Животот е пред мене. Се дур сум жива постои шанса моите желби да се исполнат, секако со сопствен придонес во тоа.
Да имам базен во двор,да одам на Јамајка,да пијам коктел tequilla sunrise и да лежам на мрежа под палма .
Уф, да е една. Не за џабе се рекло дека болниот има само една желба, а здравиот илјада и една. Да сум жив и здрав јас, еве некои од тие: -Да посетам некои мои омилени дестинации -Да се тетовирам -Да се сликам гол (професионални фотки) -Да си купам кола -Да имам свој стан -Да идам на концерт на мојата омилена пејачка -Да се оженам -Да имам три деца... Ај, доста е. Да не претерувам многу.
Да научам да свирам на клавир. Многу ме воодушевувал отсекогаш овој инструмент. А и заљубена сум во класичната музика па така тоа ми е останато како нешто што сум сакала многу да го достигнам ама не сум се нафатила. Се надевам ќе биде во иднина.
Неостварена желба ми е да таквите од калибар на @Jacques конечно да е*нат нешто, па помалку да си ги лечат комплексите на ,, социјалистичким мрежама ,,,... И особено да престанат да се обидуваат да ни прават нам жениве на форумов обиди за grooming, преку понижувања и омаловажувања, само да се представат себеси како мнозинство и нешто нормално, па да им се зголемат женските на лагер... ФМП
Животот е долг и пред мене, како што кажа една членка погоре. Најпрво сакам да го завршам факултетот, да се омажам за дм и да оформиме семејство. Да ги изведеме децата на прав пат и да имам успешна кариера. Сето тоа ќе одземе голем дел од мојот живот, секако. Но, затоа пак... Пензионерските денови би ги трошела на патувања, шетања со внучињата. Кога знам дека сум го изодела својот животен пат онака како што сум предодредила и замислила.
Да положам за кола. Знам дека евентуално ќе се исполни, ама сакам што побрзо да се заврши и да можам конечно да возам мини морис