Пред три години купив стан. При склопувањето на купопродажниот договор на Нотар, добив белесша од катастар дека станот не е оптоварен со никакви долгови. Покасно открив дека неколку години не биле плаќани комуналните сметки. Сметките се на име, не на поранешниот сопственик на станот од кого го купив, туку на некој кој живеел тука порано. Комуналните претпријатија одбиваат на сметките да ме стават мене како сопственик додека не се платат старите долгови кои не се мои. Дали некој може да ми каже дали морам јас да ги платам овие сметки.
Не си должен да платиш, ќе му се јавиш на продавачот и ќе побараш тој да ги плати, но ако не сака да плати, тогаш за да имаш чиста состојба за да не дојде утре до исклучување на комуналната услуга, и за да не ти предизвика дополнителни трошоци во тој случај ќе треба да ги платиш сметките, а после од продавачот ќе бараш регрес или надомест на штета, вака однапред не можам да кажам додека не сум запознат поконкретно со фактичката состојба, инаку, продавачот гарантира дека спрема станот е се чисто и во поглед на сметките, треба тоа да го пишува и во договорот за купопродажба, само го пишува поинаку, не баш со тие зборови. За подетално пиши ми во порака.
Господ нека ти е на помош, изгорена сум од туѓи неплатени сметки- затоа ова ти го кажувам. Барај добар адвокат, растчај се барај поранешни газди, прај што ке правиш само не се надевај на помилување и простување на долговите, си ги наплаќаат така или вака и ништо друго не ги занима. Јас бев со исклучена вода и тоа у сред Скупјето наше.
Не си должен ти да ги плакаш тие сметки, прво не се ни твои за да ги плакаш. А друго најди го тој што си живеел тука предходно и нека си го исплати целиот долг што си го имал.
А да викнеш медиуми и да се пожалиш? Да се јавиш во телевизиите, се знае дека телевизијата е најмоќен медиум. Нели по закон сметки постари од 1 година застаруваат? Јас не знам какво е ова беззаконие во Македонија. Ако не биде со медиуми, најди добар адвокат и тужи го претпријатието кое ти бара да платиш туѓи долгови.
Тужи катастар, и претпријатијето. Што те малтретираат за стари долгови, и зошто катастар издала дека е се ок кога не е?
Дечки знам дека имате добра намера, ама веќе пишав и погоре,јас сум паталец во ова и знам што зборам. И јас не бев должна ништо ама си платив 10 000 евра фино лепо оти вода на таа адреса исклучија и ништо друго не ги занима. Да не го плашам дечково, ама лоша е работава
Броилото ќе си остане на тоа име како што е и до сега, не мора да биде на твое име, а ти ќе си ги плаќаш тековните сметки откако си вселен во станот.
И за две/три години ќе му тропнат извршители на врата, со дебела сума и камата врз камата за тој долг, што да направи тогаш?
Не можат на него да му тропнат кога сметките се водат на друго лице. Затоа и не сакаат да му сменат сопственост на броилото.
И кај мене броилото не беше на мое име, па дојдоа исклучија вода и рекоа оваа адреса не заслужува вода и рекоа платете па ке ви приклучиме вода - чао пријатно.
Очигледно не се разбираме и нема да се разбереме..... За кој суд за кој устав ми кажуваш во оваа банана држава, јас ти кажувам без вода седев 4 месеци и тоа на сред Водно живеам ти ми пушташ правила у државава ко некој да ги поштуе. Да не ти даде господ да одиш да ги молиш, нарочито оние у водовод-цела мафија се. Поздрав, секое добро.
А поранешниот сопственик на станот знаел дека станот има неплатени долгови за комуналии кога го купил ли?, и покрај тоа го купил и сега не ти кажал на тебе дека станот има долгови што значи те измамил, мислам дека постои правна основа за тужба овде ама не верувам дека ќе успееш нешто за брз рок да направиш, сепак треба ти да го платиш долгот, па после рефундирање да бараш за кое можеби и со години ќе одите по судови..
Моите кога купуваа стан, бараа нешто како извештаи дека се е платено. Прво се проверија, па после се одлучи. Овде најдобро е да побараш правна помош, не е логично ти да плаќаш туѓи долгови.
Значи од ова што го прочитав, најпаметно е да не се купува стан на старо? Ако веќе се купува на ново, барем знаеш дека си ти прв сопственик и крај. Опасна работа. Абе може да купи човек стан па на крај да испадне дека е под хипотека или слично. Се е можно овде. И како тоа издале документ дека се е платено, а имаат долгови? Значи тој што продавал може имал врски во катастар па му средиле. Со врски се се може овде, за жал. Или ако се купува преку агенции е посигурно? Во смисла проверуваат да не има некои долгови?