Неподнесување на деца

Дискусија во 'Дете' започната од AnimeHQ, 14 септември 2012.

  1. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Ц...ц...ц...ете им сметале децата...
    Девојко ,пред да имам деца,кога ќе излезев во кафич воопшто не приметував кој има околу мене(еве и сега пробувам да се сетам...ама не)
    Си терав кафе со друштвото
    А на тебе изгледа ти е досадно или немаш попаметна работа и муабет па да се најдеш
    Деца ,мајки и бремени жени почнав да приметувам кога почнав да размислувам да си оформам семејство,почнав да мечтаам и споредувам
    А ако не ти се допаѓа да седиш во кафич/ кафана каде што има мајки и деца седи си дома
    Ние нема да се затупиме и изолираме од светот поради семеството,мора да живееме без разлика дали тебе ти се свиѓало или не
     
    На ubavka1 и Lovely93 им се допаѓа ова.
  2. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Прво, искрено не знам каде излегуваат дел од вас, мене многу ретко ми се случило да видам дете во кафич, може и не забележувам зашто сум седнала да направам муабет со другар/другарка, а не да „снимам“ околу мене. И друга работа, не значи ако мајка сеуште оди во кафич дека е неизживеана. :tmi:
    И трето, нема врска носењето во кафич мало дете со „уништувањето“ на неговото детство. Значи тоа е на возраст која родителот го носи, а не оди предвреме некаде па да губи демек од детството. Тоа многу знае дали е во кафич или во слаткарница или во парк. Ова повеќе важи за тинејџерите.
     
  3. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927

    Прво не сте изживеани со речникот за да глумите нешто.
    Како второ нема што јас да бегам од локалите за излегување кои се за моја возраст а не за детето твое.
    Прво не знаете една нормална комуникација да направите,Боже сачувај,вие изгеда читате само она што вам ви одговара.Бебе што писка не сум должна да го слушам еден сат и притоа да не го забележам сам затоа што мајка му била без осет..
    А за седење дома порелевантна си ти со твоите деца,отколку јас каде што не галамам и не плачам кога ќе седнам во кафич.
     
    На missfortuna и sajonaramucaca им се допаѓа ова.
  4. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Не сме ние воопшто неизживеани во речникот ниту пак глумиме нешто, само сме реални. Нема локал кој што е определен со возраст или епитет како мајка, тинејџерка или студентка. Сфати го тоа па збори кој бил изживеан а кој не. ;)
    И не можеш да ѝ кажеш дека ако е мајка треба да седи дома, стани мајка па да ти го рече некој тебе тоа.... Ограничено, многу ограничено. 8)
    И нормална комуникација според тебе е да ѝ кажеш да седи дома?
     
    На SimonaTino и kaja11 им се допаѓа ова.
  5. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Децата се различни. Некои се по темпераментни, некои покревки и мирни.
    Но, јас мислам дека многу зависи и од родителите, во однос на воспитанието.

    Искрено, деца кои премногу врискаат ми одат на нерви. :|
    Не ги мразам, бидејќи омразата е тежок збор, но не можам да ги поднесам бидејќи автоматски губам трпение и јас самата.

    Но, како и да е едвај чекам да станам мајка. Ми се брза некако, сакам да бидам млад самохран родител. :)
    Ама ќе си почекам, дур не ги остварам и другите планови од аспект на кариерата. Бидејќи сакам да им подарам на децата лагоден живот. И ќе направам сешто е во моја моќ за да успеам. :)
     
  6. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Темава отдиде во неповрат.
    Да расчистиме нешто јасно и гласно!
    Без разлика дали на некој му пречи тоа што има бебе/дете во кафичот нема да спречи некоја мајка да отиде таму. На крај поголема веројатноста дека тој/таа би си заминал отколку мајката која цел ден е со детето и навикната е на викање.
    Исто така толку тупење за ништо. Кога излегуваат мајките со деца во кафичи? До кај 8pm? Не го порпечуваат ноќниот живот.
    И прашње за сите тие што мислат дека не треба мајки со деца да одат во кафичи. Вие кога ќе имате деца каде ќе одите? Ќе престанете да одите во омиленото кафуле затоа што сте родиле? И немој да речете ќе ги оставите дома со баба/дедо/татко/стрина. Не сите го имаат тој луксуз. Дај да донесеме закон кој ги ограничува мајките во игротеки и паркови и зоолошка. Дај бидете реални.
     
    На Lovely93 и SimonaTino им се допаѓа ова.
  7. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    131
    добро кажано, само едно не ми е јасно мене...каква врска има неизживеаноста со седење во кафуле? Види ја се омажила згора на се и дете има и замисли седнала во кафуле аууууу...богами многу ограничено.
     
    На Lovely93, SimonaTino и captivating им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Темава е уствари за неподнесувањето деца како општа категорија, без разлика дали се мирни или не, и без разлика дали ги сретнуваш во кафич, на улица, или ти доаѓаат на гости.
    Малку избегавте од контекст, штом почнавте да зборувате за некаква категоризација на локалите и проживување на младоста.
    А ти baby-star зошто мислиш дека денското седнувањето на кафе е не знам ти каков провод? Не е тоа некакво вонсериско доживување, па сега да вртиме муабети дека мајкиве сакале „опет во духот на младоста да го проживеат пропуштеното“. Какво пропуштање? Седнување со другарка на кафе муабет од саат-два? Тоа за тебе е некакво доживување? Едноставно седнуваш, плаќаш кафето, потполнуваш слободно време уз муабет и тоа е тоа. Ако зборуваме за младоста, има многу побитни работи кои треба да се доживеат отколку некакво седнување на кафе.
     
    На eloves, junacinamama, Lovely93 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    А бе џабе толку муабети извртевте, на крај мајките си одат со децата каде сакаат, а другите се тие кои бегаат од нив зошто им смета вриштењето. Нас не ни смета, кафето ќе си го испиеме како сакаме, децата прошетани и излуфтирани, а вие мислете му ја, и онака законски не можете да забраните движење на никого :P
     
    На Mama25, MacenceEna, kaja11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Osamena-Srna

    Osamena-Srna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    108
    Прво да однесеш дете во кафич е тотална лудост, особено ако е тоа невоспитано. Во кафичот не им е место на децата, исто како што не им е место на возрасни луге во игротека, да седнат да земат алкохол и цигара и да си уживаат. Некои луге овде тргнуваат од тоа дека тие имаат деца па се ставаат на страната на децата и велат, ма нема врска што тие вриштат ако некому не му одговара нека си оди.
    Тоа можат само дома да го кажат, а не во локал кој не е нивна сопственост, газдата ако сакал да негови гости бидат деца би отворил игротека, а не кафич.
    Значи да се разбереме, инцидентно може да се случи на кратко да седне некоја мајка со дете во кафич, па макар тоа било и немирно, во тој момент би било симпатично, но ти да малтретирапш луге секој ден, или да се соберат 2-3 такви мајки, ке ги испарталат од кафичот без око да им трепне.
    Не признавам изговори дека ете дете е па што да му парам што е немирно, има што да му правиш, само денешниве мајки многу се разлигавени па мислат дека цар родиле па несмее никој ни накриво да го погледне. А, од таквите размазени деца подоцна излегуваат деликвенти, наркомани...

    Иако одговорив на темава но еве уште еднаш да го повторам мојот став. Да, мразам деца особено ако се тие размазени и невоспитани, за таквите деца нема место во мојот дом без оглед чии се. Кај мене кога ке дојде родител со немирно дете кои сака се да фати, кое незнаеш дали ке фрли нешто во телевизор или ке скрши нешто, едноставно кај мене нема пристап без оглед чие е.
     
    На babyblond и missfortuna им се допаѓа ова.
  11. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Од ова што го прочитав тука сфатив дека ви сметаат мајките кои се седнати во кафич со своите деца. Евентуално може да ви засмета некое дете, ама никако таткото :!: . Ако таткото седнал со другари и го зел детето со себе, тогаш нема никаков проблем. Тој не е неодговорен, туку баш напротив тој е ИДЕЛЕН ТАТКО и сопруг, се грижи за детето и сака што е можно повеќе време да помине од него, за разлика од мајката која и во овој случај е неодговорна и сигурно дреме на facebook додека мажот и (за греотка) се грижи за „нејзиното“ дете :!: . Тогаш детето не ви смета туку со воодушевување го гледате и дури и му се смешкате (може таткото и ќе ве забележи, посебно ако е некој згоден :tmi: )
    морав да генерализирам иако она што го напишав важи само за мал број на „девојчици“ на кои им сметаат децата во ќафичи
    Децата плачат и во парк и во слаткара и пред зграда и во влез и дома, па ме интересира дали дечиот плач е толку страшен да ве вознемири само во кафич или секаде. Еве мене лично не ми сметаат деца, баш напротив- ги обожавам. И не ми пречи воопшто кога ги слушам пред зграда или било каде да сум, па и низ скопските „кафиќи“. 10 години излегувам по кафичи на кафе, додека студирав 3 години работев по кафичи и ниту еднаш ми се нема случено некоја хорор случка со дете, ниту сум била сведок на истата. Така да муабетот за деца монструми па и не ви држи баш вода 8)
     
    На Lovely93, kate21 и SV1911 им се допаѓа ова.
  12. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Море дрски жени, бре бре ти си родила, си гледала деца, дома ти плачеле па за околината како ќе гледа на сето тоа никому ништо, нека си плачи тоа, носете го во кафичи, нека му смета на сите, оти сите мора да ве разберат дека сте мајка, да ги слушаат, трпат и гледаат вашите непослушни деца, да ви беа мирни децата немаше овде да се бунтовате по форуми, има многу мајки кои изгледале деца но никогаш не да се согласат со ова и нив дури ќе му сметате. Несовесни, инаетливи.
    Со тоа вашето јас што сакам ќе правам, ко да слушам деца од 7 години.
    Ај ко ќе ви потпораснат децата, ко ќе почнат тие да излегуваат, ќе се симнете малку на земја, па нема да му се пикате во локалите тие кај што ќе излегуваат. Можеби тогаш ќе се подумате, па и за тоа со излегувањата на 45 години во истите дискотеки каде што ќе ви одат децата.
    Премногу се толерира а не треба. Дека капетанот го изјасни проблемот овде, сега и го разбирам со каков инает и дрскост си имал работа, со која некултура на сограѓанинот.
     
    На sajonaramucaca, Sanjichka007 и babyblond им се допаѓа ова.
  13. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Мојте деца не вриштат и пиштат во кафич срцка,затоа и си дозволувам да се опуштам барем 5 пати во годината
    А да седам дома поради ископлексирани девојчиња како тебе сигурно е дека нема
    И ти кажав ако не ти се допаѓа не оди
    Никаде не пишува и не е забрането одење во кафич на мајки со деца,ни било ни ќе биде
    За разлика од тебе и сум изживеана и проживеана биди сигурна
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    [​IMG]
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Мене лично иако ретко одам по кафиња, ретко имам време за тоа, не ми сметаат децата ако викаат плачат или било што,ако се до мене и почнат да ме нервираат ќе се преместам на друга маса, побрзо ќе го испијам кафето и ќе си заминам. Мене лично повеќе би ме засегало, ако трчаат и ако се сопнат од некоја маса и нешто жешко чај или кафе се истури врз мене или врз нив, ако турнат некоја чаша и се исечат, ако дојдат кај мене на маса и почнат да ми чепкаат по работите на масата. Штом дојди на моја маса, автоматски јас станувам одговорна (сакала јас или не, или било кој/а друг/а кои сме седнати на таа маса) за детето, да не турни нешто, да не се изгори, да не скрши нешто, а не сигурно не сум дошла в кафич за да чувам и да внимавам на нечии деца. Ако сакав да бидам дадилка ќе си најдев работа како дадилка, немаше да седнам да испијам кафе на пола саат или 45 минути. Мислам дека кои кажуваат дека им сметаат малите деца по кафичи и родителите кои не внимваат на нив, од овие причини, не дали ќе викале или плачеле или било што друго. Едноставно никој не сака да е одговорен за туѓото дете.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  16. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Кој татко ќе го земе детето со него, да е седнат со другари и пример да пие пиво??
    Знае дека ќе смета, дека ќе плачи, па нема да си седат ни муабет да направат.
    Евентуално да го земе за на фудбал, со предходни убедувања да биде мирен или нема да го носи, нели?
    Да му се смешкаат на детето за и таткото да забележи :rofl: аман бре, не пуштај од дома ни дете, ни сопруг заедно. :rofl:
     
  17. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Брат ми ги носи децата по кафичи (внука ми од бебе ја носи со него), братучед ми го носи малиот, другарите мои си ги носат децата и замисли за сите нас е нормално тоа да испијат по едно пиво или кафе со друштво во кафич, а децата се со нив. И не плачат замисли :o . Сите тие деца се однесени и во парк и во игротека и на планина и на море, ама и во кафичи.
    За маж ми ич не му ја мисли, сеуште немаме деца ( бебушко ни е на пат) па со него си го шета внук му и двајцата уживаат во тоа. Баш минатиот викенд бевме кај неговите и го носевме малиот на сладолед во кафич, детето уживаше :inlove: . А и мене баш ми одговара кога го гледаат маж ми, знам јас што имам покрај себе и не ми паѓа на памет да го кријам дома ;)
     
    На Lovely93 и SimonaTino им се допаѓа ова.
  18. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Убаво што си знаеш што имаш покрај себе, јас помислив имаш некој проблем со некои што му се смешкаат :rofl: Аман кој му ја мисли за мажот ти, нека не ти идат секакви идеи. :D
     
    На sajonaramucaca му/ѝ се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.942
    Допаѓања:
    36.877
    Пол:
    Женски
    Ох, вие фини мамини и татини галеничиња. За жалење сте бре. Кафенце да не можете на раат да си испиете. Ве разбирам. Вие би сакале ако може ко Хитлер ред да ставите секаде. Не може бре кој како сака и како смета дека треба да прави, туку вие како ќе кажете. Не за друго, туку да си го имате мирот де. :^)
    Штета само што ваквите ваши желби се пуста утопија :lol: Овие "несовесниве мајки" (вклучувајќи ме и мене наскоро) пак ќе си ги носат децата каде што сакаат без да ве прашаат вас. Греотички |(
     
    На Lovely93, SimonaTino и artemidis им се допаѓа ова.
  20. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Еве уште еднаш ќе ти кажам немам проблем со тие што му се смешкаат на мажот ми, имам проблем со инаетливи „девојчици“ кои за да излезат многу паметни во сопствените очи, бидејќи никој друг не ги гледа така, упорно се препукуваат по форуми и ги извртуваат туѓите мислења. Од кај ти излезе тоа дека јас имам било каков проблем во тема на неподнесување деца :fubar: . Или не е битно како, битно е да направиш што е можно повеќе мислења. А и баш ми е гајле дали тебе ти сметаат или не деца, кажи ти во кој кафичи излегуваш и само што ќе се роди бебето ќе ти го пратам мажот ми таму со него, да ти плаче бебето и да те нервира, не за друго :^)
    И ако имаш нешто во врска со темата да пишеш, пиши, а не да им го береш гајлето на форумџиките кај треба да си ги носат децата и како да си го живеат животот
     
    На Lovely93 и SimonaTino им се допаѓа ова.