Ги знае некој песните што ги пеат? СИТЕ! Особено таа кога Милена требаше да оди во Париз па на Сташа другарите ја пееја!! Една песна со брз ритам беше ако некој знае како се вика ве молам пратете ми линк!!
Не го гледам бидејќи е досаден. На таа Милена сите ја сакаат: Мирослав, свршеникот, французинот, докторот, комшијата .
Серијава пак ја даваат,ја загледав прееска Интересна била,онака млака за пред спиење. Овој Мирослав е право бомбонче.
^^ Се согласувам, навистина е баш за пред заспивање, онака лабаво, а не потресно како турскине серии. И за Мирослав одамна сум рекла, целосна лепота, поготово во „Грех њене маме“ ми е ептен згоден, онака поопуштено облечен и со брадичка. Ама серијава ме нервира, не е ни пола интересна и бајковита како горенаведената, ниту пак глумицата не може да се спореди со ликот и улогата на Неда. Таа сама по себе е нежна, слатка и има шарм, а и улогата ѝ е таква. Оваа Милена страшно ми оди на нерви, многу е разгалена и се однесува како дете, не знае што сака, верена а не знае зашто, избегнува да одреди датум за свадба, па трчка по друг.... Ама роман. Не ми го доловува баш старото време како таа со Неда.
Милена е ужасно иритирачки лик,ама што да прави жената,и се збркува мозочето кога оној лепотанот ја погледнува
Мене па овој Босилчиќ ме иритира, никаков ми е, не знам што гледаат сите во него.... актерката си е таман Досадна е серијата, лани ја гледав....џабе изгубено време
Гледам имало ваква тема. Гледа некој ова на Алфа телевизија ? Ги имам читано книгите ама одамна, сега ова како рефреш ми дојде