1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неподнесување на деца

Дискусија во 'Дете' започната од AnimeHQ, 14 септември 2012.

  1. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Ова ти се вика преценување на поимот кафич, божем некое светилиште е или некој будистички храм каде треба да се почитува мирот. Кафич бре, седнуваш кафе од 50 денари да се напиеш у среде бел ден и продолжуваш со животот. На госпоѓицата тинејџерка и смета детето зошто зборува и ја нервира па неможе убаво да ги напрчи усните за да си пушти селфи на фб па сите да знаат каде пие кафе.
    Тоа ние џабе дискутираме темава ме подсеќа на доење на јавно место, сите овде што рипаат ќе си го сменат мислењето кога ќе дојде нивното време.
     
    На Silver.E, Lovely93, sweet-star и 8 други им се допаѓа ова.
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.509
    Допаѓања:
    144.213
    Разбравме бејбиблонд, ти и брат ти сте највоспитани оти не ве носеле по кафичи, а нас што не носеле не сме, сме викале сме урлале таму, сме правеле лом, никој од родителите не не погледнувал, оставени сме биле таму на милости немилост, само они да си се на раат.


    Ете ние дома не го воспитавме брат ми како што треба според тебе, оти детево буквално порасна на кафиња, кога со мене, кога со моите, оти имаме преголема старосна граница.
    Ама како ќе си седнеше така си стануваше , на другарките им е омилен, па и сега знаат да кажат Дафи ај земи го малиот :lol: , ко шо вели битер мало шмекерче е :lol: .

    И замисли порасна во здраво, право воспитано дете, а сме го носеле по кафиња :emo:

    И дај полека малку, нема тема што не ја направи каша попара.
     
  3. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Не можам да зборувам многу за децата и нивното воспитување оти немам дете сеуште.
    Но дефинитивно нема да го земам тепањето како воспитна мерка за немирно дете.
    Во многу примери кај многу семејства тепањето не се покажало ефективно.
    Освен што ќе го боли, греотка ќе се изнаплачи пак ќе го направи истото.
    Можеби нема со збор да се разбери, но јас би одела со ако бидеш мирен ќе ти купам сладолед.
    И ќе биди мирен оти сака сладолед.
    Ќе го залажеш некако, со играче за да доседи на гости, а уствари и треба убаво да си го познаваш детето ако пример знаеш дека му се смачува и здосадува знаеш дека е и време за да си одите дома.
    Децата се понемирни кога му е смачено и кога му е време за спиење.
     
  4. D-a-n-i

    D-a-n-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    32
    Луѓе значи какви деца во комшиите имам јас, незнам дали некој се сретнал со такво нешто. Поминуваме со мајка ми по улица а тоа трча на кај нас и и буричка на мајка ми по џебови и во торба :!:, после неколку дена го гледам другото девојче застанало до лулашката обесена на дрво, и ја тегне и вреска со сила колку го држи глас, кога никој не ја гледа ќути, ќе се појави некој надвор и таа повторно вреска (како оние Лорди од Евровизија што беа) :D Друго на родителите им зборат што сакаат, што без мака може на секој да му каже нешто, да не се изразувам сега овде што све зборат. Ама тоа е така пошто на родителите им е интересно тоа.
    Друг пример пак, одам на гости кај роднините, си седиме надвор и доаѓа внукичката и вујна ми зема да ја држи в скут (бабата на девојчето), и што му текна на оваа ногата и на маса сака да ја стави, јас неколку пати ја тргам оно упорно и вујна ми што направи Оп и ја качи на маса :o и ред други работи....

    Сите три девојчиња се на возраст од 3-4 год. Значи воспитување на ниво, што да ви кажувам, епа не знам кој може да поднесе вакви деца....

    А што се однесува до тепањето, во никој случај тоа, со тоа може само спротивен ефект да се постигне...
     
  5. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Сите ја нападнавте Чка,али само јас ја разбирам во случајоов.
    Не дека не сакам деца,само си играм топло ладно.Да појаснам,би си играла со некои мирни и воспитани,а од оние размазените и бесните бегам како ѓавол од крст.Не се ни трудам да ги смирам,ууф ќе се пореметам.
    А па коа ќе слушнам бебешки јак плач, ме вади од кожа буквално.Ми се крева во стомакот нешто,и затнувам уши.До толку ме нервира тој звук значи.
    Баш вчера бев на кафе со другарки, и коа се распишти едноо бебе и не се смири никако добри 10 мин. И шта чеш,избегав од таму и им реков јавете ми се коа ќе прекине. :x
    Не можам стварно,оваа неподносливост е последица од плачките на брат мии како бебе кои не престануваа никако.Деноноќно пиштеше,иако бев само 5 години ја жалев мајка ми.
     
  6. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    137.554
    Пол:
    Женски
    на деца не им е место да коментираат во несоодветни теми ;)
     
  7. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Можда не ми е местоо,али никаде не пишува дека ми е забрането. ;)
     
  8. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    И ти си била бебе и си плачела, како те поднесувале само :P :lol:
     
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.547
    Пол:
    Женски
    Малку муабетот не можам да поднесам деца ми е малку болен. Да станува збор за чувство на одбивност спрема некое дете можам да разберам, но за сите деца не можам или поинаку кажано не сакам.

    Јас сакам деца, но има исклучок :lol: Не поднесувам деца кои не се воспитани, кои се разгалени и размазени. За тоа не се виновни децата, туку нивните родители и средината во која растат.

    Исчував неколку внуци, некои повеќе ми се драги, некои помалку. Тоа зависи од тоа какви се со мене, со околината и со родителите. Во моментов многу често го чуваме внук од братучед и искрено малиот го обожавам ама пак понекогаш ме вади од кожа. Не се виновни во случајов родителите, туку бабата која мисли дека треба се да му се дозволи. Е во моја куќа не може! Малиот колку почесто доаѓа е се подобар и поразбран.

    Со дечко ми бевме пред некое време во еден град каде во кафич седнаа две мајки и можеби 6,7 деца. Децата беа неподносливи, но мајките не мрднаа ни со прст. Се смешкаа на некои нивни муабети, а не ги интересираше децата што прават. Не стануваше збор за мали деца, туку деца што беа меѓу 4 и 7 години.

    Од друга страна во истиот град во кафана, дојде едно мало детенце кое беше премило, не беше нападно и невоспитано, па извадивме со дечко ми му дадовме и банана, а тоа ги погледна неговите и од кога му климнаа ја зема и се заблагодари.

    Јас сум носена многу по кафани и пицерии, од моја годинка до три,, татко ми не сакал мајка ми да се оптеретува со правење ручек, а и сакал да шетаат. Мајка ми ужива кога ги раскажува некои од случките. Луѓе доаѓале да ме штипнат затоа што сум била мирно дете и сум ручкала со прстиња :lol:
    Па и со сестра ми, мајка ми секоја собота не шеташе низ град, па ќе седнеме некаде на ручек и никогаш не сме имале замерки од никого, а и таа не не прекорувала, туку сме знаеле како да се однесуваме.
     
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.547
    Океј е, сфаќам дека мајките сакаат да си ги носат децата насекаде, дека они не се иритирани од нивното врескање, плачењето на своето бебе го сфаќаат како - ми се јаде, ми се спие, ми се сере. И за нив плачот е нормален. Ама за нас, немајките, не е. За нас, додека не добиеме деца, е обично врескање од кое те боли уво, и гледаш во мајката каде е и што прави таа што не го гледа детето дека вришти. И мајката и да го смирува, оно плаче. Си бара млеко, вода, без разлика што. Мајката нема каде да го носи детето, нема кој да и го чува, но има право и да седне на кафе. И со самиот факт што е мајка, оправдано и е се. А ние, немајките, стерилни жени кои немаме, не можеме, не сакаме деца и слично, мирот ни е нарушен, а уште сме и навредени од мајките, кои не само на форумов, туку и кога ке ги погледнеш во кафич, те гледаат со поглед, епа дете, роди, па ке видиш.
    Океј, ако даде Бог ке родам, ама зошто вашето да го трпам?! Ако обожавам детски плач, ке одам во јасли. Во игротека. Не сакам да ми смета. Еднаш ме ошлака едно дете кое се шеташе по масите. Ми направи флека од чоколадо, и мајката, ептен беше фина, се понуди да ми ја испере кошулата. Ама не е тоа работата. Јас бев на пауза од работа и не можам да речам, на ти ја, пери, јас не одам на работа.
    Сум си патела јас од туѓи деца, затоа се жалам.
    АКо е супер мирно дете и не смета на околината, супер. Ама ако е нервозно, немирно и смета, тогаш малку воспитување од страна на родителот не е лошо. И привремена пауза од кафичи со дете.
    Како што на мајката не и смета вриштењето на сопственото дете, така нам ни смета. Не знам зошто мислите дека на било кој друг на околните маси му се допаѓа врескањето на вашето бебе? И зошто треба?
    Како наравоучение, од мака од невоспитани деца (да се разбереме вашите се супер воспитани и се срцки) ама други не се, па затоа одам во хотели кои не даваат гратис за деца. Така ми е помирен одморот, отколку Мамо мамо, види ме, станав морска ѕвезда!
     
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    ^Е добро де мене една жена на пауза ме потури со кафе и што сега ? Се случува никому ништо .. Не верувам дека секој ден деца те шлакаат со чоколадо .
    И ако толку ти сметаат крај краева не оди на кафе што да кажам . Како ќе им забраниш на мајките да не седнуваат на кафе со децата , имаат право да бидат таму исто како и ти , не ти влегле дома .

    Се чудам за какви маргинални работи се потресувате и колку си придавате значење на вашите потреби очекувајки цел свет да запре за да вие испиете кафе на раат.
     
    На tinkerbelll, Lovely93, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.547
    Не им забранувам, ама решението не е да бегаш од невоспитани деца од секаде, од кино, од театар од кафич, од секаде.
    И малку е невкусно да мислиш дека некој премногу си дава на значење ако не сака некој да му вришти на глава. Не можат сите да се подветат на вриштењето на невоспитано дете, само оти мајка му не сака да му укаже дека треба да е мирно. Тоа е непочитување на светот со својот игнорантски однос, во смисла, родив, па што ми можете, трпете го мојот производ како вришти. Не, воспитај си го детето и изнеси го пред светот. Кога е мирно, тивко, фино и културно воспитано, дури и ке им го почувам. Вриштало и нервозно дете, чувајте си го дома. Никој не е должен да го трпи, оти вие не можете да се стрпите и да седите дома.
    На крај, ај сите да седиме по дома, за мајкиве со своите невопситани деца место по игротеки, и куклени театри и паркови, да пијат кафе. Дете се носи во парк да се истрча, не да седи фиксирано и нервозно да вришти. Не е здраво ни за детето, ни за гостите, освен за нервите на модерната мама.
     
    На Sanjichka007 и Glasna им се допаѓа ова.
  13. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Луѓе,подобро ќе слушам детски џагор,него девојчици од 12 до (невоспитувањето нема граници) возраст што се смеат неартикулирано и вриштат на секој збор. Има воспитани деца и грижливи мајки ,а има и 20 годишни луѓе што се однесуваат невоспитано на јавно место.

    Така што ич не ми пречат мали деца во ресторан/кафич, се додека ним им е пријатно таму,за мене е во ред.
     
    На glosipgirl, Silver.E, Lovely93 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Ама не секогаш однесувањето на детето зависи само од воспитувањето.
    На пример, има деца кои си се повлечени и мирни. Јас бев многу срамежлива како дете, буквално ми беше страв да прозборам. Мене да сте ме однеле во кафич, од столче немало да мрднам.
    Ама има деца кои се хиперактивни и им треба активност за да ја потрошат целата енергија. Пред некое време на Водно сретнавме татко со мало дете и два шарпланинци. Таткото ни кажуваше дека секој ден го носел детето да се истрча со кучињата, затоа што дома не можел мирен да седи. Ви се верува дека после некое време трчање кучињава се изморија, ама детево не? :lol: Ете тоа дете на пример, колку сакаш карај го, пак нема да може да седи мирно.
     
    На Vetruska и drugarka им се допаѓа ова.
  15. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Нормално дека не поднесувам деца. Само родител со мало дете кое му вришти дома 24/7 може да поднесува други деца, зашто не ги приметува. Игнорантноста и глупавоста на родителите кои не ги есапат своите деца додека се во јавност и им дозволуваат да ги тероризираат останатите не може да се победи, може само да се крсти човек, зашто е нелегално да ги стрелаш. А треба да е легално, па зошто тие деца да израснат воспитани од такви игнорантни говеда?! Секое дете заслужува прописно воспитување.

    И знам дека мајките ќе се стаписаат и ќе бараат да ме банираат. Имам едно да им кажам. Прочитајте некоја книга додека се „одмарате“, не ми објаснувајте колку не знам ништо од животот.

    Исто така, имам да им кажам дека секое разгалено монструмче кое вие го викате „фраерче“ кое ќе ме тероризира додека сум во јавен објект, имам петденарка која сум ја држел во анус една минута. Ќе му ја дадам да си купи сладолед. Се надевам ќе ја стави монетата одма во уста. :devil:

    Сериозно на темата. Има прекрасни дечиња. Добро воспитани, мирни, убаво облечени. По правило за рака држат добри и културни родители. Не ги поднесувам оние деца чии родители исто така не би ги поднесувал ако морам да остварам каков било контакт со нив. Секогаш се крајно неинтелигентни и иритираат со секое отварање на устата.

    п.с. Непишано правило е како треба да се однесуваат децата во кафана. Пристојно и мирно. Исто како што возрасните не може да се распушат цигари во градника и да муабетат за последниот порно филм.

    Епа затоа тебе те носеле во кафана, а не на игралиште. Замисли да те однесат на лизгалка во Луна парк, и ти си седнеш на врвот и си седиш и не мрдаш. Ќутек ќе ти мавнат другите деца? Нормално дека ќе ти мавнат.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Еј, а замисли мене и во Луна Парк ме носеле |(
    И што значи тоа? Дека ваквите деца што се хиперактивни не смеат никогаш во пицерија/кафана/ресторан да ги однесат? Какво седнување на сладолед, тоа не доаѓа предвид.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Нормално дека никој не поднесува развриштени, разцмиздрени и рзгалени дечишта.
    Темава нели повеќе беше за сите деца? Општо неподнесување на деца? Или не?
    Знаете како има луѓе, а видат дете веднаш знаат како да се однесуваат, што да му речат, да се насмеат, јас не дека не поднесувам деца, ама просто не знам како да се однесувам со нив, не ми доаѓа природно.
    Не знам дали има врска со тоа што не сум мајка, ама ете.
    И во ресторан, кафич, ја има истата поделба на деца (па и на родители). Имаш мирни деца што си седат (одредено кратко време нели, додека не им стане досадно, ипак се само деца), има и такви што ни минута не седат, трчаат, вриштат, тегнат други луѓе за коса (да, и ова го има). Обично овие првите родители кога ќе видат дека детево почнува да збеснува стануваат и си одат, си испиле кафе, ручек и доволно е, сепак, не се седи 3 саати со дете нигде, овие вториве го оставаат детето да си трчка слободно, они да одморат нервите малку. На сметка на раатот на други луѓе.
    Е овие вториве не ги можам, ни родители, ни деца. Не сум должна јас да му го трпам детето на никој, ако тој самиот не може да си го трпи. Исто ко што и јас кога ќе имам дете не би сакала да им досадува на други. И не секој сака да си прави муабет со детето и да го занимава.
    И да им речеш нешто за детето ти даваат еден поглед ко, леле па дете е, е добро де, може на службен состанок седам и не сакам да ми досаѓа. Затоа си има ресторани со игротеки, да си седнат, да го остават детето на негувателката да им го чува.
    Обично сè потекнува од родителите и нивното однесување, какви родители, такви деца.
     
    На Sanjichka007, baby-star, De-lovely и 3 други им се допаѓа ова.
  18. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Мене не ми сметаат и кога си играат, кога си трчаат по улица.
    Е сега едно ме зачуди, пред две недели и повеќе се прибирам дома и ги начекав со мајка му, комшиката :D и она му вика ,,Одете подолу да си играте,, мајката си ги брка децата од пред нејзината куќа, а двете нејзини оти и лупале со топката, а таа си сака да се одмори и ги праќа пред мене :D
    Не ми сметаат до толку, нели сите сме играле и со топка и сме трчале, е сега во Саботата бам со топката на порта во 9 на сабајле јас уплав добив оти и многу се слуша.

    И родителот не ги поднесува, ни се замара со нив, ни се расправа, ги брка од дома, ни ги гледа, ни ги шета, па игралиште има на две минути од тука.
    Не се децата виновни што мајката ги родила и ги фрлила на улица.
    Неа битно убаво и дома мир и тишина, кое гледање, кое играње со нив, абе не се замара.
    Овие родители не ги разбирам |(
    И потоа ќе викаат ами немирни децата, ами ај сами да се гледаат, сами да се воспитуваат, па не се децата криви што се оставени сами на себе да прават што му чини. :?:
    Е овие деца подоцна ќе бидат тие багабонти, кога родителот е незаинтересиран да оствари некаков контакт со нив, да си поигра, да ги запознае, да ги подучи што е лошо, што е добро, да одвои време од денот за нив :?:
     
  19. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Немој толку буквално. Примерот треба да покаже дека сите места се наменети за различни луѓе. Ако децата ти се хиперактивни, зошто би ги однела во продавница за чаши? Имаш вишок пари и живци?
    Ако децата ти се мирни, зошто би ги однела на фудбал? Ако не сака да трча значи треба да му дадеш енциклопедии и книги.
     
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Претерувате сите и преувеличивате, како со ситуациите кои ги опишувате за деца кои ве тероризираат, така и со важноста што си ја придавате како личности.
    Се што е подалеку од вашата маса на која пиете кафе не треба да ве интересира. А ако не ви се допаѓа атмосфера, сигурно има кафулиња каде ретко се водат деца, па сменете локал.
    Ако сакале деца да гледаат ќе оделе во игротека :D Ко експонати во музеј да се.
     
    На artemidis, Moira, Melinara и 4 други им се допаѓа ова.