Здраво девојки, во кратко ќе ви раскажам за што станува збор па очекувам од ваша женска страна некој совет да ми дадете или бар да го оцените ова што се случува... ви благодарам однапред на сите одговори! Се запознав со една девојка и веќе подолг период комуницираме на "другарско" ниво, но и двајцата јасно знаеме дека имаме одредени симпатии еден кон друг. Според нејзините кажувања, станува збор за побожна девојка, која живее морален живот, но и по самиот начин на разговор можам да го приметам тоа. Јас сум иста особа како нејзе, од секогаш сум ги сакал искреноста и добрината на една особа, па затоа и самиот сум таков апсолутно секогаш. Кога сме збореле за сексот во врските, нејзинот поглед бил дека ќе се чува до брак, и јас искрено ја поддржувам во тоа затоа што и самиот јас живеам таков начин на живот. После извесен период дојдовме до тема, дали сум имал односи и бидејќи сум бил апсолутно секогаш искрен спрема нејзе, и кажав така како што е, и кажав дека не сум имал односи, бидејќи живеам живот за љубов, а не сум особа што ќе одам и ќе задоволувам страсти со разни девојки. После тој мабет, осетив дека девојката почна некако да се дистанцира, осетив дека го губи интересот, па ми падна чудно во што би можело да е проблемот, кога сум апсолутно искрен спрема нејзе. Во краен случај и таа самата се претставува како побожна особа и особа што би се чувала до брак. Дури во неколку наврати има кажано дека и она очекува од животот дечко како нејзе... ваше мислење?
Можеби ти мислиш дека е тоа причината оти се дистанцирала, но можеби нешто друго е проблемот. Според мене не гледам причина за дистанцирање само заради тоа што не си имал односи. Може и не се претставува онаква каква што е. Најдобро е искрено и отворено да ја прашаш зошто нема повеќе интерес за тебе.
Прво што помислев е тоа, да ја прашам, но не би сакал да ја навредам како личност, да не ми биде погрешно разбрано прашањето од нејзина страна. Малку шкаклива тема е во прашање, а не би личело да и кажам, као , дали ти ради тоа и тоа се дистанцираш, еден вид на навреда е од моја страна. Ипак ја ценам како личност бар според тоа што го кажува она за нејзе.
Немораш директно да и го поставиш тоа прашање али можеш да и кажеш дека чувствуваш дека веќе не е блиска со тебе како претходно или дали има нешто што и смета кај тебе...онака чисто муабет да направите. Ако е искрена ќе ти каже какви намери има со тебе.
Работата не е за другар, со мене разговара апсолутно за се што се такви теми, буквално се. Но се осеќа драстично дистанцирањето од нејзина страна. Ништо друго не се десило освен на тој разговор што сме дошле. После тој разговор се приметува незаинтереисаноста од нејзина страна. Искрено изненаден сум од осба што изјаснувала исти животни цели, ајде сите сме различни и сите ги разбирам, секој си го живее животот на свој начин, но особа што самата тоа го промовирала, кога слушнала од дечкото дека и он е таков, нагло да изгуби интерес...
Искрено ми е жал што не се цени искреноста во луѓето... зошто треба да се лаже за да се биде ценет? Најлесно нешто што може да се направи е да се излаже како што голем дел го прават тоа, но каде е тука искрената љубов? Барем машките физички не губат невиност, и да се излаже нема да биде приметено, но зар нели е поубаво кога се сака некого да сае биде искрено кон таа личност?
Не би да ширам негативна енергија, али мое мислење е дека девојкава е фејк. Малку се преправала, најверојатно зошто си и се свиѓал на почетокот, па као не ова и не она, а уствари вистината е дека очекувала можеби да си ти поинаков од тоа што си. Тргам од себе, истите ставови, желби и размислувања на другата страна можат само повеќе да ме доближат до човек. На пример да си помислам ‘еј, види колку сме нереално слични’ и тука да си направам десет сценарија у глава како стоиме заедно пред олтар. На пример кажувам. Али она може малку се преправала, па после скопчала дека ти си стварно фин и добар, барем подобар човек од неа, па си помислила може треба да се повлечам додека е време и никој не е разочаран.
Навистина го ценам одговорот што ми го даде, сите можности се вклучени, не можам со 100% сигурност да кажам дали е вака или така, јас секогаш тргнувам од себе и ја барам кривицата првен кај мене, па кај другите, затоа што тоа што е до мене можам да го сменам, а кај другите не. Искрено не би сакал да верувам дека е фејк (што не е исклучкок како што кажа и ти самата), едноставно останав зачуден од тоа што се деси. Има различни типови на момци што се невини, некој од нив затоа што немале можност (а радо би), некој од нив затоа што се срамежливи и трета категорија (во која што ја припаѓам) едноставно се ценам самиот себеси, па така и другите и не сум видел никаква потреба да имам однос со девојка која не планирам да ми биде жена. Е сега тоа не знам дали може да се разбере од денешен аспект кај што "нормално е секој со секоја" и особено живееме во век кај што човек да има однос со девојка не е апсолутно никаков проблем. Како што има момци што не се ценат, и апсолутно на секоја одат, така има и девојки што не се ценат и одат со секого... да не бегам од темава, јас искрено не гледам ништо интересно да се има секс со особа што не ти значи ништо во животот, или во превод што не ти е жена. Живеам морален начин на живот, на девојките гледам како личности со свое достоинство, а не како секс објекти, секоја девојка е нечија ќерка, па така и го ценам тоа и го гледам.
Девојкава е идиот што те пропуштила ако имала исти ставови како ова што го пиша. Нека ја рокне некој сељак, па ќе и стане јасно дека за џабе се чувала, а јас ти стојам на располагање за пијачка ако нишо друго Се шалам, али поентата ми е не вреди да лупаш глава, убаво ти пишале девојкиве отворена комуникација е клуч за се’. Пробај прашај ја што се случило, зошто се дистанцирала. Ако видиш дека пак нешто се мисли и почиња да те мотка, батали скроз.
Така уствари и се приближивме еден кон друг, баш поради истите ставови, безброј пати до сега ми има кажано дека начинот на кој што јас размислувам и гледам во животот е реткост и дека такви момци ретко се сретнуваат и наводно тоа го цени она, а мене ми се допадна тоа што имаше разум да го препознае, од истиот аспект и јас ја засакав нејзе како особа.
Ме интересираше мене дали за една нормална девојка што се цени самата себе, може сексот да биде пред почитта, љубовта, искреноста, харизмата, добрите манири и грижата? Факт е дека сексот уствари уживањето со особата со која си решил да го живееш животот и како такво имам апсолутно позитивно мислење, но животот не е составен само од секс, ипак мислам дека има исто други битни работи, бар ја така гледам. Еве и вас ќе ве прашам како девојки, спротивен пол сме, што е најбитно кај нормален дечко?
Не знам колку години имаш , ама "морален" живот не е по дефиниција да немаш секс до брак. Чак мислам антитеза е на тоа. Оти после може да откриеш дека воопшто не си компатибилен со тој /таа со кого си, па да тргнат проблеми.
Го ценам мислењето, ја морален не подразбирам до брак, доволно е да е нормална во мозокот особата и без разлика дали имала еден-двајца претходно, ти ја разбирам поентата на мислењето дека неморален е тој човек што оди од една на друга особа (пред брак и во брак), но ако веќе гледаме детално тогаш не можеш да го посматраш тоа "морален" до барк и после брак, затоа што која е разликата ако една особа била со 2 до брак и била со 5 до брак, кога во бракот, ќе биде со сосема нова личност? Како и да е да не бегаме од темата, не сум фанатик што гледа на тие работи така (ако мислиш на тоа), секој си го живее животот како што мисли дека е правилно, јас ги ценам сите затоа што тоа е нивни начин на размислување. Многу имале по неколку девојки пред жената, па кога стапиле во брак си ја сакаат жената и не ги интересира други, и тоа може да се заклучи исто под морален, но тука е друго проблемот хахаха, се надевам дека ги прочита погоре мислењата, па ме интересира и твое мислење поврзано со случката, фала ти многу!
Вака..од аспект на женско размислување според мене (значи мое мислење што не мора да е така) и погоре пишав не мора да значи дека дистанцирањето е како резултат на муабетот за секс. Имаш пишано дека имате еден спрема друг симпатии, можеби очекува нешто повеќе, да го направиш првиот чекор и да и ги признаеш чувствата, може не сака да сте само другари. Друга работа е што ако до сега сте имале искрени теми на разговор нема зошто да и пречи таа тема. Ако има искрени чувства за тебе сигурно нема одма на таа тема да се повлече баш напротив ќе и биде мило што имате исти ставови. Исто имаш пишано дека е девојче на место и ако е така нема да се повлече одма туку ќе те разбере и ако нешто и смета секако ќе ти го каже. Верувај ми дека така нагло не се губи интерес. Можеби сето ова има позадина некоја која што ние тука не ја знаеме па макар да пишуваме мислења и совети до утре нема да ти помогнеме. Мораш да разговараш и морате да решите на што сте. Поздрав
Многу е номрлано дека секое машко треба да го направи првиот чекор, и го имам направено и она е свесна за тоа, не сум добил негативен одговор, но и не целосно јасен кој што влече повеќе на ДА, симпатиите се и повеќе од јасни бидејќи секојдевно комуницираме како дечко и девојка. Други работи во позадина се немаат случено, се што се десило сум изнел во јавност. Јас останав зачуден окулу фактот дека може да биде пресудна работата за тоа дали човек имал односи претходно или не... посвавив погоре прашање, повторно ќе го поставам, вие како девојки, што е најбитно кај нормален дечко? Може ли тоа да биде толку многу пресудна работа?