Кај мене беше друг случај малку, свекорот не плаќал сметки 5/6 години. Требаше или маж ми да се откаже од наследството и да се исели - или да си платиме. Сепак може и да си во право за стари станови, треба за се да си внимателен, се има во оваа наша државичка.
Друго е товар во катастар што се проверува, а друго се овие долгови. Овие се проверуваат преку комунални прептпријатија.
Тоа е веќе друго. Не е ист пример со човекот. Значи мои роднини се инатат и еве 18 години по починување на баба ми не е поделено наследство, а за тоа време данок на имот никој не плаќа. Утре кога ќе треба да земам наследство една соба во распаѓање, и една нива која никој не би ја купил на село. ооо па ќе се откажам од тоа наследство, сумата за данок на имот си стои неплатена. Кога наследуваш имот, наследуваш и долг. Не ми треба. Твојот пример е поинаков од овој на човекот. Искрено, свекор ти е крив и вие сте платиле вода која вашето семејство ја трошело, а тој треба да плати она што не потрошил. Само медиуми, па потоа тужба, оти мора да се стави ред во оваа држава. Само некој јак адвокат да се најде. Зошто да плаќам туѓи долгови, каде тоа го има?
Базен да имаат колку олимписки па не може 10 илјади евра (над 600 000 денари) вода да треба да платат. Класично крадење, а понекогаш и самите извршители одолговлекуваат за каматата да расне, и да дојдат до пристојна сума за нив за да извлечат после. Башиболзук, крадење и самоволие како никаде на друго место.
Прво појди си во комуналното и барај да се видиш со шеф или директор, никако со обичен вработен. Кажи дека туѓи долгови нема да плаќаш. Настапи строго, а ако се прават паметни и не сакаат да помогнат закани се дека ќе викнаш телевизи и викни навистина. Нема што да ти е срам, нив нека им е срам, а ако и тоа не помогне тужи ги. Но, добар адвокат најди.
Катастар не води евиденција дали во станот е плаќана струја/вода/Интернет/парно/одржување. Сосема други товари се забележуваат во катастар. Така да нема врска катастар со заостанати долгови од неплатени сметки.
Ние кога продававме пред некоја година при потпишување на договорот кај нотар доставивме и сметки за вода, парно и струја, на нив се гледа ако има заостанат долг.. Плус тоа во евн одма го одјавивме броилото од наше име.. водовод малку влечкаа .. Не се криви тие што продаваат, видел дека не се интересираш и ете.....тие што купиваат треба мнооогу да пазат. Денес нема чесност...
Да ви кажам нас како не зезнаа за струја. Бидејќи имаше голем долг, мајка ми побара детален извештај од кога не е платено и да плаќа на рати, откако отплати, отиде и побара повторно извештај дека се е платено и нема останато никаков долг. Да речеме, дека на извештајот пишува дека има долг од 2006 па натака.. Продадовме куќа се се заврши. После некое време на врата извршител. За што, струја. Неплатена сметка од 2005!!!! Како, како еве ги извештаите. На извештајот на мајка ми каде бара да плати се пример датум 21.06.2010.. предмет пуштен на извршител 22.06.2010??? Оди пак у евн, нема долг и викаат... Тоа предходно било пуштено бла бла... А дативе? Ни опомема, ни ништо. Никаде не стои вооошто таа една сметка како неплатена. И така нормално тој трошок е наш и си плативме. Само начинот е многу безобразен. Одиш и им викам дај ми се што не е платено(таму живееше баба ми и со години не плаќала, односно тетка ми место да плаќа и ги зимала парите), а они фактички скриваат за да можат да земат камата. Нека им служи на чест.
Ма каква чест, мафија е тоа. Искрено, ќе им пишам на пратениците во Собрание, да средат со извршителите, инаку да не бараат гласови. Си има мејл адреса на секој пратеник на веб страницата на Собрание. Што е ова? Сто пати една иста сметка ќе ја плаќаат луѓето и пак должни? Абе пишете им на фан страните на политичарите, не молчете, пишете им, оти знајте дека пред избори мерат пулс на народот, прават анкети, важно им е мислењето на граѓаните. Пиша членот погоре, не го тепаат па се однесуваат како ќе им текне. Јас не сум видела на ТВ некој Албанец да се жали дека извршители му висат на врат. Тие струја не ни плаќаат. Данок на имот не. На што личи ова. Или кој имал мака, дајте отворете една петиција на change,org, да потпишуваме. Ќе се соберат потписи.
Високиот износ на долгот не е од главното побарување на доверителот, ниту пак од тарифата на извршителот, туку од камата на камата, која со секој ден задоцнување енормно расте и после истата се вметнува во главното побарување и има предност во намирување пред главното побарување, и ако не се наплати во целост, се до нејзина наплата во целост таа повторно се зголемува заради неисплатено главно побарување, на сето ова ставете извршителските и другите трошоци и камата на истите, ете ви до бесконечност да се плаќа ако не се плати се' наеднаш во целост. Барајте укинување на камата на каматите, ама реално укинување, инаку наместо да им се ,,молите" и тие да ви се смеат, пуштете до Уставен суд иницијатива за оценување на уставноста на тие одредби од Законот за облигациони односи, и веројатно Уставен суд ќе одбие да поведе иницијатива, но затоа после по исклучок може да се обратите до судот за човекови права во Стразбур, но, ова ако го прави поединец граѓанин како физичко лице, ништо нема да успее, потребно е зад иницијативата и понатаму зад апликацијата во судот за во Стразбур да стои здружение на граѓани, ама не со 100 души членови, говорам за масовност, значи 30 000 до 40 000 луѓе, па макар тоа да се повеќе здруженија, и обавезно тие здруженија како подносители ќе си ангажираат десетина адвокати преку кои да се поднесе иницијативата, дополнително ќе се известат медиумите за да медиумски се покрие, обавезно ОБСЕ да се извести, и амбасади на ЕУ, ако сакате решение на некој проблем треба да се создадат услови за да се реши проблемот.
Ама смешни се кога ќе им извадат сметки неплатени од нафталин. Имаше некои од време на екс ју демек долг. Нели постари од 1 година не се наплаќаат. Ма нервите им отидоа на луѓето од нив. Се работи за измама. Реално така на секој македонски граѓанин можат извршители да му висат на врат. Ние дома чуваме еден шкаф со папки со платени сметки. Се се тоа премногу трошоци, давачки за земја со ваква невработеност и мали плати. Оправдување нема.
Сакам и ја да се посоветувам со вас. Ако имам склучено фоговор за под кирија, а не е заверен на Нотар, туку како посредник е агенција за недвижности. Киријата се плаќаше на рака, а сметките преку банка. Сега ми бара за август да ги олатам сите сметки и тоа пари на рака сака за нив. Во договорот има член кајшо пишува дека ќе престане договорот ако не се платат тековни сметки. Прашањето ми е дали може да ме тужи пр. ако не ги платам комуналиите за месец август?
Во договорот како стои ти да му ги предадеш парите на рака и он да плати или ти да платиш ? Ако стои ти да платиш пази не му ги давај на рака туку ти плати си ги, ако му ги дадеш не знаеш дали навистина ќе ги плати или парите ќе ти појдат во ветер. Сепак ти најдобро си знаеш каква личност е сопственикот на објектот но тоа е мое мислење.
Ништо не стои во однос на тоа прашање. Само дека на денот на вселување се плаќа кирија и после секој нареден месец од тој до тој датум се плаќа кирија