@Zeynep Ја мислам дека ти реков да не го праиш то што го праиш,а ако продолжиш и бабати ќе ја видиш не дај боже,нек почива во мир.
Живеам во куќа, неколку пати околу 2 часот после полноќ осетив мирис на цигари. Никој не пуши од моите веќе долго време, вратите и прозорците беа затворени, логички ова не е можно ама верувале или не ми се случи неколку пати. Поминував навечер по улица покрај која има гробишта, одеднаш летнаа неколку гулаби (сигурен сум дека беа гулаби, порано чував дома, ги познавам по звукот и по движење на крилјата). Имаше невреме, бевме на планинска прошетка, дедека поминувавме низ една ливада нешто удри како гром во еден камен но немаше никаков звук. Беше на 15 метри од нас, се гледаше како трака со бело сина боја се гледаше 4-5 секунди потоа се намали и исчезна. За ова истражував и прочитав дека е негативен полнеж но не сум сигурен.
Кога си поминувала покрај собата на брат ти, потсвесно си очекувала да го видиш него, па затоа мозокот си поиграл малку со тебе потсвеста, мозокот и очите се различни ама можат на ист начин да си поигруваат со нас.... П. С. Темава не се чита во 3 сабајле. Мислам чисто информативно да знаете... Не дека страв ме фати од случкиве ама да си знаете де
Значи НЕ !! Знам дека некои не ми веруват ама знам и јас сама што видов.Не лагам никој да убедувам само кажувам дека стварно има случки што не можат да се објаснат.
Јас не реков дека не ти верувам што си видела, само реков дека си очекувала дека ќе го видиш брат ти па затоа си го видела потсвесно. Јас ти верувам пошто и мене ми се имаат случувано некои слични работи ко ова, па се обидувам да си ги објаснам Ај и јас да споделам од пред некое време.... Спиев напладне, им реков да ме разбудат во 16 часот. Дојде баба ми во соба, ме разбуди и си излезе. Јас се разбудив и си седав на кревет да се расонам, кога ете татко ми влезе и ми вика Ааа сама си станала? Сега е 16 часот па дојдов да те разбудам... Јас му кажав дека баба дојде и ме викна, а тој вика баба ти е во село заминта одма кога легна ти и не е вратена уште... Значи не сонував. Дојде баба ми ме допре, ме викаше по име и кога се разбудив, кога веќе бев свесна, ја видов убаво дека е таа.... Ми рече ајде стани еве сум јас во дневна и си излезе од соба.. Им кажував после, нормално никој не сака да верува... Друго е сон, ама овде бев свесна и разбудена.
И јас имав пред 2 години слична ваква случка но со деде ми.Спиев у спалната сама во исто време 16 часот знам дека беше и наеднаш се будам кога осетив дека некој ме гали по косата,се завртев го видев дедо ми.И продолжив да спијам.Живее во друг град.Утре дента тој почина дека беше многу болен.
Вчера бевме во викендицата која ја има таткото на свекрва ми . Бевме јас мм и двете деца . Викендицата е речиси последна во планинското село и покрај неа поминува шумски пат . Околу 00:15 јас и мм седевме на терасата , пиевме кафе со цигара и си муабетевме кога наеднаш слушнавме движење во дворот од викендицата . Немаше никој , сами бевме со децата кои во тоа време веќе длабоко спиеа . Ништо си рековме ветер е . По 10 минути истиот звук . Ајде овојпат е надвор од викендицата па ни се причинува дека е во дворот . Така замуабетени , помина подолго време , по трет пат истото го слушнавме . Не бевме пијани бидејќи не пиевме никаков алкохол а и не ни понесовме со себе ... Инаку дворната врата беше заклучена со катанец а вратата од долниот спрат со клуч . Нема шанси да влегло куче а да не го видиме , плус оградата е доста висока . Што беше тоа незнам . Вратата од терасата ја затворив а утрото кога станавме беше отворена .
мене никогаш ништо чудно вака не ми се случило, освен кога умре баба ми, вечерта ми се причини како лежи на троседот ама тоа е нормално пошо бев цела потресена и лошо ми беше
Другарче ми го има ова кажувано не е мое искуство. Он со двајца другари биле кај некое дете на спиење дома, но пред некое време недела -две баба му починала.Но, тој не им кажал за тоа и во собата каде што спиеле имало слика од Богоридаца и другариве мислеле онака како и во секоја обична куќа има таква икона.Меѓутоа откако легнале да спијат слушале некакви звуци и тогаш другарот што ги прибрал да спијат кај него им кажал дека баба му починала на истиот кревет кај што лежат они и шифоњерот некогаш сам се отварал каде што и стоеле алиштата на бабата. Верувате вие во духови? Муслуте дека духот на бабата е сеуште во куќата?
Значи WTF?! Само што јадев и го миев ножот кога почна да шушка зад мене најлонот во лебарничето. Се вртам, гледам се мрда, си викам што е сега ова... и почна сијалицата да трепка. Случајност или не, не знам...
Ај да не те доплашувам Кога си легнав сношти после неколку мин се истурија боичките на биро од ќерками и се слушаше тивко тропкање по неколку пати на ивицата од другиот детски кревет на двапати измеѓу неполна минута .(Ако има починат во куќата ваљда сакал да дојди до комуникација некако знак барем толку му била силата )
Демонска работа... Не беше ова моево случајност, кога седнав на кревет како да седна некој до мене осетив... ова најверојатно дека татко ми кажа нешто неубаво и покажа непочит кон утрешниот празник...
Реално е дека постојат тие работи и научно е докажано и снимено итн, можеби имате починат во куќата, утре е празник спомнете за нив низдома
Ja stalno ja citam temava, obozavam da citam vakvi raboti ama o se plasam.. eve sto mi se ima sluceno mene...... Pred da receme 10 god. Snaata (na brat mi zenata) rodila masko dete, ragjanjeto bilo predvreme imala 6 meseci... taka da deteto ne bilo vo red i ostanalo vi bolnica a nejze ja pustile doma..deteto se borese za zivot no za zal po 4 dena pocinal. Nie cela kuka solzi do kolenici iako bese star samo 4 dena nie odluciveme da mu gi napravime site adeti ko sto ide go donesoa i doma sve. I toj den go pogrebavme sega legnavme da spieme brat mi so zenata i 2 te deca legnale zaedno vo edna soba a jas majka mi, tatko mi i pomalata vnuka (4god)legnavme vo druga soba spievme eden do drug prvo tatko mi majka mi malata pa jas. Sijalicite vo site sobi bile zapaleni ja pod jorgan i se tresamne mozam da zaspijam odstrav posto mn se plasam bilo koj da umre. I neli svetloto vo sobata bilo zapalelno... i koga naednas se izgasi... ja vakvamislev gotovovo umiraam se vkocaniv, ne spiev sijalicata bese vklucena svetlo bese i odednas slusnav silno tik o tap v Mrak . Sabajlevo i kazav na majka mi taa mi rece a ne se plasam normalno bilo da ni dade nekoj znak oti toj den go pogrebavme i rece moze videl deka ne mozes da spies so zapaleno svetlo pa ti go isklicil da zaspies. Seuste ne znam dali se seguvala so mene no jas mnogu se plasam.bilo koj da umre se si mislam ke mi se pojavi od negdestrav mi e do wc da odam
Мене еднаш ко да ми штракна нешто на врата. Слушав музика на слушалки ама го слушнав и тропањето, не беше од музиката. Скокнав одма ја пребарав цела куќа сегде влегов. Можда бил и фрижидерот ама се уплашив пошто сама бев.