Неподнесување на деца

Дискусија во 'Дете' започната од AnimeHQ, 14 септември 2012.

  1. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.885
    Допаѓања:
    14.566
    Пол:
    Женски
    Јас обожавам деца. Ме прават да се осеќам помлада, да не речам детинесто... :D

    По улица да ме одмине мајка со дете, одма му правам фацки и му се смеам, интересни ми се кога се срамат. Едноставно сакам да ги играм, без разлика да ми се мои блиски деца или туѓи што не ги знам.

    Ама искрено, често ми се случува деца да шетаат по маси во кафич, поготово во локалниве што ги имам во маало дека има многу повеќе родители со деца во споредба со центарот. Никогаш не ми сметале, ни на мене ни на другарките со кои сум била на кафе, сите сме дечари невидени и ги заигруваме децата. Ама можам да сфатам како тоа би им пречело на некои луѓе. Пример, седам јас на кафе со братучетка која одамна ја немав видено и имавме стварно повеќе муабет за правење, ама седнавме до маса со две жени и едно мало девојче околу 3-4 години. За време на муабетот, девојчето доаѓа кај нас, мирно и тивко, не правеше галама, ама се фаќа за клучевите на братучетка ми дека имаа некои привезоци на нив, и нормално детето го интересира, си мисли играчки се. Мајка му во мегувреме си пуши цигара, воопшто не приметила дека детето не е више на нејзината маса. Ние две го заигруваме детето, му ги даваме клучевите да си игра, и во еден момент девојчето се фаќа за салфетката под шољата кафе и за малце ќе го истуреше. Јас ја потфаќам за рачето и и викам: Нема кафе за мали дечиња, ќе ти порасне опашка; и се насмеав. Тогаш мајката се сврте и вика: Леле да не ви смета малата? Нормално и викам дека не, навистина не ни пречеше детето, и додека да станат они да си одат, девојчето повеќе беше на нашата маса отколку на нивната.

    Комплетно можам да сфатам дека ако јас си имам муабет со некого, не би сакала пола внимание да ми е во туѓо дете да не ми истури нешто, или да не го фати мобилниот па да и падне или не знам што. Лично не ми сметало, ама разбирам зошто на некој му смета.
    И затоа го прифаќам муабетот од феминките што викаат дека деца не се за такви места. Реално ако сака мајката да излезе и да се прошета со децата околу неа, треба речиси цело внимание да го има на децата. Колку и да е мирно детето, не сфаќам како ја држи душа да го остави на некој што не го познава (некој што седи на соседната маса). Од кај знаеш дека тие таму ќе го пазат да не падне или да направи беља. Мислам дека кога би имала свои деца не би верувала на тугинци така да ми го припазуваат детето, а јас да си правам неврзани муабети со кафе, затоа што знам дека ретки се тие како мене кои би внимавале на туѓо дете кое не го познаваат само затоа што случајно им застанало на масата.
     
    На De-lovely, Daydream и babyblond им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.252
    Допаѓања:
    67.795
    Пол:
    Женски
    Да, претеруваме сите, чувај Боже децава сите се толку мирни и бубачиња, никој не видел распрдено дете во кафич или ресторан. Не постои такво нешто.
    Ако некој си придава важност како личност тоа се мајките. Мислат родиле дете и сега тоа што сака може да прави, па дете е, кај сака нека оди и нека досаѓа на сите страни. Не можат изгледа да разберат дека не секој сака деца и не секој има време да се занимава со неговото.
    Сум работела доволно по кафичи, сум видела секакво однесување и секакви примери. Од мирни дечиња со фини родители, до бесни деца со арогантни родители. Така што треба и родителите малку да ги почитуваат другите и нивното време.
     
    На Sanjichka007, baby-star, De-lovely и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    77
    Имам пријатели со многу немирно дете. Кој како стаса кај нив така го воспитуваат, оти мајката имаше несреќа и неможе многу да го конторлира. Си прави што сака буквално. Некогаш на глава ми се качува. Додека не ми ја наполни главата со сончоглед или некои грицки, не седи мирно, а мене како што ми е виткана косата оди па исчисти се. Ако има гости, мака нема да ја преврти масата и да ги потури сите со кафе и сок (или што има на неа), да скрши било што. И џабе е колку и да е вика по неа. Не дека не ја поднесувам, ја сакам, ама некогаш знае стварно многу да ме изнервира. А некои толку се мили, што неможеш а да не им обрнеш внимание.
     
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    ^^
    Ниту јас сакам да се занимавам и да расправам туѓо дете додека сум на кафе, само мене не ми се случило да ми се трефни дете на маса да ме малтретира а мајката да не гледа или да не ја интересира. И ако ми се случи ќе и подвикнам на мајката, нема да носам заклучоци како на деца не им е место во кафиќ затоа што скоро сите се исти. На вас сигурно ви се случило штом сте толку изреволтирани ама нема потреба да правите како тоа да се стандард ситуации каде има мајки со деца.
    А лоши родители кои не посветуваат време на своите деца е друга тема.
     
  5. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    Јас се погодив во авион со бебе кое беше какано и не можеа отпрво да станат а после цел лет плачеше.
    Ама што да прави жената, кај да го носи?
    Мене ми сметаше детски плач, тој што ќе каже дека му е сеедно, лаже, но жал ми беше, но не наоѓам никој крив, ниту пак имаше начин, проба се' што беше во нејзина моќ да го смири.

    Не дека кафичите се свети места, и дека сите деца се лоши, но кога имаш опција, ако ненормално се дере, плаче или крши, раструра шекерчиња во туѓо кафе,истура сокови, ќе си станеш културно ќе се извиниш, колку и да ти треба тоа време за себе.

    Од друга страна ни тоа дете не е криво, можеби ни родителите не се криви што е хиперактивно но имаш избор, не остануваш на тоа дека мора да се направи.
    Има ситуации и ситуации..
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.947
    Допаѓања:
    36.935
    Пол:
    Женски
    Абе девојче, ете и јас еден куп работи не поднесувам. Можеби и ти ќе ми бидеш одбивна ако некаде се начекаме во некое кафуле. Од кај те знам, можеби си од оние кои разговараат гласно секој да ги чуе, можеби си некултурна, невкусно се однесуваш, од каде да знам. А и не е битно на крајот на краиштата. Ко што кажав и погоре, доколку сакам да биде се како што сакам јас, ќе си седам дома или пак на планина ќе одам. Се додека сакам да сум дел од урбаниот живот и да бидам меѓу луѓе, тогаш треба прилагодување.
    Просто е. ;)
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.252
    Допаѓања:
    67.795
    Пол:
    Женски
    ^ Точно, просто е, треба прилагодување. Ако седиш во полн ресторан со дете што вришти и не можеш да го смириш ќе си одиш дома. Зашто ти им сметаш на другите луѓе, не они на тебе. (зборам општо)
     
    На Sanjichka007, baby-star, De-lovely и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    ^
    Која мајка ќе си дозволи детето да и вришти во кафиќ, сите да се вртат и да ја убиваат со поглед а таа рамнодушно да седи? Македонија е ова, срамот ќе те изеде уште првите секунди од плачењето па ќе станеш да си одиш :D Кај ги наоѓате примерите жити се?
     
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Бриџет, ќе се изненадиш колку луѓе кај нас мува не ги лази :!: Еве ти пример- пред година и нешто, со другарка седнавме на кафе и на масата до нас седеа мајка, нејзината ќеркичка од околу 5,6 години и пријателка на мајката. Детето беше мирно, не се ни приметуваше дека во локалот има мало дете. Откако ние (а цел кафич) почнавме да обрнуваме внимание, на нивната маса веќе се беше собрано, се гледаше само фискалната од платената сметка. Девојчето беше станато, застанато до мајка си и повторуваше `ајде, ајде, ајде` на цел глас. Џабе - мајката и пријателката си пушат цигари и си муабетат, не и обрнуваат внимание. Девојчето почна со рака да удира по масата и да урла `ајде, ајде, ајдеееее!!!!`, мајкава не ја регистрира. Детево вришти и тропа, луѓето се вртат, превртуваат со очи, мајкава си пуши цигара, гледа пред себе, не се замара, се прави мутава. Којзнае колку ќе си седеше и ќе си пушеше, другарка ми да не почнеше на глас да коментира за тоа како циганите од Шутка подобро знаат да си ги воспитаат децата. Бидејќи ние бевме маса до нив, мајката многу убаво ја слушна, одма ја изгаси цигарата, стана, си го зема детето и џом да ја нема, а детето цело среќно и насмеано што конечно си одат.
    Јас немам проблем со однесувањето на детето, и станало досадно, сакала да си оди, сто пати и кажа на мајка си да си одат, мајката е таа која не чини, ни како човек ни како родител. Зарем треба некој од страна да почне да те руга за да постапиш правилно и да му посветиш внимание на сопственото дете?
     
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.947
    Допаѓања:
    36.935
    Пол:
    Женски
    Така де, треба да се има осет. Арно ама, многу луѓе го немаат. Јас сакав да ја доловам спротивната страна, бидејќи сметам дека се побројни оние кои што се без деца а се однесуваат недолично и некултурно и сметаат на еден куп луѓе, па никому ништо. Никој не им рече, вие не треба тука да доаѓате. Така и на родителите со деца не може да им се забрани да си ги носат децата со нив по кафичи, ресторани, пицерии и сл. Да не зборуваме што тука одредени персони изразија гадење од самото носење на децата по локаливе, без разлика дали се мирни или не. Јас не можам да ги сфатам таквите, ама тоа е мој проблем.
    Да сумирам, колку и да збеснува детето, да вришти и да се дере вие немате никакво право да забранувате истото да биде со родителите во локалот. Мислам... кои сте па вие да кажувате што да прават другите. Размислете, можеби и вие со своето присуство и однесување некому му газите на нерви, па никому ништо. Треба да бидете барем малку (не мора многу) самокритични.
     
    На rainlover му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.252
    Допаѓања:
    67.795
    Пол:
    Женски
    Види вака, ако е ресторан со игротека каде се растрчуваат деца на сите страни, тогаш знаеш каде си отишол и немаш право да реагираш. Ама ако си отишол на некое фино место и има некои вакви безосетни луѓе тогаш имам право да се побунам, зашто детето смета. Не за џабе тогаш сите упатуваат погледи и коментираат. И споредбата ти е ептен не на место. Зборуваме за деца кои имаат родители да ги контролираат, бидејќи детето само можеби и не е свесно, му се оди дома и почнува да вришти, родителот е тој кој ја носи одговорноста за однесувањето на своето дете. И како може само присуството на некој да те нервира? Го претеруваш тука, само за да докажеш некоја поента која врска нема. И возрасен да е и да се дере ќе биде замолен да се стиши, ако некој се начука и прави проблеми и ги вознемирува другите нормално е дека ќе биде замолен да го напушти ресторанот. Така што споредуваш баби и жаби. Збориме за дете што прави проблеми, а не за возрасен човек кој те нервира само поради тоа што е присутен.
     
    На Sanjichka007, De-lovely, babyblond и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Ама ти слабо стоиш со Скопје, а? :)

    Не знам за другите градови, ама Скопје има инвазија од „млади“ мајки кои мислат дека е тренд да си го носиш детето во јавност и да не обрнуваш внимание на него. Изгледа мислат дека се прогресивни со тоа, као, „ако сме родители, пак имаме време да се журкаме“ и забораваат дека цел кафич ги гледа како ретардирани зашто не го есапат детето кое прави џумбус додека они мирно си муабетат.

    Логикава на Ана е... се додека сум јас во јавност, сите ќе се прилагодите на мене, зашто ја сум таа која е битна и сите вие ќе ме трпите мене. Епа затоа ви ги мразиме децата бе срц, зашто вие како родители не го почитувате нашето право да не нè боли бубрег за вашето дете.

    Ако сакате како родители да бидете дел од урбаниот живот, ќе треба да си ги научите децата да ви бидат мирни.
     
    На Sanjichka007, Daydream, babyblond и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    ^
    Погоре една феминка кажа пример за дете кое вриштело од пред година ипол. Да имало во поскоро време веројатно тој пример ќе го кажела, па некако ми се поклопува со мислењето дека не е баш толку често и драстично како што претставувате. Не знам за Скопје вистина, немам ништо против тренд млади мајки да излегуваат со своите деца, освен ако ми кажеш дека постојано понекое дете ти вришти над глава и ти истура кафе. Еве кажи ми, така ли е?
    Можеби вие премногу загледувате колку мајката посветува внимание на детето додека е на кафе дури и кога детето воопшто не ви смета. Го имаме тој оговарачки менталитет, колку пати сум слушнала Таа се размуабетила а детето не си го гледа како шета наоколу. А детето прилично големко и си се шетка натаму наваму, си разгледува, се заигрува со друго дете или што да е и не смета никому. Еве ти велиш џумбус прават, каков џумбус објасни ми, кршат чаши, плукаат, кубат за коси непознати, што тебе конкретно ти прават?
    За вториот дел, ти имаш секакво право да не те боли бубрег за нечии деца, на кој начин една мајка тоа право тебе ти го скратува не ми е јасно? Ама во заблуда си ако мислиш дека имаш право да кажуваш кој се има достап до одредени места и да чувствуваш привилегии дека како сингл дечко кафулето е повеќе твое место отколку на родител со дете.
     
    На Ethrnity му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    ^
    Така ли е? Така е! Да му веруваш на Медо. Медо Димовски that is. :rofl: I just made лоша шега and i love it. :)

    Примери има колку сакаш, од кршење чаши, преку малтретирање на гостите со физички контакт, до обично врескање кое е заморно.
    Наречи ме/нè снобови, ама кога одиме во кафуле, одиме таму зашто сакаме да помуабетиме со пријатели и кога би знаеле од дома дека таму ќе има мали деца кои ќе досаѓаат, нема да одиме. Проблемот е што газдите и конобарите на локалите, немаат никакво законско право да ги избркаат родителите. Лошо е за имиџот.

    Сакаш примери? Еве неколку последни. Во пабот Bugatti, во Сити мол, кој колку што можам да забележам од последните две седења се смета за прилично снобовско место каде одат богати луѓе, очигледно и размазени снаи на богати мажи, децата кои трчаа околу мојата маса успеаа да му се мушнат на келнерот меѓу нозе и да ги бутнат двете пива кои ги носеше. Среќа што на децата не им паднаа врз глава. Мајката изреагира како келнерот да е крив, кој пак не кажа ни збор.

    Во Излет, кое се смета за прилично хипстерско место, пред околу две недели, на еден сончев ден, куп млади луѓе седнати уживаат во денот, додека на крајот на дворчето, две мајки со две бебиња во количка, си правеа муабет додека децата си вриштеа. Сите се правеа дека не ги гледаат, зашто нели, некултурно е да ти сметаат бебиња, тие се толку слатки. |(

    Во Плаза де Торос, зимава, тоа е на кеј позади ГТЦ, и е место каде оди секаков профил на луѓе, две деца од соседната маса имаа потреба да си играат ПОД мојата маса додека нивните родители, два прилично грди парови, си правеа муабет за некои нивни комшии, кои купиле Опел Астра, ама им била на старо земена, а они се фалеле дека е на ново, ама плус тоа све од крадење направиле, зашто ги вработиле од партија. :o :tmi: Знаеш како го знам сето ова? Така што беа доволно игнорантни кон сè околу нив, за да си галамат и да не им е гајле за тоа кој ги слуша и нормално, под чии маси им се пикаат децата.

    Ако ми кажеш дека сето ова е океј или како што некои сакаат да кажат „па деца се, си играат“, тогаш стварно не си и ти нормална со сите нив.

    На забар се оди да се поправаат заби, не деца да си играат со бушилката. Бзззззз......
    Во бурекџилница се оди да се јаде бурек, не да се игра со шпаклата. Штрак прстињата мами......
    На доктор се оди да се пие сирупче, не да си игра дете со шприцот. Боц окцето......
    Во кафуле се оди да се пие кафе, не да се кршат чашите. Сец вените Леонче сонце.....

    Ако сакате да социјализирате со младите, одете во дискотека. Таму може да ви плаче Леонче до миле воље. Ама не, таму некој може да го чукне сонцето мое, лоши чичковци има таму. :fubar:
     
    На Sanjichka007, julie77, Glasna и 2 други им се допаѓа ова.
  15. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Прво: името на темава ми е, како да речам, грдо.

    Не е работава дека не можам да поднесам деца, јас децата ги сакам душички ми се. Јас родителите не можам да ги поднесам, што се прават наудрени кога нивното дете смета. Да, јас ќе си ја гледам масата моја, ако ти си го гледаш детето. Не ми смета ни да трча, не ми смета ни да дојде на масата, ни да го задевнам, да го заиграм, ама пак не може жено Божја, да ти го чувам јас детето, за ти мирно кафе да си пиеш. Или да вика, да вришти, нормално дете е, а ти ништо да не реагираш.

    Јас тоа не можам да го поднесам, а ми се има случено и тоа повеќе пати и едното и другото. Не дека не им е место на децата в кафич, зошто нема потреба дома да го оставаш, носи си го, ама пази си го и готово чиста сметка, долга љубов. ;)

    Пример еве, застанува детево на масава, добро, го задевнавме, со дечко ми се посмеавме, си седна со нас, си се вртеше околу маса, добро, мајкава ич мува не ја лази. Фати, ги зема цигарите во рака, добро му ги зедов, не тоа какано е, се разврти пак, мајкава уште си седи, ни каде и е детето ни ништо. И не го видов јас се свртив накај дечко ми нешто извадило една цигара и во уста да ја стави, го забележав тогаш, викам не немој и тогаш мајката, а хаха ви смета детево, не не ми смета ама не ти сум дадилка јас па да го пазам и после крива за нешто да бидам. Е тоа ми е муабетот.

    И друга работа, на некои манифестации, како пример во Прилеп, на Пивофест, или за 11-ти Октомври, гужва, гужва, што да ви расправам, вака:@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@ :P . Тие зеле количките во таа гужва со детето се пробиваат. Мене многу ми е гајле ќе поминам, ќе промрчам, никому ништо, ама детето што ти е криво во тие глупости да го носиш, да го малтретираш. И што разбира бебе мало од сето ова. Абе глупости.
     
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    ^^Имам пример и од пред едвај две недели, од ресторанот Ања на кеј што е :rofl: Тој со девојчето го пишав зошто најдобро ја отсликуваше ситуацијата за која стануваше збор во дискусијата - родители кои галје си немаат додека нивното дете вреска и прави испади.
    Исто така, верувам дека никој нема проблем со тоа мајките да ги земаат децата со себе кога излегуваат некаде, туку незадоволството потекнува од тоа што ти си седнал некаде, плаќаш за да бидеш таму а нечие дете ти вришти на уво. Штом ќе приметиш дека на детето не му се седи повеќе мирно, му станува досадно, поздрави се со другарките, плати си за сметката и оди прошетај се со малото зошто што има поголем приоритет - бла бла муабетите со другарките или детето? Според мене, тоа би требало да е детето. :)
     
  17. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Темава забега во екстреми...Не треба толку да се генерализира.За една болва цел јорган го запаливте!
    Не постојат добри и лоши деца,воспитани и невоспитани,послушни и непослушни..тие се само деца,нивната личност е во развој и не треба да ги осудуваме или неподнесуваме.Зошто се тие виновни?!
    Тие незнаат,не се свесни, што е правилно а,што не,што треба да прават и како да се однесуваат во дадена ситуација. Постојат само добри и лоши родители,оние кои знаат и умеат да се справат со своето дете и оние кои незнаат ,несакаат или едноставно неможат,причината си ја знаат лично само тие.
    Голема умешност и кадарност е да се справиш со дете.Не секој може да се пофали дека го поседува тој талент.Факт!
    Јас темава повеќе ја гледам од тој аспект,не станува збор за децата туку повеќе станува збор за неспособноста на некои да бидат родители и правилно да го насочат воспитувањето на детето.Тоа не се постигнува со дремење на ФБ и лакирање на нокти!
    Околу мене примери еден куп...еве еден.Фрустрирана млада мајка која фрустрациите од неуспехот во животот ги истура врз сопственото дете.Најмалку три пати во денов го слушам како плаче,плачот се слуша од нивниот двор.Кој е тука крив?Можеби иритира но,мене повеќе ме обзема жал за детево.Да беше во друга земја социјалната служба најверојатно досега ќе имаше направено интервенција.
    Немам живеено во друга земја но,од искуство и кажувања на други таму е забрането дури и да го повишиш тонот на своето дете а, не пак да му удриш една воспитна како што милуваат некои да кажат.
     
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    ^^Добро а што правиме кога еве јас пример сум платила авионска карта од 2500-3000 евра исто како и уште најмалку 150 луѓе во авионот и од 24 часа летање, 23 часа вришти бебе???
    Треба да станеме да го утепаме затоа што ни го нарушва комодитетот и на крај краеви сме платиле толку и толку пари треба да уживаме а не да ни плаче бебе цел пат??
    Што треба таа мајка да направи, ете не престанува да плаче а секој што патувал со авион знае дека обавезно ќе ти се погоди да има барем едно бебе во патниците, треба да им забрани и на нив да патуваат??

    Болдираното..............disturbing and disgusting :x

    Добро е што прва лекција што сум го научила малиот е НИКОГАШ да не земе нешто од непознати личности, во право сум била да бидам и малку параноична, болдираното ми потрвдува дека секакви болни умови постојат.
     
    На Domakica, Bozica1980, danielka0507 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто толку вас мајките ве погодува тоа што очигледно сите го забележале и го зборат. Не може бе луѓе цел ресторан да се прилагодува на вас, вашето бебе и вашите потреби. Како може 100 души да превртуваат очи, а само вие да сте во право. Не се децата криви, родителите се криви, што мислат дека можат да си го водат истиот живот од претходно пред да станат родители. Епа не може да седиш и сега и претходно на истите места и исто како и тогаш. Имаш дете и тоа ти го диктира животот. И не е тоа ништо лошо. Јас не гледам ништо лошо ако некоја другарка која има дете ми рече дека не може да седне на тоа и тоа место, а сака да седнеме во игротека на пример. Подобро ќе си помуабетиме таму, каде што знаеме дека детето е згрижено, некој се грижи за него, се дружи со свои врсници, интересно му е, не плаче, не кенка, другарка ми нема да ми биде отсутна во муабетите гледајќи каде е детето, да не досаѓа некому или да не се удрило, нема да гледам луѓе како не' гледаат под око и крај. И волкот сит и овците на број. И што треба за сето тоа? Младава мајка која глуми Холивуд да се сети дека прво кај и да оди од сега треба на детето да му биде интересно. И толку. Малку да заборива на себе. И да и' текне дека сега треба детето да е приоритет. Затоа и се измислиле места каде на децата ќе им биде интересно.

    Не знам како, кој ќе ме сфати ама и да ви кажам не ми е гајле, искрено, тоа си е мое мислење. Дете за во кафич каде има гласна музика, каде се пушат цигари, каде што секој збори, има галама итн не е. Не знам зошто упорно и упорно сите млади мајки го форсираат тоа. Не знам, мислам дека приоритет треба да биде детето. Кога излегуваат од дома за чија прошетка излегуваат? Мене знаете како ми изгледа ова? Сакам да се видам со пријателките, сакам да прошетам, ми се оди по кафичи ама немам на кого да го оставам детето па ќе го земам со мене и ќе го пуштам низ ресторанот нека се истрча. Што ми е гајле, битно јас кафето на раат да си го испијам. Не можам да мислам поинаку, зашто ако таа мајка излегува за да го прошета детето сигурно немало да седне на кафе. Туку ќе отишла во парк, на Водно, во природа, во Луна парк, во театар на детска претстава, во кино на детски цртан итн., а не на кафе. И никој не може да ми каже дека не е така. Слаткарници, бурекџилници, пекари, пицерии не се вбројуваат во ова. Зашто таму седнуваш, јадеш и си одиш. А во кафич детето што ќе прави? Ќе пие кафе со вас и ќе слуша возрасни муабети? И нормално е да плаче, да вришти, зашто му станува досадно, нервозно е, и не знае на друг начин да го изрази револтот.

    И да, сум видела милион примери на несовесни мајки. Не само во кафичи, има мајки што не знаат ни улица да поминат и на сред булевар, не гледа ни лево, ни десно, турка количката напред и оди крената во главата, а не е на пешачки. Ми иде да и' излезам од кола, да и' удрам два шамара и да се освести малку. И нормално дека некоја таква ќе го пушти детето во сред ресторан да трча по маси.

    Еве конкретен пример и од мене. Седиме со дечко ми во Vero jumbo во кафичите што се внатре. Не знам како се вика кафичот, не е ни битно, знаете мислам за кој се работи. Седи една мајка две маси од нас со дете од 3, 4 години и некоја нејзина пријателка. Размуабетени и двете, детето почна да си шета по маси. Не го гледа нормално, не се ни свртува да види кај и' е детето, барем со поглед да го ѕирнеше. Детево не правеше којзнае што ама почна да им досаѓа на луѓето, од маса на маса. И на крај се удри во една од празните маси, со ивицата во око. Несвесно гледа на друга страна, а масите високи колку него, мало беше, и директно со ивицата во око. Нормално почна да плаче. Мајкава ако ви се верува дури после десет секунди изреагира. Заворави дека дете има. Мене побрзо ми проработе мајчинскиот инстинкт од неа, што не сум ни блиску до деца. Сите се вртат, гледаат, бараат некоја мајка да стане да видат од каде ќе излезе. И ајде сега кажете ми дека таа излегла за детето да го прошета...
    А примери пак каде деца вриштат и ги тегнат мајкиве по блузи и фармерки за да си одат дома имам еден куп. Само тоа е веќе како секојдневие, а примеров од погоре ми беше малку по несекојдневен и најтазе па затоа го пишав тој.

    Излеговме малку малиот да го прошетаме. Каде? Па на кафе седнавме малку. Стварно? Многу добро сте го прошетале. Браво. Мислам, по лицемерно од тоа нема. Сум го слушнала илјада пати. Не знам како не им е жал, од толку места за деца каде што ќе можат да се истрчаат, да се изнаиграат, да си запознаат врсници другарчиња, да се смеат, да бидат среќни децава, тие го тупнуваат во најголемата гужва, меѓу чурница од цигари, каде има гласна музика... Искрено да ви кажам неретко мене лично ми се случило што сум возрасна па да ме здоболи глава кога ќе седнам некаде. Не сум пушач, цигари не можам да поднесам, музиката не ми се допаѓа, многу луѓе одеднаш, масите во сите кафичи се дна до друга и да не сакаш ќе слушнеш други муабети и се покајувам што воопшто сум излегла. И да ви кажам баш заради тоа во Центар не сум седнала на кафе може една година. А можам да замислам па на дете од 3, 4 години или пак бебе како влијае сето тоа. И после вриштеле, епа ќе вриштат.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    ^
    А нашите деца се кучиња дома врзани па единствена цел на излегување со нив ни е да ги истрчаме. Не знам зошто мислиш дека треба да се срамиме ако кажеме дека ете денеска излегувам конкретно за моја потреба кафе да испијам со пријателка, а не детето да го истрчам. Има денови кога излегуваме и го носиме само на места кај што има деца. Има денови кога нас ни се седи на кафе со пријатели а нема кој да ни чува деца па ги носиме со нас. Како го кажувате ова како грев да е.
    Добро со примерите со монструми мајки чии деца вадат очи по кафиќи и тероризираат останати, јасно е што сакате да кажате, но уште си стојам на тоа дека ова се ретки примери а вие преувеличувате.
     
    На bittersweet и MacenceEna им се допаѓа ова.