Пред два месеци мислам отприлика на една моја другарка и вртеше некој број ама чудно беше тоа што бројот имаше 8 бројки а сите броеви имаат 9 бројки , а не беше од странство туку од мкд и после ден два она вртеше на тој број и вика бројот не постои ...
Пред некоја ден околу пладне слушам како горе на спратот слушам крцкање на вратата од нашата соба со брат ми и му викам на брат ми: - абе брат не слушаш дека горе крцка вратата ? - не не слушам. Се качувам горе и како што се доближувам до вратата си крцка упорно и само што ја допрев врата прекина да крцка. Иначе во таа соба најмногу време поминувавме со Елена. Главвното прашање е тоа што се си мислам дека тие крцкања и ред др работи се насочени само јас за да ги слушнам и само кога јас ке се доближам тие исчезнуваат. Мојот одговор е дека или ми се ричинува или вистина Елена е околу мене.
здраво не знам дали темава е соодветна за ова јас со ке го написам ,ама зашо ми се виде најсоодветна зашто станува збор за необјасниви случки,па еве ке споделам овде . На youtube гледав линк за чистење нА ПРОСТОРОТ ОД НЕГАТИВНА ЕНЕРГИЈА ,со сол и алкохол,се пали дур изгори и после се гледа солта ако е кафена ја впила негативната енергија,ако е посветла нема лоша енергија. И на крај може да се прикажат фигури кои укажуваат на проблемот. ,еве линк да видите ,и јас истото го направив и за чудо во солта ми се исцрта профил на жена ,еве погледнете
Пред некој ден, доцна во ноќта се спремав да излезам да свртам круг низ маало. И тамн да отклучам вратата надворешната слушам онака некое детско плачење, како се доближував до вратата немаше ништо, како се одалечував се повеќе и повеќе се слушаше. Како да стоев на нешто измеѓу. Прво мислев да не е домофонот ама потоа ми текна дека веќе некое време не работи. Чудно...
Смок змија испушта звуци како на бебе,имате по ут можете да слушните ако ја фатиле убаво како прави. Ги залажува луѓето со тоа за да одат во тој правец мислејќи е бебе
Змија во зграда малку потешко. Плус нема од каде да влезе се е затворено. Само тогаш ги имаше тие звуци,сега ништо нема. И да е тука треба да излезе или ќе ја видевме. Проблемот е што на тоа место кај што стоев јас и мојата врата е 1цм растојание.
Пред некој ден бевме на погреб почина на баба ми, брат и.Тој имаше син , почина пред 10 години од тумор на мозокот и беше многу млад кога почина. И бидејќи требаше да се закопаат на исто место ( негова желба ), кога го отворија гробот, телото на синот не беше распаднато, стоеше цело и ковчегот и ќебето дури Баба ми се онесвести, на никој не му беше јасно како е можно, поминаа 10 години. Постојано размислувам за тоа што се случи, незнам ни кој да прашам ке ме направат луда
Процесот на распаѓање се одвива под дејство на кислород е сега ,најверојартно телото биоло подлабоко закопано и херметички затворено па не дошло до гниење.Во многу случаи се случува истото ,а дури велат откако телото постојало на воздух одма почнувало да гние.така друфарка дедо и бил погребан 1951 а 1998 го одкопаа телото за да го закопаат во град кај што се сите ,телото било како тогаш да го закопале,ама со транспортот и дур го закопаат ,веке почнал нагло да се распаѓа од допирот со кислородот од воздухот.Чист пример со овошјето макар и у фрижидер гние ако е у кеса или тањир,ама ако се стаи у кеса која е вакумирана ,нема да има гниење,затоа што и да има бактерии ,тие без присуство на кислород не можат да живеат и да вршат ферментација
На баба ми снаа од брат , закопана пред 40 и повеќе години ( починала млада на породување ) ист случај со погоре опишаниот . Когапочина братот на баба ми , го отвориле гробот бидејќи синов кој го родила дента кога починала , сакал да ја види . Цел живот ја знаел само од слика и сакал да види дали останало нешто од биолошката мајка . Кога го отвориле ковчегот , цела била . Зависи и од местото каде е закопан човекот . На пример , каде што е закопана женава , местото е карпесто , подземни води скоро и да нема , плус е подлабоко закопана , а и со тек на време веројатно самата земја слегнала малку па пропаднал уште повеќе . Тоа му дошло како да е херметички затворен ковчегот и затоа така останала цела .
Велат дека ако не се распадни од жал не се распаѓале жалеле за нешто во случајот што не го видела детето така имам слушнато од постариве велат а инаку има логика ова со местото ама сепак години се во прашање и да не се распадни не е кремирано...
ЗА вакви случаеви како погоре сум била сведок , мислам зависи од местото кАде се закопани... Ако е суво местото без влага постои можност да не се распадни телото , дедо покојни местото кај што е закопан е полно со вода и после 7 години кога го копАја гробот тој беше распаднат само алиштата се гледАа... Морничаво
Ми се случува нешто што не можам да си го објаснам веќе со години,,но сега станува по интензивно. Понекогаш седам и си размислувам некои случки (шта би било кад би било) и истите тие случки ми се случуваат дали дента дали за некој ден, значи се прашувам како???Она што го замислувам ми се остварува, не секогаш ама 99% од времето да, Некогаш и од што толку не ми се верува се вадам од памет и никако неможам да си го објаснам ова што ми се случува...
Случајност или не , не знам . Тргнавме со мм , синко и кумовите и кумчето за во Охрид . Колата се расипува во Кичево . Случајно ни се најде едно момче кое ќе не одведеше на механичар . По пат застана да напраи муабет со една жена . Женава го праша момчето што е со колата , дечково одговори . Женава врли : Влезете во двор со деца сте , јас да му се јавам на маж ми , има пријател механичар ќе ве однесе до кај него нека ја види колата . Излезе дека женава ги познава баба ми и дедо ми , покрај нив и татко ми , тетка ми и чичко ми . Плус , порано луѓево живееле во селото каде чичко ми неодамна купи куќа , т.е сеуште луѓево ја имаат куќата таму и биле комшии со чичко ми . Коинциденција ? Или можеби Бог не испрати пред нивната врата ? П . С . Момчево кое ни се најде , било на конкурс за полиција во Идризово заедно со другар на мм .
mozebi si opsednat so elena pa ti se pricinuva..... a deka se desavaat takvi stvari ti veruvam zasto i jas imam slusano i videno takvi slicni stvari
zasto i jas sum bila opsednata so nekoi raboti od koi se plasam pa mi se pricinuvale a toa e drugo sto go imam videno i slusnato