хаха е шо ќе се плашам у мојата куќа Малце само ама не спијам више таму со брат ми спијам и да не е тука и да е у неговата соба сум
Таткото загинал, т.е жив запален беше, мајката на детенцето исчезната е, така да кој ке го погребал, јас лично и уште еден војник го копавме гробот...
Вчера готвев и вегетата која ја чуваме во кутивче со капаче ја оставив затворена на маса, кога се свртев беше отворена... ја затворив, се свртев и пак отворена ја најдов...немаше никој за да ме зафркава.
Вака сега пред неколку недели јас со моите три другарки се петавме навечер околу 21:30 часот и кога се шетавме едната другарка избрза пред нас бидејќи утредента требаше да ја поправа оценката и кога наеднаш застана и ни вика дали и ние го видовме човекот пред нас и јас и другите другарки рековме дека не сме го виделе и потоа таа рече дека тој човек доаѓаше накај нас и дека бил цел во црно како сенка и наеднаш го снемало.Потоа таа замина дома и ние три продолживме да се шетаме и кога влеговме накај еден сокак,ние занесени во музиката што ја слушавме кога наеднаш една другарка застана и повика по нас две дали го гледаме човекот и јас си помислив дека се шегува со нас и дека сака да не исплаши но тоа не било шега,кога јас го видов човекот односно сенката беше на еден чекор од мене(сенката односно човекот беше застанат со рацете напред исто како да проси) и кога ја свативме сериозно работата сите три почнавме да трчаме.Јас дека трчам најбрзо и бев пред сите,на чекор од мене беше другата другарка и третава другарка бидејќи трча поспоро од нас трчаше последна и почна да вика по нас дека зад неа трча некој,а всушност немало никој.И потоа заминавме кај вторава другарка дома бидејќи таа живее најблиску.Морам да напоменам дека кај што ни се појави сенката таа всушност беше на човекот кој беше починат и семејството му е во близина,морам да напоменам и дека дента му ваѓаа 9 дена од кога е починат. За другите случки понатака ќе ви раскажам.
Една таква случка имам Беше Велигден и бевме мали, јас некаде 14год, сестра ми 11год и гледавме Cartoon network, имавме еден сакат телевизор со копчиња кои едвај се стискаа, па на пример за да стигнеш од 2ра до 20та програма треба да стискаш 18 пати (ваљда добро прерачунав) на едни сакати копчиња кои со нокт мораше да ги стиснеш, а далечинско немавме за тој тв. Сега точно не ми текнува но еве ќе лупнам од онака, Cartoon network беше некаде на 30та програма и ние загледани одеднаш се менува програмата на 3ка, некоја наша телевизија беше филм како Исус го коваат на крстот, цели во паника со трчање искочивме надвор и не влеговме внатре се додека не си дојде татко ми од работа... До ден денес ми е мистерија како се смени сама програмата и баш на језива сцена за време на Велигден...
Сега ме потсети на една случка,што мене ми се случи во купатило Тоа се случи пред 10-тина години.Свекрва ми умре во Србија,ние разбравме од други луѓе...не бевме во добри односи,и не бевме на погреб Отприлика пред 40-сет дена од смртта,времето беше многу лошо,јак дожд со грмотевици,страшно невреме Влегов во купатило после полноќ да се туширам.Додека надвор сипуваше и течеше тушот во кадата .позади завесата слушам како некоја голема птица,пафта со крилјата и нешто ми прави паф,паф....го затворив тушот и уште два пати го слушнав истиот звук....паф,паф Нормално не ја тргнав завесата....чекав едно време да се смирам....незнам како излегов и право во кревет Ден-денеска незнам што случи Страшно беше
Имам слично искуство како твоето...бев во Србија на неколку дена кај роднини и последниот ден решивме да одиме на гробот кај една одамна почината жена (моја баба) ама мене ми беше лошо и се вратив на пола пат. Сабајлето сонував како ме брка ама јас не можам да побегнам како успорена снимка бев . Пред тоа никогаш не сум ја видела бидејќи умрела пред да се родам, но мислам дека беше таа. Имаше бела кратка коса и долг црн фустан.
Odza neka mu ispee rukija i nisto nema da mu bidi , jas istoto sonista so smrt nasekod takvi senista na tavanot gledav pred nekolku dena vo tocno 3 h otvoram oci i gledam senka crna na zidot odi na levo i po nea partalcina od senka, pa na desno i na kraj nadole nakaj mene vo topka se napravi se spusti i ja se stapisav nemozev da viknam ni da mrdnam i kako so ja gledav mislev ke mi puknisrceto, se krena poleka i otide vo leviot cos i partalcinata senka po nea so odea i tie so nea vo topka se napravija samo so mi se otpusti teloto odma ja zedov kerkami i vo druga soba legnav. Drugata den iskontaktirav prijatel odza ne bi sakala imeto da go kazuvam tuka bidejki e javna licnost moze preku poraka samo , mu raskazav se i rece posle ramazan ke dojdi da pee rukija a moe e da pobaram spas od zloto i nema da se pojavuvaat kaj mene , kaza na mnogu mu se slucuva vaka no pominuvalo tie sto baraat pomos, izvini na latinicava znam bodi oci no samo sto legnav, da videv pisanovo od lt ke pisev na kirilica po citko ke se citase , se nadevam nema da mu se slucuva toa na deckoti bidejki znam kakvi rab se toa a krstena voda ne pomaga i da cadis so temjan ne pomaga
Ne mila koga gi otvoriv ocite jas mozev da mrdam si ja baknav i kerkami pijav voda obavezno casa imam do mene postojano i poglednav vo tavanot i vidov toa i togas nemozev da mrdam.nemase sansi da e vo son
Не знам дали е до потсвеста или не знам во што е проблемот,али еве ја мојата необјаслива случка. Ви се има ли некогаш десено да ве прогонува некое име? Мене еве веќе подолг период ме прогонува женско име, 2цата бивши имаат девојки со тоа име, секој што барем малку ќе ми се засвиѓа на крај завршува со некоја девојка со истото име. Една година живеев со две цимерки со истото име, најчудно од се ми што луѓе не намерно ми се обраќаат и мене со тоа име. Мислејќи дека така се викам. Можеби се глупости ова, али мене стварно ми е чудно се ова што ми се дешава дури и језиво. Во последно време сите девојки шо ги запознавам се викаат со истото име. Некој со слично искуство ?
Веќе некое време дома ни се случуваат чудни работи. Кога ќе излеземе од собата ја заклучуваме, а кога ќе се вратиме вратата е отклучена, а последниот пат дури и отворена. Ноќеска керками(бебе) почна силно да плаче околу 3 и пол 4 станавме со мм она почна толку силно да плаче како да е исплашена запаливме светло со 300 маки ја смирив и случајно гледам на регалот ставена една нејзина налепница од стикер за на ѕид, но вчера не беше таму туку извадена ид ѕид и ставена во еден пакет со играчки а малава откако се смири некако почна да се смее и да гуга нешто. ММ недаде мн значење на стикерчето ама јас ептен се исплашив и со последниве настани и после оддвај заспав. Како се најде таму залепено нз.
Не извадена е веќе месец дена не е на ѕид туку малата по земја игра ама вчера беше во пакетот со играчки, а она неможе толку високо да докачи да ја стави таму баш е висок регалот
Ова утрово ми се случи. Бев будна, лежев на креветот во собата на брат ми дека поладно. Беше 8 часот наутро како слушнав звук на плачење.. а беше толку тивко. Мајка ми беше излезена, така што бев сама во куќата. Се стаписав.
Dostate so glupostite sto gi pisuvate na ovaa strana,jas iskreno ne veruvam vo vakvi raboti i 99 % od tuka se izmisleni se so cel da bidat pointeresni.Pozz