Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.668
    Допаѓања:
    79.681
    Пол:
    Женски
    Помислив. Прво што проверив беше да не капнале од мене, но не...
     
    На Lolo5, Oscar Lady, Draginja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Addy

    Addy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2015
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Пред некоја недела бев сама дома се спремав да излезам го барав часовникот и отворив во фиоката прва ама не го најдов и ЗАТВОРИВ фиоката во меѓувреме ми текна дека го заборавив часовникот во тоалетот кога се туширав заминав го зедов и заминав до кујна да се напијам вода кога поминував покрај собата моја слушнав нешто како да тропа ама не обрнав внимание се враќам во саба да го земам телефонот кога гледам сите четири фиоки отворени до половина:o:o Се стаписав не ми е јасно како се отворија фиокиве јас само првата ја отворив да проверам за часовникот и убаво се сеќавам дека ја затворив се беше затворено и прозорци и вратата од тераса занчи никој не можи да влези.Не верувам во вакви работи ама не ми е јасно што се случи:|
     
    На A.M.M, La.loca, Arthur и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.369
    Пол:
    Женски
    Доцна синоќа , слушнав како некој фрли каменче на еден од прозорите во дневна ( што нема шанси да се случи , нашиот спрат е последен на куќата со дуќанот е веќе 4-ти спрат ) . Не знам како но беше многу реално :^) не можам да кажам дека верувам во натприродни сили , но не можам и да кажам дека не верувам . Она што се случи останува мистерија :D
     
    На A.M.M и Arthur им се допаѓа ова.
  4. Medicine25

    Medicine25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    1.540
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден излегов малку подоцна од обично..Се шетавме со неколку другарки и ни текна да одиме до едно средно училиште а беше околу 10 часот навечер.И така одиме ние поминуваме кај паркот и немаше никој жив што беше чудно обично секогаш има некој.Во школскиот двор се сликавме,се глупиравме и станавме да си одиме и слушаме таква врева внатре како се да се распаѓаше,излеговме и овие почнаа абе земјотрес она ова и слушнавме детско смеење и се скаменивме.Беше празно а и немаше деца,беше доцна и си излеговме и трчавме до центар преплашени.Се вратив дома пред полноќ и цела ноќ не заспав од страв.Е сега или навистина имаше нешто или ние сме зависници од хорор и се беше до психата,иако бевме 4 души.И порано се случуваше нешто слично ама ова..:whew:
     
    На A.M.M и Arthur им се допаѓа ова.
  5. ..Queen..1998

    ..Queen..1998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2017
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    И мене ми се имаат неколку пати чудни работи случувано ...:worried:
     
  6. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Баба мѝ ми има раскажувано како еднаш се разбудила да оди до ве це, живеат во зграда на шести спрат. Како што одела кон вратата на ве-цето видела џуџе. И тоа набрзина се стрчало на терасата. Таа отишла да види дали е уште таму и го немало. Да напоменам живеат на шести спрат.:worried: И зградата била многу стара. И на вујко ми му се имаат случувано вакви работи, само не се сеќавам што се случи. Ќе го прашам и ќе ви пишам. :D
     
    На Elsaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zoran43m.k

    zoran43m.k Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    1.635
    Пол:
    Машки
    Пак јас
    Барем еднаш во неделата го сонувам мојот починат татко, сите кај што сме собрани, се гушкаме, тој здрав и жив а јас си велам фала му на бога што се излечи човекот, тоа олеснување го сонувам и толку многу е реално, кога ќе се разбудам ми треба време да се вратам во реалноста.

    Ништо не значи, го сонуваш дека ти недостига, потсвесно ти се случило останатото, тоа е се. Мајка ми има такви испади, го чади со темјан креветот

    Духовниот свет си има правила исто како материјалниот (според зборовите на светителите од православната вера) .Најверојатно си била многу тажна поради губитокот на близок , па господ дозволил да ти се открие дека твојот татко е добро (за ова има потврда во библијата).Мајка ти добро направила , убаво е да се покади со темјан ,да се попрска светена вода и да се казат молитвите за починат роднина (ги има во православниот молитвеник) , ова го кажав со надеж дека си православна христијанка.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Често ми се случува сосема случајно да помислам или го сонувам некој што го немам видено 1000 години, и по 2-3 дена го среќавам.

    Никако не можам ова да си го објаснам.
    Претчувство ли е? Што ли е?

    :?:
     
    На Kimberly11, Jane.Birkin, mssuniquee и 6 други им се допаѓа ова.
  9. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Пред некоја вечер се разбудив некаде кон 1 часот. Како што лежев во креветот станав и отидов во другата соба да се напијам вода. Покрај вратата видов една од оние страшните кукли. Се прекрстив мислев дека е само халуцинација, но кога пак погледнав сеуште беше тука и како што ја гледав наеднаш ја снема:worried::worried::worried:
     
    На Oscar Lady, kikkki и Arthur им се допаѓа ова.
  10. GabyTranceॐ

    GabyTranceॐ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    ЈАСкога бев мала и имав еден стрес и потоа со мама кога спиевме во спалната имав две кукли и ги гледав како се тресаат као на вибрации да се и на едната слика имаше ќеса со човек и наче а човекот го гледав татко ми (беше починат тоа време)
    Можеби халцинација од страв или стрес
     
  11. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    не јас не се плашам од такви работи јас гледам се и сешто ама ова е прв пат а јас дома не ни имам кукла
     
  12. GabyTranceॐ

    GabyTranceॐ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    Епа незнам...Можеби потсвесно.
     
  13. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    појма неам ама ептен беше грда таа куклата хаха
     
  14. Elsaa

    Elsaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2017
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Мината година кога си одев од училиште накај дома на половина пат осетив како некој силно да ме тегне за рачката од училишната чанта но зад мене немаше никој??
    Преплашена си отидов дома8-|
     
    На kikkki и Arthur им се допаѓа ова.
  15. martovsko cveke

    martovsko cveke Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2017
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Необјасниви случки ми се случуваат многу пати ке раскажам неколку од нив.
    Бев студент и живеев во Црниче ,одма до нас живееја луѓе чии две керки загинаа во сообраќајка пред тринаесет мислам години.И кај нив имаше 5 девојчиеа на стан.Моите газди отидоа на пат а фиксниот телефон беше заклучен горе па соседите дозволуваа кај нив да не бараат на телефон.Беше викенд па и газдите од соседите беа отидени на гости кај едно од девојчињата што живеат кајнив.Мене ме бараат на телефон и одам да се јавам,од лева страна плакарче за чевли и палта и врз него телефонот,пред мене врата со резбарено стакло заклучена исто и десно исто врата без стакло,Прво слушам чекори на таван се смирив дека се мачки, за да во следен момент некој бутка на вратата десно од мене и чкрипи кваката и се слуша удар како некој со лакт да бута у врата.Свикав наеднас по едно од девојчињата таа стрча, и и викам слушаш и наеднаш истрчавме и отидовме у двор,и таа пуши цигара и и кажуваме на нејзината помала сестра,таа дур ни вика луди сте,погледнуваме нагоре свете ламба во заклучените соби,и стрчав јас кај моите цимерки а девојчето го викна комшијата,тој дојде и влегува со нас горе се заклучено и вика деца нема никој ,се е заклучено плус куќата немаше тараси па немаше кој од каде да влезе.Во исто време мојата цимерка од нашиот двор гледала како одиме нагоре а во собите пополека една се пали па се гаси и така до горе.за скроз да се изгаси.Вечерта бевме у прашалници на два мали кревети спиевме 5 души.Коа дојдоа нашите газди и им кажавме рекоа дека и претјодно се случувале чудни работи.А горе не бил таван туку собата од ќерките која била така останата како со била пред да загинат,и родителите секогаш преспивале таму кога сакале да ги сонат девојчињата.
     
    Последна измена: 8 јули 2017
    На Alisa22, Arthur, Oscar Lady и 3 други им се допаѓа ова.
  16. martovsko cveke

    martovsko cveke Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2017
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Друга случка: следната година бев сместена во медицинар,со уште две цимерки.Едната не беше тука а другата касно се прибираше па со колешка учевме у моја соба.Учевме негде до 2 па си легнавме,колешката дури и будилникот го стаи под перници зашо има лесен сон.
    Имав чувство како да спијам а истовремено сум будна наеднаш иде жена и почнува да ме дави,викам не можаж глас да си чујам,не можам да мрднам а сум свесна за тоа што ми се случува,и почнувам молитвата да ја кажувам во себе,како ја кажувам некоја сила почна да ме крева од кревет од половината нагоре се опирав ама се повеке ме креваше и тегнеше,главата мислев ќе ми експлодира како некој ја тегне и ја чувствував како да е со јајчест облик издолжена,и најчудно како кажував молитвата не престануваше ами беше посилно,на крај кога завршив со Амин,со цела сила и тежина паднав врз креветот ,наеднаш се стрчав запалив ламба,а колешката спиеше се мислев дали да ја будам,ама пак изгасив струја и си легнав.По 15 мин некој тропа на врата ,го слушам гласот на цимерката сакам да станам ама не можам да си го контролирам телото,додека таа упорно тропа ,за да по неколку мин се свестувам и и отварам.
    Она беше лута као шо толку долго чекала,а колешката и кажа дека нешто чудно се случувало со мене,како да се борам сама со себе а собрана во еден ќош.Она од шо гледала како се препелкам останала укопана па ни она не отворила гледајки ме мене како реагирам.
    Значи бев свесна за се а не можев да си го командам телото,негде прочитав дека е парализа нана сонот,ама сепак за мене е необјасниво..
     
    На Lolo5, A.M.M и Arthur им се допаѓа ова.
  17. martovsko cveke

    martovsko cveke Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2017
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    И од пред некој ден бев сама ,си легнав по 12, само што заспав ме разбуди пад на нешто што многу ме исплаши дури и свикав,станав запалив струја,коа гледам ташната која со денови стои на исто место без никој да ја допре сама паднала и од неа се стркалала кремата и некои други ситници.ташната со денови стоеше така и немаше шанса сама да падне,во ист момент почна некои морници да ми поминуваат ,испрскав со света водалитургија и малку се смирив и со запалена ламба спиев.Сабајлето се будам и размислувам за нокеска коа наеднаш,три пати како со рака да тропна некој по плакарот,а немаше никој.
     
    На Arthur и kikkki им се допаѓа ова.
  18. elvittta

    elvittta Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Случкава ми ја има кажувано баба ми што и се случило.
    Таа со дедо ми испаднало итно, полноќ може било, да одат во болница. И на една угорница одела колата и на средина никако неможеле да искачат, како да ја туркал некој назад. Пробале со прва, со втора, секако ама џабе, неможело.
    И баба ми сетила дека е нешто чудно, се прекрстила, се помолила незнам што кажала точно, и во истиот момент колата почнала да искачува без проблем.
     
    На Arthur, Црна Ружа и kikkki им се допаѓа ова.
  19. S_997

    S_997 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Еднаш накај седум навечер дур го чекав брат ми да дојде од школо гледав Ghost Whisperer и ми беа сите светла изгасени. И одеднаш ми се упали светлото во собата неколку секунди и се изгаси а знам дека го исклучив си реков ај може некој спој има и продолжив да гледам и ми се замрзна сликата на телевизорот и па се упали сијалицата, две книги од полицата паднаа на подот што нема шанси да паднат доле зашто се далеку, и садовите што беа измиени паднаа во мијалник. Се изгаси светлото и се одмрзна сликата и одма станав упалив светло во сите соби, и тогаш едно време знам дека не гледав Ghost Whisperer.

    И веќе подолго време имам приметено во мојата соба нешто. Имам огледало и на него имам закачено ѕвезди што висат надоле. И кога имам затворено и врата од соба и прозор од нигде никаде ке почнат да се нишаат.
     
    На Oscar Lady, Nalayan, Црна Ружа и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Dim40

    Dim40 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Машки
    Најпопуларната логичка грешка што ја прават верниците кога зборат за молењето.Корелација не значи Каузација.

    Се разбира дека приказната е претерана и дедо ти и баба ти не знаат како успеале да се искачат бидејќи било темница.Но бидејќи во тој момент баба ти се помолила се разбира тоа е тоа, КАКВА СЛУЧАЈНОСТ! Бог на празнининте успешно делува да ви го пери мозокот.
     
    Последна измена: 15 јули 2017
    На Asparagus му/ѝ се допаѓа ова.