Да патувам многу. Да ја најдам љубовта на мојот живот Да станам успешна деловна жена Да одам на некој голем рок концерт Да скокам банџи џампинг Толку
Некако кога ќе размислам па и немам некоја конкретна неостварена желба која ми е да речеме како водич низ животот и за која се трудам да ја исполнам, можеби имав ама си ги остварив ,а тоа беа да си завршам факултет и да се вработам на некое место што ке ме исполни , си најдов дечко со кој што ми е супер. Но секако дека имам некои желбички , да си прошетам по светот - т.е по местата каде што не сум била , но тоа не значи дека нема да ми се оствари
Да пропатувам низ светот (но имам време сеуште сум мала) Да издадам своја книга збирка поезија Да имам крај себе другарки,со кои ке умеам да се забавувам..... и мн други сега не ми текнуваат но еве овие се некои кои први ми паднаа на ум
Неостварена желба ми е да пливам со делфини. Да одам на концерт на Guns'n'Roses. Да патувам со воздушен балон.
Една од многуте, да живеам во посебен стан. Помислата на толку чиста, смирена средина, каде се е под конец ми буди насмевка на лицето. Патетично, знам.
1. нааајголема: да живеам сама !!! 2. никогаш неостварена: да имам биолошка сестра 3. да одам на Хаваитееее.
Најголемата неостварена желба ми е да отидам на некои места за коишто отсекогаш сум сонувала. Да подобрам некои особини од којот карактер, да можам повеќе да им помагам на луѓето што ми значат. Да ги откажам цигарите. Да имам работа од соништата.
Неостварени желби колку сакаш да го прошетам цел свет,особено на романтичните места, да возам ферари ама ваа желба нема да ми се оствари никогаш потоа да си имам едно кутре лабрадорче и тн. и тн. сега во моментов не ми текнуваат
Си имам неколку неостварени желбички, па да почнам: -да го заобиколам светот, односно да го прошетам целиот, пат околу светот. Да нема место кое што нема да го знам! -да летам! не со авион, него како птиците со крилја -да го сменам корисничкото име -да имам некое кученце -да има мир низ светов!
Да почнам да размислувам на таа тема имам многу неостварени желби па еве неколку: - да имам телескоп - да го прошетам целиот свет - да одам на концерт на Beyonce и имам уште многу, се надевам во иднина ќе ми се исполнат некои
Неостварена желба ми е да заминам странство . Да се вработам таму и таму да основам фамилија . Тоа е така од повеќе причини , нема да должам сега тука ама тоа ми е една од најголемите желби .
Пола од мојата желба ја напиша firequeen Моја желба како неостварена моментално.. добра работа каде шо ке можам да градам кариера пред се, станче за мене и саканиот , и пред шанса да прошетам шо е можно повеке места во светов! Ау да.. да го посетам Њујорк! http://www.youtube.com/watch?v=aqlJl1LfDP4
неостварени зелби -да дипломирам -да се вработам -да си основам нешто свое(козметички салон или за почеток мала фирма) -да имам свој дом(стан, кука) -да поседувам свое возило -да шетнам по светов малку Италија, Шпанија, Франција, Хаваи) и многу други зелбички кои чекаат да бидат реализирани се надевам во блиска иднина
Неостварена желба ми е да се вработам Спојлер многу се трудам околу желбава ама тешко ми иде Да имам стан/куќа, кола, да немам проблеми со здравјето, да си родам близначиња (првин да се омажам де). Да си имам пари да идам на одмор и сега за сега тоа