1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неподнесување на деца

Дискусија во 'Дете' започната од AnimeHQ, 14 септември 2012.

  1. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Ама,јас стварно не поднесувам мали деца.Али,тоа не е до нив,тоа е до невоспитаните родители.
    Значи јас си поминувам и го шетам кучето низ парк и гледам таму едно дете 5-6 години на мало кученце му става прашина во очи.И ова кученцето се бутка за да си оди,а ова за врат го фати бе :o ,и отидов таму кај тое детиштиштето невоспитаништето и му се развикав.А па татко му од таму дреме на клупа и ми вика па што му викаш бе,мало е,не разбира!Да,тоа не разбира,ама ти магаре едно разбираш,па кажи му да не го фаќа за врат ќе го задави!После го земав кученцето и го подарив на соседите,па сега тие убаво си го чуваат и што е најважно,кученцето е среќно :)
     
    На eloves, BoaVista, vaga95 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    не поднесувам кога некое мало бебе плаче,страшно ме иритира тој звук,а инаку како помала не поднесував мали деца а како за чудо тие ме сакаа мене,едноставно не знаев како да се однесувам со нив не дека сега знам
     
  3. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Јас ги сакам и многу ги поднесувам децата,се разбира дека има некои што ме вадат од такт,но наоѓам начин да ги смирам.Има разгалени деца,не велам не,некои кои што ако нешто не и ме удоволено врескаат,се качуваат сегде сами,ако секунда не им обрнеш внимание почнуваат да плачат,но на секое до сега сум му го наоѓала крајот,не за џабе тоа имам завршено :wasntme: :D.Тука пред се ги наоѓам криви родителите кои што ги разгалуваат децата и затоа после тие ќе имаат мака со нив.Има разни начини на детето да им се укаже авторитет и да се смири,низ разни тактики,било со разговор,било со скратување на омилената им игра сум успевала да се снајдам и со најпалавото дете до сега.Некогаш е потребно само да се спуштиме на нивно ниво за да тие се смират и почнат да си играат без врева.Со децата треба да се најде правилниот начин на комуникација,да ги разбереме чим ги погледнеме што сакаат и само со еден збор тие да не разбраат нас.Детето се воспитува уште кога е во утробата на мајката,јас сеуште не сум мајка,но еден ден кога ќе станам ,се надевам наскоро знам како ќе се поставам и ќе го воспитам своето дете. :angel: :)
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Што знам... секогаш кога не поднесувате туѓо дете од било кои причини, помислете како би ви било вам некој да не го поднесува вашето ваши височества.

    Амин на постот на Моира. Не можете да очекувате од нешто толку малецко кое учи за светот да разбира и да се артикулира соодветно. Фактот е дека децата се себични и се уште отсуствува кај нив чувството за останатите, ма да се зависи од детето,но не значи дека тоа дете е лошо. Бебињата се најсебични, ако одиме по логика, затоа што ве тренираат буквално, комуницираат со плач, некогаш плачат зошто едноставно така сакаат, пријатно им е да ги гушкате и сето тоа е ок, зошто не знаат за поинаку. Ме разбирате во која насока зборувам за себичноста, не во негативна конотација, а вие возрасни кои не го разбирате тоа исто така сте себични, но во многу,многу лош контекст.

    Веројатно вие сте биле мали Ајнштајни, поинаку и да не разбирам.
    Едно е да зборувате за невоспитани деца и тука ќе ја видам вината во родителот. Невоспитано дете кое може да повреди друго дете или е неучтиво и безобразно,а друго е едноставно да не ги поднесувате. Тоа е ситуација за на психијатар. Вие не сте созреани како личност и се чувствувате загрозени од едно мало суштество кое го узурпира просторот околу вас на ваков или онаков начин. И не е тоа само дека не знаете како да се однесувате со нив, туку многу, многу повеќе. Мислам жал ми е...

    Јас имам случај каде на редовна основа има потреба да се погрижам за бебе кое нема ни полна година, зошто да не ви објаснувам, чувствувам отпор према мајката, ненормален. Едноставно ме нервира нејзината небрежност и неспособност, ама малото го сакам премногу. Некогаш знае да биде тешко, затоа што почнува да оди, па плаче ако не и помагаш, неуморна е, а мене почнува да ме боли кичмата, па се молиме така со саати додека не се умори,па се менуваме сите домашни. Ама што сега, треба да ме нервира сето тоа и да не го поднесувам? Нема шанси, она е за мене природен антидепресив, ќе ја намачкам со мед и има да ја изручам од што ја сакам!
     
    На Sunshine88, mimiiiii, dream.queen и 7 други им се допаѓа ова.
  5. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Ke sakate mozebi koga ke rodite,togas ke svatite deka se deca,nezreli ,ucat...mislam ajde be ne mi e jasno kako mize da mrazite I nepodnesuvate,stvarno? Malo dete? Polni so ljubov I iskrenost
    Epa mu stavalo na kuceto pesok pu...pu...strasna rabota,da razbira nema taka da pravi!¡
    Nego nie vozrasnite si kopme grobovi eden na drug pozadi grb,mene toa me zagrizuva do kade moze da odi sovesta I zlobata na vozrasna edinka-covek,zrela
     
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Малце насловов чуден. :?: Мислам дека такво нешто не постои, или можеби постои ама премногу ретко. Јас лично неможам да кажам дека не ги поднесувам, си ги сакам, си сакам да имам мои дечиња и секојдневно сум со мали дечиња зашто и чичко ми и тетка ми имаат мали деца. Дете како дете мене не ме нервира, ете тоа си е такво палаво, хиперактивно, радознало итн. Мене ме нервира рамнодушноста на родителите. Јас незнам како може да постојат такви родители.

    Пред некој ден имавме гости и имаат мало дете, околу 5, 6 годинки има. И седат моите надвор во двор со родителиве на детето, а тоа внатре низ сите соби влезе, и направи некоја беља. И мајкава ни две ни три вика ништо, ништо нека го. Си игра ништо не прави. Тоа може дома да си го каже, а не на гости. Мене не ме нервира детето што скршило или истурило нешто, ме нервира реакцијата на мајката. Тоа ми е веќе невоспитано дете. Или еве на тетка ми ќеркичката, премногу е паметна, интелигенција има невидена, ама многу е немирна, радознала, се сака да види, се сака да допре, ама па е многу културна и воспитана. Такво нешто нема да направи или па да имам другарки и да влегува на секои 5 минути, прво тетка ми нема да дозволи такво нешто. И нормално и детето со тек на време си ги знае границите до каде му се. За разлика од синот на чичко ми, и тој е исто немирен ама и невоспитан е. Му немаат поставено граница, влегува кај нас си отвара фрижидер си вади што ќе му текне, си влегува кај моите во спална им буричка во плакар итн. и што е најтрагично родителиве негови ни А ни Б, ништо. Рамнодушни. Нас тоа не ни смета, ама родителите треба да му кажат дека не е убаво тоа, зашто ете денес кај нас така направил ама утре ќе отидат кај некои пријатели што не им се така блиски и таму ќе отвара фрижидери и ќе им шета по сите соби.

    Јас разбирам немирни деца ама ако му се посвети внимание, ако ти се обидуваш да му ги објасниш некои работи, ќе има некаков резултат. Еве и на тетка ми и на чичко ми детето се исто немирни ама ако ги гледаш од страна се сосема различни во однесувањето. На пример на тетка ми ќеркичкава колку и да е немирна никогаш не ме изнервирала, напротив интересна ми е кога шара со очињата лево, десно и гледа што попрво да фати, а додека синот на чичко ми знае од кожа да ме извади.

    Јас сум сепак за тоа дека до некаде родителот си е сам крив, барем во моето опкружување и примерите што јас ги знам. :)
     
    На eloves и Irrepleceable им се допаѓа ова.
  7. skenco

    skenco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    49
    ке се промениш кога ке станеш мајка,и јас порано се нервирав од немирни деца ама кога и јас добив свое дете сватив дека нема лоши деца туку само лоши родители а децата се наша слика
     
  8. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Уф, имам некои блиски примери во мојава околина што дефинитивно не можам да ги поднесам. Многу пати сум пробала да се заиграм, опуштам, доближам до нив - но безуспешно. Не знам, некако како да имаат злобна жичка уште од најмала возраст, не ме привлекуваат воопшто за да останам подолго од десет минути со нив.
    Дел од причините поради кои ги одбивам од себе се веќе наведени, преголема размазеност, хистерични деца, мочли (сите се женски) што од мали покажуваат знаци дека сакаат тие да контролираат и воспоставуваат ред, наместо нивните дома, а тоа им е... па дозволено. Едните се две близначки, Господ да не ми пише грев ама одвратни се. Секако, не во физичка смисла, туку карактерно. Ќе ме видат и доаѓаат ми ја тегнат блузата, ми го креваат фустанот на сред улица, ми ја фаќаат и тегнат алката на рака што навистина многу вреди и започнуваат со поставување на милион безвезни прашања. Знам, деца се, тоа им е работа, работи љубопитноста и се тоа, но јас за нив немам нерви. Да беа некои други деца во прашање, сигурно ништо од ова немаше да ми смета, но ете со нив не можам. И кога ќе ја погледнам мајка им, разбирам зошто.. и се радувам зошто проблемот не е во мене.

    Другото дете е дете на соседите на баба ми, летно време го облекуваат со џемпери, чорапи, боди, целото е исфрлано со ситни бубулички, не му ја собираат косата нити шишаат, не прифаќаат никакви сугестии во однос на неговото воспитување, не знам и дали некогаш истото комуницирало и играло со други деца зошто цело време го чуваат затворено дома, искрено премногу ми е жал и токму поради тоа се форсирам најмногу кога ќе дојде ред да се заиграм со него. Ама не можам. Не знам зошто, не можам.
    Не збори многу (има некои 3-4 години), ама затоа пцуе феноменално и тоа не било кој туку само луѓе кои не се членови на нивната фамилија. Кулминацијата беше кога го опцу дедо ми после 15тина минути откако го гледаше под око како некоја стара баба, зошто не сакаше да се качи на кров и да и подаде топка што се заглавила уште кога мајка ми и тетка ми биле млади и играле, ми идеше да ја зашамарам и нејзе и мајка и што непрестано се смееше, а не изусти ни едно извини. Просто е, ме боли за дедо ми и веќе не ни пробувам да се зближам со неа. Не сака душава, што да правам.

    Инаку, преку другарките на братучедка ми (која патем има 7 години), се запознавам со онаа детска злоба, прикриена. Не би рекла дека сите деца се искрени и чисти, некои се едноставно.. искварени. И не знам тука чија е вината, зошто нивните родители важат за прекрасни луѓе. Секое дете си се раѓа со свој карактер.. не е возможно истиот да се искорени, но факт е дека родителите се тие кои треба да му покажат на детето што смее, а што не. Што е добро, а што лошо.

    Кога ќе успеат во тоа, тогаш може да се наречат родители. Зошто родител не е некој кој нема живци за да воспитува и уморно гледа од страна додека детето води војна со предметите дома. Кој не знае да седне со него и да зборува, колку и тоа да не сака да слуша.
    Не е лесно да се исчува дете, затоа ако некој не е способен, не треба да се нафаќа за истото да го исполни.
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Премногу несфатлив ми е тој синдром, ако можам така да го наречам, да не можеш да поденесеш едно мало,невино детенце кое те гледа страшно искрено со крупните очиња. Тоа се најискрените, најмилите, најслатките, неискварени суштества.Кој не би можел да ги поднесе? :^) Еве јас пример, ги сакам, сакам да ги играм, да ги учам на некои основни нешта во животот, соодветни за нивната возраст, да ги шетам, иако е тоа преголема одговорност, апсолутно, и не ми е јасно што е тоа што е одбивно во нив за одредени личности.Дали е тоа дел од карактерот или нешто друго, којзнае... :?: Некој нечовечен дел,парче,комплекс,фрустрација, сепак мора да има тука некоја маана во таквите.Инаку , тие личности јас ги сметам за ладни, нереализирани персони, ете на такви ми личат. Точно, не може секој да биде родител, и да има свои деца, ама тоа по автоматизам не значи дека треба да мрази или да не поднесува деца.

    За да не можеш да ги поднесуваш сепак треба кога ќе ги видиш да не почувствуваш никаква емоција спрема нив.Да не ги погалиш по рачето, да не им прозбориш, да не ги гушнеш...Тука нешто не е во ред.Барем јас мислам дека е тоа психолошки проблем, некое нарушување на психата.Друго објаснување, па и да не гледам.
     
  10. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    И мене ми е несфатливо ова :?: Како можам да мразам едни мали и невини дечиња :?: Јас секој ден сум со внучињата (4), и деца како деца, викаат, се дерат, се караат, се смеат, се тепаат, играат, досадуваат ... Сепак, какви и да се , тие се деца и не заслужуваат никој да ги мрази :| Еве, сношти си добив уште едно внуче, и бебе- секако дека често плаче и ме буди од сон ]:) Какви и да се, најмногу си ги сакам :inlove:
     
  11. s.a.-95

    s.a.-95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Неможам да ги поднесам додека плачат и кенкаат..Точка! Бегам што подалеку ако го чујам тоа..
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Osamena-Srna

    Osamena-Srna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    108
    Ниту ја не поднесувам деца, особено разгалени кои знаат да се распиштат ако нешто не им дадеш ќе превртат се живо. Значи „алергичн“ сум на разгалени деца и флегматични родители кои не водат ред од своите деца посебно кога ќе отидат на гости и ги тероризираат домаќините.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.432
    Пол:
    Женски
    Нерви за деца ич немам, претпоставувам дека тоа се деси од кога еднаш бев кај брат ми во игротека кога идеше и воспитувачката додека тие играа надвор ме замоли 5 мин. да останам со децата додека таа носи болно дете кај родители во една од соседните куќи и ајде се нафатив и брат ми свиѓаше едно чупе и збораја нешто и она почна да трча, тој почна да трча по неа и зашо имаше улица јас почнав по нив за да не излетаат на пат. На овие останатите им се виде интересно и тие дојдоа по мене и како овци после ги броев и пет минути ми се видоа како пет години. Од тогаш неможам да трпам деца, на нерва ми одат. Брат ми си го сакам, ама неможам да го чувам, малку беља да ми напрај ме нервира и сл., а пред тоа не бев некој голем љубител на деца, ама после то воопшто не ги трпам.
    Друг пат кога има идено брат ми на училиште, ме има замолено наставничката да идам со нив за безбедност, абе она како растрчуваат на околу, а не се нормални деца ме иритира или само се тепаат, па врискаат зошто не им е погодено ... :sweat:
     
  14. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    ^ :^) Имаш само 17 години, практично и самата си дете. На 30 години - поинаку ќе размислуваш.

    И гледам се‘ девојќи од по 17-18 години не поднесувале деца. :^)


    И мене ми смета кога на гости ќе ми дојде палаво детенце чии што родители не се замараат дали ќе ми растури или расипе нешто детето (а тука не е виновно детето, туку родителите!), но тоа е далеку од неподнесување на деца!
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.194
    Не поднесувате деца?
    Ќе ви помине :D
     
    На do-re-mi, imelda, Dust и 4 други им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.432
    Пол:
    Женски
    Дај Боже :D
     
  17. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    4.343
    Имам внук кој кога ќе дојде кај нас дома се' мора да разгледа, прошета, фати. Ќе се заигра со штекерите, телефонот. Не да не е мирен ама љубопитен е, многу нормално.

    Мајка му ептен го кара, ама ни со збор не помага ништо. Го мава по газето и пак ништо.
    Такво е детето. Може да се расплаче ама пак ќе направи неред.
    Мене не ми смета оти ми е внуче и многу е мило.

    Јас сакам деца и повеќе ги сакам живите, палавите, поинтересни ми се ама се во границите на нормалата. :!:
     
  18. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Не поднесувам разгалени,ама сепак убави си се ме разнежнуваат децата.
     
  19. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Во овие две ситуации кои си ги опишала,вината ја гледам кај тебе,не кај децата.Децата за да слушаат ,треба пред себе да гледаат авторитет(не плашило,баба рога...)туку некој кај кој ќе стекнат доверба ,некој кој знае да се постави од самиот почеток.
     
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.432
    Пол:
    Женски
    ^ Вистина е. Не знам да се однесувам со деца, тие секогаш како магнет ми се лепеле, а јас не сум сакала и никогаш неќев да покажам не знам ... како да сум над нив туку сум се спуштала на нивно ниво за да можиме да се разбериме. Од кога знам деца ми се лепат, а после то глата ме боли од нив.