Ме интересира дали некој може да ми помогне.. Јас сум самохрана мајка, и имам судско решение во кое има одредено дека таткото на моето дете треба да ми плаќа секој месец по 3000 ден. Е сега проблемот е што тој ја промени фирмата во која работи и тврди дека сега зема помала плата односно 10000 ден , па последниве месеци почна да ми плаќа по 2000 ден, онака, своеволно без никаква судска одлука, и згора на тоа повторно доцни повеке од 3 месеци со исплатата. Ме интересира дали може така да се намали износот на алиментација и каде да се обратам за тоа што не е редовен во исплаќањето, дали во судот..или нешто слично??, бидејќи ако одам преку адвокат ми е страв да не ме чини многу..дали може да ја завршам работата без адвокат, да не го оптоварувам мојот и онака скромен буџет... Ве молам за помош....поззз феминки..
леле, како може тој сам да си намалува и одредува колку ќе плаќа, глупости, само со нова судска пресуда и врз основа на променети околности судот може да ја намали, зголеми или укине веќе досудената издршка, така да мила трк кај извршител со пресудата и поднеси барање за извршување на оној дел кој што не ти е доплаќан, а да не те потсетувам дека неплаќањето на издршка е кривично дело, независно од барањето за извршување , ако не ти плаќа ќе му поднесеш и кривична пријава .
Да ви кажам право се јавив кај еден извршител, и го прашав дали може директно кај него да поднесам барање, или сознам каква правна форма за извршување но ми одговори кратко дека тоа мора преку суд да се покрене, е сега незнам дали ако одам директно во судот дали ке завршам работа, дали е предвидено такво нешто , дали постои некаква служба за тоа, би сакала да добијам повеке информации за постапката, доколку некоја феминка може да ми помогне....или пак каде да се обратам, пошто несакам од портирот на судот да почнам да објаснувам дека бившиот не плаќа алиментација...мислам ме разбирате... поззз феминкии....
Може. Особено ако самохраниот родител се повел по „плачењето“ на оној што наводно тврди дека му се намалила платата. Со ова сакам само да предупредам дека тобожните татковци користат секаква слабост на самохраната мајка (зборувам за нејзината сентименталност и да се поштеди и себе си и детето од судови), но ако истата застане цврсто на ставот да се избори за своите права и правата на детето, сигурно ќе добие. На форумов често се зборува за судски трошоци, плаќање адвокати, малтретирање по судови, но човек мора да е начисто со едно - што сака. Истиот случај го имам и јас. Сумата од 2000-3000 месечна издршка е смешна и доколку не побарате повеќе (како што одминуваат годините и расте детето) сигурно дека тој ќе постапува како што му одговара. Не наседнувајте на изговори, напротив и јас мислам дека треба да се оди со поднесување кривична пријава зошто инаку нема никојпат работите да ги сфати сериозно.
кратко и јасно, за несовесни родители кои не им е грижа за сопствените деца дали имаат свои потреби и барање, може едноставно да поднесети кривична пријава до надлежниот суд согласно член. 202 од Kазнениот Закон на Р.Mакедонија. Jас не оправдувам, ниту пак постојат оправдани причини детето да се запостави од едниот родител, ако некој свесно сакал и знаел какви одговорности има еден родител спрема сопственото детето, уште од самиот почеток кога тоа дете дошло на овој свет и се понатаму во неговиот живот, требал да знае дека тоа дете треба нормално да живее како и сите други деца. И да нема пари човек треба да се снајде и да му овозможи барем малку од она што му е потребно за нормален раст и развој, а не да се оставаат на милост и немилост децата во одредени случаи. Детето не е виновно и нетреба да плаќа за проблемите и недоразбирањата на нивните родители. Kазнениот Закон на Р.Mакедонија предвидува законски мерки за такви недоговорни лица. Неплаќање издршка Член 202 (1)Тој што одбегнува да дава издршка определена врз основа на извршна судска одлука или порамнување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. (2)При изрекувањето условна осуда, судот може на сторителот да му наложи да ги исплати пристигнатите обврски и во иднина уредно да ја плаќа издршката.
Феминки, ги читав претходните постови, но не најдов случај како мојот. Бившиот сопруг плаќа редовно алиментација, но сумата што ја уплаќа е помала за 2000 денари од онаа што треба навистина да ја плаќа. Значи секој месец го поткрадува детето. Каде да се обратам за помош, алиментацијата директно да се одбива од неговата плата, а не тој самиот да ја уплаќа во банка? Се надевам предметот нема да ми биде вратен кај истата судијка, бидејќи беше благонаклонета кон него и имам лошо искуство. Ви благодарам!
Не може алиментацијата да му се одбива од плата. А ти можеш до Основното јавно обвинителство да поднесеш кривична пријава за таа разлика до 2000 денари, за последните 3 години, со доказ од банка дека уплаќал помалку. Кај кој судија ќе биде предметот зависи од судскиот компјутерски систем за распределба на предмети.
@AnnaMaria доколку имаш пресуда (која има печат за правосилност извршност од суд) можеш да поднесеш барање за извршување кај извршител, земи изводи од банка како доказ дека ти плаќал помалку, и барај си ја разликата. доколку има постојани примања(или било кога да има прилив на сметка), сигурно ќе си наплатиш се што не ти исплатил.
На една моја блиска личност, бившиот и има исплатено само за еден месец (а мислам требаше да и плаќа од мај 2014 или јуни)...И сега нејзе и е страв дали да го тужи затоа што тој се заканува со убиства. Луѓе , страшна работа е оваа...И ова што во последнава година се случување во нашава држава,нели имаше доста убиства поради тие разводи. Незнам, како не ги затвораат таквите опасни личности кои милион пати се пријавувани во полиција за малтретирање дали психичко или физичко. Што се чека, да падни жртва па да ги затворат???
Дали во Македонија постои закон за плаќање на т.н. ретроактивна алиментација и од кој период истата се пресметува (од ден на поднесување на тужба, правосилност на судска одлука или датумот на разделба?
moze li da mi objasnite sto treba da napravam za alimentacija ako glavniot izvrsitel i advokatot baraat da se podnese baranje na sekoj 3 ti mesec koe sto alimentacijata iznesuva 6000 den mesecno a tie baraat 15000 za nivnata usluga za tie 3 meseca. I da naglasam deka za 3-te meseci treba da zemam 18000 den vkupno no pritoa tie ke zemat 15000den a ostanuvaat samo 3000den.Vo ovoj slucaj jas ne dobivam nisto ke moze li da mi pomognete sto da napravam i kade da se obratam.
Од должникот се наплаќаат адвокатските и извршителските трошоци, ако станува збор за едно исто барање, нема зошто да идеш преку адвокат, земи го само тоа што предходно било поднесено и смени го периодот за кој побаруваш.
Но каде да го поднесам тоа адвокатка ми убедува дека морам преку неа ,а бев и кај народниот правобранител и таа ми кажа дека морам така а мене не ми е логично зошто јас не ја добивам целата алиментацијата значи ми ги земаат парите од алиментацијата јас добивам само мал дел каде да се обратам и да го поднесам директно барањето
Те лажат, мора да ти биде исплатено се. може ти ги пуштаат на делови. најдобро ти е, наместо преку адвокатката, да одиш директно кај извршителот и распрашај се.
Може да си бараш со тужба од кога сакаш, али најчесто даваат од датум на поднесување на тужба, ама ништо не губиш ако бараш и за периодот кој поминал. Одлуката на крај зависи од судијата.
Адвокатот кажува дека не се на делови а јас не ја добивам алиментацијата во целост. Каде освен кај извршителот да се обратам може ли да ми дадете подетални инструкции што да направам каде да се жалам дали е зошто на секои три месеци морам да поднесувам ново барање така ми вели адвокатката а парите одат кај нив јас не добивам многу мал дел. Фала
(Prvo se izvinuvam za latinicata, nemam kirilica) Trosocite na advokatot i izvrsitelot se naplakaat od dolznikot, vo ovoj slucaj tatkoto na deteto, a tebe treba da ti ja davaat cela alimentacija sto ti sleduva. Mozno e advokatot istite trosoci da gi naplaka i od tebe i od dolznikot, proveri si ubavo ova ne odi vaka. Vo kraen slucaj smeni go advokatot.
Здраво, сакам да споделам приказна а воедно и мислење од вас. Се работи за мојот сопруг кој кога имал 3 години неговите се имаат разведено и од тогаш татко му го нема побарано ниту има плаќано алиментација. Дознавме дека е во Германија ама ништо повеќе од тоа. Не интересира дали има начин некако да дојдеме до тоа да татко му ја покрие алиментацијата?