1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неподнесување на деца

Дискусија во 'Дете' започната од AnimeHQ, 14 септември 2012.

  1. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    сакам деца,ама несакам мајки кои не се замараат кога ми доагаат на гости и треба домаќините да им трчат по децата,да не се повредат или изгорат,пред некој ден кога имавме слава мајката си седи,не се замара а децата 6 и 7 години трчат низ куќата,ги удираат гостите и домаќините,се закачаат со сите,зборат глупости,плазат јазици,се закачаат со мене,сакаат да помагат во сервирање се мешат а родителите се смеат од страна,децата помагале |( со душа чекав да си одат тие мали безобразници и ај после сакај такви деца
     
    На Sanjichka007, PinkGir123, zalosna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Пред да го родам првото дете многу сакав деца, и туѓи и мој сакав да имам. За да му го направам ќејфот на детето ако треба на глава ќе застанев. Откако добив свое дете не можам да поднесам ни едно друго. Ни едно дете не ми е мило освен моето. Сите ме нервираат. Чудна работа
     
  3. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Покрај моите внуци научив како треба со децата :wasntme: .Премногу е едноставно,им покажуваш дека ги сакаш но не оставаш да доминираат :tmi: .Компромис постои секогаш,и никако покажување на нервоза,агресивност и непочит .Децата тоа многу добро го гледаат,знаат и разбираат па толку искрено ке вратат со иста мерка што и (ние) се чудиме (демек) .
    Децата функционираат на принцип акција-реакција ,ако им угодиш кога треба те сакаат,ако ги караш или се лутат или не те сакаат,ако претераш некаде добиваш контра ефект .
    Мора малце психолошки со нив ,некогаш е доволна рутина и самите си се повлекуваат поради почит-страв или несигурност (ДА не бидат казнет или искарани ) .

    Порано имав мислење дека родителите ги разгалуваат децата што прават проблеми дома,или пак кога се некаде на гости.Но дефинитивно родителите се премногу строги некаде и незнаат да направат компромис кога и како да покажат доминација над детето .Се мешаат улогите ,па често завршува со плачење за играчка ,или терање инает на детето само да изнервира (да се запрашаме како знае дека тоа нервира и непрекинува М ? тоа е тоа ,само добра стратегија и психолошка борба со децата треба.)
     
    На Lovely93, poenta, francais и 2 други им се допаѓа ова.
  4. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Ааа како да постапувам со деца?
    Што да им зборам,што да ги прашувам,какви игри да играм со нив?
    Како да им го привлечам вниманието?


    А како да се биде строг наставник од градинка па до 5 одд. - како да постапиме за да не ни се качат децата на глава? Да не слушаат , да не биде како во некои училници -лудница-секое дете праве што ќе му текне..?
     
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.234
    Допаѓања:
    124.359
    Сакам деца, топ се, интересни,ама ако сакам да ги дружам, ако ми се блиски, роднини, деца на пријатели.
    Ама што сум должна да трпам бебе кое вришти за млеко во кафич? Зошто на театар некое дете да ми вришти сакам дома? Што има да трпам „ајде маме касни, не плукај по тетката“? Не знам кој е поневоспитан, децата или родителите. Ама кога одам на кафе, очекувам пријатно време поминато со пријателка и уживање во кафето. Не туѓо дете да ми се мавне у масата и да ме потури.
     
    На littleflower, Sanjichka007, Daydream и 3 други им се допаѓа ова.
  6. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    4.981
    Не дека не сакам деца, ама стварно ми се крева коса кога вршитат или плачат и не знам што да им направам. Едноставно, не знам. Немам свои.

    Ама да не зборам многу многу да не ми се погоди некое такво пошто тоа што не сакаш тоа ќе ти дојде. :D

    Имам една пријателка што има така троа побесно детенце што мава, тепа, плука, истура крши, и проблемот го решив што не излегувам на кафе со неа.
    Може е себично и се руши пријателството, ама еднаш, два пати, три пати, и морав да прекратам. Моето време за уживање е ограничено и јас си го бирам со кој сакам да си го поминам.
    Згора на се, тука се и мајките што од уста не ги вадат децата како "ние мочкаме, ние какаме во нокширче, како да го одвикнам од цицање итн итн." и такви НИЕ муабети што мене тотално не ме интересираат нит можам некако да и помогнам.
    Јас ако утре сум таква очекувам шлаканица од блиските. Сериозно. Но тоа е веќе друга тема.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.203
    Пол:
    Женски
    Не дека сакам да те убедувам, ама ова болдираниов дел ме испровоцира да ти реплицирам.
    Ете и јас кога одам во кафич или ресторан сакам убаво да си поминам, а не до мене некои шмизли цело време да ми се лигават "лилаааа, шо си купив вчера..." итн, да не набројувам вакви муабети еден тон имам слушано и ич мува не ги лази колку се гласни. Или пак недоквакани тинејџери (и јас едно далечно време бев таква :lol: ) кои што се кикотат цело време, или пар кои мува не ги лази дека се на јавно место, па само што не се расоблекле тука, или... Имам вакви примери еден тон.
    Поентата ми е следнава, кафичот, ресторанот итн. се јавни места и како такви достапни за сите. Доколку сакаш тишина и мир, бујрум на планина ;)
     
    На captivating, Melinara, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.234
    Допаѓања:
    124.359
    Ако сакам бебешко плачење, ке одам во болница, ако сакам некој да ме потури со млеко, ке одам у градинка, ако сакам некој да гледам како го бркаат околу масите со лепче ке одам пак во градинка. Деца не се за на кафе. Тоа е место каде одиш муабет да направиш со некој, не да се пазиш од раце намачкани со чоколада. И тинејџери кој не знаат да се однесуваат мразам. Што се сликаат на секои 5 минути па вриштат леле како излегле на сликата, се смеат на цел глас без осет дека има други наоколу...
    Значи, домашно воспитување пред се. Има игротеки, таму со децата. АКо нема кој да ги чува, нема потреба друг да ги трпи. АКо сакам галама ке одам на места каде што има галама,ама сакам кафе и разговор со друштвото. Не да им речам ај на кафе, ама на рид да се качиме.
     
    На littleflower му/ѝ се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.203
    Пол:
    Женски
    Нема да се мачам и да се убедувам со тебе, бидејќи очигледно си живееш во сопствен свет, кој сигурна сум ќе се смени кога и ти ќе имаш деца. Тогаш сигурно ќе бидеш најгласна ЗА одењето на децата по кафичи, ресторани и сл. бидејќи нели сакаш секогаш тебе да ти биде удобно ;)
     
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.446
    Допаѓања:
    34.329
    Пол:
    Женски
    Тоа што не поднесувате деца е ваша работа , ваш проблем .
    Ама ако сакам да излезам да пијам кафе некаде а го земам детето со мене , зошо да не го направам тоа ?
    [​IMG]
    Имате некоја искривена слика за децата , незнам во каква асоцијална средина живеете за да давате вакви примери као децата трчаат по маси и мачкаат со чоколади :^)
    Се случува неретко да излеземе сите фамилијарно сосе деца *бебе од 2 месеца и дете 2 год.* дали на ручек или некаде на кафе , на сладолед и сл.
    И секаде во секој локал има посебно катче за мали деца , да бојат да играат со коцки и сл. кога ќе им досади да седат мирни на маса да имаат некоја занимација . Ниту еднаш до сега не се случило мое дете да оди и да досаѓа по маси .

    Треба да поработите на вашата толеранција , не само малите деца знаат да бидат досадни и гласни ...има примери и примери . Ама сакам на мир да испијам кафе ќе си седам дома , надвор неможам некому да забранувам да се смее гласно или или :hai:
     
    На mimiiiii, imelda, Hipica и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    Hе мислам и во MK дека постојат посебни катчиња за деца по угостителските објекти или грешам :?:
     
  12. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Многу ќе се смееш на муабетов кога ќе имаш деца, ти ветувам!!!!
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Никогаш не ми се случило ниту во Македонија, ниту на друго место, да ми потури кафе дете во кафиќ, да дојде да ме фаќа со валкани раце или да ми се дери на уво. Толеранција се нема никаква, некакви сфаќања имате дека на дете не му е место во кафиќ, па ми се чини дека доколку на една страна имате труби кои трубат, а на друга дете кое најнормално си зборува и се движи околу масата на родителот, вие ќе коментирате за детето и неговите родители. Не затоа што вистина ви нарушува ред и мир, туку едноставно така сте замислиле дека (не)треба.
    Но донекаде и разбирам, атмосферата во кафулињата во Македонија и во многу други земји е различна. Во Македонија и денските излегувања на кафе се слични како вечерните, мислиш којзнае каде си тргнал. Ретко да видиш на други места некој да излегува специјално само за кафе. Обично се застанува во кафуле да одмориш од некоја обврска што ти била во близина или шопинг, па дали се децата со тебе или не, небитно е.
     
    На imelda, Moira, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    131
    Апсолутно точно! Ќе се смени размислувањето за 360 степени, па тогаш ќе правиме поинакви муабети :) Само сепак морам да го искоментирам муабетот со кафиќот, бидејќи вистина ми избоде очи. Тоа е јавно место како што кажа феминката погоре и никој неможе да ми каже со кого и каде да седнам!!! Ако сакаш и три пати наназад салто направи, џабе ти е. Мирот дома барајте го, а не по јавни установи. Глупаво да се коментира каде со кого да се оди.Пак ќе се повторам, кога ќе имате дете многу поинаку ќе размислувате и баш ќе се смеете на муабетов!
     
  15. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Воопшто не ми се допаѓа насловов на темава... :worried:
    Јас обожавам деца а, и тие мене... :) Нема ништо на светов поискрено,почисто и поневино од нив,незнаат да лажат,незнааат да повредат..немаат ни трошка злоба во нив..тоа што го мислат тоа и го кажуваат. :inlove:
    Ние како возрасни треба да научиме многу работи од нив,пред се како големи да го разбудиме детето во нас...мене ми успева... :lol: Сакам да сум опкружена со деца тогаш и јас се чувствувам како дете...играм со нив,се смеам но,истовремено и суптилно внимавам на нив .Нема ништо поубаво од таа енергија на радост и живост која те исполнува кога сум во контакт со деца..слободно можам да кажам тогаш сум најсреќна.
    Верувајте децата се многу сензитивни,можат да ја осетат енергијата која ја ширите околу себе и на адекватен начин да реагираат на истата.Ако им пристапите позитивно со многу љубов,насмевка и разбирање за нивните малечки лудории и ја стекнете нивната доверба и љубов тогаш се многу послушни,мили и слатки,неодоливи.Навистина тие се одраз на самите нас..како огледало.
    Не се тие виновни лоши и невоспитани туку некои луѓе имаат само лош пристап кон нив..настапуваат премногу авторитативно и ригорозно..што е сосема погрешно, затоа што на детето на тој начин не му се дава слобода за правилен индивидуален развој па,така стануваат агресивни и непослушни.Вишокот на енергија кој го поседуваат го користат на деструктивен начин кога ќе начекаат прилика т.е нова средина, особено на гости. .Напротив со заканите немој ова...немој она се постигнува само контра ефект.Децата се раснат со многу љубов,грижа посветеност и трпение.Знаат понекогаш да ни ги спојат жичките но,брзо поминува,ништо страшно.
    Толеранцијата не е на одмет..па,чудо големо ако се извалкало со чоколадо ќе го пресоблечеш,ако ги растурило играчките ќе ги собереш..тие учат и го осознаваат светот преку игра, наша задача како возрасни е само да ги заштитуваме да не се повредат .
     
  16. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Децата се деца, тие се огледало на воспитувањето и контролата на родителите врз нив и секогаш кога ќе видам невоспитани деца си велам, зошто толку луѓе се мачат да посвојат деца кога не е потребна дозвола да родиш дете. Инвестиција во образование ти е турање вода во решето, кога имаш отсуство на домашно воспитување на ниво.Јас радо тоа би го вовела да се тестира колку е една личност зрела и спремна да има и воспита и одгледа дете. И што се однесува до рестораните и јас и брат ми сме биле културни и мирни деца, кога сум се родила јас немало кафичи се уште. Па и каква е таа мода носење на децата во кафич, ако сакаш да се видиш со некој, остави го дететто со родителите, со сопругот, ако сакаш да бидеш со детето однеси го в парк, в золошка, на ливада, некаде кај што ќе може да си игра, да трча да се измори. Што се однесуваа до мене никогаш не би го носела детето в кафич. Тоа е идеално место да скрши нешто, да се повреди, да закачи некаква болест, да ме усрами, да му смета на другите луѓе. И јас кога бев дете ,се знаеше што е воспитна, сегашниве деца со „Немој мамичка таму да одиш“Х 10, „Немој мамичка таму та чепкаш“Х 15 , „Немој ќе се лутат тетката и чичкото...“ Х10 , „Немој мама ќе се лути“, .... се растени затоа се ни вода ни киселина. Најжално е што тато е секогаш отсутен во ситуацијата, а голема е веројатноста авторитетот на тато да не е ни четвртина од онај на мама. Едно време се знаеше дека таткото секогаш знае да спроведе дисциплина со еден збор. Сега според понашањето на децата тој е дворски шут дома , додека детето е принцот на мама. Едно дете еднаш дури ми рече „Ако си поголема и не значи дека си попаметна и дека јас тебе треба да те слушам и да седам мирен“ :x Супер воспитување за во пубертет дека не треба да потпаѓа под влијание на повозрасните или на друштвото и да закачува лоши навики, ама за дете помало од 5 години па и не е на место :!: Утре истото ќе му го каже и на наставничката на училиште, на професорката, ете од каде доаѓа недисциплината во училиштата. И не е на место изговорот „Нема да зборуваш, вака кога ќе си мајка “, нема да зборувам, ќе реагирам, ќе се едуцирам има еден куп книги за воспитување, детска психологија,педагогија и што уште не, ќе превземам мерки, денес е дете, утре ќе е мој наследник, утре ќе оди на училиште, не сакам цело училиште и 90% од роднините да ме оговараат колку невоспитано дете имам, не сакам да ми е срам да кажам дека е мое дете.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Во однос на муабетот со кафичите - јас почесто налетувам на возрасни кои не знаат како да се однесуваат, отколку на деца. Колку пати се случувало некој на уво да ми вика, да се дере по телефон, гласно да прави муабет, до тој степен што не сум можела нормално да се разберам со другарките. Налет и кафе и сé, кога некој позади тебе тера филм Ja se NE derem, јa sam sa Balkana, mi tako pricamo.
    Дете никогаш не се случило да ме изнервира до тој степен, на нив не можам ни да им замерам.
     
    На mimiiiii, Hipica и missfortuna им се допаѓа ова.
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ^^ Го прочита ли постот пред да кликнеш Испрати?
    Посебно делот :

    и

    Во право си, навистина се потребни психолошки тестови за идните родители.
     
    На bittersweet, MacenceEna и D-a-n-i им се допаѓа ова.
  19. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Ти не би се срамела, ако израсниш неког багабонт, некој вандал, некој дилер на дрога, некој силувач, некој криминалец, луѓето во весник се откажуваат од децата ти сметаш дека е некој ненормален ако се срами од сопственото дете, што всушност значи дека се срамиш од сопствениот неуспех и неспособност да го воспиташ сопственото дете. Ако не си способна да направиш човек од него, не го ни раѓај. Ама не ме ни чуди ни овој став кога се почесто туку така изненадно остануваат бремени, како којзнае колку да се скапи кондомите, да и мене така ми се згреши и среќа не сврши во мене, ама после тој претрпен страв уште еднаш без заштита не ми текнало, сега секоја втора бремена се мажи, уште недораснати се мажат, па ќе се вадат на изговори „Ќе видиш ти кога ќе станиш мајка дали вака ќе зборуваш“ , оти децата им биле невоспитани. Пред да станам мајка ќе се потрудам да сум максимално спремна и зрела, за да се сносам со тој доживотен предизвик и единствено јас и мажот ми ќе сме одговорни за неговото/ нејзиното воспитување или невоспитување, а не да се вадиме со проѕирни изговори. И Моираа треба да ти дадат мадал за вадење од контекст, субјективност и целосно промашување на поентата. :lol:
     
  20. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно како можете да ги двоите децата...?
    Воопшто не е фер па, тие се само деца..Небитно дали се деца на роднини или пријатели или деца на некои непознати кои случајно ги среќаваш.Овде нема простор за предрасуди.Или дека овие ги познавате,не сакате да се замерите со пријателката,правите лице , можете да ги толерираре а,другите се невоспитани и имаат лоши родители,фали уште да им ја врзете една ,нели за да демонстрирате како се воспитува дете..Навистина нема логика. Во кафич и едните и другите можат да те потурат со кафе...хипотетички кажано, иако досега не сум видела со свои очи и не сум доживеала ваков инцидент.