Поздрав од една соба во Стив. Креветот почна да крцка, водата почна да тече и тоалетната (закачена на она на ѕид) да се врти. Шугави студентски домови.
Зошто необјасниви случки им се случуваат само на луѓето кои веруваат во натприродни работи? Coincidence? I think not.
Toa mu doaga isto ko onie koi veruvaat vo magii,i se na niv nekoj nesto im pravi,i onie koi ne veruvaat vo istite pa ne gi ni stiga magija
Два дена пред да почине баба ми, сонував костур како доаѓа кај нас дома, и не сакав да го пуштам да влезе, a она ми викаше да го пуштам... Ама лежеше болна со месеци, и последните недели знаевме дека е пред смрт, па ја подсвесно си го сонував тоа... Живеам во барака стара 50 години, и кога дува ветер, си крцка цела, или пак навечер слушам чекори на таванот од маалските мачки, а па да не зборам кога подот и зидовите ми гребеа лани, па фатив 3 глувчиња... Понекогаш, и слијалицата трепка, затоа што има проблеми со трансформаторот... Има некои случки кои не се објаснети, ама се дали 100 на цел свет , а вие тука 99% што си се ,, филмате ,, , кога ќе размислите убаво, за се има логично објаснување... Понекогаш сте ми смешни, а понекогаш...
Iskreno jas ne veruvam vo vakvi raboti, no pred nekoj den laptopot (koj i koga e isklucen ne go poklopuvam) kun 9.00, 09:15h sabajle mi se vkluci sam od sebe. Da e nesto napraveno avtomatski da se vkluci ne e do toa. (Izvinete za latinicata, nemam na mobilniot kirilicen font).
Сношти спијав и додека спиев наеднаш ми се прикажа рака како ќе ме допри и само што ме допре ја осетив и кога се разбудив ја чуствував, потоа помолив Господ да ми ги тргни тие соништа да слези на земјата и да не чува и да ми помогни да заспијам бидејки без присуство негово нема да можам да заспијам. Може не поминаа ни 5мин осетив дремка и сум заспала. На крај чудо едно се тие мисли позитивни и надеж ,не смируваат и психички и се
Постојано гледам цагер. Значи нема ден а да не видам. 12:12 13:13 23:23 и некои други. Што значи ова?
Пред 10 минути.. Седам на кревет и се молев со икона во раце. Телефонот ми се полнеше на биро. Молитвата ми ја прекина звук на вибер. Ја докажав молитвата па станав да видам кој е. Во тој момент ја оставив иконата на биро и враќав на вибер бидејќи беше итно. За неполна 1 минута слушнав кршење на стакло.. се преплашив. Во собава мртва тишина .. се свртев и видов дека паднал еден стаклен украс од полицата.. и 4-5 книги заедно со него.. КАКО Е МОЖНО ДА СЕ СКРШИ КОГА ПАДНА НА МЕКО ЌЕБЕ ?!? Не можам да поверувам што бидна.. само се прекрстив Има некој објаснување за случкава?
Има, му сметала на ѓаволот твојата молитва. Па сакал да ти го одвлечи вниманието и да внесе немир во твојата душа. Не оставај ја молитвата, такви работи им се случуваат скоро на сите кои редовно се молат.
Ако ти е за утеха да ти кажам дека не си единствена? Јас од искуство од форумов дека враѓана и исмејана за некои случки не ни пишувам ,но еве ќе ти кажам што се случи кај нас за денот на св Петка. Во собата каде што спијам, во едниот ќош имам како замок е формата но всушност е за шминки парфеми итн, големо е високо,и дека е високо едната страна ја користам за икони, имам од СвФанурие бидејќи е за љубов, СвА.Михаил бидејќи го сонував, и Св Петка многу ми помогна досега. Ја имам и сонувано баба Ванѓа , како ми доаѓа слепа, јас во сонот многу се стресов ништо не проговорив ,само се доближи и ми рече, вака ќе баеш и помагаш, и ми покажа на мене, јас само со ќерками го практикувам тоа кога е вознемирена итн да не должам, сепак тие се само соништа па можам лесно да се извадам да речам само сон беше. Вечерта накај 23 часот завршуваше празникот ,јас си легнав,ќерками спиеше, бидејќи не исполнувам одредена наредба од сон, јас ме мачат кошмари навечер, и тогаш си мислев во себе , да ме чува Господ, иконите во собата и најважното свПетка. Темно беше се изгаснато,ни на тел не седев, си го давав потребниот мир за пред да спијам. Во наредните неколку секунди, испаднаа сите парфеми, лаковите наредени,но не надвор на под ,туку на страна кај нив, сета страна под иконите ,едно тропање дури и ќерками стана почна да плачи, во темното одма отидов запалив сијалица , гледам никого нема ,па и немаше смисла да има бидејќи тогаш пред скоро легнав, и на глас реков ,кој е тука? Зошто ме плашиш? Од куќата ли си прабаба? Дедо ти ли си? Или некоја залутана душа? Господе ти ли слезе да не чуваш со ќерками додека спиеме,тогаш зошто ме уплаши вака ,не гледам никого а уплашена сум,ме гледаш ме чувствуваш како се тресам сета ,ако си дојден за лошо ,отиди си, ако си за добро остани и чувај не,и веруваш дека почуствував допир на рамото од назад и добив мир внатрешно , и во наредните 5 мин ми дојде и дремка и сум заспала. Тоа е чудно но втор пат се случува рака да ме допри ,исто и ти не се плаши ,ако почуствуваш тогаш прашај кој е , и кажи да не те вознемирува додека се молиш
Розе најдобронамерно ти кажувам, од ова што си го пишала, претпоставувам дека ја немаш читано Библијата, а и да ја имаш може не си го разбрала ова. Не зборувај со нив, воопшто не ги ни повикувај, тоа не се твојте починати туку се демони. Нема играчки со злото, само ќе се треснеш со свој чук по глава. Единстевно што треба во тој момент е да го повикуваш Господовото име,кога го изговараме Исусовото име ја повикуваме на помош целата сила, духовна енергија и благодат, кои самото име ги отклучува за нас. Тој е најсилното оружје кое го имаме, повикај го Исус Христос и ќе видиш како пуф ќе ги снема, од искуство ти го кажувам ова. Ако има нешто од што треперат од страв и се потчинуваат ѓаволот и демоните тоа е Бог. Убаво и јасно недвосмислено Бог ни кажува и не предупредува за ова. Колку и да сака некој да го види духот на својот починат, тоа не е воопшто тој/таа, зошто кога умираме распадливото тело се враќа во земјата, а духот наш се враќа кај Бог кој ни го дал, значи никој од починатите не се шеткара по светов. А Божјиот и наш непријател ѓаволот многу добро знае и гледа дека има многу луѓе кои не ја знаат вистната и го искористуваат тоа да ги заведуваат, напаѓаат и држат подалеку луѓето од вистината и Бог. “И да ти се врати телото во правта од којашто е земено, а духот при Бога, од Којшто потекнува.” (Проповедник 12:7) “И многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат – едни за живот вечен, а други за укор и срам.” (Даниел 12:2) “Ние на се бориме против луѓе од крв и месо, туку против злите владатели и власти на невидливиот свет, против мрачните духовни сили што владеат со овој свет и против злите духови во небесните простори.” (Ефес 6:12) “Кога ќе влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, да не свикнеш да правиш гнасотии, какви што вршеле тие народи; да не се најде пред тебе човек што го тера синот свој или ќерката своја преку оган, заради очистување, или да претскажува, да гата, или како маѓепсник, чародеец, ни гледач на утробата, ниту, пак, што гледа по знаци, ни таков што повикува мртви; зашто, секој, што го прави тоа, е гнасен пред Господа, и токму поради тие гнасотии Господ, твојот Бог, ги изгонува од пред тебе. Биди непорочен пред Господа, твојот Бог; зашто тие народи, што ти ги наследуваш, ги слушаат гатачите и претскажувачите, а тоа Господ, твојот Бог, не ти го дал. Господ, твојот Бог, ќе ти издигне пророк од браќата твои, како мене, – Него слушајте Го!” (5. Мојсеј 18:9-15) Господе ти ли слезе да не чуваш со ќерками додека спиеме,тогаш зошто ме уплаши вака - Розе Бог го замислушав како некој на кој му е досадно и си нема друга работа па дошол тебе да те плаши ноќе? Чуството на страв е доказ дека не се работи за Бог или Божји ангел. Кога нешто е од Севишниот тоа ќе го знаеш, без ни најмалце да се појави сомнеж кај тебе, нема ни еднаш да се запрашаш што е тоа, туку Бог ќе ти стави до знаење во душата, срцето дека тоа е Он. - Со ова да слезе Бог, мислиш дека само таа ноќ те чува? Не, Бог те чува 24/7 секоја секунда од твојот живот, те чува и штити како што не може ни еден човек да го направи тоа за тебе колку и да те сака. Тој секогаш се знае и гледа што правиме, што ни се случува и што доживуваме само некогаш чека да види дали ќе Го замолиме за помош, дали ќе ја бараме Неговата волја, Неговата заштита, дали на крај ќе Му заблагодариме и слави ме. Со ова не испитува и ни дава слика да се видиме до кај сме ние во духовниот развој. Чуствто на допир не ме радува, за твое добро, а и на твоето семејство, моли го Бога да ја затвори духовната врата која си им ја отворила на демоните за да имаат се повеќе пристап и влијание на тебе. Бог одма ќе ти даде мир на душа,нема потреба да те допира физички. Внимавај со мирот, добро проценувај дали се работи за вистинскиот Божји мир или маскираниот мир од злото. Имаат многу опасни начини на заведување, пази, колку и да изгледа "убаво" на почетокот, покасно ќе ти ја наплатат цената со се камата. Бог да ве чува.