1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Мене еднаш ми се има случено коа се враќав од роденден и бевме 3 другарки и ја испраќаме едната у влез и светлото се гаси и плаи у секунда незнам што беше тоа :worried:
    Друго ми кажуваше еден другар тетка му коа била трудна и имала икона со господ над креветот и тој искочил и сакал да ја земе и она станала и тој маж и ја фатил за рака...Друго дедо ми кога бил млад на сон му се јавила самовила и му рекла утре ко ќе станеш сеното ќе биде собрано и утредента стварно било :!:
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Што има нејасно во тоа со светлото? Во секоја зграда се дешава истото :)
     
  3. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Јас имам проблем со соновите. Т.е премногу сонувам,
    (посебно пред да ми дојде, 5 дена од прилика, или едноставно кажано додека сум во пмс)
    ама соновите луцидни и реални ги имам уште од дете. Од кога знам дека сонувам. И многу е застрашувачки, што по ниту еден соновник не се толкуваат.
    Често се предупредувачки т.е известуваат за она што ќе ми се случи. Без симболично значење.

    Пример 1

    Овој сон одамна ми стои во глава, а рано го сонував со оглед на тоа што има духовно значење.


    Памтам уште како дете, негде бев 3то одд, сонував земјен пат како некаде на планина, серед ливада одам. Чекорам по патот без јасна цел. Сред патот здогледувам црква. Влегувам во црквата, и гледам пред мене икона на Дева Марија, со црна марама. Но таа беше жива, само врамена во рамка, и ми се смешкаше суптилно. Јас малку се исплашив но нешто ја прашав, и знам дека беше пријатен разговорот но веќе не ми текнува.

    Следната година одиме на екскурзија во Лешок. Автобусите застанаа до најблиското населено место а до горе требаше да се оди пешки. Верувале или не, ми се случи де-жа-ву, како го чекорам истиот земјен пат од сонот. Кога влеговме во манастирот, наставничката ни раскажуваше за настанокот, темелите, и.т.н а јас незаинтересирана за нејзиниот говор се одвоив од групата. Тргнав право кон олтарот.
    Верувале или не, не точно право, но малку по десно од центарот ја видов истата икона која ја сонував. Ја имаше истата онаа блага насмевка на лицето.


    Ова ме има изместено од памет и мене а и моите. Значи на место на кое никогаш од кога сум родена не сум била, а плус и не бев воспитувана баш како религиски фанатик па да ми влегло во глава.

    Пример 2.

    Баба ми и дедо ми беа кај нас на гости. Добро се држеа двајцата без некои посериозни здравствени проблеми. Јас тогаш имав другар (ќе го крстиме Х) болен од тумор на главата.

    Сонувам како сум во стара куќа, руинирана, ноќе. Одеднаш сонувам, гужва тука сите постари роднини од на дедо ми страната..Одеднаш дедо ми слушам дека паднал додека го местел кровот. (а куќата беше само рушевини и не ми е јасно кој кров) Јас во паника трчам да го најдам, и го гледам легнат со крв на главата, во рацете на другар ми Х. Х ми вели -не се секирај, јас го фатив.
    (незнаев од каде другар ми Х влезе во тој сон)


    Истото утро: Дедо ми одејќи во тоалет, вика по баба ми. Му се парализира целата половина од телото. Лекарите констатираа мозочен удар.

    Пример 3

    После смртта на дедо ми.
    Дедо ми и баба ми, покрај мајка ми и тетка ми имале уште еден син кој јас не го познавам. Се викал (да речеме) Петар, и умрел на 11 годишна возраст од тумор во мозокот.
    Во негова почит братучетка ми синот го крсти Петар. Петар внук ми, имаше 10 години кога дедо ми почина.


    Сон 3

    Сите дома го бараат Петар внук ми. Петар излегол и не се вратил. Братучетка ми загрижена, јас ја смирувам (не се секирај, игра фудбал пред зграда сигурно, ќе одам да го побарам)
    Се симнувам долу, и на клупите седат пензионери (како што обично се собираа) јас во брзање одам накај игралиштето. Одеднаш го слушам дедо ми (во сонот незнаев дека е починат) како вика по мене
    од клупите со куп пензионери (каде што и обично седеше)... -Каде одиш?- ме прашува
    -Да го барам Пере никаде го нема сите го бараме -му велам
    -Кажи им дома да не се секираат Пере е со мене. -ми кажа
    Во тој момент забележувам дека пред него има прегрнато некое друго дете...и му велам
    -Не дедо, тоа не е Пере!
    Тој се насмеа -Ами кој друг ќе е, Перето е ова. Детето ме погледна и ми се насмеа.


    Утрото се разбудив во пот, и кога им раскажав на моите, баба ми цел ден плашеше, а мајка ми уште повеќе се загрижи за мене и моите сонови... Доцна ми текна дета Пере бил неговиот син кој го изгубил како дете...
    :worried: :x

    Имам милион слични случаи но овие ми се едни од по-впечатливите. Често соновите ми ги навестуваат настаните кои ќе ми се случат. Да не зборувам за тоа колку пати ќе сонувам некоја рандом особа, која сум ја видела еднаш пред 100 години и не ми занчи ништо во животот, и оп- обавезно утредента на неа наидувам...
     
    На Bitter-Sweet, Draginja, MarchelineAmaru и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Незнам колку сеуште се чита оваа категорија но ќе раскажам мене нешто што ми се случи летово. Сега не се секавам дали беше август или јули ама се секавам добро дека бев сама дома, а татко ми излезе мајка ми да ја земе од работа вечерта зошто е секогаш втора смена. И јас онака си седам а ми беше една песна пуштена од Nightwish групата која се вика Last of the winds. И онака јас си се занесов слушајки во мојата соба. Телевизорот ми беше исклучен а музиката ми беше пуштена до даска. Наеднаш додека седев слушнав ''бум'' како некој голем одрон од карпа. Се зачудив малку, но помислив дека ми се причинува од гласно пуштената музика од компјутеров. Ама не поминаа ниту 10 секунди кога почувствував ничие присуство во моја близина. И интернетот наеднаш се закочи :worried: и јас останав здрвена некое време. Неможев да се помрднам буквално....Само чекав да заѕвонат моите. И немаше 2 минути како седев вкочанета на креветот заѕвонеа а јас станав да им отклучам. И влегува татко ми возбуден и зачуден и ми вели (ке ви раскажам како течеше разговорот)
    -Ја заклучи вратата?
    -Па да де нели сега ти отклучив?
    -Добро е...Зошто сега додека се качувавме дедото под нас (не го наведувам името на човекот) ни кажа дека видел некој човек со бела коса како му влегува во станот.
    Мајка ми: Ќе викаш полиција?
    -Па да се јавам ли?
    И татко ми за да се осигура и да провери се симна повторно долу кај него а воедно да кажам дека човеков имаше некаде околу 80 години и се качува и вели...Си заминал. И после уствари ни текна дека можеби била смртта. Никогаш незнаете...Обично имам слушано многу стари луѓе како велат дека им се појавил некој човек со бела коса и после неколку месеци умираат...Човеков е сега починат. Почина крајот на август ако не се лажам. Т.е. неколку дена пред да почнеме во школо.
    Неможам да си објаснам силното ''бум'' и присуството кое го чувствував. Но знам дека целосно се наежив кога ми кажа татко ми.
    Ми се имаат случено уште неколку случки кои не би раскажувала. Не ми беше намерата некој да истерам од памет, туку само да ви кажам дека верувам во паранормалното и таквите појави.
     
    На Amona и Draginja им се допаѓа ова.
  5. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Bese 22:00 casot tatko mi otide na rabota 3 smena i jas i majka mi ostanavme sami....a taa mi rece da si legneme zaedno i da go izgasam televizorot, taka i napraviv i go izgasiv Tv si legnav do nea.....posle po polnok se razbuduvam slucajno i slusam zvuci od tv igrase nekoj fim i ja budam ii velam deka tv raboti a prethodno go izgaisv......ako ne sum go izgasila sigurno ke slusnev zvuci i koga si legnav no togas bese se tivko....majka mi stana go izgasi tv i si legna a jas povtorno slusam zvuci taa stana nemase nisto...povtorno legna a mene povtosrno istoto mi se slusa i velam de mamo stani uste ednas, taa stana nemase nisto....i cela nok goslusav istoto i ne mozev da zaspijam ama ne sakav da ja voznemiruvam majka mi poveke i ne i rekov nisto :(

    [mod-kirilica:2xzgc7ak][/mod-kirilica:2xzgc7ak]
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Лани беше, патувавме друштво со воз и мене и на дечкото ни стана досадно и заминавме да се прошетаме низ ходникот. Се сликавме, јас добро памтам дека се имав налакирано со црвен лак (имав и други слики од таа сесија, па споредив), а дечкото во моментов што ќе го опишувам стоеше накај купеата од возот. Бевме во последниот вагон и мене ми беше јако да направам една фотографија меѓу вратите од вагонот, каде ќе се гледа како заминуваат пругите зад нас. Беше околу 22ч. и многу добро се сеќавам дека дечко ми замина накај купеата за да си земи цигара или така нешто. И сликав што сликав, многу темно ми излезе и се откажав и заминав назад и јас в купе. И наредниот ден, ги префрлам сликите во компјутер и ги разгледувам и ко ќе видам - прст :worried: го имаше само на една слика, другите (пошто се обидував неколку пати) ми беа темни сосема..
    ми стана језиво и исклучив и им кажав после на луѓево шо беа со мене во возот, ама никој не можеше (нормално) да објасни што се случило...
    еве во прилог и слика...
     

    Прикачени фајлови:

    • 100_4592.JPG
      100_4592.JPG
      Големина на фајлот:
      57,2 KB
      Прегледи:
      622
  7. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    пред да се зачленам на фемина 10 дена пред тоа излегував надвор беше 22 часот и беше скрозз темно и кога гледам зад мене некој како да поминува ии гледам нема ништо потоа уште еднаш се свртив и преку очи ми помина нешто матно и одма ми се појави слика со сестрами кога си игравме кога бевме мали толку ми беше страв и со трчање си заминав дома и и целата бев во шок [​IMG]
     
  8. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    последниве три случки сите се во 22 часот :o :o :o :o
     
    На pufi-cufi и Name им се допаѓа ова.
  9. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Можеби е твојот прст. Додека си сликала можеби раката ти стоела однапред или пак нешто испаднало вака од светлината. Сликата признавам дека е малку морбидна но не верувам дека е нешто толку страшно во секој случај.
     
  10. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Како помала се сеќавам дека спиев со брат ми во иста соба. Една вечер се разбудив и видов мало девојче во бело фустанче како стои над него и го гледа. Потоа се заврте кон мене ми се насмевна и си пројде низ зидот.Брат ми кога стана и кажа на мама дека цела ноќ се бркал на сон со некое девојче. :o Никогаш на никој не кажав за ова, но долго после ова неможев да спијам.Најново нешто што ме извади од ум се случи пред нецела пола година. Спиев и одеднаш ме разбуди нешто што скокна врз мојот кревет. Се сеќавам дека помислив дека е кучето мое, кое често се пика во мојот кревет кога спијам. Се обидов да станам за да видам дали е тоа, но неможев да се мрднам. Почувствував само како тоа почна да трчи околу мене врз креветот. Истрча трипати околу мене, тресејќи го целиот кревет, а јас колку и да се трудев да викам, не можев ;( Одеднаш се смири креветот и јас почнав да пискам, дојде брат ми прв дека спиеме соба до соба. ;( цела ноќ.Потоа дознав од мајка ми дека првите соседи што ни се се отселиле пред 10 години бидејќи жената тврдела дека има нешто во куќата во која живеат. :(
     
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.469
    Jас колку што паметам мислам дека немам некои посебни необјасниви случки. Само еднаш кога бев помала, ама не многу бев кај дедо ми и искочив надвор и вујко ми требаше да се врати од работа, и јас како што се свртив го видов доле по скалите гледајќи ме насмеан, држејќи клуч и отклучувајќи ја вратата од подрумот/гаражата и јас како во истиот момент да знаев дека иде долу нешто да ја стави колата во гаража. :^) И тоа траеше не како блиц, секунда туку може 2-3 минути цели и го гледав и цела како замајана бев.. И тогаш баба ми ја отвори вратата од дома и вика ајде влези ладно е. И јас викам абе бабо, вујче дојде од работа? И ми вика не, не е дојден уште. И јас таква викам абе бабо сега го видов доле, ја отклучуваше вратата. И ми вика ти се причинило.. Незнам, ама не траеше така кратко да ти се причини да видиш некој, или да помешаш нешто со некој зашто ништо немаше и никој и подолго го гледав.. Чудно :^)
    А инаку вујко ми сега жив си е и здрав, ништо не му е. Да надополнам.
     
  12. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    па би можело да биде мојот прст доколку јас не бев налакирана со црвен, ама апла црвен дреч лак...
    и доколку не би била сама во радиус од 5 метри ... :^)
     
  13. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Многууу е морбидна сликаваа :o
     
    На AhThatFemaleProblems му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276

    Во ред но можеби е некој призрак. Малку е матно па неможе да се види премногу убаво. Сепак, како и да е нешто е на сликата многу јасно. И искрено е морбидно малку да...
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Женски
    Иако не верувам во вакви работи, додека ги читав коментариве ми се препотија рацеве :D
    Никогаш нема да ја заборавам случката што ни се случи на мене и на едни мои другарки баш на нова година :)
    Славевме кај мене дома и нормално,игравме, пеевме и се тоа, но другарка ми која многу обожава хорор филмови предложи да го гледаме прстенот и го гледавме до пола и ништо посебно не се случи таа вечер. После 20 дена тргнавме во школо и другарка ми ми покажа една слика на нејзиниот мобилен која јас ја сликав и видовме една сенка, како глава на човек која стоеше на едно место каде што нема пролаз. До ден денес се ежам на помислата.
     
  16. Angel4e123

    Angel4e123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    86
    Ухх,девојки,ме уплашивте со овие случки...Имам и јас една случка..Баш таа вечер гледав паранормал активити и потоа си легнав да спијам...После неколку минути слушнав движења во дневната соба..Си помислив дека е мајка ми која што често станува на среде вечер но пред тоа јас не слушнав како се отвара вратата од спалната...Се покрив над глава со ќебето и си легнав да спијам..Неможев да заспијам мислејќи на случката..Најпосле отидов во креветот на сестра ми и заспав :D
     
  17. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Во Флорида 19 годишно момче има организирано онлајн емитување на своето самоубиство,пишува во "Гардијан".Полицијата спроведе истрага за инцидентот од сајтот Justin.tv каде што млад човек покажувал на видео,како пие преголема доза од смртоносни апчиња.На друг сајт,тој ги опишува своите недостатоци и ги повикувал другите луѓе да извршат самоубиство.Онлајн видеото на неговата смрт ја гледале повеќе од 180 луѓе.Откако паднал на кревет и престанал да се движи,гледачите повикале полиција.... :wasntme:
    Не верувам,ама доста занимливо ми беше дур читав :^)
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски

    Не сакам да уверувам некого дека тие работи постојат 100% но од каде сте толку сигурни дека не постојат? Како што има пресилни или преслаби фреквенции кои не можеме да ги слушнеме, така има и некои работи кои се премали, со пресилна или преслаба светлина кои само некогаш и некои се способни да ги перципираат. Кој може да докаже дека сега во моментов нема некој до него? Можеби во технологијата сме отишле многу напред но со самиот факт дека вселената сеуште е за нас мистерија и е во фаза на дооткривање, како можеме да тврдиме за нешто дека не постои доколку немаме докази за тоа?

    Фала му на Бога инаку ми се нема случено ништо на јаве само сум имала премногу чудни сонови и еднаш имав кратка халуцинација ама тоа си го објаснив дека најверојатно сум била изморена и гладна (бев шесто одд првпат у живот имав седум часа на школо и од сабајлето немав ништо јадено така што и тогаш воопшто не се исплашив).

    Секое живо суштество се состои од материја и енергија и сите знаеме дека енергијата не може едноставно да исчезне, имаме факти за претварање на некои видови енергија во други видови на енергија но никој не може да ми каже дека некој докажал каде оди енергијата од човечката душа

    Исто така, јас не верувам во научната теорија за настанокот на светот, туку се држам до библиската. Мислам зашто мажите имаат едно ребро помалку од левата страна? Како што имам читано мајмуните имаат еднаков број на ребра од двете страни и се движи од 6 до 9 на секоја страна.

    Заклучок: Луѓето уште долго време ќе живеат во мистерија...како што реков, самата вселена е мистерија и дооолго време ќе помине (ако и некогаш се случи тоа) некој да ја открие во целост.

    Ова е моето мислење, не сакам никој да се чувствува навреден :)

    Поздравче ;) :hai:
     
    На A-j-a, pink4ever и mims-89 им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    И мене така телевизорот некад сам ми се пушта. Е за тие работи стварно не верувам дека се натприродни сили и сл
     
  20. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.