Правев буцки за да ги гледам како луѓето размислуваат и за што може да ги провоцира тие анонимни личности. Точно не припаѓам ни ваму ни таму и тоа не го сметам за нешто лошо, кажувам дека сум Христијанка , но бидејќи затоа што сум крстена, а верувам во Бог и не е битно која религија е бидејќи тој е Еден. За тоа за името, не е битно ај да не навлегувам не ми се разговара за тоа што е и како е. Ова за камчиња вистина ли било ,значи сепак вистина, и верувај не ни сакам да го направам тоа тоа е ненормална работа,и човек колку и да има проблеми не треба да се осуди на тој чекор, не требаше ни да го пишам тоа, бидејќи некој што нема2 чисти во главата ќе го направи тоа. Сепак фала ти што одвои време за мене да ми пишиш. Сакам да те прашам нешто лп за да не ме читаат јавно.
Електричната светлина не постоела пред 19ти век. Што значи дека откако постои човештвово, до 19ти век луѓето си ги осветлувале навечер домовите со свеќи (големи или мали независно), светилници и сл. Си имале и огледала, си се гледале без проблем, пред вечерно водење љубов си се шминкале пред огледало со свеќа без никаков проблем. Сепак заради големиот страв кој најчесто е индуциран од вакви хорор приказни или пак од гледање хорор филмови, психолошки гледано е можно човек од преголем страв да му се надразнат сетилата (на нервно ниво) и да го осети тоа што го замислува. Затоа совет до сите форумџии да не ја посетувате темава и слични на неа, тоа се чисти глупости и само си акумулирате непотребен страв кој само може да ви го отежни животот, а ништо добро од тоа нема да добиете. Поздрав!
Јас не знам за свеќи, aмa имам чуено дека требало да застанеш пред огледало и пет пати да изговориш Candyman Candyman Candyman Candyman ...
Зарем со цел памет мислиш дека демоните летаат над куќите и зградите и ќе видат некој како пали свеќа пред огледало и едниот му вика на другиот: „еј ене оној пали свеќа пред огледало, ајде да го исплашиме Или што ако само ја држиш незапалена свеќата? Дали во тој случај демонот ќе те чека на оџакот дали ќе ја запалиш за да влезе да те уплаши? Или замисли онака го зезаш, палиш упаљач и го доближуваш до фитилот ама не го запалуваш и он онака се сецнува, трга па се враќа: да идам да го плашам, или не, аууфф за малце ќе ја запалеше ееее му изгаси, враќај се назад
Како бе не се покажува? Еден компјутер е опседнат, мојот или твојот. Или му е нешто врзано. Јас мислам мојот, пошто испраќа дупли мислења.
Од телефон сум, планирам да спијам ,па од тел роварам низ форум , а сега видов во информации кај тебе потпис
Моментот со свеќата е ради драматичност, моментот на уууу, воопшто не е битно дали ќе испоредиме свеќи, дали ќе гледаме на кугла, на тарот или пак гравчиња ќе фрламе итн. Но она што го кажуваме, она што го молиме и кого тоа го молиме, е тоа е веќе друга работа. Сите кои мислат дека не постојат тајни друштва, одвратни сатански служења и ритуали, магии итн, како сме денес 21 век и сето ова нема смисла. се е само измислена приказна, а верувате во Бог, отворети ги Библиите, внимателно читајте и ќе видите дека Бог токму за ова ви зборува дека постои, а воедно и не предупредува да стоиме подалеку и да се чуваме од злото. Од Светото Писмо за ова што ви го зборам: - ги намрази древните жители на Твојата света земја, кои вршеа одбивни дела на вражање и идолски жртвувања, бездушни убијци на деца, на жртвени гозби кои јадат утроби од човечко тело и крв на тајни собранија, и родителите кои убиваа безпомшни души, одлучи да ги погубиш со рацете на татковците наши (Мудрост соломонова) - Но она што го принесуваат незнабошците како жртва, го принесуваат на демони, а не на Бога, јас, пак, не сакам да бидете во заедништво со демоните. Не можете да пиете од Господовата чаша и од чашата на демоните, не можете да учествувате на Господовата трпеза и на трпеза на демоните. (Прво послание до Коринтјаните) И за сите што мислат дека во 21 век не се случуваат овие работи: - Она што било, пак ќе биде, и она што се правело, пак ќе се прави – нема ништо ново под сонцето. И ако за нешто се рече: “Види ете, тоа е ново”, но тоа веќе било во текот на вековите, што биле пред нас. (Проповедник) - Она што било, тоа е и сега, и она што ќе биде, тоа веќе било, - зошто Бог го враќа она што изминало. (Проповедник) - Ете стравот Господов е вистинска мудрост, а одбегнувањето од зло е разумот. (Јов)
Ноќеска се случи . Само што ги легнав децата , имав некоја обврска , реков да ја довршам и ќе си легнам . Си терам јас работа , сите спијат и мм и двете деца , немав вклучено ТВ , наеднаш нешто почна да дава звук на заглавен принтер при принтање и не беше еднаш се повторуваше на секои 3-4 минутки сега страв ми е да си легнам
Oвaa случкa се десилa кaј мене у мaaлo. Мнoгу језивo нештo. Еве зa штo се рaбoти: Кaј нaс вo киселa јaбукa имaлo некoјa свaдбa aмa јa прaвеле нa петoк 13 и дoдекa јa преминувaле пругaтa сo кoчијaтa, кoчијaвa зaстaнaлa нa пругaтa и вoзoт штo идел oд левaтa стрaнa јa сoбрaл кoчијaтa и умреле невестaтa и млaдoженецoт aмa невестaтa гo изгубилa прстенoт и нa секoј петoк 13 тaa излегувaлa нa пoлнoќ, излегувaлa дa гo бaрa прстенoт. Невестaтa јa викaaт Белaтa Невестa. А уште пo језивo е штo кoгa бев пoмaлa еднa вечер шетaвме негде и сo едни преминувaме пругaтa и јa видoв невестaтa жими се јa видoв Хaoс мн језивo, си стoеше вo белa венчaницa a нa глaвaтa имaше бел вел нoзе ми се пресекoa... Пишете дaли сте слушнaле зa oвa или дaли некoј јa видел невестaтa.?