај дечко ми.И пошто лето е нели мн жешко,одвај сам човек убаво спие а не па двајца.Накај еден часот или два,го слушам дечко ми се превраќа у место и ги отворив јас очите го гледам станал тој и седи на креветот,го прашувам шо е работата , ми вика - не бива,неможам да се успијам одам јас у другата соба (а другата соба е врата у врата со оваа кај шо спиевме и кога се отворени вратите се гледа и креветот у другата соба од оваа соба).Отиде тој таму и си легна,го видов и си заспав јас пак.Станувам јас после некое време пак ,значи ги отворив очите и пошто од надвор влева светлина преку прозорци се убаво се гледа.Убаво си видов јас дека сама си лежам,ја подзавртив и главата и го гледам дечко ми како спие у другата соба пак си ја завртив главата и некако осетив некаква језа ме фана појма неам од шо и ги затворив очите. Е следново не ми е јасно - само шо ги затворив очите осетив некакво присуство у собата кај шо бев јас.леле луѓе,се стаписав и се здрвив а очите отварање никако.Осекам како нешто почна да се приближува кон креветот од страната кај шо претходно спиеше дечко ми и како да почна да чепка по креветот или да се навалува,појма неам шо правеше бидејќи јас како полу мртва бев од страв.Почнав да си викам у себе смири се не паничи ако ти се причинува за џабе цело маало ке будиш ако цикаш,а очи отварање никако.Незнам како ама после тоа осекам тоа нештото како кружи околу кревет и дојде од мојата страна и застана точно позади мене.Е сега скроз се укопав од став бев како умрена,јас таков страв у животот немам осетено.Почнав да осеќам студ на грбот.Си викав у себе ај ќе го преживеам и ова ама само ако не ме допре,нека не ме допре.Леле немаше неколку секунди и осеќам рака на главата,почна да ме гали по главата,а јас толку ... си викам издишав , толку е со мене ... престана да ме чепка по главата и таман си викам помина се,тоа нештото како да ме зграпчи околу половина и се обвитка околу мене,ме стисна.И тогаш отворив уста и почнав да викам по дечко ми.Јас си викам,а тој си спие си нема мака (мн е цврст на сон).Срипав јас и глеам нема никој до мене нити па има нешто у собата а го глеам и дечко ми у другата соба си спие.Станав јас,истрчав у другата соба и се склупчив до него.Цела бев упрпана ама ми беше грев да го будам.Така цела вечер со отворени очи лежев додека не се раздени ... И ај сеа ... Сонував или не појма немам ... Неможам сама себе да си разјаснам ... А такви работи кај нив никогаш на никому не се случиле ....Ova mi se sluci izminatovo leto
Sluckata ja pisuvav izminatovo leto, a i spomnav deka ke pastiram od dr forum posto opsirno e pisuvana, zatoa pisuva taka