Ај наместо да „мудрувате“ по теми, бидете малку корисни и кажете како да донесам леприкони во мојот дом.
Dali vi se ima sluceno da otidete nekade na gosti i posle toa doma bez pricina odednas vi stanuva loso Glavobolka,povrakanje da nemozam na noze da stojam?Nekolku pati taka mi se slucuvase najprvo ne zaprimetuvav da posle zaprimetiv deka sekogas koga odime a bliska familija mi se mene posle toa mi e mnogu loso .Duri i oni koga doagat kaj nas isto taka mi se slosuva neznam zosto.Epten bliska familija mi se nema kako da gi izbegnam a nisto loso ne mi napravile ama navistina neznaete kako mi e posle toa,za vo dezurna sum togas nemozam bukvalno 2 dena od krevet da stanam .Nekoj sovet?
Може да е случајност, а може и некој од нив да ти мисли лошо (мртва озбилна сум) Баш пробај некој период не се гледај со нив. Да не сте скарани или сте имале проблеми во минатото?Со тебе, со твоите?
Мене ми се има случено неколку пати како во сон сонувам веќе сонет сон, но кога ќе се разбудам мислам,мислам кога сум го сонувала тој сон и неможам да се сетам, всушност никогаш несум го сонувала. Мозокот прави варка.
или она чувство кога во сонот заспиваш и навлегуваш во друг сон...се будиш уствари си пак во сон.. и така може цел ден да го преспиеш, ми се има десено. А и крипи ми е чувството кога си свесен дека станува збор за сон
Ова ми се случи пред 2-3 недели. Си легнуваме со мм да спиеме. Ми студеше малку, а и ногавиците од пижамите ми се креваа на горе па си ги ставив ви чорапите. Баш по тоа знам дека си легнав со чорапи, а не без. И ме буди утрото алармот за на работа, осеќам чорапи немам на нозе, си викам во спиењето сум ги соблекла, се случува често и тоа не е ништо чудно и необјасливо. Се исправам од креветот, погледнувам на земја да си ги облечам чорпите бидејќи не сакам да газам боса на ладниот ламинат и гледам нема чорапи. Барам низ постелнината, мм уште спиеше, се буни што правам, зошто го отскривам, јас кутрата не сакам да згазнам боса на ламинат. И видов ги нема, станав од кревет, тоа е си викам. И таман да го одминам креветот за да излезам од спалната соба ги гледам чорапите од неговата страна на креветот, еден до друг, убаво наместени. Е сега необјасливо ми е како стигнале таму? Го прашав после тоа мм дали тој станувал и ми ги преместил чорапите, тој ми вели не, и уште будала ме прави, како демек што барал тој да се занимава со мојте чорапи на сред ноќ. Еве јас да аум станала да сум ги соблекла, зошто да ги оставам од неговата страна на креветот? Тој ми вика во сонот ги имаш собчечено и фрлено, па таму паднале. Е како и двата така паднале убаво наместени еден до друг? Е сега, или имаме духови или некој месечари. Ама сами таму не стигнале.
И се чудам зошто еден дух би се замарал со моите чорапи? Можда имал фетиш за стапала. Ако го начекам пак да ми мати нешто со чорапите ќе ти го пратам.
Да, знам за тоа. Сакав уште одма кога се вселивме, ама ме премислуваа постарите роднини во смисла: исчади си сама со темјан и попрскај си со крстена вода, поповите за пари само биле, 2000 ден. наплаќале за осветување, тоа нова мода било, порано никој не осветувал па сите здрави, живи израснале, ништо не им фалело...
А и сега ми текна нешто од детството. Не е поврзано со духови ама мислам дека не е оф топик затоа што е необјасливо. 2001 год. За време на војната, јас трето одделение, брат ми уште помал од мене. Бевме во викендица, надвор од градот, цело лето таму го поминавме, татко ми се криеше за да не го мобилизираат. Игравме со брат ми по ливадите и наидовме на огромен мравјалник. Не можете да си замислите колку многу мрави имаше. Низ викендичката се зафрлаше едно големо дупнато тенџере, го зедовме со брат ми и го наполнавме со вода. Од дупката течепе тенок млаз вода па на тој начин го полневме мјаварникот со вода. Бевме решени да се удават сите мрави од мравјалникот. Цел ден го поминавме со давење на мрави, газење, копање на земјата кај што беше мравјалникот. Сотрувањето на мравите ни беше мисија тој ден. Рално немавме друга работа, изолирани од цивилозацијата, без телефон, телевизпрот фаќаше само МТВ 1, МТВ 2 и евентуално собранискиот канал. Во 7 попладне гледавме Есмералда, па во 9 часот- Џери Спрингер. И толку од телевизија. Благодарение на Џери за прв пат во животот осознав дека на светот постојат геј луѓе и трансексуалци. Да се вратам на мравките.... помина денот, лргнавме да спиеме. Имавме два кревети. На едниот спиевме јас и мајка ми, а на другиот татко ми и брат ми. Се будам на сред ноќ бидејќи осетив мајка ми како ме соблекива, ме чисти, ме брише... се погледнувам, целата ме лазеа мрави. Дури и во гаките имав мрави. Ме исчисти мене, сменавме постелнина, нови пижами и пред да се вратиме на спиење, мајка ми забележа дека и брат ми е во истата состојба, црлиот го лазат мрави. Ние пред да си легнеме, се пресоблекувавме во пижами. Немаше ништо на нас. А и бидејќи цело лето бевме таму, претходно се немавме соочено со проблем да наидеме на мрави внатре во викендичката. Или мравите се одмаздољубиви, или се работи за карма. Па не ми текнало некогаш да изгледам некој документарец за мравите, да си ја објаснам ситуацијата што ни се случи.
Абе и јас го имав тој едно време, ама ме напушти, ми се налути нешто и сега со овај новиот се расправам.