Мене ми се имаат случено неколку чудни нешта: 1. После смртта на дедо ми, бев многу лута зошто дедо ми си отиде а беше толкав борец иако имаше многу големи проблеми со срцето. Секогаш се враќаше заради мене и сестра ми и викаше: Имам јас за кого да живеам. Мислев дека се откажал, бев лута што не ми кажа дека ме сака за крај иако тоа многу добро го знаев. Го сонував како седи на неговата омилена фотелја ме викна да седнам во неговиот скут и ми се правдаше дека не сакал, но морал да замине. Ми рече дека нема да се задржува многу и дека се вратил само да ми каже дека ме сака, затоа што не сакал никој да му остане лут. Се чудам и денеска, но речиси и да сум сигурна дека се е до мојот ум и дека од пре голема оптеретеност тоа сум го сонувала. Уште една поврзаност со дедо ми, а исто така чудна е тоа што неколку месеци по неговата смрт поточно ден пред бадник, сонував како дедо ми ми вели: Утре ќе ти се падне тебе паричката. Беше расположен, весел, насмеан. се разбудив и си реков ех пуста желба да ми се падне паричката па и сонував сон. Вечерта го кршевме лепчето и кога .. паричката кај мене. Дали беше чиста коенциденција или нешто друго незнам. 2. Ова никако, ама баш никако не можам да си го објаснам. Бев преплашена и уште морници ме лазат. Си легнав да спијам, кога во еден момент почувствува нешто чудно. Чувство на лебдење, отворив очи и се видов себеси како спијам Сето ова траеше неколку секунди, се прашував како да се вратам назад во своето тело. Незнам ни како успеав. Само знам дека се разбудив без воздух, преплашена. Од страв не можев да заспијам повторно. Не беше сон, тоа навистина се случи. Незнам како но се случи.
2. Ова никако, ама баш никако не можам да си го објаснам. Бев преплашена и уште морници ме лазат. Си легнав да спијам, кога во еден момент почувствува нешто чудно. Чувство на лебдење, отворив очи и се видов себеси како спијам Сето ова траеше неколку секунди, се прашував како да се вратам назад во своето тело. Незнам ни како успеав. Само знам дека се разбудив без воздух, преплашена. Од страв не можев да заспијам повторно. Не беше сон, тоа навистина се случи. Незнам како но се случи.[/quote] Ова ќе да е Астрална проекција.
Мене неколку пати ми се имаат случено вакви случки. Случка #1 Бев мала. Имав 4-5 години. Бев во Кратово кај баба ми и дедо ми. Беше ноќ. Спиев со мајка ми на спална и воошѓто не ми беше страв. Така спокојно заспав. Се разбудив во сред ноќ и седнав на креветот. Погледнав накај вратата и таа почна да се отвара. На вратата беше и дедо ми. Го гледав и викав "Дедо, дедоо..". Но тој само стоеше и се смееше. Беше како црно-бела слика. Така стоеше 1 минута и ја затвори вратата со истата насмевка. Јас бев збунета и си мислев дека сигурно станал да оди до WC, но утредента кога го прашав ми рече дека воопшто не ни станувал таа ноќ. Сега вака кога пишувам ми поминуваат морници. Дали тоа беше духот на дедо ми или што? Случка #2 Ова беше пред неколку месеци. Одам јас до WC, влегувам и одеднаш само се пушта тушот (тече вода). Го изгасив. По неколку секунди се пушта чешмата (тече вода). Ја исклучив, но почна да ме фаќа страв и паника. Таман да излезам, паѓаат работите кои беа пред огледалото. Е тогаш стварно се преплашив и почнав да врискам и да бегам. Незнам што ми стана. Како да чувтвував нечие присуство таму. Имам и други случки, но тие подоцна..
Второто е Астрална проекција сигурно. Ми се има случувано многу пати. И јас како тебе се исплашив првите неколку пати, но потоа сфатив дека не е страшно и само се обидувам да се вратам некако. Зборував со еден човек кој е прилично забеган по овие работи, ми објаснуваше дека ако достигниш до тоа ниво на свест можеш да шеташ така, незнам некој си вид на телепортација. Искрено да ти кажам не знам да ти кажам точно оти ми кажа триста работи кои не ги разбрав баш. Знам дека ме праша дали ми се случува понекогаш да сонувам и на сред сон да бидам свесна дека тоа е само сон, а мене тоа скоро секоја ноќ ми се случува, па и понекогаш можам да си го контролирам сонот и да си правам што сакам . Ми рече да пробам во тој момент кога сум свесна дека сонувам да одам да се видам сама себе кај што спијам, т.е сама да направам астрална проекција. Пробав, свеста ми се зеде, и сега за сега не пробвам пак. Направив како што ми рече, успеав и си викам ај да си продолжам со сонот, и таман ја отворив вратата од собата, видов само темнина и како да почна да ме трга, страшно беше многу. А уште пострашно тоа што не можев да се разбудам, како да не ми даваше да се разбудам, а знаев дека сонувам. Буквално како да ме пиеше темницата. Едно време малку некако се подразбудив, и станав преплашена се испозапалив низ дома и телевизор и сијалици и страв ми беше да презаспијам. Му кажав на човекот што ми се случи ми се изнасмеја ми рече дека најверојатно било друго астрално тело кое се залепило за мене да собери енергија, дека уствари не било страшно, дека ќе ме пуштело и без да сум правела напори да се разбудам. Јас битно се преплашив и од тогаш не пробвам ништо. Ако се видам случајно како што спијам, само замижвам и мислам на то дека сакам да се вратам.
^ Лелеее не верувам во ова ама ич, астрална проекција хммм, може подетално да ми објасниш нешто околу тоа баш ме интересира. Инаку не верувам во тоа дека може сама да го контролираш тоа и т.н. телепортирање. Несакам да зборам ама еден другар кога ми кажуваше дека му се случувало такво нешто додека спиел и мислел дека е само сон излезе нешто многу сериозно во неговата глава ај да не кажувам. Затоа не верувам во тоа дека е некоја необјаснива случка, тоа може да е и здравствен проблем не дај боже!
Читав денеска за астрална проекција доста време. Има луѓе што веќе се увежбани па често го прават тоа. Шетаат во замислен простор или пак во својот дом и се е исто како моментот пред да заспијат а во меѓу време можат да поминат часови, да се разденува, луѓе да се движат и да функционираат а таму на тоа место се да биде исто како последниот момент пред да заспијат. Ризична е бидејќи ако не го најдеш патот за назад можеш и никогаш да не се вратиш. Инаку да прочитав и дека има залутани души како сенки кои сакајќи да избегаат од тој простор не ти дозволуваат да се вратиш во своето тело (ова ми е малку не логично искрено) Мене еднаш ми се случи и никогаш повеќе. Си го гледав сопственото тело неколку секунди, бев премногу исплашена и не знаев како да се вратам а знаев дека не е сон туку вистински се случува. Не знам ни како успеав. Инаку да многу пати додека сонувам и сум свесна дека е тоа сон, исто така имам пробано да го контролирам сонот и ми успева бидејќи никогаш не дозволувам сонот многу да ме совлада. Спијам но многу сум чувствителна на звуци. Имам лесен сон, па затоа и мислам дека по малку сонувам а по малку фантазирам (тоа ми е по логично објаснување ) Искрено иако астралната проекција е способност која ретко на кого му се случува, не сакам мене повторно да ми се случи. Застрашувачка е.
Ако ти се случи пак, не паничи прво, а второ замижи и нонцентрирај се на тоа дека сакаш да се вратиш, или почни да се замислуваш дека се враќаш, мене секогаш ми успева, битното е да не испаничиш, колку посмирена си и колку повеќе веруваш дека можиш да се вратиш, толку побрзо ќе го направиш тоа. Иначе јас за разлика од тебе баш цврсто спијам, ама ете до сега не знам колку пати ми се има случено ова.
неможам да се сетам како се викаше ова.мислам дека е појава некаква ама не ми текнува како се вика.а знам за неа затоа што на тетка ми и се случи..работава е нешто кога си меѓу сонот и јавето или така нешто..неможеш да мрдаш,збориш...ама свесна си и гледаш..тетка ми кажуваше..дека чуството било ужасно..како некои сеничта да се спучтале врз неа...
Еднаш додека спиев онака со нозете скупчени и рацете под перниче,чувствувам како да спијам на десна страна и во сон си викам чекај да си се обрнам на другата страна и само тоа што си помислив и како демек во сонот сум се обрнала од десна кој лева страна на колкот да спијам и како да ги отворив очите(а воедно и како да спиев) гледам кај колената како на креветот ми седи женска црна силуета само лицето не можам да и го видам,и со нејзината левата рака ме допира по коленото е во тој момент почувствував допир како галење на нозете е тогаш ги отворив очите и како за момент лежев вкочанета и гледав во темнината пред мене во првата секунда-две ја здогледав женската силуета а нозете цело време ми треперееа...
Како што ги читав вашите навистина необјасниви случки, целата се стресив. Првиот пат кога ги прочитав не можев да заспијам (а баш пред спиење ги читав ..). Мене, да бидам искрена ми се немаат случено вакви случки, но честопати навечер ми се случува да почувствувам како некој да ми диши во врат и на уво . И тоа баш, баш дишење.
Имам 2 така необјасниви случки. 1.Првата се случи ноќтта кога почина мајка ми Седев со нејзе не и беше добро и во еден момент сум задремала,во сон ми дојде некоја жена огромна беше облечена во црно со нешто бело на главата и ми рече дека мајка ми со нејзе ке оди таму ке и биде подобро него што и е тука.Се разбудив и во тој момент мајка ми веќе беше почината а поминаа не повеќе од 5 минути.Најчудно е во ист момент се буди и брат ми кој го сонувал истиот сон и додека да се освестиме со него да му се јавиме на татко ми кој беше дежурен на работа,ѕвони телефонот татко ми се јавува да провери како е мајка ми бидејќи и тој го сонувал истиот сон. 2.Незнам дали е необјаснива случка во секој случај е језиво бар за мене. Во последниве 14дена секоја вечер се будам во 3:15 не се сеќавам што сонувам важно се будам целата испотена а инаку не се потам,срцето ми лупа 300 на саат и немам појма каде се наоѓам.Првиот пат си викам ај нешто страшно сум сонувала,после и да сакам да не спијам баш во тоа време задремувам и све ово повторно се случува.Почна веќе и страв да ме фаќа па си викнав и поп да го освети станот бидејќи не бил осветен,ама сепак продолжи ово да се случува,една комшика постара ми рече дека овие денови биле некрстени и имало секакво зло што наводно шетало.Не верувам многу во вакви работи ама ако утре престане овој ужас мој ке го сменам мислењето.
Ноќта на 17 на самиот почеток во 00h и неколку минути...Правевме 2 години со мојата љубов и варевме кафе за друштвото... Само што го спремивме гезвето и се приближивме еден кон друг да се бакнеме се вклучи радиото и тоа баш на една балада...Сосема само,необјасниво ... Се извадив од памет... Ама и беше прекрасно Си заигравме танго и плус ни ја разубави вечерта... Ах...
Пред неколку години баба ми си заборавила новчаник во црква во Гевгелија пред иконата на Богородица... После една недела сонувала сон - како некоја жена со бебе во рацете и кажува дата и дека на таа дата некоја жена ќе и го донесе новчаникот... И ни го кажа сонот мене и на мајка ми ама не веруваше дека така ќе биде..После неколку месеци работела во дворот и дошла некоја жена и и рекла "го најдов новчаников во црквата во Гевгелија и ја видов личната карта и зошто живееме во иста околина го земав да ти го донесам"... И таа сетила на сонот, видела на календарот и дата се совпаѓала со таа што и ја кажала жената во сонот...
Што ми требаше да го читам сево ова невечер?! Инаку, јас немам ништо вакво доживеано, ама се плашам од се што вие веќе сте напишале, иако не ги читав сите! Ии....мислам дека нема да се вратам уште еднаш во оваа тема...хахахахха
не сакам да те уплашам но и јас се бидев во от авреме секоја ноќ велат 3 часот попладне е време на среќа, а три саатот по полноќ времето на ....... ни името не му го спомнувамЧ(
Да не сте го гледале филмот егзорцизмот на Емили Роуз ? Некако ова будење го поврзав со тој филм нели и девојчето се будеше мислам во точно три беше, но како што кажува и филмот за сите необјасниви случки медицината има свое објаснување. Сега што ќе прифатиме како вистинито зависи од нас. Мислам дека голем дел се дел на нашата потсвест. Сепак верувам дека постојат натприродни нешта, мислам дека на тој начин и полесно ги прифаќаме загубите, како на пример кога загубиме некој драг сакам да верувам дека душата му оди некаде или е како дух меѓу нас. Инаку и јас имам сонувано на пример пред да умре баба ми и како иде и се поздравува со мене,татко ми и тетка ми, и велам не оди зар ќе го оставиш дедо ми сам види колку се грижи за тебе, а таа ми вели не не подобро ќе ми е таму. И оди погоре од нас седат група на луѓе кога ја видеа како иде таа се израдуваа и тој што седеше на крај стана за да и направи место. Постар човек, а знам малку време пред тоа брат и беше починал. После знам за чичо на дедо ми кој бил слеп без очи а одел сам по дрва во шумите сечел дрва и правел маси, столови. Не кажувал на никој како го прави тоа, но еднаш кажал дека го водат 2 бели овна, после тоа набрзо се пресекол работејќи и умрел.