Во голема куќа живеам тоа со дебели ѕидови што не се слуша ништо од кај комшиите а и нема мали деца кај тие што се околу нас ова убаво се слушна а и од страна кон вратата а не од прозорецот.Како и да е битно живи сме тоа само што може да не уплаши ништо повеќе. Имам страв до вц да отидам сега додека не заборавам некое време на дешавкава...
Имам многу необјаснети случки во животецов, но сега само за една ке спомнам. Ова ми се случи неодамна, се нормално заспав и си се сонувам како спијам. Ај добро сето тоа, ама наеднаш станав свесна дека сонувам (поима немам како) и се исплашив и пробувам да се разбудам ама неможам викам сон е разбуди се, ама неможам како во некое стаклено звоно да бев, и баш исто ко некој или нешто да ме влечеше од сликата како спијам и уште посилно почнував да се тргам. Наеднаш си го почуствував телото во кревет и мумлав ама очите неможев никако да си ги отворам добри 5 мин. Кога скроз се разбудив мислам дека не сакав никогаш да заспијам... незнам што беше али страшно уууффф
Луциден сон се вика тоа. И често за време на истиот се случува т.н "парализа во сон". Знам дека е језиво, ама е научно објаснето.
Oкеј creepiest случка што ни се има десено дома. Со сестра ми бевме на горниот спрат, другиве дома сите спиеа, и како што седиме слушаме како се отвара вратата долу во дневна и само слушнавме чекори. По неколку секунди се затвори вратата. Одма се симнавме долу, немаше никој, надворшените врати беа сите заклучени, никој се немаше разбудено, и се извадивме од памет. Ајде само едната од нас да го слушнеше ова па да се причинило, ама двете бевме. Инаку ова се случи точно на датумот на година дена од смртта на чичко ми, кој што пред да почине последно место каде што беше е кај нас дома. Му кажуваме на татко ми што се случи, и наместо да не смири ни вика сигурно чичко ви бил Не знам што беше вистинската причина за настанов, ама спијам сега со запалени светла
0Ноќеска ми се случи ова... Легнав да спијам, и како да бев полузаспана кога почувствував како ме боли срцето и не можам да се издишам. Не знам дали сонував или стварно ме болеше.( го сонував бившиот,пошто сум опседната со него) Гледам не поминува , ме пецка и не ми дава да дишам и се свртев на друга страна.. по некое време се најдов седната на кревет и си ја удрив главата во ѕидот..како не ми е јасно. Тука тешко дишев и ми се вртеше во глава. И реков на сестра ми да отвори прозор, а таа се чудеше зашто..бидејќи е ноќ.. ова беше после 2 .. Еве , уште на моменти не можам убаво да се издишам, како да се борам за воздух..и ми е страв да легнам да спијам вечер Ако некој има објаснување...
Мислам дека ти е од стрес. И сама викаш дека си „опседната“ со бившиот. Ова плус најверојатно некој друг стрес ти предизвикува лош сон. Ми се има случувано и мене во лоши периоди во животот нешто слично. Дури како паничен напад во сред спиење, што ме дигаше од кревет. Ако си под многу стрес психички, најверојатно тоа е причинителот.
Епа ајде вака. Бев речиси во полусон ама свесна. Мислам дека беше некаде 2 часот по полноќ кога слушнав некои чекори, крцање на подот, пред мојата врата. Јасно го слушнав звукот. Собата на брат ми е веднаш до мојата, лепенка па така ќе знам кога излегол од собата затоа што има навика вратата силно да ја затвара а тој одамна веќе беше легнат,а и мајка ми одамна беше заспиена така да немаше шанси да се еден од нив. После неколку минути по тој настан сакав да отидам до другиот спрат, не можев да се мрднам воопшто ниту да изустам глас. Објаснување?
Пред 4 год во Прилел со дечкото бевме на некој концерт и решивме да преспиеме таму пошто он имаше другар кои имаше слободен стан и ни ги даде клучевите да останеме таму. Заврши концерто си поминавме убаво се тоа во ред , и дечкоми ме остави прво мене во стан и он замина до маркет да земел нешто и ми рече да го почекам за брзо ке се врател. И јас си влегувам си палам цигара си легнувам и опуштено си разговарам со другарками на телефон, и по едно време снемува струјааа.. Сатот беше негде околу 01:30 но не се испаничив воопшто пошто памето ми беше сосема во други работи и му се јавувам на дечко ми да донесе свеќи..после тоа си продолжив да си зборувам со другарками и тишина е се.И како што си зборувамее слушам како пред зграда се паркира кола, како излегува и ја затвора вратата и како оди по ходнико од зградата (на прв спрат беве ние) и како да ја отклучува вратата, и јас му исклучувам на другарками и му велам ете го стигна Никола чао ке се чуеме, и ичекувам да влезе.. Поминаа 10 сек гледам никој не влегува па ај си реков можи тие што жеват до нас се ,па ми се причинило дека кајмене отклучува и пак му се јавувам на другарками и си продолжуваме со муабето. и по 5 мин пак истото слушам, надвор застанва колаа..па вратата ми ја отклучува, и му исклучувам на другарками и чекам да влези дечкоми, чекам чекам пак никој. И уште 3,4 пати истотоо и почнав да се загрижувамм Му кажувам на другарками и почна да ми се смее, 100 пати вика ми исклучуваш велиш дека никола си дојде и после велиш не бил тој.. И му се јавувам на дечкоми го прашувам до каде е, и ми вели за 10 мин ке си дојдам. И како што си седам уште така без струја слушам во вцто нешто ми течи вода, станувам да видам го земам телефоно го уклучувам блицо и гледам чешмата пуштена и си тече лелее уште поќе паникии ме фатија Ајде ја заприв и си одам накај дневна и блицо ми се гасиии пак го уклучувам и пак ми се гаси.. Останав во ходнико ништо не гледаав, и во тој момент слушам чекорење по скали и наближува накај вратата и како да се мачи некој да отклучува , леле си рековв дечкоми стигна и викам николаа лелеее конечно да стигнеш и пополека и изнервирана си влегувам во дневна и во меѓувреме чекам да влезе.. Слушам ништо ни глас ни да влезе некој. Лелее ко сум почналаа да плачааммм а дечкоми ме имаше заклучено па и да сакав неможев да бегам, му се јавувамм одмаа се дерам плачам викам одма да дојдее, легнав се покрив преку глава и само ќитев. И етего стигнува одма дечкоми и му раскажувам што ми се случии и он ми кажува сиалицата во ходникот му се исклучувала ама немало демек ништо да не сум се плашела. И ај некако се смирив свеќата ја запаливме и по една цигара па рековме да легнеме, ја угаснавме одма свеќата и легнавме. Тој заспа одмаа амаа јасс.. Вела вечер се разбудвав и истото го слушав како да иди некој...и кога станавме сабајле гледаме свеќата цела изгоренаа се чудевме како можешее кој ја запаалии?? И станавме одмаа да си одиме од таму и кога излеговме од вратата, ја гледам таа другата до нас врата со 3 плакати и полно сметки на вратаа( значи не живеел никој ) и дури после дечкоми ми кажа за да не се уплашам, дека вратата била отклучена ко стигнал По некое време јас разбрав дека имало нешто во таа зграда. Беа 3,4 згради мислам , стари и незнам како се викаше улицата аама се сеќавам дека беа близу до тој таму базенот во прилеп големио , кај што се одржуваат концерти. Па ај ако има некоја од Прилеп, и ако знае за каде зборувам и за кој згради, нека пише нешто баш ме интересираа.
Господеее Па ако си од прилеп ке знаеш Инче ако си заинтересирана Маркетот Џими работо 24/7 мислам, или до 3.
леле језивоо, таму низ Пп по тие зградите ништо чудно вакви дешавки да има. На времето една другарка студираше таму па одевме чат пат кај неа, во една језива куќа што живееше страшно и она се жалаше вака
Пред 3 дена почина баба ми , а денес седев сама дома и слушнав како некој да кашла и се зачудив си го викнав кучето у соба и после 2-3 мин играв игра на телефон буквално ја слушнав ко баба ми да кашла ама ко кај мене пред врата ,мислам дека срцето ќе ми застанеше и одма искочив од дома од што се преплашив и седев надвор додека не дојде мајка ми . Кога и го кажав тоа ми кажа дека она сабајлево во 5 слушнала како некој да тропа со бастум по ѕид а баба ми тропаше така кога ја викаше мајка ми да и отиде во соба .. незнам вечер само како ќе спијам после ова а и уште нешто ако се случи
Можда сум пишала за ова на друга тема не знам. Пред некое време можда 2 месеци ако не и поише сањав дека дедо ми што е под мене дека умира наредниот ден дознаваме дека едната негова сестра починала.Дообро после некое време пак го сонував дедо ми и почина другата негова сестра *и двете беа над 75год. Не знам дали е случајност или што е ова.А најчудното е што после смртта на 2рата сестра дедо ми се разболе не можеше од кревет да стане, едвај го излечивме а он е релативно здрав човек 30 години дарувал крв не знаевме што му е..
Значи вака може и не е необјасниво ова што ќе го пишам ама јас не можам уште да сфатам што ми се случило а дома ако кажам ќе се дигне паника. Летово 2-3 пати ми се случи среќа се нема повторено.Станувам од спиење и не си ги чувствувам нозете.Не е ни грч ни трнење.Едноставно не можев да ги мрднам нити глас да испуштам од себе и лежев дур не ми помине тоа.А не чувствував болка само притисок некој.Не сум имала фала му на Бога некоја повреда или проблем со органите па да биде некоја последица тоа.. Знае некој што би можело да биде?