1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неплаќање алиментација

Дискусија во 'Правни совети' започната од babaDara, 7 март 2011.

  1. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Ако сеуште немате решение еве да ви дададм совет колку можам. Прво треба да се покрене граганска парница односно да се поднесе тужба пред граганскиот суд. Кога судот ке донесе пресуда таа треба да стане правосилна ( да пројде на апелација) .Откако ке стане правосилна и не биде доброволно извршена се покренува извржна постапка. Извршувањето може да се изврши врз сметка ,или имот. Ако должникот нема пари на сметка и нема имот на свое име извршувањето ке се изврши врз подвижните ствари кои се наоѓаат на имотот на кој живее односно е наведен во личнта карта. Ако евентуално не е сменета адресата на должникот ке треба да се докаже дека живе на друго место. Ако не ме разбра добро слободно прашај колку знам ке ти кажам , а тужба можеш и сам да си напишеш ако сакаш можам да пробам да ти помогнам.
     
  2. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    Ајде и јас да се надоврзам на листата на помагатели ;)
    Јас можам да помогнам.
     
  3. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Мене ме интересира една работа зашто сите заборават на алиментацијата која треба да се плака на жената одреден период по разводот на брак мислам 5 години ако не работи , а без своја вина е без работа ( Нашиот закон има таква можност )
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не ми е јасно како може човек да создаде дете, да се разведат брачните другари и да одбива да плати алиментација, како тоа? :^) не можам да го разберам
    и тој се нарекува маж :tmi:тој нема ни М од маж, и е кукавица невидена :swear:
    таквите се за да ги обесиш, без милост и пардон :devil:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dinamickid

    Dinamickid Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    27
    А ДА МИ ПИШЕШ ТИ ДЕЧКО ЛИЧНА ПОРАКА СО МАИЛ ТВОЈ НЕ ЌЕ БИДЕ ЛОШО
     
  6. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    Дечково е господин и ако сакаш конкретна помош ќе се јавиш. Дечко
     
  7. jonce-joncevski

    jonce-joncevski Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    многу често детето за кое се бара алиментација испаѓа дека не е твое. сомнежите најчесто на крај се потврдуваат. за неплаќање денес барем има решение, извршители , ама прво треба добро да се провери дали навистина детето е твое.
     
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Саја, успеа ли да наплатиш алиментација? :)

    Кај ја видов темава. Порано не се замарав многу многу, ама случајно пресметав дека дотичниот ми должи околу половина милион денари, затоа што алиментација нема плаќано никогаш, некои добри 15-16 години. И ме фана некој инат за да го истерам ова до крај, и за парите ама и против него, затоа што се прави паметен и мудрува, а на дело никаде го нема.

    Исто прочитав дека случајот со неплаќање не застарува никогаш? Дали тоа значи дека за некои 5, 10 години, би можела јас лично да го тужам? Оти сега ќе треба да вмешувам и други луѓе кои немаат ни живци ни волја да се борат со него, а јас, напротив, имам многу голема желба да му покажам кај му е него местото.

    И чисто информативно, дотичниот е досега тужен стопати и за други работи, од татко, од сестра, од чичко, од се живо и диво е тужен, и секогаш успева да се ,,извади,, и да есквира, не се појавува во суд, не го наоѓаат дома, се одложуваат случаите итн итн... Се прави паметен, со еден збор. Чаре?
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    ^Да не те разочарувам, штом до сека се извлекувал толку пати можа да се извлече и сега.
    Ама секако постојат начини, ако има засоновано работен однос, сега нели сите плати одат преку трансакциска сметка и на тој начин се евидентира прилив на пари.
    Може да постои начин секој месец со траен налог да се префрлаат пари на сметка, ама за тоа веријатно треба судска одлука.
    Ако не зема пари на сметка, т.е работи на црно, нема и скршен денар да видиш, за жал |( :@
    А и има една многу честа работа, донесена пресуда, но не е извршена, т.е никогаш не е наплатена, и ова е пречест случај.
    Мора да постои некоја клаузула во закон, во закон за семејство треба да се бара.
    А ако нема со години неплаќано треба со камата да враќа пари.
    Ај да прочепкам малку, може ќе ти помогнам
    _
    Дознав, не во закон,ама најдов некои случаи кои можат да ви помогнат на сите.
    Ако нема испатено алиметнација,можеш да го тужиш нормално, е сега јас не сум запознаена со тоа бесплатна тужба, но ете Саја многу паметно направила, Дози пробај и ти,ако не успее само ќе прашаме колку се судски трошоци, амане верувам дек с еповече од 2000 денари.
    И сега баш има за твојов проблем Дози, доколку го нема,не се појаувава на суд, неможат да го најдам дома, се доденсува одлука и со извшител се врши присилна наплата на парите.
    Преку банка, од трансакциската на која ја прима се одземале по максимум 30% посто секој месец.
    Или пак преку извршител ќе му се блокира сметката, па нема да може ни денар да подигне додека не ти осплати, или пак почне да плаќа алиементација.
    Ако си полнолетна, мислам дека може и ако си редовен студент пак да те финсира,барем другрка моја му кена на татко и секој месец 500 евра ама оне грк, и сега за мастер има право дури да и плаќа он, ама со таква пресуда од суд во Атина.
    Ако нема доволно кеш, можат да запленат и работи, мислам дека повеќето се запознати со извршител и извршување, па ако има кола, може да ти ги покрие трошоците.
    Дури може и затврска казна да го му стегнат.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Дузи, закажано ми е сослушување сега овој месец, па ако се појави на суд таму ќе видиме што како. Се надевам ќе плати. Ќе пишам овде како и да е. :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Работи на црно, знам дека работи нешто што не треба, затоа што не сака да ми каже што работи. Мислам, јас не сакам ни да прашувам, си прави он филмчиња дека сака некој да го саботира и затоа не се замарам многу околу ова прашање. :^)

    Сметка во банка чисто сумњам дека има, он е од тие сумњивите што си ги тапкаат парите под душек.

    Единствена можност за наплата гледам во тоа да му земам имот. :!:

    Е за тужењево, има куќа, стан и некоја нива. Проблемот е што треба тоа да се подели, оставина му е од мајка, односно од баба.. Друг проблем е што баба ми е веќе 8-9 години умрена, а не може да се подели имотот затоа што дотичниот не се појавува на рочишта, на судници и слични места. Си мисли дека се е негово. :D Убаво што така си мисли. |(

    Јас најискрено ако би му земала нешто од тоа, ќе го продадам, ми притребала срушена куќа и двособен стан, ќе си го земам мојот дел, другото ќе им го оставам на тетка ми и другата баба. Уффф, макиии.
     
  12. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Ете дечки бидна денес денот. Бевме на суд, пресуда ќе стигне по пошта. Пуштајте ми среќа да испадне се ок, зошто човеков е во работен однос во Бугарија, плус има имот (јас денес покренав имотно-правна постапка, така нешто).

    Е сега, прашањето ми е следно: Ако оди исплаќањето преку запленување, како јас ќе ги добивам парите? И дали он може да бира дали да му земат работи или да лежи затвор?

    Како и да е, стиснав заби, немав трошка жал и си ги побарав правата. Го видов првпат после 4 години.
     
    На Doozy и Hipster им се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Оф по правило би требало прво по ред само да ти исплати пари на сметка,сега незнам дали идат со камата.
    Па после тоа доколу пример несака да плати,или се согласил али не плаќа мислам дека се преминува на запленување преку извршител и продавање на укција.Тоа треба да е последен чекор бидејќи и извршителот зема добар процент(мислам 10%).
    Со среќа,правото е твое и сосема основано.
    Ти се дивам на храброста и на решителноста.
     
    На Saya му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    А како може таткоти ако е вработен да нема сметка во ниту една банка како ја зема платата на рака?која будала го ризикува тоа?сега све оди преку банка преку сметководители ова нема шанса и зошто да не го испратам во затвор ако не плаќа алиментација?ќе платам ќе го тужам и нека скапи во затвор ни јас алиментација ни тој пари ни работа ни живот ако сака така така нека биде вие све го ослободиле таткоти на секој начин и сте се помириле со ситуацијата но сепак во оваа држава има закони ако не плаќа алиментација ќе си лежи во затвор многу едноставно...
     
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Во затвор не верувам да се оди поради неплаќање алиментација, зошто во тој случај ништо не е решено.
    Може само да се чека на секој можен начин при прва трансакција одма пари да се одбиваат од сметка, или пак доколку нешто има на свое име некогаш веднаш да биде одмземено.
     
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Како може да нема сметка во банка? Кој ќе ризикува?

    Па Миме, без навреда, ама пола Македонија зима плата на рака и уште толку ги чува парите под кревет. И јас се чудам, според мене, пари дома не се чуваат, ама ете.

    Јас со овој ништо уште не сум почнала. |(
    Има ли поента? Го правевме со Хипстер муабетот, долга и широка е како тоа успева да се извади од судови и полиции, без врски, правејќи се на Тошо и налудничав.

    Саја, земи му се што ти следува. :!:
    И пари и имот, море и креветот дома земи му го. Ние сме млади, ни треба некој денар и почетен капитал на страна. Па да си пуштиш после, чим е заведен во БГ, евричи ќе пуштат на твоја сметка. ;)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    За порано знам дека се даваа пари на рака и секакви малверзации се правеа ама денес,во средината барем јас каде што живеам не е така и незнам уште каде се даваат пари на рака во 21 век тоа со закон е регулирано и ако ги фатат дебело ќе платат дури и текстилните фирми кои работеа на ваков начин го регулираја ова и имаат страв од законите...Како и да е во некој момент мора да остане нешто во наследство на таткото еден ден пензија би требало да зема и ако не сака сега тоагаш ќе си ги исплати дебело парите нема да може цел живот да се извлекува и да има среќа...
     
  18. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Дечки, да се пофалам јас. :)

    Го добив случајот. Конечно, по две години влечкање и две сослушувања, пресудија во моја корист. Сега сакал нејќел има рок од година дена да плати, ако не ќе му земат работи со извршител и плус во затвор ќе си поседи.

    И мило ми е што не се откажав.
     
    На Valentina.Vaki, MacaLove, JoxyTheFreak и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Има една поговорка, правдата е спора, но дистижна!
     
    На Saya му/ѝ се допаѓа ова.
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    мене ме интересира како се одредува алиментацијата? Колку проценти од плата или како ?
    и дали на пр ако некој зема 27 000 од кои 10 000 се за исплаќање на кредит а да плака алиментација од 8000 што значи за него остануваат едвај 9000. Тука се работи за 5 год дете кое е нормално кај мајката а таа е во работен однос и зема околу 12000 и + 8000 за алиментација што значи 20000
    Прашувам за ова бидејки се работи за моја блиска особа а ги читав и сите ваши коментари па некоја тука кажа дека за неа и за братот таткото плаќа само 5000 ден
    многу ми е чудно како некој за 2 повозрасни деца плака 5000 а некој за 5 год дете 8000