Да ве прашам нешто. Дали некогаш сте ги сонувале сите што се мртви да се околу вас и вие меѓу нив. Сега скоро починат е дедо ми. И наеднаш како некој да ме допре т.е. седна до креветот и се заниша и јас се разбудив нагло,значи осетив допир некој имаше ама од страв се правев дека спијам и после сум заспала. Објаснување?
Му имам кажано . Се чуди исто колку и јас . И не е само тој сон , ама повеќето вклучувале личности кои сум ги сретнала некаде , макар на разминување и никогаш не сум обратила пажња на тоа . Кога го прочитав постот поназад , се сетив да пишам и за мојот сон кој се оствари , со во тоа време непознатиот дечко ..
Пак јас Барем еднаш во неделата го сонувам мојот починат татко, сите кај што сме собрани, се гушкаме, тој здрав и жив а јас си велам фала му на бога што се излечи човекот, тоа олеснување го сонувам и толку многу е реално, кога ќе се разбудам ми треба време да се вратам во реалноста. Ништо не значи, го сонуваш дека ти недостига, потсвесно ти се случило останатото, тоа е се. Мајка ми има такви испади, го чади со темјан креветот
Не знам . Јас за дежа ву ( веќе видено ) знам , и често имам дежа ву , ама ова не е дежа ву . Посебно фактот дека воопшто не сме се знаеле ..
Со еден другар излеговме да се возиме. Тргнавме по патот за Крушево и на едно мало нели паркингче покрај асфалт застаавме. Му викам запали светло не сакам во темно да седам. Го пушти радиото светна ама зборевме за бившиот мој, само што светна радиото почна нешто да ја тресе колата лево-десно како земјотрес. Немаше луѓе, немаше коли ништо немаше. Викам земјотрес и наеднаш нагази. Беше страшноооо. Земам телефонот и ѕвонам на мајка ми вика каков земјотрес нема ништо. На ФБ никој ништо не пише. Тој сакаше да излезе да иде по потреба јас не му дозволив додека не се вративем на раскрсницата ДХисар-Крушево- Кичево. Ужасно беше. Цел ден мислам дека сонував а се случи во 22:30. Дали знае некој што може да биде? Човекот почна да се крсти вика не направивме никаов грев јас слободен ти исто само се возевме единствен допир ни беше поздравувањето. А истата вечер снаа му од брат му не сонувала заедно. Беше страшно како некој да ја фати колата и ја тресеше. Немаше на кола ни гребнатинки ни раце ништо.....
Еве и јас да раскажам една случка зима беше и јас спијам во дневната со мајка ми таa веќе спиеше а јас останав да гледам ТВ и одеднаш слушам некој глас кој ми вели оди легни си се скаменив веднаш го изгаснав телевизорот и си легнав заборавив да кажам дека сестрами беше излезена и требаше да се врати и јас во тие неколку часа слушав чекори како крцка подот секоја вечер крцка подот бидејќи е малку стар но оваа вечер се слушаше многу гласно како човек да оди а немаше никој и едвај чекав сестра ми да дојде, и кога дојде во кујната се слушнаа повеќе чекори како некој да претрча и подоцна не се слушаше ништо и малку се опуштив и заспав
Да не знаете некој човек што лечи стрикно само од паранормални работи, надприродни сили, од егзорцизам.... Незнам што ми е трета година ова ми се дешава како магнет сум за такви работи почнав да се сомневам во егзорцизам како да има нешто во мене што ги привлекува таквите нешта зошто не е можно само по мене на никој друг не му се дешава.. Значи гатачки бајачки вештерки не барам барам тие само можат да ми продонесат нешто не верувам во такви работи и маѓии а и не се работи за такво нешто. Барам стрикно човек за ваквии работи што се разбира веднаш може да ми открие што е доколку знаете пишетеми адреса, бројче ќе ми биде од корист.
Прв пат бев на тоа место, кога влегов во куќата се знаев каде е некако познато ми беше се. Зошто така не знам. Дали е дежа ву, што следува? не знам што да кажам...
Пред некоја вечер, т.е. саботата наспрема неделата, на духови, спиев јас, и накај 4 сабајле кога слушнав лупање силно, сум изрипала моментално. Се вртам накај соба, бидејќи бев свртена накај ѕид, и гледам синтисајзерот ми беше паднат на земја, што ми беше најчудно на свет пошто нема шанси како да падне, освен ако некој го бутне, и се извадив од памет и до сабајле не заспав. И утредента и кажав на баба ми, и ми спомна дека на духови се случувале такви работи, и момент посебен беше што синтисајзерот ми беше поклон од дедо ми што е починат. Можеби има нешто, пошо оваа случка ми е стварно необјаснива, и не знам што да мислам посебно зошто сум си скептик
Еднаш во основно, пред 6-7 години, бевме на екскурзија во Битола и се случи нешто што до денес не можам да си го објаснам.. бев сместена во 4 креветна соба, значи јас и уште 3 девојчиња а на спратот имаше уште 10тина соби. Собите беа со бања и балкон, но бидејќи беше ладно балконите беа затворени а прозорот од бањата беше мал, бевме на 2-3 спрат не знам точно. Требаше да се симнеме на вечера сите и нормално си ги заклучивме собите пред да одиме. Кога се вративме ние и уште неколку од истиот спрат не можевме да ги отклучиме собите, значи клучот не можеше воопшто да влезе во клучалката.. прво помисливме да не сме ги помешале клучевите меѓусебно па пробавме и со друг клуч ама не се смени ништо. Значи вратата од собата имаше над неа мало прозорче и неколку пати светлото се запали и изгасна, па мислевме дека некој влегол и се закчучил од внатре, од соседната соба тропнавме на ѕидот и слушнавме како некој тропа назад . Бидејќи беше време да си легнеме а не можевме да влеземе внатре бевме принудени да викнеме хаус мајстор кој едвај некако ја отвори вратата, ама немаше никој внатре. Беа расфрлани денарчиња по подот ама пак повторувам бевме на 2-3 спрат, балконот затворен а и да беше крадец сигурно ќе земеше нешто повредно.. Не знам што се случи ама бевме преплашени .
Многу често се случува да сонуваме рандом луѓе што сме ги виделе негде на улица, во автобус, додека чекаме ред во банка. Може си го видела, ти се допаднал ама си го заборавила, па потсвеста проработела во сонот
Немало каде да го видам . Во тоа време воопшто не доаѓав во град ( од село сум ) а и тој не доаѓал во село каде живеев ..Баш затоа и ми е чуден тој сон и ми останал во сеќавање ...
Може бил случаен минувач во позадина на некоја репортажа на вести Не сме толку голема држава, плус имаме интернет.
Хаха ме насмеа може во вестите на дедо сум го видела некаде искрено не се сеќавам баш а и одамна беше којзнае можеби и сме се сретнале некаде многу порано знам дека не сум го сретнала по нет бидејќи тогаш не користев многу , имав оценки за поправање нема врска било поминало битно во сонот ми рече јас и ти ќе се сретнеме за 2-3 години од сега и ти ќе ми бидеш сопруга и тоа навистина се случи
Синоќа во 3 часот после полноќ јас и другарка ми си идевме од журка и в такси бевме и миневме покрај црква и пред црква имаше 3 жени не беа во црно, во рацете имаа чанти, ќеси..ми беше чудно што прават баш пред црква во 3ипол после полноќ, врнеше имаше невреме големо, грмеше и сигурно не би оделе на нива, сигурно на тоа време нема да работат.Не ми е јасноо што беше, само ми се наежи кожата секундарно... а таксистот се здрви ко спомнавме... на ретровизор можеби видел дека ги нема повеќе..или можеби ги видел а се зачудил што се дешава.. офф.. Што мислите што можи да биди?
Кога излегував од дома да одам на исповед за прв пат во животов, се случи нешто што не знам како да го објаснам. Беше тоа кон крајот на минатата година. Додека ги обував патиките, забележав една црвена дамка на подот. Не обрнав внимание многу, само го избришав и почнав да ја обувам и другата патика. Кога се свртев... на истото место, две нови црвени дамки. Веќе чудно ми стана. Почнав да гледам наоколу да не капе од некаде нешто црвено, што и да беше тоа... но од никаде ништо. Ги избришав дамките и заминав. Можеби требаше да проверам поубаво каква е и што е таа црвена боја, но се брзав...