1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неподнесување на деца

Дискусија во 'Дете' започната од AnimeHQ, 14 септември 2012.

  1. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    A зошто мислиш дека си ти компетентна за да кажуваш како другите треба да живеат,која е смислата на нивниот живот.Mожеш слободно за тебе да си искоментираш,која е твојата смисла за живот.
     
    На imelda и Daydream им се допаѓа ова.
  2. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Моја ρабота, пρво јас не κажувам κаκо дρугите тρеба да живеат ниту паκ κоја е смислата на нивниот живот. Сеκој си знае κоја му е. Втоρо κажувам јас што мислам општо за смислата на животот, и имам пρаво κаκо и сите дρуги на фоρумов да напишам свое мислење. Па човеκ не може да даде мислење за начинот на животот на неκои луѓе плус јас не давам κонκρетно мислење зошто незнам κој κаκов живот си води таκа да давам само едно општо мислење само κаκо што гледам неκој си сваќа на κρиво, κаκо што му чини :P
     
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    За девојчево што запна за одлучените против раѓање, има тема брак без деца, можеш да си кажеш став таму, никој не те спречува, ама кажи го таму каде има смисла. (see what I did there :D )

    Може сега да се врати темава на муабетот за неподнесување деца?
     
    На Glasna и MacenceEna им се допаѓа ова.
  4. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Во пρаво си јас почнав да давам мислење зошто не се поднесуваат децата и видов погоρе деκа има пишувано и за неκои деκа не саκале да имаат деца и се надовρзав на тоа инаκу воопшто целта не ми беше да пишувам за тоа. Јас несаκав ниκој да навρедам или да доведам до тоа фоρумџиκите да се пρепуκуваат со мене за моето мислење очигледно погρешно ме сватиле веρојатно деκа во мислењето имало дел што сум го κажала а пρипаѓал за на дρуга тема. Сепаκ фала што не ме нападна, туκу ми κажа... :hai:
     
  5. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Читав читав и повеќе неможев. Одредени работи се повторуваат безброј пати, одредени личности (да не речам феминки затоа не е само женско друштво ;) ) го оправдуваат своето размислување и се обидуваат да ги разубедат другите дека нивното мислење е вистинко и дека се друго е погрешно.

    Конкретно за насловот,односно за темата "неподенсување на деца"...Јас отсекогаш сум сакала да имам деца, еден период имаше кога сакав 11 :lol: со годините тој број се намалуваше и пред извесен период почнав да размислувам дали воопшто сакам да имам деца. Не дека не можам да ги поднесам, сакам деца, мм нема дете кое не го сака, туку периодот во животот ми беше супер,бев среќна,животот ми беше речиси онака како што го замислував и (затоа што работев долго време како дадилка)знаев што значи да имаш дете,од што се одрекуваш и што добиваш. И не знаев дали сум спремна на тоа. Ама баш тогаш забременив. Си викам Бог знае што прави затоа што ако не забременив тогаш најверојатно ќе гледав тоа да не се случи никогаш,или барем не во блиска иднина.
    Читам често се споменува родителите и нивното воспитување и децата и нивното однесување.Да,тие се поврзани едно со друго, но милсам дека често се случува детето да биде немирно и да се однесува лошо затоа што родителите не знаат како да се справат со одреден тип на дете. Не можеш да однесеш хиперактивно дете во ресторан и да отчекуваш да седи мирно, од друга страна не можеш да носиш дете кое е осетливо во кафич или било каде и да е каде што сите сетила ќе му бидат преоптеретени и да отчекуваш да не плаче.
    Затоа е важно родителот да си го познава детето и да знае што може и што не може. Ова секако не е изговор за невоспитано дете.
    Често е спомната примерот со дете во кафич. Дали дете/бебе ќе пречи некому е индивидуална работа. Ако на некој му пречи тоа што деде ќе дојде кај него на маса да чепка и да прави муабет на некој друг тоа би му било интересно. Јас сум од овие вториве.
    Одев и ќе одам на кафе со другарки и нивните деца (сега и моето). Тоа нема да се промени затоа што на некој му пречи тоа што моето бебе плаче. Жал ми е ама и мене ми е тоа слободно време како што е и на личноста на масата до мене и јас ќе го поминам онака како што сакам!
    Гледам сите пишуваат примери, па ќе пишам и јас неколку.
    Имам одредени пријателки со кои кога ќе отидам било каде, не само во кафич, срам ми е што сум таму и мило ми е што не се мои деца. Ама затоа имам пријателки со кои кога ќе отидам било каде уживам. Можеш да си направиш асален муабет, да си поиграш со детето...Ама тоа се тие мајки што доаѓаат спремни со играчки и разни занимации за децата. Ми се има случено да цртам во ресторанот во Сити Мол со две дечиња додека сум поминала супер квалитетно време со нивните мајки.
    А со моево бебе имам излезено во кафич само два пати. кој читал други мои постови знае дека моето бебе многу плаче, и јас сум свесна дека ако излезам со такво бебе џабе ќе излегувам,нема да успеам пет реченици да кажам и цело време ќе се обидувам да ја смирам малата. Е сега откако и е подобро бев еднаш во еден кафич на кеј, и седев 5-10мин затоа што бебето плачеше и на никој не му беше убаво. А вториот пат кога излгов без во Мекиците стража. Малата си беше супер. Кога почна да ќењка ја земав во раце, поседе уште малце па пак почна да ќењка, другарките една ќе ја земе ќе ја прошета па друга и на крај заспа.
    За крај морам да кажам прочитав коментари кои ме оставија без зборови. Непромисленост и нечуствителност :x , (и не мислам на тоа дека некој пишал дека не сака деца)
     
    На stefi23m, imelda, De-lovely и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Зошто не можите да го разберите каптанот и неговиот проблем туку се контра му одите.
    Него му смета тоа што во Скопје на местата каде тој се движи и најчесто си седнува на кафе со негови врсници, значи кафич најчесто со луѓе на негова возраст плус минус години, кафе муабет чад од цигари, се тупосале мајки со бебиња и со деца мали.
    Епа не е во ред.
    Се си има граници па веќе.
    Па и што бараат да седнуваат мајките на тие места.
    Тоа не можам да го сватам. Исто како што не можам да сватам мажи, жени над 45 години излезени во кафичи и ноќни клубови каде е сето 20/25 години.
    Треба да се има култура и да се мисли и за другите.
    Модерни мајки пфф ако седнала со детето и пријателката или со мобилниот во раце, детето и вришти мамо сакам дома досадно ми е, оваа чекај сине да си го допијам кафето и да ја испушам цигарата епа не е во ред. И му се нарушува мирот на тие во непосредна близина.
    Верувам дека има места каде се излегува фамилијарно, места каде ќе го однесиш детето во луна парк, слаткарници, каде и на детето ќе му биди интересно, каде и мајката ќе седни да испие кафе.
     
    На sajonaramucaca, babyblond и 4rever.unique им се допаѓа ова.
  7. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    ^
    Не сакам да влегувам во дебата само сакам на кратко да одговорам со мое мислење на тоа што го имаш напишано.
    И мене ми пречи кога ќе видам мајка со дете седнато до неа во кафич и пиши се живо околу него. Ама примети што имаш напишано ти
    Значи таа мајка пиши. И најверојатно дома ситуацијата е иста како во кафичот. Голем број пушачи не им пречи да пушат пред децата и иако јас не го одобрувам тоа, тоа си е нивен избор. Ако на мајката не и пречи да го однесе детето на место каде што се пуши зошто да ни пречи нам?

    И ова исто. Ако некој не му пречи што сите се помлади од него што има врска? Слободна држава сме колку што знам, може да се движиме каде сакаме. Ако гледаме на тоа така тогаш што бараат 18г во клубови каде што одат постари?
    Ме разбираш што сакам да кажам? Не те напаѓам тебе или твоето мислење. Само кажувам, колку глави толку капи (не звучи баш нај на МК ама поентата во соба со 10 луѓе ќе добиеш 10 различни толкувања на една тема)
     
    На Lovely93 и Taccka им се допаѓа ова.
  8. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Ако сме слободна држава треба да се има осет и самосвест кон некои работи, тоа во кафичите каде што доминира младината треба и да остане така, не е вкусно, а не го оправдувам ни тоа дека некои млади одат во кафичи кај постари макар што е поретко. офф топик сум со муабетот но замисли како е во ноќни клубови каде се е од 18 до 25 год а застанал некој 40 годишен маж и се џари во чупиња.
    Таа мајка со детето кое неможи ни да доседи во кафичот од што и не му е местото таму ќе биди една и единствена, а сите околу неа седнати по масите дечко со девојка, другари собрани за муабет, треба сите да го толерираат тоа, а таа не можи ни да си помисли чекај бе кај се пикам овде кај децава, да не нема место друго да седниме некаде.. Значи се работи за несовесност, а толеранција од другите од страна има многу.. Никогаш нема ни да речат ајде сега детето ти плачи стани и оди си.
    Јас знам и многу родители на 16/18 годишни деца кои не ни влегуваат во кафичи каде нивните деца одат од што не е вкусно и е срамно децата да си ја начекаат мајката во кафичот..

    Мајката што пуши пред детето дома, а и го носи на места каде што се пуши, макар и на отворено кога сите маси се скоро залепени една до друга, каде секој може да му дува на детето со цигарите ја сметам за несовесна мајка :x каде побитно и е кафето и цигарата а не здравјето на детето
     
    На sajonaramucaca и babyblond им се допаѓа ова.
  9. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    131
    некако постов на missfortuna ми е збунувачки и дискриминантен, а воедно и полн со предрасуди. Ама ајде и јас ќе пробам да и одговорам на напишаното. Прво темата е неподнесување деца, а не мајки седнати во кафулиња, пфффф па модерни па и згора со цигари. Па и да е тоа нема тебе да ти полагаат сметки за тоа што пушат, а и што се модерни па ги зеле и децата со себе. Едно е да ти сметаат деца (и тоа е во ред), а друго е да се има предрасуди па да се пишува кој каде смее да оди за да би било ко што љубиш да кажеш вкусно. Епа јас сум мајка и за мои пари јас бирам каде да ги оставам макар и кафуле(инаку во саботата бев во мартини со 7 месечната ќерка), а дали тебе ќе ти смета глетката мене ич не ме тангира. Абе земјата да се сврти наопачки ти тоа неможеш да го смениш и можеш само да кукаш по форуми и да будеш со предрасуди кој каде смеел бе. А унаку јас кафето неможам да го пијам повеќе од саат време поради нели темпераментноста на децата за разлика од тебе кое го лигавиш 3 саати со друштвото и постојано го викате конобарот да ви долива вода, па сега незнам што е тука поневкусно.
    И добога девојко за какви врснаци плус минус некоја година збориш погоре во постот????
    Па во кафулиња седат од малолетни па до 60 и кусур години. Незнам навистина од каде си и каде излегуваш ама очигледно не си прошетана тука па камоли во некоја метропола па да видиш од кој карактер се таму кафулињата!
    Незнам и од каде смелост да кажуваш која возраст е дозволена во дискотеки, клубови, сеедно. Тие ако се 18плус воопшто нетреба да ти смета ако некој 45 годишњак дошол да се олабави, па уште и ѕверел. Па очи за гледање се, е не ќе помине мижејќи, а и на крај краева станува збор за установа во која смеат да влезат само полнолетни а не ко што викаш 20/25. Полна си со предрасуди, па ако ти пречи игнорирај го, а не да кажуваш кому каде му е место и како било вкусно.
     
    На mimiiiii, Doozy, Lovely93 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Пораснаа децата додека се испокаравте :D
     
    На captivating му/ѝ се допаѓа ова.
  11. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Да, спрема постот и дијалектот очигледно Мисфоруна се однесува на Битола и другите градови во Македонија кои се помали и во кои ете постои некој „ред“, а во Скопје, не постои или до некаде постои, ама не е до толку изразен, да ми кажувале колешки дека во Битола, се знае во кои кафичи одат помлади, во кои постари немажени, неженети, разведени, каде одат рокери, металци, каде поандерграунд, и каде одат фамилијарни луѓе и пензионери со внуци. Мартини мене иначе ми е омиленото место во Скопје и е така убаво организирано, така што има место и децата да прошетаат и да видат нешто интересно, сум видела и некои политичари и функционери, и тинејџери и крштевки се славеле па трчале деца на сите страни и луѓе по тренерки и пристојно облечени луѓе, студенти, професорки на факултети ама буквално секакви луѓе. Така да во Скопје се некако послободни од тие класификации спрема возраст, што е поевропски, ама пак во Битола и другите градови е поубаво оти има некој ред и мајките повеќе внимаваат како им се однесуваат децата во јавност и знаат каде да ги носат, а каде не, каде им е убаво на децата,а каде не им е. Во Скопје можеш да видиш секакви мајки, од мајки кои си и заспале децата и си се раат, до мајки кои не се никаков авторитет за децата иако цело време се дерат по нив, до мајки кои им зеле сликовници, листови боички и што уште не за децата да се занимаваат. Сепак, што е таткото заедно со нив, најчесто, но не секогаш, ситуацијата е посмирена и децата се помирни и зависи и од местото и од возраста и воспитувањето на детето.
     
  12. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Конкретно за состојбата со мајките и децата, еве искрено не сум начекала низ кафичите каде што седам деца со родители на маса до мене. Освен оние деца кажав кои.
    Не ги носат во кафичи.
    За другите и не можам да пишувам кога од офф топик се претвори во дискусија, верувам заради несоодветна тема. Но мене тоа и ми смета во ноќните клубови, а тоа го има насекаде, па и во Битола се забележува, може не премногу, има некоја култура, но мое мислење е дека не е складно, не се работи некој да се навреди за своите години туку да се има места за излегување на млади и места за возрасни, не гледам поента да се журкаат на исто место деца од 18 и возрасни од 50 години.
    Најчесто излегуваат фамилијарно и мајката и таткото па ги гледаш кај количината и нишалките, па таткото седнал во количето и го вози, што да биди за дете поубаво од тоа.
    И јас мислам дека децата се помирни кога и таткото е заедно со нив.
     
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мајки со деца ви пречат по кафичи, а нам 15 годишни со допичњаци не ни сметаат по дискотеките ??? :swear: :swear: :swear: :swear: :swear: :swear:
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  14. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Temata stana haos.
    Si kazavte vi smetaat deca koi vristat i pistat(bez razlika za sto) i nivnite majki koi ne gi vospituvaat.
    Od mali deca,stignavte do nokni klubovi,preterizam.
    Na sekoja tema od igla se pravi lokomotiva. Drzete se do temata, covek ke otvori da cita za edno,a sosem drugi gluposti ke se iznacita.
     
  15. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Како тоа ви сметаат вам, јас не знам. Јас не носам допичњаци ниту сум носела, ама како тие што носат би ме засегале мене не знам. Тие само за нив си прават лошо, да изнастинат, да бидат гледани како к**ви од страна на сите освен на врсниците, па и од страна на врсниците. Ама и тоа е вина на родителите, на мајките, што не ги научиле како треба, а како не треба да се облекуваат. Како мајките воопшто ги пуштиле така да излезат од дома,јас не разбирам. Јас така да се облечам, пред се брат ми ќе ме праша со кој памет планираш така да излезиш некаде, камоли мајка ми и татко ми. Се е тоа до воспитувањето и до кое ниво се стигнати со попуштање родителите. На една мајка ѝ така да и одзволи одма другите ќе сакаат така да се облекуваат само затоа што ги уловиле погледите на „фаците“ од нивна генерација , а на колку манијаци и педофили и запечени старци исто така, ама тоа е виша математика за тие празноглавки да размислуваат за тоа. Па има девојчиња што немале другарки и паѓале во депресии затоа што немале другарки оти останатите така се облекувале, а нивните родители имале повеќе осет за пристојно облекување и јас сум се нашла за кратко во таква ситуација, ама сепак имав среќа во текот на целиот мој живот да наоѓам истомисленици. Значи и тоа има врска со воспитувањето на родителите. И тие се нечии деца. Ама може да му сметаат само на некои кои сметаат дека им се конкуренција во било кој поглед, а штом сте стигнале така да размислувате тогаш имате проблем со вашата самодоверба, а за тоа има посебна тема на форумов.

    П.С. На крајот на краиштата како сакаш да се облекуваат на 15 години , ако од 2-3 години гледаат такви примери по кафичи, дури мајките им пијат кафе. :lol: (мала шала :D )
     
    На sajonaramucaca, makedonkamak и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  16. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Леле,зошто би ви сметале 15 годишни со допичњаци? :wasntme:
    Или ви ги крадат додворувачите вам повозрасните? :rofl:
    Тие за себе саами си сметаат,ама касно ќе го сфатат тоа,и ова нема допирна точка со вриштење и пиштење на бебиња додека прообуваш на мира да испиеш кафе и направиш муабет.
     
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Јас па мислев да прашам. Да не ви случајно сметаат мајкиве со деца на соседни маси што зафаќаат местото на потенцијални додворувачи од ваша социјална група? Некако по муабетот излезе дека не ви е до децата што ви сметаат сами по себе, туку мајките :wasntme:
     
  18. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Полако жено Божја :tmi:
    Не знам што се воспали толку на постот на девојчето кој за разлика од тебе беше далеку поверојатен и попримамлив за читање.
    А па ваква мајка како тебе јас искрено нема ни да ја забележам во моја близина,тебе лично што ти смета ако некој се лигави на кафе не 3,ами ако сакам 6 саати,тоа ти не можеш да го оспориш.
    Барем пелени уште не сме почнале да менуваме по кафичите.
    Темата е јасна и гласна,исто како што е и многу јасно дека многу мајки кои претходно не проживеале сега сакаат опет во духот на младоста да го проживеат пропуштеното.
    И џабе се коментира,дека не пречат децата во кафичите,тогаш па јас да се запрашам дали треба да се запишам во градинка за да излегувам?!
    Дај не им го брзајте детството на децата и оставете да си бидат деца,кафичите во никој случај не се забавни за деца,па ниту се едукативни има време кога и да шетаат по кафичите :x
     
    На missfortuna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Темата е јасна, да, неподнесување деца :!: А не е неподнесување мајки кои не проживеале според вас. И се враќам на мојот претходен пост. Кој ви смета? Децата или мајките? :^)

    Лека ви ноќ :yawn:
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  20. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Имелда ако тебе не ти смета кога одиш во кафич,да се чувствуваш како да си во градинка,твој проблем.
    Мене ми смета,тоа што местата кои се за излегување за восрасни се преполни со деца.
     
    На missfortuna и sajonaramucaca им се допаѓа ова.