Уште една од прекрасните книги на Мирјам. Спојлер Книга за љубовта помеѓу двајца. Миомира е богата девојка-ќерка на директор на банка,ја сака музиката и свири на клавир ,а Нинослав сиромашно момче правник по професија,исто така ја сака музиката,воодушевен е од свирењето на Миомира но ја обожава операта ,тој никако не може да пронајде работа се додека еден ден не биде повикан во куќата на Миомира за да го подучува нејзиниот помал брат-нескротливиот Сташа кој го мрази училиштето и професорите. Како Миомира и Нино ќе си ја признаат љубовта?Кои се пречки му се јавуваат патем додека го остварат љубовниот сон.?.. Раскажаново е само 10% од книгата,мал вовед.За да дознаете што ќе се случи понатака топло ви ја препорачувам да си ја прочитате (а сега има и можност секоја сабота и недела да си ја гледаме на тв),но сепак книгата е уште поубава,неможам да ги прикажам описите на природата,Миомира и Нино кои авторката прекрасно ги има доловено Заљубена во книгата
Книгава е прекрасна. За мене е најубавиот роман од Мир-Јам. Класична љубовна приказна која наидува на препреки кои на моменти делуваат несовладливи. Вреди да се прочита.
Имам купено книги од Мирјам(оние за кои нема филм), но некако сеуште не сум се осудила да ги читам, сметам дека преку филм емоциите се многу појако искажани(конкретно за нејзините книги). А која од трите теми за кои има филмови е подобра, неможам да кажам, сите ми се подеднакво убави, романтични..