Пре 4-5 години со другарки бевме на одмор во св. Наум. Јас и една другарка решивме да спијаме на плажа но таа вечер беше поладно и другарката ми замина да земи кебе за да се покријаме, но јас останав на плажа, кога одеднаш од сред езеро накај плажата се појави светлина така неколку секунди и полека се повлечи и изчезна... сеуште незнам што беше тоа но стварно беше страшно.
Кога спијам навечер сталнп ми се ладни нозете без разлика дали имам чорапи или не а за активност имам многу цел ден пешачам дома не сум прибрана како што треба.
Немa oбјaвенo бидејќи мнoгу гo пoзнaвaa личнo девoјчетo и сo сoпругoт мoј учелo вo oснoвнo , зaгинaлo вo сooбрaќaјкa тaткoи жив oстaнaл , oнa oд местoтo кaј штo зaгинaлa вo ист ден , сaaт и минутa сoпрелa тaксист и се вoзелa се дo грoбиштaтa вo К.Пaлaнкa и му кaжaлa нa тaксистoт декa мaјкaи и тaткoи ќе плaтеле сметкaтa му кaжaлa и aдресaтa кaј штo живеaт нејзините и му дaлa мaрaмaтa штo јa нoселa дa им јa дaде , тaксистoв утре дентa иде дa земе пaрите и нејзините му кaжувaaт декa ќеркaим е пoчинaтa пред 2 гoд. тaксистoт oд шoкoт бил oнесвестен т.е вo кoмa скoрo целa неделa и више не вoзи тaкси .
Се нешто ми се случува кога го нема мм кога сум сама... Синоке околу 12:15 лежам и гледам тв и одеднаш толку силно тропна нешто по ролетните од памет се извадив. И така јас храбрата испаднав да видам што е на тераса немаше ништо. А беше многу јак звук како некој да фрли нешто врз ролетните. И незнам што е П.С Може случајност а баш во истото време и кај мајка ми тропало нешто на таван.
Девојки значи ноква спиев кај тетка ми дека она живее во друг град и сеа сама спиев во собата и станувам ноква во 3 часот и осекам миризба на чад од цигари а тетками е пушач и многу пуши...Но ноква беше втора-трета пшто е докторка и требаше да си дојде во 7 сабајле од работа а јас помислив дека е вратена и продолжив да спијам...Утрово станувам таа си доага од работа и ја прашувам коа си дојде таа рече пред пола час и и кажав дека ноква ми замириса на чад од цигари и помислив дека таа пуши но таа не била дома а сама спијам во собата тртин ми и братучедот не пушат и спиеја и сеа од кај та чад на цигари незнам а јас не пушам исто...
Zasto go iam slusano istovo za devojce od dr grad,neznam so e so prikaznava ama mnogu se vrti,koja e tocnata neznam.Imalo vo skopje vo gostivar,kumanovo probistip..neznam so da kazam
Многу имам и јас слушано приказни слични на оваа но оваа мажми ми ја кажа кога ги гледавме сликите негови од основно школо , таа учела со него а средно за полицајка завршила , биле во куманово со таткои за матура да си купи нешто и загинала кај Страцин другото го пишав погоре како и што се случило Јована се викала .
Ауу дечкии, страв ми е да спијам. Денеска особено на духов ден. Седиме пред пола саат беше, пред новине згради, иии слушам се уклучи микрофонот оној за ѕвонење на врата што е. И почна нешто да збори со страшен чуден глас, не се ни разбираше на кој јазик збори. Се наеживме сите и џум да не нема
Се зачленив на форумов само ради оваа тема... пред 1 година и 2 месеци бев во Украина, учествував и сеуште учествувам во војната како доброволец од страна на проруските сили.. Бевме 9 души, јас, двајца срби и другите беа руси, беше околу 1 часот по полноќ, бевме дирекно на борбената линија, се скиевме во една напуштена куќа, тоест не се криевме туку се засолнивме да јадеме и да му направиме преврска на еден од русите бидејќи беше ранет.. Ситуацијата беше напната се пукаше од сите страни, седнавме да јадеме во една од собите темно беше па ја употребив светилката што ми беше во ранецот, седнавме на подот и почнавме да јадеме, на ѕидот забележав Богородична икона и крст, станав и се помолив пред иконата се прекрстив и почнав да јадам.. Одкако се најадовме излеговме и пак се прекрстив пред иконата и крстот тоа го направија и другите по мене.. излеговме во дворот, јас излегов последен и се свртев накај ходникот, наеднаш нешто силно светна, светлината се намали и забележав човек со крилја во бела облека како гледа накај таванот и лета нагоре и наеднаш се изгуби... Настана забуна помеѓу нас сите се викаа го виде ли тоа го виде ли тоа.. Решив да се вратам во куќата и да ги земам иконата и крстот, соборците не ми дозволија но сепак влегов, додека одев по ходникот забележав непријатна миризба што ме асоцираше на мртво тело, ја вклучив светилката и почнав да ги проверувам собите, влегов во една од собите од каде што доаѓаше миризбата, се беше растурено како и целата куќа, позади вратата лежеше малечко детенце, мртво, телото црви почнале да му го јадат, клекнав на колена и почнав да плачам, ме слушнаа и дојдоа сите........ Случајот го пријавивме кај надлежни лица.. Ги земав иконата и крстот ги ставив во мојот ранец и продолживне...
Mm dodeka sluzese redovna vojska , od kasarnata vo Veles , dobi prekomanda vo Tetovo . Imaa togas eden mesec strazarenje na smeni so povekje vojnici koi isto sluzea so nego . Vtorata straza koga ja sluzese , mu dale strazarsko mesto , do s.Poroj , koe porano , pred 2001 bilo makedonsko , momentalno e albansko . Seloto e blisku . Preku ogradata na kasarnata gledas kukji na ziteli na seloto ( vsushnost , samo ulicka gi deli ) . Tamu pozadi vo sklop na kasarnata imalo hangar , koj bil pod nadzor na nadlezen staresina , preku cel den , a vo odredeno vreme se zatvora i nikoj nema pristap tamu . Navecer pomegju 01:00 i 03:30 se slusale vlecenje na noze , kako nekoj se sheta na pokrivot na hangarot , kako povekje lugje gi vlecat nozete .. Ova mm licno mi go kazuvase , a se stapisal utredenta na dorucek , koga staresina im kazal deka vo 2001 od taa strana bila napadnata kasarnata od strana na teroristi , i lugjeto od edinicata Volci , so top gi ubivale onie koi napagjale . Edna nedela mrtvi tela visele na taa zica . Zicata den denes ne bila smeneta , samo nad taa se stavila druga , za da se zastiti kasarnata . Isto staresinata kazal deka , od togas se slusaat zvuci na toa mesto , kako nekoj da se seta po hangarot , i da ne se plasat vojnicite koi ke bidat na toa strazarsko mesto .
Исто и мене ми се има случено овие последните денови.Не пушам во мојата соба,а навечер кога ќе легнам се на цигари ми мириса како некој блиско до мене да пуше Отогаш спијам кај брат ми.
Паметам и јас една необјаснива случка што ми се има случено поодамна. Беше сабота према недела и јас плетев нешто.Кога видов дека времето загазило во ситни саати,плетилото го фрлив и си легнав. Лежајот ми беше поред балконската врата,која беше затворена пошто беше зима. Одеднаш јас осеќам дека почнува некој ветер,дури и завесата доаѓаше до лежајот и од десната страна осетив како душекот пропадна,нешто ме пречекори,и од другата страна душекот пропадна. Имав осет како некој згазна на душекот и замина Сабајлето кога и кажав на мајка ми,она видно нервозна ми вика,а јас кога ти викам немој да плетеш во очи недела,ти не ме слушаш Не верувам дека ја послушав мајка ми,ама не ми се случи тоа другпат
Ако живеете во зграда, нека не ве чуди, и јас осекам чад од кај комшиите, наоѓа дупче да се протне од негде, поготово во wc преку вентилација/цевки и што ти знам јас како.
И јас го имам видено истото, пред прилижно 18 години, исто околу 18-19 часот, и бучеше силно. И читав после весници, и нигде-ништо не пишуваше.