Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Веројатно е нешто со струјата . Кај нас дома, се стопил некој кабел на таблата со осигурувачи и многу често ни пукаа ламбите . Не беше важно какви се, во тоалетот на 7 дена ги менувавме . Се додека не изби мини пожар на таблата, воопшто не приметивме . Кај свекрва ми друг случај. Во куќата на татко и, правевме кафе за душа на сестра и ( од погреб , ги викнавме луѓето во куќата на татко и) и се беше ок, се додека не почнав да правам кафе. Вклучив светло ( кујната нема прозор) , и шпорет. Во кујна немаше ламба, си реков ај прегорела може , ја смени мм, прво вклучување и новата пукна. Сите ламби што ги вклучивме испукаа. Спратната табла мртва, ништо не се дешава. Викнавме електричар, и тој потврди дека таблата е добра. После се испостави дека некој бушон изгорел во тој момент. А каква случајност, бушонот е сменет/поправен точно 11 месеци пред смртта на сестра и на свекрва ми, кога почина татко и. Толку да бил слаб, не верувам. Предходно издржал 40 + години, за во рок од 11месеци да биде менуван/поправан два пати? Можеби беше случајност, ама ете се совпаднаа датумите...
     
    На RainbowButterfly и stilas7 им се допаѓа ова.
  2. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Ноќта пред велигден некаде околу 02:30ч по полноќ, почнува сам да свири џамперот на син ми само од себе. Џамперот е на долниот кат ама од спалната се слушаше, како во полу сон станав мислев разденето е веќе сум се успала ама гледам маж ми до мене син ми во креветчето, а џамперон свири видов на моб колку е саат и почнав да го будам маж ми. да оди да види што се случува доле, свекрвица станала го исклучила по неколку минути пак се уклучил свиреше се дури не му ги извадија батериите.
     
    На angelche16, lovestoneddd, RainbowButterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. FallenAngell

    FallenAngell Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Женски
    има 3 год од оваа случка...
    имам фотеља во собата , обично несакам светлина кога ке се разбудам затоа спуштам ролетните и темно ми е во соба но доволно се гледа за да не мавнеш негдека...се будам околу 5 саат и си лежам во кревет обично 5-10 мин..се вртам накај фотељата и гледам нешто црно над неа...си викам сум оставила нешто на нејзе..но кога почна тоа црното да се крева нагоре како глава само завртена задната страна и долга коса..испаничив почнав да викам..сепак само што се разбудив нормално ке се исплашам..
    Има натприродни сили само некои луѓе не го прифаќаат тоа мислат дека си луд или нешто...дека на нив не им се има десено...
    Друга случка..пред 4 год
    се враќам од шетање си седам у соба и си цртав нешто( хоби ми е цртањето)
    и наеднаш се појави едно црно чудно нешто немаше нозе лице..ништо како пуфнасто нешто
    се загледав во него, не испаничив само го гледав а тоа си шеташе од ќош во ќош нагоре надоле по ѕидовите...си реков смири се ништо не ти прави..потоа продолжив да цртам и кога погледнав да видам дали е тука го немаше..
    thats my story
    има уште но да не пишувам реферати :)
     
  4. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.947
    Дефинитивно има нешто, некоја сила, енергија , не знам и јас како да објаснам но цел живот ми помага. Баш кога ми треба помош , кога имам некоја препрека , само штом се помолам ко да има нешто што ме слуша и успеам да завршам колку и да било тешко.

    Во друга тема имам спомнато дека одамна имам изгубено доверба во луѓе па затоа и не барам помош од никој.

    Кога бев мала (6-7 годишна) се сеќавам спиев со моиве таа ноќ во ист кревет. Сабајлево отварам очи и си лежам меѓу моиве кои цврсто спиеја и гледам напред кон вратата од терасата. Искрено се преплашив кога видов Исус Христос стоеше и гледаше во мене, облечен во нешто долго бело-златно како светлина , пуштена коса , напатени очи....додека го пишувам постов се стресувам....некои 2 минути гледав у него и се бутнав под кебе меѓу моиве. Не знаев дека е тоа он додека не видов икона од него во црква, е тогаш ми стана јасно дека тоа бил он. Никогаш нема да ја заборавам таа кратка средба. НИКОГАШ !


    Оче наш, кој си на небесата,
    да се свети името Твое,
    да дојде царството Твое,
    да биде волјата Твоја,
    како на небото, така и на земјата;
    лебот наш насушен дај ни го денес
    и прости ни ги долговите наши
    како и ние што им ги проштеваме на нашите должници;
    и не нè воведувај во искушение,
    но избави нè од лукавиот.
    Амин!
     
    Последна измена: 23 јуни 2018
    На TrinityNeo, LadyInTheDark, sinooka.bosonoga и 4 други им се допаѓа ова.
  5. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    531
    Еднa мoјa случкa :) Кoгa бев нa Oстрoг лaни, се зaпoзнaв сo еднa девoјкa кoјa истo тaкa прв пaт дoшлa нa Oстрoг нo живее вo Австрaлијa.Ми рaскaжa зa нејзинaтa живoтнa прикaзнa, кaкo имaлa тежoк живoт и гo мoлелa Бoгa дa и пoсoчи кoјa рaбoтa требa дa јa рaбoти, зoштo билa изгубенa.Тoa и се случилo, и се пoјaвил Исус вечертa a утредентa дoбилa пoвик зa рaбoтa.Ми рече, ти си нa вистинскиoт пaт, дoбрa душa имaш немoј дa се секирaш, ќе имaш дoбaр живoт.Амa ќе дoјде време дa решиш oнa штo ти кaжувa срцетo. Сaбaјлетo кoгa стaнaв јa немaше, немoжев дa јa прoнaјдaм.Ми дaде фб нo не успеaв дa јa нaјдaм.
     
    На LadyInTheDark, Jenyl, GirlLove и 3 други им се допаѓа ова.
  6. chokova93

    chokova93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Здраво, обично не пишувам многу за овие работи пошто искрено, по интересно ми е и морничаво кога ги слушам или читам, отколку кога ги дожвувам :D
    Вчера некаде отприлика кај 04:15/20ч. сабајле се прибирав од кај мојот дечко со колата,и ми се случи навистина нешто шо ме остави да подразмислам повеќе дали беше стварно нешто необјасниво или стварно ептен се погодило да е голема случајност...
    Прибирајки се со колата на влезот од моето маало имаме два дела со паркинг ,меѓу нив има цименто и дрва високи и густи и два контињера, бидејќи немаше место точно пред мојот влез (каде обично се паркирам кога се прибирам доцна навечер) реков ја да ја паркирам од другата страна на другиот дел од маалскиот паркинг, поминувајки така пополека ,го забележав иначе Бeлчо (маалското срцкасто куче кое е одличен чувар бај д веј ) како лежи заспано , и сум 101% сигурна дека до него немаше никој. Кога најдов подоле место меѓу две коли ја свртев и во рикверц наназад ја паркирам, паркирам шо паркирам колата и си излегувам ја така лагано си го исклучувам притоа радиото , и само шо ја заклучувам вратата и тргнувам да си одам накај влезот кој е на 100метри , ја поткревам главата и наеднаш здогледувам на 50-60м. до кучето кај шо лежеше стои исправено со рацете позади маж облечен во црна кошула, црни панталони кошулата внатре пикната и мислам и црни чевли имаше, на години околу 50 нека ги имаше, со коса побелеана од по страните а горе на темето проќелавен, и туку само како да "висеше" точно до кучето а тоа пак со опашката само му мафташе лабаво и лежеше не мрдаше (мрза е понекогаш :D) знам дека срцето ми застана ама не напраив никаква реакција туку само продолжив накај улазот и под око го гледав да не тргне по мене, и чудното е тоа што кога се доближив накај него пошо морав право па лево да свртам за накај улазот а тој право ми стоеше, само ја исправи главата и ми се насмеа, каооо од типот ејј види го кученцево ама е интересно...
    Вториот дел шо ми беше по морничав беше тоа што само што влегов во улазот од зградата запалив ламбата и два спрата ги качив за 1 сек. преку три скали,сакав да видам кој е да го погледнам по убаво, луѓе..човекот го фанав покрај дрвата тргнат накај мојата кола кај шо ја оставив паркирана... му ја гледав меѓу листовите и гранките на дрвата само силуетата едвај како одеше накај мојата кола и пошо тука има и трансформатор , ми се изгуби од видикот.
    Од страв шо имам да не влезе од другиот влез на мојата зграда и да ме пресретне одозгора да се искачи (живеам на последен 6ти спрат) тргнав нагоре и несакав да мислам ни кај е ни што е....
    Прв пат во мојот живот се среќавам со нешто овакво... само шо сум влегла во улаз тој тргнал,
    п.с. изумив да спомнам погоре, кога ја фанав кривината пред да влезам во моето маало, да нагласам дека НЕМАШЕ ЖИВ ЧОВЕК знам пошо возев прилично пополека ....
    Што мислите вие ??? сакам да мислам дека биле преголеми случајности ама несакам да мислам како вечерва ќе се прибирам дома хаха ,извинете на преголемиот текст, прв пат пишувам !
    и би ви била премногу благодарна ако не ме правите налудничава ;(:sweat::*
     
    Последна измена: 20 јули 2018
  7. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    680
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба да пријавиш ако почне да те вознемирува (да ти тропа на врата и сл.).
     
  8. chokova93

    chokova93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Да не се подрекувам, од та вечер па наваму нема ништо нити него го имам видено нити ништо.. :)
     
    На RainbowButterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ladu in pink

    Ladu in pink Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2018
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    1.451
    Пол:
    Женски
    Понекогаш ми се случува да помислам на некоја личност и оп после неколку минути ја среќавам на улица не е нешто морничаво но сепек е многу чудно...(ова ми се има случено неколку пати)
     
    На LoveRain му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Телепатија. (мислам)
     
    На Ladu in pink и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    @Ladu in pink не станува збор за телепатија, туку за не/веројатноста на неутрината (и анти-неутрината) да избегаат од нашиот мозок без да бидат фатени од нашите рецептори поради фактот што не се ограничени само во просторијата во нашиот череп.

    Со оваа веројатност тие можат да се пропагираат во главата на другиот човек и да предизвикаат "хакерски" реакции, создавајќи несакани мисловни синџири. :)
     
    На Ladu in pink и kikkki им се допаѓа ова.
  12. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.410
    Допаѓања:
    9.376
    Пол:
    Женски
    Шо ми требаше да го читам ова се во 15 до 5 сабајле жива темница в соба :tmi:
     
    На dfsa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    872
    Допаѓања:
    1.320
    Пол:
    Женски
    Velat deka ako gavran ili onie pticite sto se peat okolu kukata od onie crnite sto se neznam bas,najavuvat smrt,a I otvoren grob I insekt,aj ve molam za mislenje,Bez segi bidejki mi e loso.
     
  14. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека тоа е суеверие во кои луѓето веруваат. Не размислувај за тоа. :)
     
  15. LauraSH

    LauraSH Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2018
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Пред некое време почина мојата баба кога помина погребот и се вратив дома во нејзината куќа знаев дека сум сама легнав на нејзиниот кревет и заспав но ме разбуди чуството како некој ме надледува и не сум сама во собата уште бев и покриена а не го направив тоа сама.Незнаев што да мислам и од тогаш имам потешкотии со спиењето.
     
  16. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    872
    Допаѓања:
    1.320
    Пол:
    Женски
    Ke legnam da spijam I imaam dlaboko cuvstvo koe ke digne od krevet so pomisla deka nekomu ke se sluci nesto.
     
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Не си под дејство на никаква супернатурална или магиска сила, само си анксиозна и мора да посетиш психолог. Ништо страшно или трагично, сите помалку или повеќе минуваме низ такви фази од животот.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    872
    Допаѓања:
    1.320
    Пол:
    Женски
    Se mislam ke pocine nekoj,pa baba mi,Pa dedo mi,sabajle pa na tatko mi pomisliv koa legnav mi dojde misla I dlaboko custvo velam booze ke mu see Desi neso,daj pobrzo da odam do kaj nego da vidam,navecer pak taka mi doaga stanuvam od krevet I trcam dolu kaj baba mi I dedo mi,neso sum kako vo sok,I nekako cudno mi e sve okolu mene,postojano razmiskuvam za toa od koga ke izgubam nekogo kako potoa ke patam I ke se sekavam na ubavite spomeni.:(:(
     
  19. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    872
    Допаѓања:
    1.320
    Пол:
    Женски
    Custvuvam ko da treba da se zboguvam od neso ili of nekogo,cudno se osekaam neznam sto mi e,da napomenam deka moze tri godini piev zepira,heleks,asentra sum piela,bidejki I togas Bev loso,Sega ne pijaam.
     
  20. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Сфатив и првиот пат, и ти повторувам - анксиозна си. Мора да сфатиш дека не боледуваш од никаква сериозна ментална или физичка болест, само мора да се консултираш со некој стручен кој ќе ти даде насока како полесно да го пребродиш периодов. Гатачи и бајачи нема да ти помогнат сигурно.
     
    На candy.cane, theowndemon, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.