Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неплаќање алиментација

Дискусија во 'Правни совети' започната од babaDara, 7 март 2011.

  1. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Сами ја составивте тужбата или целата работа ја бркавте преку адвокат?
     
  2. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Има ли некој што добро ја познава работава и да ми даде решение, искрено барам помош? :sweat:
     
  3. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Пробај јави се на СОС тел. за жени жртви на насилство (02) 15 700, или во Шелтер центарот 2772 400 Верувам дека тие може најдобро да те упатат, а знам дека има здружение (мислам тоа) кое нуди бесплатна правна помош. Тргни од таму, па ќе видиш што ќе ти препорачаат. И со среќа :)
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Како прво мораш да го тужиш. За да поднесеш тужба не ти требаат 300 евра туку ќе си ги платиш само судските такси кои се околу 1500-2000ден. Кога ќе го добиеш на суд адвокатот ќе си наплати од него а плус и адвокатите земаат од суд - судска комора како и да се вика тоа нивно тело за секое излегување пред суд. Тужбата ќе стане правосилна и ќе ја однесеш на извршител.Извршителот ќе му стави адм. забрана на сметка. Ова дело не застарува туку тече и камата и еден дел дебело ќе му наплатиш.
    Кога тогаш тој ќе биде осигуран или во најмала рака ќе добие наследство од неговите родители или сл.
    Сега тужиш ти т.е детето а ти си ополномоштена а кога детето ќе наполни 18год. тогаш и лично може да поднесе тужба. Сега оваа работа со извршители е малку полесна и побрза. (ова е мој случај)


    Тоа не застарува, еден ден ќе му наплатиш со камата. Проверено 8)
     
  5. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    А на извршител да го дадам, што се случува ако нема од каде да му повлече, дали после тоа можам да го дадам на суд?
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Ти пишав, прво СУД па ИЗВРШИТЕЛ. Не застарува делото од кога ќе го добиеш на Суд и по 5-10-15год можеш да му повлечеш пари ако му легнат на сметка или делиш имање кога ќе се здобие со него.
     
  7. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Вака сега. Тужба треба да поднесеш, да... меѓутоа тоа ќе те чини само таму максимум 2.000 денари, заборавив за тужба за неплаќање на издршка колкава вредност на спор се рачуна, и на тоа се додава судска такса.
    Меѓутоа, волку ќе те чини доколку идеш САМА, односно си ја напишеш сама тужбата и ја доставиш до надлежниот суд.
    Доколку идеш преку адвокат, нормално дека ќе ти наплати трошоци за застапување, состав на тужба, разни поднесоци, значи се што треба, ТИ поднесуваш трошоци ( освен ако не сте договорени со адвокатот на крај да му исплатиш се). Никој адвокат нема да ти работи без пари, односно ретки се таквите кои ќе чекаат од извршител да добијат некој денар. Се вика Адвокатска Комора и незнам од каде се информациите дека адвокатите земаат парични средства од нив, апсолутна невистина! Нити пак се наплаЃаат пари од суд. Се што земаат е од странките или преку извршител од спротивната странка.
    Адвокатот, на завршниот збор побарува трошоци по адвокатска тарифа, која судот му ги досудува, и тие средства идат на сметка на странката која го дбила спорот, кој губи тој плаќа. У принцип, ако добиеш, парите ќе ти се вратат.
     
  8. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.206
    Допаѓања:
    8.384
    За бесплатна правна помош можеш да се обратиш и во Хелсиншкиот комитет за човекови права, има адвокати вработени кои ќе те посоветуваат и ќе ти помогнат околу тужбата. Канцелариите им се во Дом за воени инвалиди мислам беше, кај цветно пазарче близу, ако си од Скопје сигурно знаеш каде е. Имаш и веб страница www.mhc.org.mk Среќно! :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mamanatrikerki

    mamanatrikerki Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    НЕМОЈ ДА МУ ПОПУШТАШ,И ДА СЕ ОТКАЖУВАШ ОД БАРАЊЕТО АЛИМЕНТАЦИЈА,ДОКОЛКУ Е РАБОТО СПОСОБЕН НЕМА НАЧИН ДА СЕ СПАСИ ОД ПЛАЌАЊЕ,ВО СПРОТИВНО МУ ПУШТАШ ТУЖБА И АКО НА ТОА НЕ ОДГОВОРИ КЕ ГО ОСУДАТ И ВО ОТСУСТВО,НАЈЧЕСТО СО КАЗНА ЗАТВОР,САМО КЕ МУ СТИГНЕ ВО КОЈ ЗАТВОР ДА СЕ ПРИЈАВИ И НА КОЛКУ МЕСЕЦИ Е ОСУДЕН,ПА СЕГА НЕКА ВИДИ.АКО ТРЕБА УЛИЦИ КЕ МЕТЕ АМА ИЗДРЖКА МОРА ДА ПЛАТИ.
    [mod-tekst:ze8b03fs][/mod-tekst:ze8b03fs]
     
  10. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    А нели имате пресуда дека тој треба да плаќа алиментација зошто пак да тужите ако имате пресуда дека треба д аплаќа нема што да тужите туку само ќе направите барање за извршување и ќе чекате извршителот да наплати кога ќе има пари ан сметката ако нема може и од некој имот.
     
  11. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    А нели имате пресуда дека тој треба да плаќа алиментација зошто пак да тужите ако имате пресуда дека треба д аплаќа нема што да тужите туку само ќе направите барање за извршување и ќе чекате извршителот да наплати кога ќе има пари ан сметката ако нема може и од некој имот.
     
  12. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
     
  13. Dinamickid

    Dinamickid Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    27
    а што ако таткото нема платено алиментација од 2000та.
    До сега по слободна проценка е должен ..неколку милиони денари..
    но како да се докаже тоа?Судија ќе се навлажни кога ќе види која пара е во прашање...
    мито сегде бараат..
     
  14. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    За среќа и тогаш има решение, само што тоа не може да се каже јавно, на нет :tmi:
    Тоа се зборува само на само со некој адвокат :x
    И уште нешто- не мора да значи дека адвокатите се дерикожи ;) Има разни начини на плаќање (одложено, на рати .....)
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Ауф што е тоа толку тајно за да не може да се каже јавно, на нет :^) се решава убиство на Преседателот Трајковски. И таа знае дека има разни начини на плаќање, со картичка, на кредит, на процент....кажи си де, туку каде да ги најде самохраната мајка, тоа е проблемот. Претпоставувам според тебе да си земе кредит па потоа ќе го врати.
    Лесно се докажува дека нема плаќано алиментација (нема чекче за исплата). Прво треба да го добиеш на Суд па да одиш кај Извршител со првосилно решение и потоа го маваш со сите нишани за да си наплатиш. Можеш имот да му земеш, задршка од плата ако е вработен а ако не е вработен и нема ништо на негово име, чекаш да се вработи за да му ставиш забрана од 1/3 од плата на име алиментација. Тоа дело не застарува а постои Закон и дека работодавачот не смее да го отпушти од работа додека не го подмири целиот долг- постои и таков Закон.
    Еве ова ти е во кратки црти а подетално на консултација кај Адвокатот. Извини вака, мала шала адвокату од туѓ грб ама на форум не се фаќаат клиенти :( Ајде сега тужи ме за клевета :$
     
    На okcenzi, Marilyn-Monroe, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. avita

    avita Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    31
    :^) една моја другрка имасе слиЧен проблем мислам дека сега го реси на тој нацин сто му прати писmо преку суд ако не ги ислпати долговите сто ги има, ке му го земе секое право врз детето и ке го лиси од татковство знам дека нее некој наЧин да се спроведе .. но ако таа сама се грижи за него и низ се мине сама подобро таткото да не постои :sweat:

    жално е коклу самохрани родители минуват низ истото..усте полосо е кога ке се преженат е тогас станува жив хаос се забораваат многу работи се забораваат тие деца цел хаос многу родители после разводот еден од нив оди во странство да работи има приманја ..од 1400 евра а алиментацијата за неговите деца е околу 2500 денари ако не се лажам па дури не исплака редовно жално жално...... :(
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    Бреее ама трагедија :) Не е тоа ништо тајно, ама некои работи остануваат меѓу клиентот и адвокатот. ;) Па дури ни ти не напиша ништо конкретно :lol:
    А замисли типот е закачен на форум и чита што е напишано. :^)
    За темата- не е спорно дека мора да помине на суд. Само важен е начинот на кој се води доказната постапка и редоследот на работите кои се приложуваат за докази.
    Адвокат- тоа беше единственото слобоно корисничко име , а да не асицира на лично име, на форумов :(
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Ме облеа ладен пот, нека ме тужи :wasntme:
    И да беее, Славица се викам :emo: моето лично име
    Па некои работи остануваат меѓу адвокатот и клиентот, не е се за јавност ;)
     
  19. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    Значи и двајцата се согласуваме дека работата останува меѓу адвокатот и клиентот, и дека не е се за јавност. 8)
     
  20. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Абе за митото си во правао тоа кај нас така оди , ама има и законски можности има многу варијанти трба да се види што како е утврдено со разводот на бракот. Вака на памет да речеме дека на име алиментација должи неколку милони денари и има правосилна пресуда за тоа а нема пари на сметка и нема имот на негово име може да се пристапи кон присилно извршуване врз движниот имот на чија адреса има лична карата . За ова треба да се направи следново Да се покрене граганска парница односно во основен суд 2 да се поднесе тужба за неплакање на алиментација. Судот да донесе пресуда која ке стане правосилна( односно ке помине на апелација). Потоа ако доброволно тоа не се изврши следи извржната постапка прво врз сметки , потоа врз имот како што кажав горе.