Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Сака
    Сакам да ти кажам дека човек ако не е опседнат нема да ги гледа,во слабите оди бидејќи се разочарани итн некогаш имам пишувано за тоа, во силните не можат ништо силните веруваат јако на господ и во мака не се препуштаат да тагуваат туку се надеваат на господ и вербата кон бога ги спречува да бидат нападнати , итн абе по нет има и многу страни што објаснуваат подобро да не ја тупам тука ,иначе тие што гледаат така веке ја преминале димензијата и нема шанси да се нормални човечката потсвест и тоа што треба да помини мозок за да дојди на тоа ниво е многу јако што најчесто умираат ,другаркати филмови ти прави да знаеш
     
    На BellaRagazza91 и maca cvet им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.647
    Допаѓања:
    79.475
    Пол:
    Женски
    @rose60 ова е доста комплицирана тема според мене, благодарам што ми објасни нешто, ќе разгледам и други теории, ќе побарам информации на нет. Оваа тема ми е доста интересна но досега не сум дошла до податок што и зошто се случува, туку само дека се случува. Инаку, што се однесува до тоа што го кажува другарката, знам дека не лаже, нејзиниот татко почина во несреќен случај и таа сеуште го гледа неговиот дух, тој ја штити, ми кажуваше дека и го спасил животот неколку пати. Гледа и други духови но не се плаши, верник е и вели дека Господ ја чува и смета дека лошите духови не и можат ништо.
     
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Информирај се доволно ке видиш дека не може од што го сака многу можеби си умислува,а може да го чуствува присуството негово а да го гледа не,само животните гледаат мачките кучината итн..бидејќи тие гледаат црно бело ,жив човек не може да види информирана сум доволно и учев за тоа да не должам многу , ти појаснав погоре само опседнатите и тоа и тие не можат само чуствуваат нивното присуство,и некогаш тие преку личноста ако е јак духот ке ја владее и личноста ке прави работи што не сака и така тоа е.
     
    На BellaRagazza91 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. jupiter1

    jupiter1 Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Мислам дека за се, за вакви случки мора да постои некое рационално и логично објаснување, не читав се многу е само последните две страни но мислам дека пример за она давење во сон е само обичен сон кошмар нешто такво (доколку се исклуци слееп апнеа, јадење пред спиење и несто слично) но и дека умот и мозокот понекогас сигурно погрешно ке пренесат информации пример некој глас звук од надвор или некоја слика порано видена и ке ти створат илузија или халуцинација наједноставно кажано ке те излажат, мислам дека е се тоа на пхихичка база и ако му обрнувате внимание ке трае подолго. Ми се нема случено нешто такво и не би сакала но и да се случи ке барам причината логична. Инаку во духови и натприродни работи и не верувам ниту пак во сонови.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.647
    Допаѓања:
    79.475
    Пол:
    Женски
    И да, имам слушнато дека ако ставиш шише со вода покрај тебе, нема да ти се приближи дух. Е сега, некако ми нема смисла ама којзнае, штом такви муабети произлегле може има некоја вистина.
     
    На rose60 и maca cvet им се допаѓа ова.
  6. Svetulkaaaaaa

    Svetulkaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    1.457
    Пол:
    Женски
    Луѓе пред можеби 2 месеца....незнам точно али знам дека беше пред нова година.:)
    Со другарками се најдовме да прошетаме и неа и текна дека морала да запали свеќа на гробишта баш тој ден,се заборајла со муабет со ова со она и вика морам да одам ако не идиш одам сама (а се затемнуваше) и нормално не ја остајв сама!:!:
    Е сега дури одиме од парокт (онај кај широк сокак) до света недела е стварно далеку (тие шо се од битола знаат) а ние одевме пешки и си се затемна скроз стасавме таму си запали свеќа на гробот (кај роднината) е сега кај другиот роднина неможевме зошто и двете не фати страв а неговио гроб беше скроз на сред а овај одма на почеток и ги запали сите свеќи на еден гроб:(.И решивме да си одиме е сега не застанува чуваро и ни вика чупиња шо барате ноќе на гробишта?:^):o знајте дека не чини и млади сте ајде ода да си одите:wasntme:.Му кажавме дека свеќи палевме и вика во ред одма одете си ]:).Човекот беше изнервиран и ај си викаме не се расправаме си викнавме такси и си појдовме дома...е сега сакав ова да ви го кажам ко идевме од земјоделското училиште (во близна на гробиштата е) се упативме надолу и цело време зад нас идеа двајца мажи средновечни и ок нас то ни одговараше барем не бевме сами си викавме, е сега од лева страна има едно ко градилиште незнам што е ама убо видовме дека е затворено а од десна е цело со трња да речам нема пролаз и си муабетиме ние две и сличајно се свртив а ни беа блиску ....ГИ НЕМАШЕ:sweat::o:o!!! Неможиме да си објасниме шо ќе беше то...ај да работеше градилиштето ај ама убаво видов имаше огромен катанец со синџири:!::worried:! А од другата страна имаше трње е сеа каде исчезнаа?? во трњето и да заминаа ќе ги видевме ....да влегоа вградилиште не е можно а зад нас беа!! И ден денес неможиме да си објасниме шо беше то! каде заминаа луѓето!:^):^):^)
     
    На sugarlips, maca cvet, RainbowButterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  7. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    @Svetulkaaaaaa Дали сте вие прво и прво нормални? Свеќа се пали од сабајле, денски. Не се секирајте ве чувале духови од други духови. Со кој памет одите на гробишта навечер. И чуварите знаат, затоа најмалце им треба некој дух да му излези на некој, таму на лице место да припадни, не дај Боже срцев удар да го удри. И на гробишта има секакви духови, како што има секакви луѓе, некои сакаат да ве заштитат некои да ви наштат да ве уплашат. Затоа тие оделе позади вас за да знаете дека не сте сами, а сепак да не ве исплашат. Ништо чудно и да биле духови на некои ваши предци.
     
    На AndyRad, BellaRagazza91, sugarlips и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Svetulkaaaaaa

    Svetulkaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    1.457
    Пол:
    Женски
    Па и јас несакав али другарками се запна се ветив вика морам а заборајла пред то и реков за утре да остави не бре ако не сама вика ќе одам и нормално не ја оставив сама!
     
    На maca cvet и rose60 им се допаѓа ова.
  9. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Барем чувар ве сретнал ,исто добро е чим не ве поздравиле некоj од домакините таму :rofl: Се шалам не замеруваj
     
    На sugarlips и Svetulkaaaaaa им се допаѓа ова.
  10. Targaryen

    Targaryen Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2015
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Не дека нешто верувам во духови ама се е можно,а дека ние луѓево сме сами на светов не е баш за верување . Секое лето ја и другарка ми имаме обичај до 3 саат да дремеме на нет и онака живееме куќа до куќа. Тогаш баш немаше улично светло а ја онака кај нејзе ќе идам да глеаме хорор филмови и плус не ми се спиеше. Лабаво излагам на тераса, решително самоубедена си викам шо ќе ми се деси кога пред газ ми е. Се симнувам по скали а таму некој ми збори,длабок машки глас. Како шо ми текнува, дали се караа неам поим, не се сеќавам шо баш збореа ама мене како ме има извадено од памет, друг пат ми нема текнато да излагам надвор во 3 саат ко вампир :rofl:. Незнам дали е некоја баш необјаснива случка али како ме има натерано да ја изрецитирам целата библија за 5 секунди. Тоа гласот рапав,грд,хорори во живо. :headbang:
     
    На sugarlips, rose60 и maca cvet им се допаѓа ова.
  11. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Спијам јас и ја слушам баба ми како вика по мене. (А баба е болна од рак и е во постела долг период). Ја слушам, ама не можам да станам никако, немам сила, многу бев изморена. И слушам, се отвара вратата кај баба ми (она не може да стане од кревет), па се отвара мојата. И чувствувам како некоја сила ме бутка од креветот да станам и ме исправува во седната положба, ама јас уште не можам да се расонам никако. И слушам глас ми вика - Оди кај баба ти. И си викам сама на себе, Еј разбуди се. И одеднаш се разбудив, срипав од кревет и право кај баба. После си го враќам филмот и :x
     
    На maca cvet, Bitter-Sweet, Ladybug. и 2 други им се допаѓа ова.
  12. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    12.614
    Пол:
    Женски
    Ауу многу често ми се случуваат такви работи..Еве неколку од нив:

    1. Се враќав касно навечер дома сама, а живеам во населба во која има само згради значи морам да поминам многу згради за да стигнам до мојата. Поминувајќи покрај една, забележав сенка на маж со шапка на зградата. Немаше никој околу мене и премногу се исплашив.Знаев дека не смеам да трчам, затоа само се свртив назад и не видов никој, а сенката се повеќе и повеќе се оддалечуваше..100% сум сигурна дека немаше никој :o
    2. Бев на летен распуст во Србија кај мои роднини.Тие живеат во голема куќа во која купатилото се наоѓа во дворот и морав да поминам низ двата спрата за да стигнам до него.Во 3 часот навечер се разбудив и почнав да слегувам по скалите за да отидам до купатило, но беше многу темно..И така како што бев успана, не ни гледав кај одам и одеднаш пред мене како да се испречи нешто кое не ми даваше да поминам..Се здрвив и останав така на скалите..Едвај некако успеав да ја дофатам ламбата и кога ја запалив, немаше никој :(
    3. Еден ден си правев селфи во куќата во која беа починати моите прабаба и прадедо..На една од фотографиите, во позадина го забележав ликот на прабаба ми..Им го покажав тоа на родителите и ми кажаа дека веројатно се појавило затоа што таа премногу ме сакаше па сеа демек ме чува :^)
    4. Секоја вечер кога спијам, чувствувам некое дишење до мене..

    Луѓе, веќе ми е страв да живеам буквално! :worried::worried::worried:
     
    На LadyInTheDark, rose60, iloveyou29 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Да сум на твое место,многу би го преиспитала дружењето со девојчето. Или лаже или ако стварно гледа ``духови`` тогаш и треба психијатриска помош и тоа што побрзо.
     
    На CherryPop и rose60 им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.647
    Допаѓања:
    79.475
    Пол:
    Женски
    Па добро, некој верува во тоа некој не, јас па способна сум да познаам човек кој лаже. Ете да речеме дека и фантазијата и работи некогаш па мисли дека има дух кога реално нема.
    Инаку, сте слушнале за таласум? Тоа е дух кој може да се претвори во животно а во неговиот вистински облик никој не може да го види. Се наоѓа покрај стари напуштени мостови, згради или селски чешми. Најстрашно е што може да зборува. Ви се случило ли или ви кажал некој дека животно му прозборело или дека слуша некој како му се обраќа а нема никој? Да, го има и тоа. Мајка ми ми кажуваше за ова. Таа многу вакви случки има за раскажување но не ми ги кажува сите. Ми кажа дека дедо ми кога една вечер чувајќи стража на железничката станица, разгледувал наоколу и сега не ми текнува дали бил кај мостот покрај пругата или кај тунелот, на глас си рекол Добро нема никој и некој страшен глас му возвратил: А мисли ти дека нема.
     
    На rose60 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  15. Enni545

    Enni545 Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Јас не верувам во такви работи, само затоа што не сакам да се штрекнам инаку мора да постои некоја сила поголема и поразлична од нашата на овој свет.
    На вклучување и исклучување на електрични предмети по дома воопшто не се плашам, електричар ми има кажано зошто се случува тоа.
    Поместување и кршење предмети исто така, имав случка за Велигден лани редев измиени чаши од машина на полица и една чаша упорно ми се поместуваше напред сама. Потоа сопруот ми објасни дека е од жешката вода што ствара вакуум (ги оставам со отворот надолу).
    За привиденија додека сме будни сметам дека не лажат очите или сме недоволно расонети(сложен процес се одвива додека заспиваме и се будиме), црвени светла,ѕвездички и линии пред очите се јавуваат кога имате проблем со притисокот.
    Исто така ако сте исплашени а седите или движите во темнина вие имате претстава дека некој ве следи или е пред вас а всушност од страв мозокот ви го креира тоа.
    На слики со духови верување никако, на денешнава (не) совршена технологија.
    Единствено соновите ми се необјаснет феномен бидејќи ми се имат остварено неколку.
    Како тинејџерка го сонував бројот на едно момче што многу ми се допагаше и го запишав на лист кога станав. Таа вечер спиев во соба со икони полна кај дедо ми.
    И погодете што?! На другарката братот му беше овој близок другар, и другарка ми го зела тел. да провери дали бројот е тој... TRUE STORY!
    Па ја имам сонувано вујна ми невеста па се омажи, се сонував во убав долг цн фустан-почина дедо ми итн.
     
    На sugarlips, rose60 и CrazyOne им се допаѓа ова.
  16. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    Одиме јас мајка ми и една колешка нејзина во црква на Св. Петка. Колешката застана со еден човек и беше позади нас. Пред вратата стоеше човек кој просеше. Имаше нешто чудно во неговите очи, светеа некако. Мајка ми сакаше да му даде пари но јас реков кога се излегува се дава пари не сега. Човекот и рече во право е послушај ја. Влеговме и јас одма излегов немаше 2 мин човекот никаде го немаше. Гледав лево десно не го нема. А колешката на мајка ми тврдеше дека нема никаков човек пред цркватА
     
    На gorde1, LadyInTheDark, maca cvet и 3 други им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
  18. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Утрово кога заминував на работа, затворајќи ја портата ми се закачи преку лицето конец од пајакова мрежа. Од таму се наметна прашањето како може еден пајак, што е вид на инсект да успее да врзе две дрва на оддалеченост од два метра без препрека?
     
  19. marija305

    marija305 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    7.987
    Пол:
    Женски
    Cim imalo ikoni vo taa prostorija mora da e nekoj znak od gospod nesto deka ke se sluci ili slicno
     
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Мене необјаснива случка ми беше кога тип ме викна на кафе и на крај ми рече „Ај ако сакаш овој пат ти плати, па следен пат јас“.
    Немаше следен пат. :D
     
    На LadyC, JustBeautiful, Mini90 и 28 други им се допаѓа ова.