Да идам на Бали витх мај бејби најпрекрасно ее се надевам дека еден ден ќе бидам дотолку финансиски стабилна само колку да отидам..А да и среќа на мајка ми и сестра ми..^^
Да одам на некој натпревар на Федерер Да одам на концерт на Бијонсе Да одам на Сан Сиро и да го гледам мојот омилен тим Милан
Добро ќе беше една да е... Да ја прошетам цела Европа... уште многу има бре,али ај сеа да не набројувам.
Да студирам или работам во некоја европска држава....а може и Австралија. И да работам на струката...да развивам апликации за е-бизнис
Имам многу неостварени желби, ама знам дека со доволно напор и љубов би можеле да се остварат, според мене ништо не е неостварливо и невозможно.. освен една желба која никогаш не би можела да се оствари а тоа е да патувам низ времето.. ех си викам, би дала се за да можам да се вратам назад во минатото неколку века.. да ѕирнам како живеел народот, да запознаам неколку историски личности.. е тоа е единствената искрена и невозможна желба за жал.
Моментално имам само една, единствена желба = да најдам што побрзо работа. Тешко оди, бидејќи многу огласи се лажни, а и премногу преваранти во државава
Да завршам факултет Да си најдам работа Да си ја најдам љубовта на мојот живот Три работи кои сега-засега ми се предизвик во животот.