1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неподнесување на деца

Дискусија во 'Дете' започната од AnimeHQ, 14 септември 2012.

  1. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    И мене ме нервираат разгалени деца и нема јас што да си играм со некое дете или пак да му зборувам не знам што, не знам како. Јас кога бев бебе да не ме играше некој па јас сега ке ги играм сите. И мразам некои што си гледаат на кој да му го дадат детето да му го чува, а таа да си шета. Или па еднаш се деси мајката на среде јадење му го зима јадењето на мојот дечко значи бевме собрани во викендица и јадевме и таа на мојот дечко му го зима јадењето, а тој уште јадеше и му го зема и му го даде на нејзиното дете. Па тоа на ништо не личе, леле како се изнервирав и се смее толку е тоа смешно лелее.
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Jас самата себе си не можев да се поднесам кога ги гледав видеата со мене како мала :devil: Mи идеше еден сочен автошамар да си залепам, а не па некое друго разпрдено створче.
    Eдинствено бебе со кое со мерак и душа си играм, е внуката на дечко ми,поубаво и помирно нема на овој свет, а од другите бегам како ѓавол од крстена вода :rofl:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    некаде мегу 25-30 години :)
    секој има право на избор :!:
     
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Не можам да поднесам разгалени деца.

    Доаѓаат некои од нив дома, ронат од јадењето на под, се бришат од навлаките на креветите, тураат сок на маса, со валкани раце се бришат кај ќе најдат, одат вц и си прават игри таму, т.е прават лом, отвораат фиоки, се што е на полиците мора да го фатат, честопати и скршат, шетаат по другите соби итн...

    Децата се љубопитни суштества, се сакаат да видат и фатат, ама треба да се има граница !!! А; таа граница треба да ја постават родителите, кои со цигарето в рака им е мака да потстанат со газот. |(
     
    На enca.69 и heart.stealer им се допаѓа ова.
  5. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Не поднесувам деца у глабала.
    Кога ќе дојде дома, и му збориш оно ќути.. Па сакам ова, сакам тоа, сакам....
    Р'шуљ ми ја прават собата |( па после ќе заака нешто од земја, мерачки, зашто не сме ја слушале кога збори |( После со прстите во вентилаторот ќе брцне, а ти ќе бидеш крив бидејќи си трепнал .

    Неможам.. И до сега не сум видела мирно дете. Кога ќе најдам ќе ви кажам дали не поднесувам деца или само хиперактивни деца..
     
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Женки, измешавте многу поими.

    Си кажа Аниме што и` е проблемот, и лично мислам дека не е нормално тоа што го чувствува во присуство на дете (без навреда :hug: ). Значи, едно е да е свесна дека не сака да има свои деца, ама да нема проблем во нивна близина (како имелда, не сака свои, ама нема проблем да чува туѓи, се` додека знае дека на крај на денот ќе го врати :D ), а друго е да и` се јавуваат здравствени проблеми како резултат на нивната присутност....

    Делумно се согласувам дека невоспитаноста доаѓа од родителите, ама мора да сфатите дека со децата не сте никогаш „на чисто“. Тие едноставно се раѓаат со карактер кој ние, сакале или не, мораме да го прифатиме и во одредени граници насочуваме. Истите тие деца поминуваат низ толку многу фази, да тамам сум помислила дека ќерка ми е ангел на Земјата, таа ми ги крши соништата и се фрла на земја во Џамбо оти сака да оди во игротеката, а не знае како да го побара тоа. И не, не ми е гајле што мислеа тие околу мене, оти кармата е страшна работа, а детето мое е во 90% од времето воспитано и неверојатно мирно, ама ете....си има желби и неможност да ги искаже, па оваа реакција и` се виде најпогодна :)

    Да, за се` си има граници кои родителите мора да ги постават, ама не се чукајте многу во гради пред да ви дојде на врат, оти не знаете какво дете ќе ви се „погоди“ ;) Нека се само здрави и прави, љубопитни и желни за учење, се` друго доаѓа и поминува, детето низ тие фази си го гради карактерот и гледиштето кон светот, па треба со многу внимание да му се пристапи, како во добри, така и во лоши моменти.

    Морам да го напишам и ова: Преку глава ми е од споредување како нашите не` воспитале нас и како не сме смееле да мрднеме. Она што медицината (посебно психологијата) го знае денес, не го знаела тогаш, или нашите, заради ограниченост техничка, не биле во можност да го прочитат/научат. Не мислам дека нивните методи биле правилни, баш напротив, затоа денес имаме толку многу луѓе (и машки и женски) кои не се способни да сакаат, не се емпатични и се страшно егоистични. Резултатите се во нас, кој е реален може да ги проанализира (чест на исклучоците!) и понатаму да избери каков метод ќе примени на своето дете.
    На крај краева, лудите години се од 1 до 3,4 максимум, таква им е фазата, се осознаваат себеси и својата самостојност и индивидуалност, хаос им е во главчето и затоа понекогаш така се однесуваат. Се издржува, возрасни сме и мислиме 3 пати пред нешто да кажеме/направиме, ама ве молам, без етикетирања на деца кога не знаете ниту каква му е менталната состојба, ниту каква му е ситуацијата дома, ниту во која фаза од развојот се наоѓа. Можеби е и грешка во воспитувањето, а можеби и нема врска тој момент со реалноста, за џабе само ќе си го дозволите луксузот на оговарање и „солење памет“ :)
     
    На LittlePinky, JuLleE, Lilit и 13 други им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.192
    Пол:
    Женски
    Јас пак неможам да ги разберам тие што не поднесуваат деца :o Мое мислење е дека нема лоши деца, туку има возрасни кои не ги поднесуваат, а децата тоа го чувствуваат и затоа и така се однесуваат кон таквите луѓе. Децата си сакаат внимание, посветеност, да разговараш со нив, да играш итн. Треба да ги разбирате тие мали суштества, а за возврат ќе добиете искрена и чиста љубов која не може да се спореди со ништо. :)
     
  8. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Не поднесувам само доколку се работи за деца кои те гледат на криво и едноставно немат мила ѕвезда за да сакаш да си поиграш со нив. Имам другарка моја генерација која има керкичка, малата е премногу приврзана за мајка и, и постојано нешто не и е погодено па вреска, писка итн. Инаку има 11 месеци. И покрај тоа, малата е слаткиш, во ретките моменти кога и се сите овци на број се смее си игра и е ептен мила и убава. Ист случај со син на мој прв братучед, не дека ми е близок туку навистина детето е премногу мило, и паметно, и обожавам да си играм со него.

    Е сега, има едно мало девојче, кога беше година ипол, покрај дечко ми ја срекавав но не ме влечеше воопшто да си играм со неа. Девојче како девојче, слатко мало невино ама пусто не ме влечи да ја заиграм па не ја фатив воопшто.

    Дечко ми пак, е невидено добар со деца. Нема дете кое не го сака. Со сите си игра, сите одат во него а со мене не е така. :) За имање деца, ке имам некој ден, ке си ги сакам и ветувам дека ако се премногу темпераментни нема да ги вадам од дома често. :lol:

    Сестра ми, првото беше неверојатно мирно, абе кукла порцеланска, само спие и јаде ниту плач ниту ништо. Кај сите оди не беше многу приврзена за сестра ми. За разлика од второто. Ѓавол. Мама па мама. Јас жими се не паметам да сум го држела во раце како мал. Можеби два-три пати преку сила. Сестра ми неможеа да мрднат од дома поради него. Одат на свадба, седат 15 минути и се вракаат бидејки малиот се раздерува од плачење. Сега фала богу, не е таков. :sweat:

    Јас мислам дека сепак ова ти е период, и дека ке ти помине. Помнам и јас кога бев помала не сакав воопшто деца, ме нервираа најверојатно бидејки имав лошо искуство со второто на сестра ми. :D
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Никогаш ,ама баш никогаш не ми сметале децата околу мене. Е сега, од кога останав бремена се се смени. Почнаа страшно да ме нервираат децата што се во маало , што вриштат, абе гласот неможам да им го трпам, имам чувство дека баш како мачињата од цртаните ми се креваат влакната.
    Исто неможам да ги поднесам децата на девер ми , Господ да не ми пише грев , да се живи и здрави, ама такви бесни деца не сум видела никогаш. Секогаш кога сме во нивно присуство буквално се исклучувам и мислам на сосема трети работи, дури се има случено маж ми да ми збори, а како да не го слушам.
    Но, затоа пак на две навистина блиски другарки, децата ги обожавам, едното ми е во срце зошто уште од мал расте со мене, а другото пак неможам да и одолеам на насмевката, а постојано се смее, цуцка мала. Е сега незнам дали ова доаѓа од тоа што другаркиве ги осеќам многу блиски, па ми е многу нормално и децата да им ги сакам, додека со овие другите не е така... или пак едноставно ми смета разгаленоста и бучавата , нередот и хаосот кој го оставаат по себе.... овие бесните никогаш не ќутат и постојано се дерат, како да не знаат да зборат нормално, за што и да им треба, да побарат они викаат. А, мене искрено ужасно ми сметаат високи тонови, мислам дека во ушите ми вибрира и глава почнува да ме боли :doh:
    Сепак ова не го сметам за мој проблем, искрено проблемот го гледам во родителите, што дозволиле децата така да им се понашаат.
     
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    3начи некој ако не обожава/сака деца, не мора да значи дека не сака свое дете :) Eте пример јас не ги сакам децата, немам мерак бе да си играм со нив, ми скока желудник кога вриштат,ме нервираат, и негативно ми делуваат, тоа е тоа, посилно е од мене, ама тоа не значи дека јас не сакам да имам свое дете.
    Aко си збориме реално, своето си е свое, и никој не може да ме убеди во спротивното. :) Kолку и да не ги сакаш децата, своето ќе си го сакаш, оти ти си го родила :)

    Eдит- и зашто на психолог? :^) Поголема глупост АМИН
     
  11. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Нема лоши деца, има невоспитани деца. И јас порано повеке сакав животни од деца а денес е обратно.
    И секогаш викав мои деца нема шанси да дозволам да се треска по продавници,има да го воспитам. Ама не е така тоа што викав си го дочекав на глава.
    Јас сакам деца, тие се мили суштества што си бараат внимание и ако знаеш да поставиш норми и добро ги воспиташ нема проблем.
    Мене во суштина сега многу ме нервираат луге што чуваат кучиња по дома и ги шетаат во паркот меѓу децата и мочааат и какаат на тревата каде дечињата си играат.Кога ке ги видам во пракот со толкави кучишта ми се крева коса на глава.
     
    На Trendafilka и koritsaki им се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да разберам како може некој да не сака мало детенце, ај ако не сака да има свое кое повлекува обврски околу него, ама да не сакаш да си поиграш со детенце, да го гушнеш, бакнеш, е тоа ми е несфатливо, тука постои недостиг од чувства.
    Јас цел живот сум со дечиња, од братучеди, стрини, тетки. Еве сега на девер ми се мали, едното нема годинка, другото има две. Е тоа поголемото колку мирничко(сега не баш толку, знаеме дека во тие години сака се да види, да пипне, ако ти му кажеш не, тоа истото го прави :D ) во продавница да го однесеш и да го прашаш што сака да му купиш, ти вика ништо, а има деца продавница ќе превртат. А тоа малото кога ќе го видам не го пуштам од раце, такво мекичко, смешно, слатко големо бебенце.
    Но, убаво велат не е за секого родител. Покрај тоа што постојат такви родители кои физички и психички ги малтретираат своите деца, постојат и такви кои ги расипуваат, размазуваат (поалуваат), се што сакаат им дозволуваат, додека си прави муабет со комшивката, детето кој знае кај ќе отиде и ќе направи беља на некој. Е тоа не поднесувам, родителот не го поднесувам, а детето само го жалам. Баш пред некој ден имавме дуел со колешка па се приклучи уште една. Им направила ручек на децата и овие размазениве и рекле дека не сакаат тоа па им правела друго кое исто така не го јаделе, па земале бисквити. Јас и велам дека премногу им допушта и треба да ги остави да огладнат, па ќе види како ќе јадат после. И замисли женава откако два зготвени ручеци не сакале да јадат, била во продавница вечерта да им купи бисквити :o . Децава не се баш мали-7, 8 години. И тие кога почнаа, ајде ајде ќе видиш ти, ќе дојдеш на наше место ќе видиш како е. Дај Боже да дојдам и тоа што побргу, ама како ти ќе го воспиташ детето, тоа такво ќе биде. И затоа сум против кога дедовците и бабите ги извлекуваат децата од секоја "каша"и секогаш се од нивна страна без разлика дали е во ред тоа што го прават или не. Не зборувам за тепање на детето, туку еден родителски разумен пристап кон детето, да му објасниш што треба а што не. Да го однесам на гости и тоа да лиже прозори и да мачка по кревет, како што кажа Трендафилка? Е тоа не би дозволила, ни на мое, ни на туѓо дете. Ама нормално, ако мајката го гледа и си вика нека прави што сака, мало е не разбира, ти тука ништо не можеш, ако и преречеш ќе ти врати. Баш дека е мало, треба да му кажеш за да разбере.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Јас имам потполно разбирање за неподнесување деца. Никој за мене не би рекол дек ќе стигнам до тој степен да неќам дете да фатам и заиграм освен внука ми. Прелошо искуство имам со сите деца на роднини, пријатели, комшии и не знам како се погоди сите да се крајно размазени, лоши и разлигавени. Собата за две минути ми ја прават како бомба да паднала и при секое нивно доаѓање ми оди и по некоја моја играчка. А родителите ништо, за нив тоа е најнормално. За братучед ми и јас како Кравче, едно време мислев да не е дете на ѓаволот :D . За неговите зборот НЕ не постоеше.
    А внука ми е едно мило и нежно човече што ти иде само да го гушкаш, а братучедка ми ја има воспитано, пред да фати нешто обавезно да прашува. Нејзе не може да не ја сакаш.
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Мене сите деца ми се исти и со сите деца знам да се снајдам и знам да им го најдам крајот. ]:) Не ми сметаат, напротив, да се наоѓаше работа полесно, мислам дека ќе бев учителка. Сакам деца, сакам да ги доведувам во ред и сакам да гледам паметни дечиња. :D

    Порасната сум со мали деца околу мене и знам дека детето не бара ништо друго туку внимание. Сите, ви гарантирам, сите ќе седнат и ќе бидат мирни ако знаете да ги занимавате, ако им правите муабет додека сте клекнати на нивно ниво, ако ги прашувате прашања и тие ви одговараат, сите досега сум ги средувала.

    Моја теорија е дека спрема децата треба да покажеш авторитет, НЕ да биде НЕ и точка.

    И тоа размазените на сестра ми другачки, еднаш, двапати, сум преќутувала, нели, туѓи деца, ама после и нив почнав да ги редам ко сестра ми. На глава да ми се качат пет десетгодишни деца, нема. Ќе растурите играчки и нема да ги соберете? Нема да стапнете во двор во наредните две недели ако не соберат се ]:) (злобна сум, знам), и да видите како се собира се, дури и фатило едно, мете со метла. :D Откако ќе соберат ќе ги пофалам, така на арно ќе ги фанам, и нареден пат само ќе им спомнам дека треба да се собере се, дури немам потреба ни од закани. :wasntme:

    Абе мора да се поставиш некако со нив, иначе, кај ти е крајот. :D Како има учителки кај што одделението е мамара и сите знаат да читаат до крај на четврто одделение, а има други кај што е русвајт, после во петто се учиме да читаме. :lol:

    А членката што ја отворила темата, ја читам и по другите постови, мислам дека децата не ти ствараат нервоза, туку нервозата само ти се манифестира кога ќе видиш деца оти се гласни и бучни, па ти паничиш од не знам кои причини. Тоа ти е од друго, не ти е од деца. ;)
     
    На eloves, LittlePinky, JuLleE и 10 други им се допаѓа ова.
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Исто како и со возрасните, така и со децата. Разгалени суштества кои не познаваат граници - никој не може да ги трпи, без разлика дали имал 5 години, 20 или повеќе.

    Само што со децата можеш да употребуваш тактики, да ги заиграш, да ги замамиш со нешто, иако и тоа не е решение.
     
  16. wizardess

    wizardess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    46
    Јас сакам деца. Работам со деца и не би го менувала тоа за ништо на светот. Но, има некои дечиња кои не можеш да ги засакаш баш заради нивните родители. Заради само ним познати причини, родителите ги оставаат да прават што сакаат, а да не им речат ни збор. Еве пример, одам на гости кај “пријатели“ на дечко ми, кој имаат тригодишна ќерка. Па кога ми запна, дај да видам што имаш во чантата, па дај да видам. А јас имав тму и работи кои не се за мали деца, ако ме сфаќате. Па, најкултурно и викам не може, не смее да се фаќа во туѓи ташни. Мајката, луѓе, наместо да и објасни дека не е во ред, ми вели мене, па што ако и дадеш да види, нема ништо да ти стори. Таа сака само да види каков кармин носиш. Јас останав на својот став. Па кога почна да се дере детево, да се треска од земја... Леле, ужас! А родителите мене ме обвинија индиректно (па и директно). Не можам да сфатам. А, и да не заборавам, никој ништо не и рече ни кога ме испофаќа со мрсни раце по моите сосем нови пантолони. Си поќутев овој пат. Да не биде ептен тапа вечерта.
     
  17. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Не дека не сакам деца, не знам како да се однесувам со нив. И поради тоа одбегнувам да има малечко суштество до мене, не знам што да му правам и затоа ме нервираат. :?:
     
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.629
    Пол:
    Женски
    Да кажам дека не поднесувам деца малце губо звучи во моите уши,затоа ке го преформулирам и ке кажам дека Има деца во чие друштво уживам и има деца кои радо ги избегнувам.
    Јас, напротив сакам пргави деца кои се ги интересира сакаат се да чепнат се да видат.Мене тие ми се интересни и со мерак ке идам од соба во соба и заедно ке ги отвараме сите фиоки и шкафови.Не сакам деца кои се лигави цело време плачат и кенкаат за нешто сакаат да ги држи некој у раце и сл.Грубо кажано одвратни ми се тие деца.Исто не поденувам ХИСТЕРИЧНИ деца кои вриштат ко небаре некој душа им вади и се маваат од земја,а мајката си оди мирно поред нив со мислата "Остај го да се исплаче ке се смири после некое време".Е па никој не е должен да му се крева притисокот и да трпи некое такво хистечно дете.Не сум можела никогаш да бидам во нивно присуство и нема ни да можам.
    Инаку исто и јас како и повекето,би издржала да почувам туго дете на некој саат ,но свои не сакам да имам.Едноставно не се гледам себе си како родител.
     
  19. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    мислам дека и јас ќе почнам да немподнесувам деца (ама деца од 5-6 години, другите во ред ми се) .. значи девојче од 5-6 години вчера со некоја нејзина другарка ми ја мавале мачката со камчиња, и сега над окото удрена е и има крв, за малку окото ќе и го изваделе :@ кога си дојдов од училиште и мајка ми ми кажа што се случило, ми идеше да им ги треснам тоа главите една од друга :@ досега ги трпев бидејќи си викав, ај малечки се, не разбираат ништо, ама веќе неможам.. и јас на 5-6 години не се однесував најдобро со мачиња, ама во животот немам маче/куче манато со камен... и ај ќе речи некој, не разбираат, ама како тогаш разбраа дека треба да се скријат кога мајка ми излезе да им се развика ?? неможам поради 2-3 девојчиња да ги мразам сите деца на нивна возраст, бидејќи има навистина добри деца, ама вакви како овие ми иди да им манам по 2-3 шамари, онака јаки, штом родителите не си ги воспитале.. не велам дека треба родителите да ги маваат, ама мора да ги научат уште од мали да сакаат животни, а не да ги малтретираат.. за нивното однесување можам единствено родителите нивни да ги обвинам, ако сега не им викаат кога ги маваат животните, ќе пораснат како сите машки од мојот клас - со омраза кон мачињата и кога и да видат мачки, ќе почнат да ги маваат, влечат за опаш, да ги трескаат од ѕидот и многу други гнасни работи...
     
  20. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Уфф неподнесување деца, малце тешка е темава, во смисла на тоа што сепак е женски форум, а на најголем број жени сепак им проработува мајчински инстикт во одреден период од животот, па макар тоа било и во време непогодно за тоа и слично, а сепак некој да каже дека не ги поднесува, а сака да има деца во себе крие голема контрадикторност.

    Ништо страшно, и јас сум иста, јас неподнесувам невоспитани дечишта, кои незнаат да почитуваат ни авторитет, ни родител, ни туѓ дом, ни-што. Аверзија ми ствара кога ќе земе и цела соба или куќа ќе ми ја прверти на кров, не дека патам од педантност и све да е на свое место, ама неможам да сфатам мајката спокојно да си пијукца кафе, а детето во кујна ршум да ми прави во фиоките, сиот прибор да го извади и да почне да лупа по тенџериња. А таа уште ми се смешка и вели „Ќе го биде за бубњар“, а кога ќе го испие кафето ќе си го грабне детето а мене ќе ме остави да ги чистам чоколадните рачиња залепени по ѕидови и кај ли уште не, да враќам се на место и така натаму. Или па разгаленост до степен на трескање од земја и вриштење на цел глас додека не му бидат исполнети желбите.
    Од друга страна кај мене проблемот е што јас не поднесувам нестабилни и неавторитетни родители, кој не умеат да го воспитаат детето. Сфаќам јас дека и темпераментот е некогаш битен, ама секое дете може да смири и да се научи ако не на повеќе барем на основна култура.
    И не зборам на памет, внук ми е ептен темпераментен, немирен и неподнослив, одбива да јаде, се закача со другите деца, растура играчки и не ги собира. Ама летото кога ги чував него и сестра му (со која се ко небо и земја различни) му ја фатив цаката. Првата недела пробував со добро, ама џабе беше, после сменив систем, почнавме со систем на награди. Ако го издеш појадокот ќе може да излезеш да си играш, ако не се закачаш со децата ќе може да играш на компјутер, ако ручаш ќе излезеш попладне надвор, ако не ќе седиш дома, во спална каде нема компјутер само ТВ додека другите деца си играат под прозор.
    За некое чудо детево уште од прв ден прифати да играме по мои правила, па кога ќе речев време е за внатре, жешко е веќе да се седи надвор, први трчаа, јадеа овошјето и се договараа кој ќе седне прв на компјутер, со тоа што секој седеше по пола саат, еден игра на компјутер, другиот јас го занимавам со играчки и сл.
    Чудна беше промената која ја правеа штом мајка им се појави на врата, како други деца да стануваа, особено внук ми, ама тоа е таа им допушта многу, или барем им допушташе, сега се веќе поголеми, и единствениот нејзин начин да ги смири беше „Ќе се јавам кај татко ти“.

    Забегав малце од темава, али муабетот ми е дека не постојат немирни деца, туку деца со кои не се постапува правилно, кажа Дузи убаво, треба да се спуштиш и на нивно ниво, така најдобро ќе те разберат.
    Јас сакам разбрани деца, немора бубалчиња да не мрдаат, туку кога ќе му кажеш не фаќај таму или онаму, кога ќе му кажеш тоа не добро, не треба, не може да прифати, а не да си тера по свое без да се замара што ти или родителот си му кажал.
    Факт е дека со децата треба да се работи многу, не е само да му обезбедиш материјални ствари и љубов, треба многу време и трпение за да ги воспитуваш, само што многу родители грешат кога мислат дека ако има најскапи играчки, најубава соба, најубави алишта и се друго што ќе посака дека е среќно, можеби е полесно да му ја исполни желбата па да си пие кафе родителот отколку да го седне и да поразговара.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.