Девојки вака, во станот имавме примено кираѓии, седеа еден месец во станот на влегување си дадоа се кирија уредно, но после еден месец кога дојде да си заминат не платија сметки поточно само мал дел од сметките и си заминаа. Што може да превземим против нив правно а притоа немаме договор за издавање на станот пишано
Ништо. Самото тоа што не биле пријавени е илегално и истовремено и нема доказ дека некој престојувал таму. Тоа е ризикот кога се издава стан "на црно". За сопствениците е ризик да останат со неплатени сметки или некоја оштета, а за кираџиите е ризик и при се уредно да не им се врати депозит итн. Во Германија а верувам и во останатите европски земји тоа е мн добро уредено. Се си е пријавено, си оди преку трансакциска сметка и кираџијата и сопственикот на станот не мораат да се замараат еден со друг. Добро би било и во Мкд да е така.
Е ако ви е кога сакате на црно да земете пари, без да склучите Договор и да си платите данок на државата. Имам тетка ко тебе што на црно го издаваше, па и бегаа кираџиите без да платат сметки со месеци насобрани, па на крај се освести дека повеќе е оштетена, отколку што може да искористи.
Уф Знам дека е тешко да се натераат да се платат сметките но една пријателка студира право и ми рече да сум нашла божем сведоци кои присуствувале на договорот така сум можела да тужам.
На прсти се бројат кој денес пријавува кираџии. Затоа што некои седат 15 дена некои месец некои година.Моите 15 години издаваат спратови од куќа и да само еден паметен му избега на татко ми а при тоа работеше како готвач во познат ресторан, па кога му отиде и дупло сакаше да плати за да не го брука! Има и лоши газди но бетер се кираџиите. Изгорени теписи, болјери едни па се степале и покршиле пола работи Секакви ги има. Милион случки до утре можам да пишувам какви се кираџиите.. Бегаат кај кој видат дека можат да им помине. Нека им бегаат на татко ми да ги видам. И да, на сите им слика лична карта пред да ги пушти дома
Не можеш ништо. Како сакате да ве заштити државата, а вие прво сте сакале да избегнете данок. Се додека има лакоми газди ќе има и неплатени сметки.
ни со ова не бива ништо... и да имаш сведоци дека сте се договориле за наемнина и сметки, ако ги викниш на суд пребеганите кираџии - тие можат да речат дека за последните сметки ви дале кеш пари на рака лично за вие да ги платите, па да изгубите бидејќи е тоа вашиот збор против нивниот а не би имале многу доверба бидејќи не сте направиле писмен договор. џабе трошок за судски процес и уште и адвокат за кираџиите противници ќе треба да платите.
Без договор на нотар, се е џабе. Затоа треба кираџиите да се пријавуваат. А ретко кој го прави тоа. Не сакаат луѓево да плаќаат данок. Ние сменивме два стана под кирија и не бевме пријавени. Не сакавме. Редовно плаќавме кирија и сметки.