tolku mn raboti imam vakvi.nekoi na mene mi we slucile nekoj na moi bliski....uste of mala babami vikase deka of 3 do 3 15 se slucuvaat nekoj neubavi raboti bidejki togas se krsi nokta so denot,I to a e periodot vo koj sto duhovite,vampiri ili kako I DA se definirani si zaminuvaat of ovoj svet..najnovo se IMA sluceno e sin koj Sega IMA 16 meseci uste of Bebe koa SME go nosele na gosti kaj dedo mi uzasno pisti...prvo he obrnuvavvnimanie rekov Bebe e ne go gleda sekoj den dedomi pa zatoa se plasi......se dodeka eden den majka mi he obrna vnimanie kako detevo samo od porta so ke vlezeme pocnuva nanazad DA odi a koa ke ja otvorime vratata of kukata pisti I see kacuva po nas .....po nekoe vreme nas poznanik inace gledac ili neznam kako DA go narecam I kazal na majka mi"lele x mnogu neubavi raboti IMA kaj tatkoti doma" .....pretpostavuvam deja mozebi detevo gleda nesto sto nie vozrasnive he mozeme,znam eden kup primeri za DECA koi osekaat a ponekogas I gledaat raboti evidlivi za drugite..inace of togas nit jas uste pomalce deteto sumgo odnela go taa kuka..
Пред некој ден ми се случи нешто што се уште не можам да си го објаснам. Си дојдов дома некаде кај 5 до 3 ноќта, бев на име и скроз заборавив на времето. Си тргаме со дечко ми накај дома да ме однесе некаде кај 10 до 3, прво колата не се отклучуваше после не палеше .. Во ред се случува. Стасав 5 до 3 дома си отклучив си влегов и седам во мојата соба и кај 3 и 15 слушам дека некој од спална излегува и оди во дневна. И си викам ок мајка ми или татко ми станале нешто им требало. Како мине времето 15 мин, 20, 30 никој не излегува и си викам чекај да видам да не седнал некој бидејќи мајка ми има обичај и седејќи да заспие оти е преуморна .. Одам во дневна влегувам, нема никој. Одам до кујна, пак никој, си викам добро ајде може не сум слушнала да излегле од собата и си влегувам пак во мојата соба. По некои 10, 15 минути слушам пак се отвора вратата од дневната соба, си викам сега ке видам кој е и што е со луѓево ноќно време што се шетаат по куќава. Ја отворам вратата од собата кај мене гледам нема никој, влегувам во дневна, пак никој, одам до спална и мајка ми и татко ми и брат ми спијат, и наеднас морници ме полазија и ладен бран ме мавна од страв ... Си легнав, прво не можев да заспијам, потоа некако заспав. Наредниот ден ги прашувам мајка ми и татко ми дали некој од нив станувал ноќта, и двајцата ми викаат не, мене тогаш уште толку повеќе ме фати страв. И кога и кажав на мајка му на дечко ми, таа ми реце дека сум влегла дома тивко во лошо време и дека „не знам што“ сум пуштила да влезе со мене. И еве уште ја тумачам и ја мозгам ситуацијата што се случуваше таа ноќ и не можам да сфатам и мислам дека нема ни да сфатам и се уште морници ме лазат кога ќе помислам.
И мене ми се има случено таква дешавка.Имам кученце и сега нели во сите хорор филмови демек кучињата осеќаат зло и такви ствари и сеа беше касно и кучето има креветче до мојот кревет и одеднаш кучево лежи и ништо немаше светев со мобилниот и почна да ржи онака агресивно а многу е мила никогаш ја немав видено таква и добро ме фати страв си заспав,се мислев да им кажам на моите ама скептични се за такви работи и преќутев.Другата вечер зборев со една другарка на мобилен и пак се остаив до касно и веќе почна да се разденува и доле имаше кеси полни со алишта и слушнав како нешто,нечии раце ги допираат кесите ама со цели раце и прво мислев ми се причинува и заќутев и чекав и одеднаш пак слушнав и пак и пак и и кажав на другаркава ама се извади од памет и си легна и се вртев у кревет станав ги кревав кесите да не има бубачка или слично ништо и така седев до кај 7 моите станаа да одат на погреб една блиска комшика почина претходниот ден и не ми веруваа нормално мислеа се трипам и ми беше страв да спијам во мојата соба буквално и од тогаш си напраив фобија од темница...
па мн чудни работи во последно ми се случуваат како на пример станав кај 3 сааат за во тоалет и пуштив чекор и некој над глава мислам во висина на глава ми удри со цела дланка мислам така се слушна а куката ни е висока излегов надвор и немаше никој си свршив работа и си легнав а исто така ми се случи бев дома сама и имам систем ама не го користиме и од нигде никаде се пушти сам а треба да стегнеш на копче on па се уклучи го исклучив и ништо а вчера кучето ми беше пуштено надвор по нужда кај 12 саат некаде и имам куче што ептен ретко лае и си седам и само одеднаш слушам силно лаење и излегов надвор одма ама немаше никој само се пулеше како да има некој в гробишта инаку живеа, ппокрај гробишта кои ми се оддалечени од кука само 200 метри и така и др работи ми се имаат случено ама не ми текнуваат ама мн мн не му ја мислам зошто и баш неверувам во духови и разни чуда
Да бидам искрен ова што читам погоре како Паранормал Активити доцна навечер може да ме фати за потсвест од ништо беља да си направам хахаха. Само сакам да додадам дека некои случаи со сенкти на прозор и такви ствари да знаете дека се реални луге, (баш така и на блиски роднини се случи, па го имаа фатено човекот и го претепано хаха ) 2. Некои случаи се психички, со дома тропање во други соби и такви страви. Јас имав такви страви доживеано ама за мене тоа беа само во потсвеста. Неогворорено прашање ми беше зошто сето тоа се случува во другите соби а не во таа каде што сум јас ? И неколку пати се надминав себе си, и си реков ако треба да умрам од некој ќе умрам. Ако се плашам ќе умрам од јадеш сам себе си. Се опуштив, и од тогаш еве 5 години се нема ништо страшно случено. Дури сега уживам во темница.
Luge, mene mi se imaat sluceno nekolku strasni slucki. Eve ke vi raskazam edna sega, a ako ste spremni ke vi ja kazam i drugata uzasna. So decko mi se dogovorivme da odime na vikend vo Skopje, vo stanot koj go delev so cimerki i tie ne bea tamu, vikame super aj ke go iskoristime vikendot. A inaku jas mnogu retko odev vo stanot. I koga stignavme cel den setavme, znaci se premorivme od setanje, a i ne bevme mnogu spieni. Nekade okolu 2h po polnok si legnavme da spieme koga naednas gi otvoriv ocite, pocuvstvuvav nesto cudno... Samo sto gi otvoriv ocite go gledam i toj buden, vikam "zosto ne spies?" - spijam, samosto gi otvoriv ocite. I pocnavme da slusame cekori vo dnevnata, a vratata od spalnata ni bese otvorena... Prvo toj vikase deka se od dr. stan, bidejki se slusaa jasno. Se vkluci kompjuterot koj bese na masata vo dnevnata, go slusnavme, no toj vika se desava,ke stanam da go iskl ako sakas, no slusnavme deka sam se iskl. vednas potoa. I vrvot na se bese koga pocnaa da se otvaraat vratite na skafot vo hodnikot i da se zatvaraat silno. Naednas stanavme i ispaniceni pocnavme da barame po stanot. Otvorivme se i proverivme sekade. Jas istrcav do nadvoresnata vrata i poglednav vo hodnikot, nemase nisto samo svetloto nad nasata vrata, koe bese na senzor - svetese. Izvikav "zosto sveti svetloto pred vrata koga nema nikoj?" decko mi odbivase da veruva i rece "ne ke da e na senzor, ti si nesto greska". Otidovme nazad na spienje otkako proverivme, samosto legnavme pocnaa pak cekorite, nekoj vleze vo spalna i gledase vo nas, jas se stapisav, se ukociv cela, a toj me pregrna silno okolu polovinata...po nekoja min izleze...a decko mi stana i mi rece spij ti, jas ne mozam... Ne mozev ni jas. Stanavme. Se razdeni po nekoe vreme. Jas trgnav na fakultet. Koga izlegov svetna lambata pred vrata, a koga se oddaleciv se iskluci. Zastrasuvacki mnogu! Inaku imam videno i mn. pocudni raboti i jas znam deka postojat, no ne sakam da sum svedok na takvi nesta.
Пред месец дена познаник ми раскажа една случка која сериозно ме стави во мисла. Колку и да сум скептична за вакви ствари, мора да признаам дека ова ме натера уште еднаш да ги преиспитам своите ставови и контра аргументи за натприродното. Особено поради фактот што настанов е раскажан од човек кој иако не ми е близок, го сметам за еден од по лојалните луѓе кои воопшто ги имам сретнато... Имено, станува збор за неговата сестра. Која после долгата исцрпна борба со ракот почина. Затоа, со друштво решиле бар првите неколку денови да се соберат во неговата викендица, за што е можно повеќе да го дистрактираат од настанот. Значи, стасале што стасале, и како што тој кажува, првите неколку денови иако му било тешко, се трудел да остане што е можно по прибран и смирен. Дури биле на скијање, планинареле, шетале итн. Но, затоа на седмиот ден, кога требало да се вади една недела, ја сонил сестра му како излегува од некоја темна река, облечена во бела ноќница, каде му се обратила со зборовите ,,Ти бато знам дека нема да присуствуваш на мојот погреб, ама не се секирај, бидејќи јас за тоа време ќе бидам тука до тебе'' За утрото околу девет часот кога дошле другариве да го будат, на паркетот во неговата соба да забележат обилна количина вода. Веднаш погледнале на таванот да не нешто протекло, па ѕидовите, бидејќи се сомневале на влага или дожд, меѓутоа немало ништо... Впрочем, не ни врнело претходната вечер, туку напротив, небото било ведро како што вели тој. Затоа кога се разбудил го прашале, демек зошто си истурил вода по паркетот, и овој само бледо ги погледнал, го видел паркетот, и секундарно го полазиле морници текнувајќи му на сонот. Дури, му требало и време дур се соземе, и` им раскаже дека ја сонувал сестра му, како во бела наметка излегува од реката, и му вели дека периодот кога неговите ќе бидат на нејзиниот гроб (утрото) таа ќе биде близу до него, на што овие нормално останале шокирани, па дури после им било страв и водата да ја соберат. Како и да е, повторно ќе нагласам...Иако му верувам на човеков, скептична сум околу целиов настан, од причина што сметам дека не може стварите туку - така да се ,,пренесат'' од нематеријалниот во материјалниот свет. Затоа имам развиено две хипотези. Од кои првата е дека водата е производ на една обична невкусна шега од страна на некој од креативциве, (неговите другари). Бидејќи, голема е веројатноста да овој мумлал во сон, некои зборови од типот ,,сестра, вода'' па некој од овие чул. И втората - Дека човекот месечарел, па немал увид во неговите дејствиа. Како и да е, не можам ништо да тврдам, можам само да се сомневам или претпоставувам. Но, како и да е, како што пишав на почетокот, иако човеков не ми е близок му верувам. Освен тоа, не мислам дека некој би бил толку одлепен да лаже за вака сериозни ствари. Особено не, после една вакво трауматско искуство, какво што е сосродеточеноста со смртта.
Bevme malecki so sestra mi (7-8god), letno vreme i si sedime na terasa, a majka ni pravese torta i i falese nesto i bidejki noke, ni vika devojki, ke odam do komsivkata da zemam seker (primer) i dobro... Nie si sedevme na terasa, a vo kukata do nas nas ziveat stari babicka i dedo. Naednas nivnoto mace kako si sedese na stolot mjavna i skokna i istrcase nekade. Toa ni go privlece vnimanieto za da vidime kako edna stara baba zavitkana vo crno, malku podgrbavena se simnuva po nivnite skalicki i se upatuva kon portata. Nie pomislivme deka e nekoja gostinka, no ne ni bese jasno koja bidejki bese mnogu kasno za vakva stara zena da odi sama... Taa se dvizese premnogu bavno po samo nekolku cekori, klekna i iscezna. Go vidovme toa i jas i sestra mi. Jas ni bese deka ne e gostinka... :/
Еве уште една случка, што ми ја кажуваше на една другарка дечкото, што реално ме замисли доста. Човеков бил скептик за вакви работи и вика „јас не верував“, се додека не отиде во странство работеше неколку месеци. Вика, една вечер додека спиеле слушнале силно чукање на вратата, не памтам точно за час ама мислам дека околу 3, ајде нема врска. Испаднале да проверат, односно погледнале низ прозорецот немало ништо и си легнале повторно. Потоа истото чукање ги разбудило по втор пат, пак виделе, пак ништо. После им било страв да заспијат, и чикањето се повторило по трет пат. Цела вечер не заспале, не можеле. А имало ѕид висок што никако не можел некој да се поткачи преку ѕидот и капија заклучена. И наредниот ден кога се разденило, излегле надвор и имало заковано 3 клинци над вратата и многу логично отишле да проверат на безбедносните камери што се случило. Ги гледале снимките кога виделе сите 3 пати нешто како сенка темна кај вратата стоела до минута највеќе и го снемувало, и сето тоа се повторувало. И му кажале на газдата што им се случило, и газдата влегол кај што спиеле, земал некоја кукла и им кажал дека не е прв пат да се случи такво нешто и си отишол без никакво објаснување. А исто така, за време на престојот таму секоја ноќ месечарел. И кажуваше и тој и другаркава дека кога се вратил и на најмало тропкање срипувал се стресувал. И тој самиот рече „Не верував во ништо вакво и им се смеев на тие што ми кажуваа такви работи, се додека мене не ми се случи“. И сега е длабоко уверен дека уствари постојат некои такви натприродни работи, а тој бил страшно убеден дека другите си измислуваат приказни. И не гледам причина зошто би лажел, бидејќи и кога се вратил се уште не можел да се стабилизира и се плашел на секое чукнување, па макар и најмало.
Za nekoj den trebase dedo mi da ima 40 dena otkako pocinal. Jas i sestra mi sedevme vo dnevna i ucevme bidejki trebase da polagame za nekoe vreme. Slusnavme tropanje nadvor vo dvorot. Istrcavme dvete na prozorecot i gledavme vo dvorot. Naednas taaa izvika: "Viki kaj drvoto!!!" Poglednav i go vidov dedo mi stoese do drvoto vo dvorot i gledase vo nas. Istrcavme vo spalnata kaj nasite i sednavme. Pocnavme da go slusame dedo ni kako kasla, dolu, kaj sto ziveese. Znaevme deka ako kazeme nema da ni poveruvaat. Se preplasivme. Dedo mi uste kaslase i se dvizese, mu gi slusavme cekorite. Se preplasivme! Gi razbudivme nasite. Majka ni dojde so nas vo dnevna. A tatko mi ne ni poveruva. Ni rece deka sme tazni za dedo ni i deka zatoa si mislime deka sme go videle. No, nie bevme sigurni vo toa sto go vidovme, bidejki ne ni se imase sluceno po prv pat, da vidime nesto neobicno.
Мене истото ми се случи со системот навремето наеднаш почна да ми се намалува и зголемува гласот и на екранот се менуваа бројките за гласот се здрвив. А системот беше во комодата со стаклена врата затворен а далечинското на другиот крај на собата.Го зедов далечиското не фаќаше како да нема батерии и го изгаснав од струја. Ден денес не можам да си објаснам шо се случи.
На сестра ми и се случи следново : Не можела да заспие , и си лежела во креветот, и наеднаш забележала човек со сиво палто и ШЕШИР со рацете в џеб. Трепнала и го снемало. Утрото ми го раскажа ова, јас не обрнав мн. внимание ..се додека ... Следната ноќ јас истиоит тој човек мене ми се појави , стоеше буквално до мојот кревет. Страшноо ...
Јас сум ги имала многу, можеби затоа што сум индиго дете, многу чепкав, но и многу дознав! На почетокот си мислев да не се тоа халуцинации и плодови на мојата фантазија, но потоа сфатив дека гласот на таа жена што константно ја заслушував како ми зборува и ме теши кога сум тажна кажувајќи ми многу совети, правилни совети всушност е најдобар психолог, расчистувач на моите мисли, љубовен советник, другарка, но и доста талентирана жена е всушност ангел испратен од Богородица да ме чува, утешува и ми помага, решив да ги развијам овие способности за да можам да помогнам. Не сакам да бајам, да растурам магии, ништо такво, сакам само да можам да си допомогнам себеси и да се искачам до одреден стадиум во општеството за и јас да помогнам со зборови и утеха и да ги освестам луѓето дека Бог постои и дека навистина помага ако му се обратиш, само тој може. Инаку сум имала и неколку визии, нив ги гледам со левото око кое за тоа време од зелено, кафеаво ми станува, еднаш сестра ми ме начека во предвидувачка состојба и се запрепасти кога виде дека спијам со отворени очи, а едното ми е многу покафеаво. Порано случајно ќе погледнев нешто без да сакам, без да мислам на тоа, но сега ако се потрудам, можам да го видам она што сум го намерувала. Исто така, имам и контактирано со духови од мојот претходен живот кои ми кажаа многу за него, ми поврзаа многу чудни сонови кои си ги имав како мала, кога не ни знаев како се викам што се вика, но сепак и до ден денес се сеќавам на тие сонови. Сепак престанав да чепкам зашто ангелите ни кажаа дека е доста, спомнуваа и реинкарнација на тие духови и слично. Знам дека сето ова изгледа како голема заебанција, но сепак тие што се како мене ќе знаат дека не лажам, затоа сакав да споделиме и да се поврземе ние поинаквите. Е сеа, не знам колку не има тука
Темава веќе не е многу активна а? Нема везе, интересна е. И така јас седам ве читам, не прочитав се, ме фати мрза, али ми ја размрдавте фантазијата. Се почна да ми крцка во куќава, али ми текна дека е дрвена и дека постојано крцка, па немам гајле. 1. Како малечка живеевме во зграда на последен кат значи немаше опција некој да е над нас и да се заебава. Што се случи: спиевме во иста соба со брат ми, он цврсто заспан, мува не го лази, јас одеднаш се будам и ги гледам моите како зборат нешто. И си викам што им е на овие, што застанале на сред соба, свртени накај прозор, и пак заспивам, се будам, значи ова се во рок од 10 мин, и ја слушам мајка ми му вика на татко ми абе што е она, иди види, и овој и враќа неам поим, не одам, немој ни ти да одиш, се вртам јас и гледам како виси, лебди, едно одвратно суштество, бело, со светли злобни очи, и само не гледа, приметија моите дека сум будна, татко ми фати да ме лаже, да ми кажува приказни за да заспијам, а мајка ми само спушти ролетна, го провери брат ми, он си спиеше мирно, ме заспаа и мене и ваљда си легнаа и они после. Моето објаснување: не верувам дека вистински имаше нешто такво одвратно на прозор, односно некој некако се качил на кров и се подебаваше со нас. Е сега како се качил појма немам. 2. Се враќам од средно, втора смена, јадам, се зезаме со моите, идам во соба, си пуштам телевизија и си дремам. Фатив нешто телефонот во рака и пралелно гледам тв и пишувам пораки. И само почнува телевизорот да се гаси, пали, гаси, пали, проверувам дали лежам врз даљинско, не, абе сум умрела од страв. Почувам да вриштам, влага брат ми ко каубоец во соба ме прашува што ми е и му викам види го телевизорот и го гледаме телевизорот и ништо си седи изгасен, почнувам да се смеам и му раскажувам што се случи, и ТВто почнува пак пали, гаси, пали, гаси, и го гледаш брат ми целиот од насмеан, станува збунет и фаќа дањинско ама ништо и почнувам ја пак ко лудача да се дерам и доаѓа татко ми, му кажувам што е работата, гледа и сам, почнува да се смее, го вади од струја. И стоиме ко идиоти сите тројца чекаме да се уклучи пак, и верувале или не, се уклучи!!! Хаха се зезам, ми објасни татко ми нешто таму со струјата, го поправи после и еве веќе 7години нема испад телевизорот. 3. Спијам со отворен прозор и отворена врата преку лето, за воздух да имам, да не умрам од жештина. Се будам на сред ноќ, пробувам да заспијам али некако не можам. Се врткам така некое време и се загледав нешто накај ходник и гледам само една сенка какко поминува од десно кон лево. Сенка на дечко со четка на глава. Панкер. Само си помина сенкава. И си викам, ај од светлината на месечината поминал некој и ми се виде сенка. Утрото ми текна дека немам панкери во маало. Имам куќа залепена до мене, нема шанси некој да помине таму. А и месечината ја поминува куќава, не свети директно во мојот прозор доцна навечер. За ова уште немам објаснување, најверојатно не бев скроз разбудена. 4. Во последно време имам опасен проблем со огледала. Нешто почна да ми се причинува дека ми касни рефлексијата и ме фаќа паника дека тоа што го гледам уствари не сум јас. Дека е некоја друга. Јас, а некоја друга, не знам како да ви објаснам, такво некое грдо чуство. У секој случај имам бујна фантазија. На крајот од денот се и препишувам нејзе.
Си седевме цело друштво гледавме фудбал наеднаш почна да тропаат пенџерината влезната врата како некој да ја отвара се стаписавме по една минута престана продолживме да гледаме фудбал за пола саат продолжи се да тропа му велам на друштвото земајте ножеви јас пиштолот на таткоми и надвор излеговме немаше никој му се јавив на таткоми му реков одиме кај другарми вечерва утрото кога се вратив дома.и кажав на мајками таа ми рече дојдете на сеанси кај мене цело друштво пошто мајками е психолог
И јас да споделам нешто со вас. Значи спиев, и обично јас навечер си зимам 1 шише вода да има до мене, за ако ми се исуши устата да се напијам, да не одам до кујна. Се разбудив да се напијам, се напив. Вратата од мојат соба беше отворена и веднаш ни се гледа другата соба. Значи, како го завртив погледот таму, видов една опашка. Пак погледнав, една мачка ми помина покрај вратата. Луѓе, значи не бев сонлива. Мачка навистина помина. Потоа веднаш станав, и побарав низ сите соби и ја немаше. Мајка ми вика дека демек ми се причинило затоа што само што сум станала, но до ден денес тврдам дека не ми се причини. Навистина мачка помина. Ако се сетам на нешто друго, ќе напишам.
Не е лошо да одите,а и кажавте ли дека сте земале,нож,пиштол ,нели бидејќи е психолог па да види до каде би оделе со паметот за користење