1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неоправдани изостаноци

Дискусија во 'Канта' започната од Milena2003, 15 декември 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Таа матична ако некој ја пријави дека ти дава опавданија од ракав огромна казна може да плати. Или ти е роднина или родител те покрива. Веќе никој никому не прави услуга па услуга што може скапо да го кошта. А по ова се што пиша,најарно е да си разговараш со психолог. Си имаш проблем некој не е само досада во прашање. Си знаеш сама што е проблемот.
     
    На Victorian, PaLaVa, crimson и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Milena2003

    Milena2003 Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Зошто мислиш да разговарам со психолог.
     
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.427
    Пол:
    Женски
    Или класен испит, или бркање од школо ти е работава. Никаков професорски трик. На толку бегање би требало да го знаеш ова до сега. :D
     
  4. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    Ич не се секирај. Утре ќе имаш топ работа и ќе им се смееш на сите тие будали што иделе у школо и учеле, а ќе бидат невработени.
     
    На Indiegurl, Crnookata, Meckicja и 19 други им се допаѓа ова.
  5. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    26.540
    :bow::bow::bow:
     
  6. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.785
    Допаѓања:
    17.746
    Во 12 години одење на школо, да соберам 190 изостаноци сигурно немам направено :tmi:

    Ај може ќе ти дојде паметот, после класниот испит :nod: И да, појди си разговарај со педагог/ психолог во службите, ако досега не си била. Може ќе ти помогнат.
     
    На Victorian, realGirl, Feminka22 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Не бе, бегај си. Гајле ти е. YOLO
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Ти одговорила веќе некоја пред мене.Сепак твоја одлука.:)
     
    На Antolinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    А што мислеше ти, секој втор ден да земаш оправдание од матичната, така до крајот на годината. Другите будали се, ќе одат на училиште, а ти ќе правиш што сакаш. Нема така девојче, тука постојат правила кои треба да се почитуваат и граници кои не смеат да се преминат, а ти си веќе на прагот да ги преминеш.
    Многу изостаноци за толку кратко време, уште не е дошло ни полугодие. Најдобро разговарај со петагог како што ти кажаа феминките погоре.
    Според мене класен испит не ти бега, а и до крај ќе мораш да бидеш редовна, може тогаш ќе ти дојде паметот.
     
    На Asistentkа, Feminka22 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    На клада ја ставивте ко ниеднаш од час да не сте избегале, па и на психијатар ја испративте.|(
    Де факто е дека малку си претерала со неоправданите, иако ретко да бркаат од школо баш заради ова ама не ќе биде лошо да припазиш малку ако нејќеш да си имаш работи со опомени, служби, директори и сл.
    На никој во школо не му се седи (знам и по себе колку сум бегала, и јас по толку оправдани имав ама неоправдани никогаш над 10) ама ништо претерано не е на арно.
     
    На Milena2003 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.785
    Допаѓања:
    17.746
    @Monna.Monna Некако индиректно прозвана се осетив со постот, па да одговорам.
    Психолог и педагог од службата и не се толку страшна работа, да појде да ги посети да зборува со нив. Психијатар никој не спомна колку што гледам во темава.

    Сум бегала со усул, сум отсуствувала и тоа со усул, ама олкава бројка на изостаноци во едно нецело полугодие не можам да разберам. Испаѓа како месец дена воопшто да не била нашколо.

    Не знам каде не бркаат, ама во класот имав двајца што беа преместени од една гимназија во друга. Оти многу редовни биле па, ги донесоа кај нас.
     
    На Mishela, Victorian, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    133.038
    Пол:
    Женски
    По правило ако отсуствуваш 1/3 од вкупниот фонд часови тогаш одиш на класен испит. Пример ако фондот на часеви годишно по еден предмет е 72 часа ако на 24 не отидеш тогаш одиш на испит по тој предмет.

    А како тоа те мрзи да СЕДИШ? Замисли колку ќе те мрзи коа ќе треба да работиш? :headbang:
    Татко ти ја потпиша казната и дома никаква казна, советување не доби?
     
    На YoungandBeautiful, PaLaVa, Justicija и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.706
    Допаѓања:
    42.925
    Пол:
    Женски
    Првин ќе добиеш усна опомена од класен раководител па писмена мислам па опомена од совет или намалено добро поведение па намалено доволно или не знам како а после 25тиот автоматски те испишуваат.
    А по најново баш кажа класната после ВКУПНО 100 изостаноци (оправдани и неоправдани) оди родителот на советување.
    Мисли му ја.
     
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.706
    Допаѓања:
    42.925
    Пол:
    Женски
    Психијатар е едно а педагог/психолог во школо е друго..
    Башка треба да иде да каже шо е работата 3 деца имав од клас со сериозни повреди беа тек крај на септември почнаа со школо па пак имаат помалце од 100 оправдани.
     
    На Asistentkа, cresa-jagoda, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    133.038
    Пол:
    Женски
    Ако дневно имате во просек 6 школски часеви, значи неделно имате 30. Ако земете во предвид дека месечно има покрај викендите уште по ден - два неработни, значи 100часа се скоро еден месец, 3 и пол недели. Од септември до сега едвај три цели месеци има без неработните денови. 100 изостаноци ако имаш без причина значи стварно претеруваш, не може секој трет ден да си болен. Тие што стварно се болни толку време, отсуствуваат ради повреда или операција имаат и усно известување од родител, и потврда од матичен и потврда од специјалист И :!: се континуирано отсутни а не кога ќе им текне. Да сум класна не прифаќам оправдание ако родителот не ми го донесе. Ако не го срам па возрасен човек да лажи и правда дете ете нека лажи.
    другарче мое имаше оправдание од доктор, ради некоја си дијагноза секој петок дека прима терапија и не присустува на настава, родителите на работа, тој си спиел дома. Оправданието извадено без да знаат родителите. Ја среќава мајката класната и ја прашаува како е син ми, Класната и вика ,,океј е, не е проблематичен, се труди колку може, сеа тоа што ете не е добар не е по негова воља, ај белким ќе си оздрави,, :( Мајката вака :^):^) Што му е на син ми??? И класната објаснала. Коа ги споиле коцките излегло дека човеков лажел :D
     
    На Victorian, PaLaVa, mode-kristina и 5 други им се допаѓа ова.
  16. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Како што кажаа погоре класен испит се полага со недоаѓање на 1/3 од вкупниот фонд на часови. Инаку, за бркање несмеат да те избркаат (барем во мојот град беше таква практиката), познавам два случаи не само поради отсуство еден требашр да го избркаат бидејќи поголема беља направи, ама професорите (посебно класниот мој кој ми беше класен во прва и втора) баш него го штитеше бидејќи кај татко му во неговите угостителски објекти беше частен и частен... Втор случај, девојче од сосема друг крај на МК дојде кај нас во четврта година да учи (зборам за средно), значи раздалеченост од местото од кадешто дојде 200-250 км. Таа исто така отсуствуваше премногу, па и таа немаше скоро никакви последици. Инаку, таа отсуствувајќи правеше (и тоа беше јавна тајна) социопатолошки работи. Ја гледаа во автомобил со повозрасни, по обложувалници и сл...
    Отсуството твое од училиште девојче има причина, тоа е несомнено. Само прашање е дали причината е во самото училиште или надвор од него?
     
    На Asistentkа му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.706
    Допаѓања:
    42.925
    Пол:
    Женски
    Извини како тоа НЕ СМЕАТ да ја избркаат?Па институција е тоа плус задолжително е образованието.Не е школото она екскурзии да си прави, сите сме бегале и ја бегам ама со усул.Ама извини молим те 26 неоправдани ти се 5 нецели работни дена.Не и се седело извини бе..после прост народ имало епа ќе има тоа е.
    Кузнае кое детенце трола овдека ја нема да се јави.
     
    На Asistentkа му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.659
    Допаѓања:
    18.998
    Пол:
    Женски
    Лелееее ... Вчера баш најдов писмо што сум го скрила , од школото пратено опомена пред бркање и да се јави родител кај класниот :worried: Јас со поштарот бев договорена ако има писмо од школо директно мене да ми го даде (ке му дадев 100 денари за возврат) , тогаш во далечната 2008-2009 година префрлиш 25 неоправдани и леташ :worried: бев и кај директорката со спремани документи за да ме брка :worried: Со докторите од нервно до интерно до хирургија си бев пријателка :worried: ова со директорката толку јако ме здрма што од тогаш бев најредовна , бев голем бунтовник, пубертетот ептен во глава ме имаше удрено , плус и друштвото ми беше такво , така да :D.
    Од после ми дојде мене паметот па некои се чудат како го променив животот (посмирен )
    И да ти кажам девојко не те зафркаваат туку сериозни се !
    Како што кажав во мое време со над 25 неоправдани леташ , со 200 оправдани школото свикуваше совет и комисија за да ученикот да полага пред комисија ...

    Ајде прибери се и биди редовна у школото , штом се смирив јас ке се смириш и ти :lol:
     
    На buba4e89, Mrs.Brain и Asistentkа им се допаѓа ова.
  19. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    133.038
    Пол:
    Женски
    Ниму да излезе на крај дете дојди, ни пушти вода па ние очи да си вадиме

    Инаку колку што знам ради 26 неоправдани не може да те избркаат ако само неоправданите се проблем. Поголема беља треба да имаш направено.
     
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.405
    Пол:
    Женски
    Во моето средно школо беше строго, ако направиш повеќе од 25 неоправдани бркаат, значи 26тиот автоматски ти е пресуден. Затоа кутрата класна колку се трудеше на тие бунтовниците да му оправдува, реално имаа 40 ама само 25 од нив неоправдани другото оправдано. За влакно ќе беа избркани ама ај. Така да како што ти рекоја погоре заозбили се и оди нашколо. Заврши го барем средново, за твое добро, факултет не мораш. Јас во цело средно имав еден неоправдан и неколку оправдани кога ќе бев болна. Не велам дека бев некоја јака бубалица ама кога не ми се седеше едноставно се ослободував поради некоја причина, не го правев често тоа па професорите секогаш ме пуштаа. Издржи заврши си средно, тие денови нема да ги доживееш повеќе во животот.
     
    На Meckicja и Feminka22 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.