Тоа што се случува кај повеќето да слушнат некој јак удар или како некој им го изговара името е знак на здрава психа. Мене ми се имаше случувано повеќе пати да слушнам пред да заспијам како некој маж со силен глас ми го довикува името па прогуглав и открив дека не сум единствена. Се е до психата на човекот, не мислејте на тоа и нема да го осеќате или гледате. Не сме ни самите свесни колкава моќ има психата, може да се создаваат различни халуцинации и илузии што и не се баш пријатни за гледање или слушање. Инаку да не сум оф-топик, ќе ви раскажам нешто што ми се случуваше пред неколку години, можеби и имам спомнувано за тоа ама не се сеќавам. Често накај 3 часот после полноќ се будев од спиење и погледнував дирекно во ќошот од собата и стално таму стоеше човек со шешир, е сега, не знам дали мојата бујна фантазија или било што беше. Без престрашена и баш поради тоа се навикнав и ми стана рутина секоја вечер да се будам точно околу 3 часот и човекот „е таму“. Веќе не го гледам инаку, сигурно му здосадив.
Феминки ве молам за објаснување на случкава. 1-ви Јануари 2015, Крушево: Седиме јас и дечко ми со уште еден пар во дневна и гледаме филм. Од претходната Новогодишна вечер имавме измиено чаши за вино и истите беа ставени да се сушат во кујната. Наеднаш, се слушна како некој да фрли чаша и да ја скрши. Отидовме сите во кујна, што да видиме... Една чаша за вино беше искршена внатре во садоперот. А што беше најчудно, немаше никакви шанси сама да паднала бидејќи местото каде што беа ставени не беше баш блиску до садоперот. Иначе морам да напоменам дека во кујната (каде што се случи ова) имаше една дрвена полица цела наредена со икони. Друштвово ме тешеше дека ете можеби имало промаја па ја бутнало чашата, ама некако 90% сум сигурна дека е нешто друго.
Абе душо можеби не е нешто страшно..можеби стварно имало промаја (ако биле прозорците или врата отворени) а можеби е нешто друго како што кажа и сама али сигурно и да е то нешто друго не е страшно,бидејќи рече дека имало многу икони,можно е да е некој знак за нешто,не плашисе f:
http://tocka.com.mk/1/182189/mister...-policija-ne-moze-da-ja-resi-koj-e-ovoj-covek Како успеал да се скрие, свака му част.
Минaтoвo летo си седев сaм вo сoбa и бaш бев уклучен нa фoрумoв си читaв низ темите. Нa уши имaв слушaлки, глaсoт беше нa нaјглaснo и ништo другo не се слушaше. Дo врaтaтa нa сoбaтa имaм еднo кaкo шкaфче и нa рaчкaтa oд шкaфчетo имaше зaкaченo ќесa. Вo еден мoмент пoгледнaв нaкaј врaтaтa и приметив декa ќесaтa се пoмрднa кo некoј ветер дa јa дувнa. Прoзoрoт вo сoбaтa беше oтвoрен нo сo врaтaтa се нa скрoз рaзлични стрaни. Си пoмислив дa не влегoл некoј, не сум гo видел пa зaтвoрaјќи јa врaтaтa ветерoт дa јa пoмрднaл ќесaтa. Стaнaв пoчнaв нaјјaкo дa јa зaтвaрaм врaтaтa, ќесaвa ни мaлку не сaкa дa се пoмрдне. Oтидoв вo дневнa, ги прaшaв, никoј не влегувaл... Мoжеби е нештo дo мене, нo еднaш истo тaкa се рaзбудив вo три сaaт пo пoлнoќ и слушaв бебе штo плaче. Глaсoт звучеше кo дa дoaѓa oд пoдaлеку, a oкoлу мене никoј oд кoмшиите немa мaлo бебе/дете.
Синоќа кај 3:20 ме разбуди нешто но незнам што првпат така да се разбудам(освен ако не сонувам нешто,но ништо не сонував) и се завртев на другата страна со цел да заспијам.Се покрив цела,до лицето некаде и наеднаш осетив како да ми го отскри нешто лицето и ме погали по лице и наеднаш осеќам давење и неможев да зборувам и така неколку секунди и ме ослободи и викнав по мајка ми(бидејќи од таквии инциденти со мене во соба спие) но таа тврдо заспана не ме слушна,и после пак истото почна пак да ме дави да неможам да викнам..и така неколку пати и ме остави.Бев препотена на лице и се осеќав како некој шамар да ми удри на таа страна затоа што од тука почна да ме дави нештото..Не верувам и ова да е таа парализа во сон шо ја викате бидејќи првиот пат кога ми се случи ме држеже неколку минути и потоа ме ослободи,а ова сега беше како постепено давење(можеби дека не бев сама во соба ќе направев поголема бучава ќе викав повеќе (тоа се мисли на откако ќе престани давењето ,бидејќи додека ме дави неможам ни глас да пуштам)..А и неможе секој со ред парализа да фаќа глупости..првиот пат кога ми се случи на мене и одма другата вечер истото на татко ми му се случи а парализата неможе да се пренесува Сигурно е натприродна сила.
Izvinete za latinicata.. Dushicko ova ne e mala rabota znachi seriozno e! Vikas deka i na tatkoti mu se sluchilo i jas sum sigurna deka ne e paraliza vo son (i sama kaza deka se vrtis na dr strana za da zaspies) Zosto ne prezemete nesto da viknete pop ili odza sto i da e da ja osveti kujkata A prethodno ima nekoj pocinato vo kujkata? Stvarno morate da prevzemete nesto zosto toa sto i da e ne e dobronamerno stom te davelo Prezemajte nesto i pisi kazi ako povtorno se desi so srejka
Девојки незнам дали е ова за овде али пред малку пред околу половина час на небото баш се загледав и видов само 1 ѕвезда (ме потсети на витлеемската ѕвезда што ги водеше мудреците кај Христос) одма ми падна на ум да не е некој знак па нели и Божиќ е ,али незнам вие што мислите и да ..ѕвездата светеше најсилно,др ѕвезди едвај се гледаја потоа ја снема и повторно заблеска..ваше мислење? инаку Среќен Божик,Христос се роди!l:
Слично вака му се случуваше на вујко ми пред неколку години и тоа почна откако почина дедо му, во спиење почнувало нешто да го гуши како да го дави некој и да го притиска одозгора како да лежи некој врз него и вујна ми го слушнала дека викал и одма чим запалила светло престанувало, еднаш дури така од страв вујко ми отишол во собата на баба ми и дедо ми значи неговите мајка и татко и легнал на земја до нив зашто се плашел, ова му се случувало неколку пати после незнам како престанало дали бил во црква палел свеќи за дедо му незнам одамна беше ја бев помала тогаш не се сеќавам. Најдобро да одиш во црква збори со некој поп он сигурно знае најдобро и ќе ве посочи што да направите.
Тогаш кога ни се случи тоа на мене и татко ми(летоово беше тоа во јуни),не викнавме поп но со темјан прочадевме и долго време не осетивме тавоо нешто додека повторно еве мене ми се случи.А за починат имаме да,ама има негде 6год нзм точно но одамна е и тогаш ништо не осетивме незнам И да,во право си дека треба да се превземе нешто,ти благодарам на вниманието мила
Стварно е језиво јас се препотив од страв ноќеска а и вечерва знам дека ќе ми биде стравИ кажав на мајка ми и ќе спие до мене вечерва и секако ќе посетам црква...Благодарам на разбирањето и советите
Нoќескa и мене нештo ме гушеше. Нo, сигурен сум декa беше сaмo сoн. Изгледa требa дa престaнaм дa јa читaм темaвa.
уф веќе Спојлер: ... уште немам посетено црква бидејќи немам одлучено сеуште кој ден да отидам пак јас на темава но пак ми се случи нешто паранормално..Бев во купатило главата си ја миев,мајка ми беше слезена доле имаше работа нешто,татко ми не беше дома,едино дада ми си беше во соба и јас отидов во купатило да се мијам глава и вратата ја затворив.И миејќи се слушнав како кваката чкрипи и се отвори вратата и веднаш се затвори а немаше никој,дада ми не беше,таа дојде по две минути после инцидентот и влезе раце се зами и излезе нема што да ѕирка така и ке ја слушнев ќе тропнеше со вратата коа излагаше од соба,како што ја слушнав кога доаѓаше коа стварно дојде и ми влезе во купатило а пред тоа ништо не слушнав некој да тропа изгајки од соба.И ја прашав сепак дали таа била и она ми рече дека беше коа ми влезе внатре а пред тоа не била,како што и сумљав.Малку ми беше давење уше овоа ми фалеше..
Пред неколку дена татко ми дојде до мене и ме праша: Дали ти синоќа земаше книга некоја? (Toj и мајка ми спијат во дневната соба и блиску до креветот има плакар со полици на кои стојат книги.) Јас реков дека не сум земала, спиев тоа време, некаде околу 2 или 3 било. Ми кажа дека слушнал некакво шушкање, како некој да ги поместува, да бара нешто, да претура. Кога се разбудил сабајлето книгите од полицата биле сите поместени и една книга падната долу на подот.
А да прашам, една другарка ми кажуваше дека само луѓето со јаки ѕвезди можат да ги видат или забележат тие нешта, духови, сеништа, што и да се. Ти викаш дека тие појави ги напаѓаат луѓето со слабите ѕвезди. Но луѓето со слаби ѕвезди не можат баш да ги видат тие појави и затоа и не веруваат во нив, барем како што ми кажа другарката. Е сега, ако луѓето со слаби ѕвезди не можат да ги видат, зошто тогаш тие духови би ги напаѓале нив? Или можеби баш тоа е таа причина за нападот? Таа другарката веќе навикната е јасно да гледа духови и не се ни плаши од нив.
КАКО ВЛЕГУВААТ ЏИННИТЕ ВО ЧОВЕЧКОТО ТЕЛО И КАДЕ ПРЕСТОЈУВААТ ВО КУЌАТА? Џинните обично престојуваат во тоалетот, напуштените соби, оние простории каде има непријатен мирис, или места кадешто се прават гревови, или соби во кои има обесени слики, исто така, џинните престојуваат во аголите (ќошиња) на собата. Обично џинните влегуваат во човечкото тело преку врвовите на прстите и нозете, преку устата и носот. За доказ се зборовите на Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, каде вели: „Кога некој од вас се прозева нека се труди да се воздржи од него колку може, бидејќи шејтанот влегува преку устата.“ Причините заради кои џинните влегуваат во човекот се: немарност (гафлет), правење грешни дела, изоставање на потребните заштитни дови, преголема радост или преголема лутина, присуствување во места каде е забрането, непожелно, чинење на големи гревови... Кога џинот ќе излезе од човечкото тело тој остава траги (отпечатоци) кои не ги гледа никој друг освен џинот. Тој отпечаток е како врата која ќе му служи за полесно повторно враќање, освен ако човекот ја затврои таа врата со зикрови и дови наутро и навечер. Кога ќе облекуваш нова облека или замена речи (БИСМИЛЛАХИЛ-ХАКИМ) со цел џинот да не го види твоето срамно место, бидејќи тие имаат лош поглед, па можеби ќе му се допаднеш на џинот, па можно е да влезе во тебе, неговото име тогаш се вика Ашик. Џинните обично мразат спомнување на Аллах, и испуштаат глас кога ќе намирисаат пријатен и убав мирис, плачат кога ќе одиш на сеџде, и бегаат кога ќе речеш ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ со висок глас.! ( Ова го копирав од сестрами страната веруваат во ова тие што се муслимани,христијаните осудуваат ама тоа си е нивно верување)