Ќерката на вујко ми, значи моја прва братучетка се однесуваше баш ко членкава што пишува на темава. Девојчето без потреба се труеше со лекови 3-4 месеци и нејзините не знаеја на кој начин да и помогнат бидејќи она е затворена личност. Мене ми падна жал да ја гледам така да се затвара во себе и да пропаѓа и почнав да контактирам со неа полека , полека, значи не нападно туку постепено , имав некој женски инстинкт дека сакам со разговор да и помогнам иако не сум физички блиску до неа. После 2-3 недели откако се ослободи за раговор и откако сама си одлучи да се дружи со надворешниот свет како порано, она сама почна да излегува со нејзината блиска пријателка, па со комшивката . Значи не сакаше да се отвори кон своите дома и да разговара со нив, но ете полесно и беше да разговара со мене како братучетка и постепено со другарка и итн. За 6 месеци се врати во нормала, еве ја веке година дена жива , здрава, полна со планови за иднината, позитивна, друштвена. Значи мора постепено да се опушти таква личност. Во ниту еден момент не велам дека тоа е лесно или дека е невозможно, но со мала помош, дефинитивно помага многу повеќе отколку пиење лекови.
Kaj I da odam dzabe e nikoj nisto nema da mi vrati,ubavite spomeni od detatvo,I koa ke umrat Eden den postarite pa I majka mi I tatko mi,pa koga ke imam deca ja maz,neskam to da se slucuva,ke mi fall toa minatoo.
Не си ти во толкава "криза "како неа.(братучетка ми) Она паничеше за секоја ситница, за секаков звук ако слушне околу неа, секогаш беше со чувство дека некој ја следи , дека ќе умре ако излезе од дома. Дури зборуваше и на тема нејзиниот погреб како си го замислува. п.с. Нема повеќе да коментирам на темава бидејќи одиме офф топик.
I jas go zamisluvam pogrebot na baba mi,dedo,tato,kako im go posetuvam grobot,kako placam,kako zakopuvame nekoj,Pa kako sum vozrasna I'm odam u poseta na grob,sonuvam samo grobovi,kalugeri,gi zatnuvam usite koa sviri nekoja ptica so strav deka ke umri nekoj.
Кај мене, на прозор ни чукаше врапче, тоа идеше и со клунот во прозор, лом го правеше прозорот, за жал секогаш најавуваше лоша вест. Или во кујна прозорот или кај мене во соба. Тоа идеше и во текот на денот се некоја трагедија не снаоѓаше.
Девојко нема ништо срамота ако отидеш пак на психолог/психијатар. И пак и пак и пак, се додека не ти биде подобро. До кога планираш да живееш вака и да се жалиш по форуми, место да се обратиш на вистинското место ?
На девојчето му треба стручно лице, не само обичен разговор со рандом особа. Не ти е на место советов, ние не сме експерти, тука сме да ја насочиме да постапи правилно и да побара стручна помош. @Crnookata, како што ти кажаа веќе, клучно и најважно од сè е да сфатиш дека ништо од ова што го пишуваш не е необјасниво и натприродно. Токму поради тоа што идеш во таа насока ти е сè полошо, затоа што си одела на бајачки кои тотално ти ја уништиле психата со нивните лаги. Ирационалните неконтролирани стравови ти се пренесуваат преку потсвеста и во соновите, а тоа што кажуваш со птици и такви работи не е никаков знак, туку само обично суеверие. Сè ова што ти се случува се реални проблеми со кои многумина денес се соочуваат, тоа е психичка состојба - анксиозност. И за тоа ти треба соодветна терапија.
Znaci tie sonovi Sega ne mi see predzkazuvacki za necija smrt,bidejki sonuvam sako grobovi,kalugerki,a velat deka tokmu toa predzkazuvacki smrt vo kuka.
Кој вели тоа? Бабетини од 90 години ? Претпоставувам млада си чим си на форумов. Ќе се поистоветуваш со бабини приказни ?
Сонуваш затоа што кога си будна си преокупирана со такви мисли бе девојче, со тоа „проклетство“ што ти го ставиле во глава гатачките. Соновите не се ништо друго освен слика на нашите реални мисли и психа.
Девојче, дај те молам веќе престани да се опседнуваш со тие сонови, мисли или што и да е. Разбери дека ти сама ги создаваш тие слики во твојот мозок. Си се опседнала со тоа. Еве баш ако сакаш да знаеш, кога сонуваш нечија смрт, ти му го продолжуваш животот на тој што во сонот умира. И не е срамота да отидеш на лекар кога тоа е потребно. Твоите повеќе би требало сега да се загрижат отколку кога си посетувала доктор. И не треба да земаш/ прекинуваш терапија на своја рака. Членките упорно ти кажуваат да се консултираш со стручно лице ти пак со глава во ѕид одиш, гробови та гробови. Крај краева сите еден ден ќе умреме, ама која е тогаш смислата на животот ако ти постојано мислиш дека некој ќе умре??? Наместо тоа, стани од компјутерот/телефонот и оди помуабети си малку со баба ти/ дедо ти/ брат/ сестра/ мајка/ татко.. Направи си убави спомени. Излези надвор на воздух, не мора со друштво да одиш - оди сама прошетај малку. Земи некоја книга прочитај или филм пушти си. Ако не сакаш тоа, прави нешто друго што те исполнува. Само знај дека ако ти сама не се ослободиш од тие мисли и не си помогнеш себе си, се додека вака негативно размислуваш никој од тука не може да ти помогне.
А зошто мислиш на иднината и на минатото? Зошто не мислиш на сега и денес и веднаш? Наместо да одиш да поминеш ден со твоите, баба ти дедо ти, ти ја замислуваш нивната смрт и како тебе ќе ти биде тешко. Кој ќе ти го врати ова изгубено време што го трошиш размислувајќи за работа која што како прво не е ни случена, а како второ не ни можеш да ја спречиш. Арно ама, можеш да одиш и наместо да се плашиш од смртта да поминеш време и да си направиш уште повеќе убави спомени со твоите најблиски. Верувај повеќе ќе ги цениш тие работи тогаш кога ќе ги нема отколку изгубеното време што си го потрошила плашејќи се од неизбежното. На што ќе се сеќаваш ако немаш спомени? Како си плачела по нив кога се уште биле тука наместо да си седиш со нив, да разговарате, пиете кафе? Го губиш скапоценото време на плачење и страв, а треба да го искористиш за да го поминеш со нив. Смени го начинот на кој што размислуваш. Живеј сега и денес, а не во иднината. Остави ги работите да течат како што треба, а не како што ти мислиш дека ќе биде. Ослободи се сама од тие стеги и лоши мисли.
Baba I dedo so nas si ziveat,sekoj den sum so niv,20godini spomeni gradime,I koga ke prestane sevo ova,ke ostanat samo spomenite.
Нема потреба од сега мозокот да си го оптоваруваш со тоа. Имаш ли другарки некои да излезеш со нив? Гледај серија, вежбај. Не мисли на тоа.
Отварам чоколадо и викам ај ќе земам само една коцка. Голтам и викам ај уште една и таа ќе ми биде последна. И одеднаш таа не ми станува последна, туку таа после неа. Голтам и оп пак таа не ми е последна, туку таа после неа. Како да бега последната коцка од мене Чудно, не знам што е работава.