Неподнесување на деца

Дискусија во 'Дете' започната од AnimeHQ, 14 септември 2012.

  1. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Јас се ставам во категорија на луѓе што сакаат деца.И добро ми оди со нив...
    Пввпат ме гледаат во животот, и после пет минути ( ова откако ќе престанат да се срамат :D ) почнуваат да си играат со мене.
    Пред неколку дена, едно преслатко девојче, годинка и пол, беше на фризер со мајка и. Првин плачеше, многу непознати тетки наеднаш виде, ама после некое време, другарки си станавме :lol:
    Дури и куклата на никој што не ја даваше мене ми даде да ја заспијам :wasntme:
    Дојдоа мои роднини од друг град, детенцево ме гледаше првпат, и замислете цело време седеше со мене, дури и спиеше со мене, ниту мајка, ниту татко побара, дури и не сакаше да си оди од кај нас :rofl:
    Јас мислам дека треба да умееш со децата. А не дека нема разгалени, чекајте и такви случки имам за кажување. :D
    Сум имала случаи кога ми ги зеле сите шминки и играат, кога ми се прскаат од парфемот, па дури и го скршиле, ми земаат облека, и тоа во присуство на дотичните мајки и баби кои ништо не им велат.
    Дури и подот го имаат гребено, го имаат лакирано со лак за нокти, штиклите ми ги имаат влечкано низ дома. Ама ова се случило кога јас не сум дома.
    Еднаш кога влегов и шок ме мавна, од тоа што го видов, додека бабата уживаше со цигарчето и кафенцето, кажав колку сум лоша и колку силно викам, и дури да се преоблечам се да е на место, одма се смени политиката.Ме погледна бабата малце накриво, тоа да, ама жено, ова дома дозволи му го, не во моја куќа. Детето паметно, се собра, дури и ми рече ке избришам прашина 8)
    Значи, заклучок, не било до детето..
    А за тоа во кафуле, постојано се врткаат околу маса. Не ми пречат. Напротив, се полнам со позитивна енергија. Едно детенце ми кажа како го карала мајка му, како викал дедо му, како пцуел татко му, и како плачел брат му додека мајка му пропаѓаше во земја :rofl:
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.699
    Допаѓања:
    141.284
    Абе бриџит, оди си по кафиња со детето, твое е. АКо мсилиш дека треба да седи, место да си игра детето, твоја одлука. Ако мислиш дека треба некој да пуши цигари, а твоето дете да е на масата до него, твоја одлука. Ако мислиш дека побитно е кафето со другарка ти од здравјето на детето, тоа тогаш многу кажува за тебе.
    Деца не се за во кафичи од еднставна причина - нема простор да трчаат, да си играат со свои врсници, и да не бидат до некој кој им дува со цигарите и они дишат од тоа.
    Стварно не ми е јасно прво, зошто има мајки на кои им е побитно сопственото уживање на кафе, отколку здравјето на детото. Зошто пријателката твоја не заеме кафе за одење и да седнете на клупа во парк, па детето да си трчка наоколу?!
    Не, мајката скала у кафич и и било право тоа. Океј, ама освен ние, трпи и детето.
    Јас мислам кафичи за деца да се отворат. Што е тоа, кафич без играчки? Каков е тој кафич со стакло насекаде, па дете не може да се затрча и да се искрши?
     
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.359
    Во Македонија уште се пуши во кафичи? :^)
     
    На MacenceEna, bittersweet и Doozy им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    ^^
    Ако целиш кон тоа вина да ми створиш како јас сум лоша мајка што си го носам детето со мене на кафе, џабе ти е. Не седам во затворени задушени простории па да доведувам здравје во прашање.Вашите површни гледања на работите и муабети слушани од тетка и стринка прават да доаѓате до вакви заклучоци што често врска си немаат со реалноста. На моето дете не му фалат другарчиња, игри, играчки и природа, секојдневие му е тоа. Одењето на сок со мама му е задоволство колку за информација, жалам што ќе ти ја рушам сликата за дете кое тажно седи до мајката која пие кафе и ужива, а тоа диши никотин и чека мајка му да стане и да си одат.
    Не ве личи вака млади со толку грешни сфаќања, предрасуди и оговарања.
     
    На danielka0507, mimiiiii, Golden и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    ^ А зошто пак ти имаш сфаќање дека ние сме со предрасуди и грешни сфаќања само зашто си го искажуваме своето мислење кое е поразлично од твоето. Ми смета дете кое вришти 15 минути и мајка му не му посветува внимание. И што е тука грешно сфаќање? Ми смета и крај. И ќе си кажам дека ми смета. Ако тоа ме прави заостаната ок, не ми е гајле. Тоа што мислам дека кафич не е за дете исто така не ми е гајле каква ме прави. Ако ти го носиш детето по кафичи ок, твое право. Ако твоето седи мирно исто ок. Дали му е интересно или не, дали му е задоволство или не мене лично не ме интересира се додека тоа дете не го нарушува мојот мир. И тука не збориме за твоето дете. Туку збориме општо. А кога збориме општо има многу примери кои пак ти не треба да си ги земаш лично.

    И никој не преувеличува. Тоа се конкретни примери и вистинити. Сигурно нема сите тука што пишуваме да си измислуваме и лажеме, штом има толку примери значи навистина нешто такво има. Мене ми изгледа дека вие преувеличувате со тоа дека децата премногу, најмногу, ептен сакаат да седат на кафе со мама. Толку многу им било убаво и интересно. За волја на вистината јас во Скопје се' уште не сум видела задоволни деца кои седат на маса со возрасни. А колку што се сеќавам, ти не живееше во Македонија, така што немаш право да збориш дали ни преувеличуваме или не. Зашто не си овде секојдневно. Исто е тоа како сега јас да зборам за земјата каде што ти живееш и си секојдневно присутна.

    И да, се пуши во кафичи. Се пуши во надворешниот простор кој е затворен со најлони и триста чуда. Односно затворен е во зима, сега можеби веќе и се отвара, не знам. Ама во зима таму е димници. Нема ни вентилација како што треба ни ништо. Мене тој простор страшно ми смета и не седнувам воопшто таму, а мало дете со мајка пушач искрено го жалам.
     
    На Sanjichka007 и De-lovely им се допаѓа ова.
  6. cirila

    cirila Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    зарем толку нема кафичи каде што можат родителите на раат да испијат кафе а децата да си играат?
    На пример во Австрија кај што живеам има многу такви кафичи ресторани, трговски центри и јас исклучива таму одам. Мада син ми е прилично мирно дете и нема навика да се шета кога седиме во затворен простор плус мене ме фаќа паника ако син ми не ми е во видеокруг дури и да седнам некде морам да го гледам каде е што прави.
     
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    ^^
    Живеев во Македонија повеќе отколку што ти имаш години, па мислам дека знам како е ситуацијата.
    Не го сублимирај сега сето твое напишано само во една реченица Едноставно ми смета и крај, па да се чудиш од каде сум извлекла заклучоци за предрасуди и слично. Големи се постовите што ги пишуваме, се има во нив.
    Поздрав.
     
  8. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.393
    И сега вие со тирадите против присуство на деца во кафичите,се надевате дека ке ги премислите мајките или што?Ако газдата на кафичот нема проблем со повремено кмечење и цивкање и растрчување,кои сте вие да захтевате да не ги носат таму,божем загрижени чад да не дишеле.Мај ес..На врата на кафичите сеуште не пишува забрането за деца( и кучиња)..а овде каде што живеам и кучињата се добредојдени на многу места и никој не се буни..Ако ви смета,сменете го кафичот,или пожалете се на келнерот или газдата..ако некој упорно плаче или крши пола саат секако ке реагираат..ама самото присуство да ви смета е нон-сенс..вашите пари се исти со нивните,на погрешно место кукате..фор д рекорд,јас своето дете кога одев на кафе со другарки,ако немаше кој да го чува ,го оставав во игротека на сат два,оти пред се на својот рает мислев а потем и на туѓиот..
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    892
    Веќе неколку дена темава е многу активна,читам што пишувате и морам да кажам дека се сложувам со двете страни :)
    Како мајка на две деца ќе ви кажам дека иако моите деца ги обожавам,не сакам баш толку многу туѓи деца,до некоја граница да но не толерирам сечие однесување.Сум имала искуства со секакви деца и родители,деца кои од влезна врата ми се качуваат по мебел со калливи чизми затоа што мајката не ги собула,тие што ми буричкаат по фиоки и се качуваат на комодата од телевизорот и само чекам кога телевизорот ќе ми падне а не сум во можност да купам нов,тие што мислат дека ако орбитрекот ми стои во дневна тука е за да тие се качуваат на него,тие што ги кршат играчките на моите деца и трчаат по цела куќа,дете од братучед на мм што секој роденден ќе го упропасти така што пола од децата плаче затоа што ги удрил и цело време е околу тортата за да ја уништи а ти си ја правел за да твоето дете се радува па од вработените во игротека еден цело време мора да го пази само него и слични примери и ситуации во кои си немоќен затоа што родителите воопшто не реагираат.
    Јас ги познавам моите деца и можам на пример да излезам на кафе со големото кое што беше мирно и како мало и сме го воделе и на кафе и во слаткарници и ресторани ама никогаш не се случило да направи некој испад.Второто не сака гужви и галами,не сака гласна музика и не сака да седи долго време на едно место и тоа дете не е за по кафиња.Ние кога сме со децата ги водиме на шетање,во Зоолошка,на пазарење,на места каде што би можеле да се играат а на кафе си одиме претежно сами со мм бидејќи работиме 6 дена во неделата,секојдневно сме посветени максимално на децата,па понекогаш и на нас ни треба малку време сами да си излеземе негде на раат да си испиеме кафе и направиме муабет со некого и тогаш и јас не сакам разлигавени и разгалени деца да ми сметаат и не мислам дека тоа ме прави лош човек.За се си има време и место.
     
    На Spidy, De-lovely, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Воопшто не ни живеат во Македонија, ама затоа сè знаат како е и како треба во скопските локали. Абе срциња. :rofl:
     
  11. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Не треба, но некаде се пуши уште. Казните се високи.




    Инаку не знаев дека во Скопје со децата во кафичите до таму заминала работата, како што опишавте во коментарите.
    Во Битола не е така, знаете и родителите излезени со децата избегнуваат дури и да се движат кај кафичите со децата посебно навечер каде има гужви од млади излезени на кафица, па скратуваат и ги носат на кај спортската каде има и кафичи за седнување поточно сендвичари најмногу овде седнуваат, има пуканки крофни, количина, нишалки, луна парк се за деца :)
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.393
    А ако живеевме до лани во Скопје?)))Се важи?Мора според тебе да заминавме во некоја вукојебина каде нема ни ц од цивилизација,богу иза леџа?Сори ,овој град каде што сум сега бар е мека за журки,според сечии критериуми..не знам дали ке ги задоволи твоите,многу си префинет..плус одиш и по кафичи каде што одат богати(во нив се броиш или само да се смешаш сакаш со тренди снаите??М?)..Срцуш :D
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Е па тоа е работата де, ако не смета никој нема да се буни. Ако не ми смета мене многу ми е гајле дали ги носат децата или не, тие си знаат. Јас убаво си кажав, ќе си ја гледам мојата маса, кога вие детето ќе си го гледате.

    И не зборувам за некој поединечно јас не знам што толку при срце го земате, се зборува овде општо, зошто постојат жени кои се такви што мува не ги лази детето на глава да им се качи на другите. Нормално дека не се сите мајки такви, пак ни сите деца. Затоа не знам што се буните толку, освен ако се пронаоѓате во муабетот. И ако видам некоја мајка која се обидува да го смири детето, нормално дета нема да ја прокоментирам, дете е сепак. Ама пак ќе речам, има такви, и тоа се почесто, што мува не ги лази. Им е гајле нив ти дали се нервираш, дали ти смета, дали тоа вика, требало-не требало, не е битно таа сега е на пауза и кафе си пие.

    И за што предрасуди Бриџит не разбирам. Демек вие имате деца, ние немаме. Која е предрасудава не знам. И јас братучед ми го имам носено в кафич, ама од вид го немам испуштено. Затоа кажав има разлика. И не сме ретардирани да речеме дека ни смета ако детето е мирно или така само си се шетка и ние немаме никаква врска со него. Зошто би рекла така, што би ми сметало. Значи мора да има нешто што те извадило од такт, па да прокоментираш. А тоа што сакаше да каже Дејрим претпоставувам е дека не само нас што ни смета, туку и ним им смета, на децата мислам, а не дека се правиме ние нешто дека забравме гајле.
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Абе види, тука пишуваат и луѓе што немаат деца, ама затоа сè знаат како е и како треба со нив :rofl:
     
    На Golden, bittersweet, Bridget и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Аааааа не, такви спинови, дома! :) Јас не пишувам како се повива бебе или како изгледа мајчинство, пишувам на тоа како јас гледам на децата и особено на родителите кои не знаат да си ги воспитаат, па за нивно уживање кратат од моето уживање.
    И... :!: нешто те прашав пред тоа, не ти се одговараше, м? :)

    Дентина, за што друго можеш да ми кажеш како е во Македонија по сеќавање? Многу сакам да знам каква ми е реалноста, зашто мижеечки одам по улица. 8)
     
    На Sanjichka007 и Dentina им се допаѓа ова.
  16. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.393
    Ти кажи ми прво дали припаѓаш во кастата до која толку очајно сакаш да се прилепиш?Те дружат,те играат?))Се приметува :rofl:
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Не знам што точно си пишал ти во темава, мојот пост се однесуваше за сите оние кои во темава ги ставија мајките на клада затоа што ги однеле децата во кафич. Па како не им било срам, несовесни мајки биле, здравјето на детето не го гледале, не знам ти што...
    Јас многу ретко среќавам деца во кафич, можеби затоа што се движам во такви локали, не знам :?: Последен пат налетав на ваква ситуација - две мајки седат и пијат кафе, три дечиња јадат сладолед. И сите правеа муабет за некаква завршна приредба во која требало децава да учествуваат. Да ти е милина да ги гледаш :)

    А ако мислиш на овој пост во кој не сум ти одговорила
    Јас си стојам зад тоа дека децата не треба да ги делиш на деца за во парк и деца за во пицерија/кафич/ресторан. Дури жално е тоа. Според твојава логика, мене не требало ич да ме носат во Луна парк, затоа што сум била многу мирна, нели? Барем јас така те сфатив. Социјализација со деца - нула. Физичка активност - нула.
    А во однос на болдираното особено - знаеш ли колку е важна физичката активност за едно дете во развој? Јас имам помали братучеди чии родители мораат да ги праќаат на додатни активности вон училиште, затоа што цела година часовите по физичко ги поминаа во клупа, се градеше нова сала. А замисли децава мирни :D
     
    На bittersweet, Bridget и Lovely93 им се допаѓа ова.
  18. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Види, Ана, Дентина, Бриџит, сите вие кои го држите ставот...

    Секако дека генерализацијата ја носиме во крајност кога ние, спротивниот табор, велиме дека не ги поднесуваме децата бидејќи ни го реметат мирот во јавност. Го правиме тоа бидејќи вие ги опишувате децата како ликови од филм, во карирани кошулчиња, наочарчиња и со интерес за школските активности, како што напиша Ана, но реалноста е сосема поинаква и тоа, како што напишав, особено последните години е зголемен трендот, не знам од кои причини. Веројатно токму се трудиме да бидеме запад, но не можеме да бидеме запад од едноставна причина што и менталитетот и локалите не ни се западни. Па да не бидам премногу фин и културен, ќе напишам и дека интелигенцијата на национално ниво ни е прилично ниска.

    И кога велам интелигенцијата, мислам на игнорантноста на луѓето да се прилагодат на општеството и околината. И тоа не го гледаме само кај родителите со своите деца во кафулињата, туку го гледаме на секое ќоше од општеството.

    Токму и затоа толку ревносно го „бранам“ вака форумски овој став, зашто ми е преку глава од луѓе кои се однесуваат како неандреталци и не сакаат да ги почитуваат своите сограѓани. Не посочувам никого конкретно, не велам „Ти Ана“ или „Ти Бриџит со твоето дете...“ туку општо, опишувам еден скопски родител и велам скопски, зашто луѓето од помалите градови во Македонија, сè уште го држат на некое нормално ниво меѓучовечкиот однос и почитта едни кон други. Колку-толку. :|

    Знаете на чива страна сте кога ги браните родителите чии деца се однесуваат некултурно во јавност? На страна на сите оние дивјаци кога ќе излезете на улица.
    На страна на овие мочковци кои брмчат со мотори и турираат со своите југовци и стокецови.
    На страна на сите неписмени контролори во ЈСП кои се однесуваат како шерифи.
    На страна на сите тетки позади шалтери кои не знаат ни добар ден да кажат.
    На страна на сите доктори по болници кои ќе те остават да умреш попрво отколку да ти помогнат.
    На страна на сите пензионери во банка кои се дојдени само да прашаат дали има пензија.

    На страна на сите оние кои ќе те одминат на улица Македонија ако легнеш на плочките. Знаеш што е заедничко за сите нив? Не те почитуваат ни трошка, не ги интересира ни дали си жива или мртва покрај нив, не им е гајле за тебе, битно им е само нивното егоистичко задоволство и нивното уживање и воопшто не им е гајле дали со своите постапки го нарушуваат твојот мир.

    Знам дека има златни деца. Тие деца имаат златни родители. Ама тие родители и тие деца во кафуле или ресторан нема ниту да ги забележиш. Ама тие деца и родители чинат само 5 проценти од муабетов. :worried:
     
    На babyblond, Nausicaa, Daydream и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.699
    Допаѓања:
    141.284
    бриџит, темава ке отиде у ку*ац ако се фатиме дека има мајки и кои пушат, а имаат деца, бремени се и го дојат со цигара во рака. За такви ми е гадно да зборувам. Се надевам не си од тие.
    НО! Во затворен простор во Македонија, барем во Скопје (Тетово и слично батали) не се пуши. Ама има едни најлонски простории зимно време во кои се пуши. Затворен простор кој се преправа дека е отворен. После кој алиштата ти смрдат на цигари.
    Ина кафичи на отворено каде се пуши, всушност сите се такви. И од соседната маса, димот, во согласност со ветерот се движи и кон другите маси, вклучувајќи го и носето и малите бели дробови на детето. Не можете од се да го заштитите, но од ова можете.
    За твоето дете треба да му е задоволство одењето со мама на кеј, на фудбал, во парк, а не на сокче.
    На сокче одете во игротека. Тоа нека ви е секојдневие не седењето во кафич. Возрасните се во кафич, децата во прак и игротека.
    Ги гледам какви се децата, и си патам од нив. Оти децата имаат вишок енергија и место да трчаат во парк, седат со мама на сокче.
     
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.359
    Нас кога не растеле немало игротеки, ќе треба мајка ми да ја прашам каде ме носела :?:

    Многу осетливи помладите, без лутење, ама некако толку нервоза да ви се ствара од деца во ваша околина, не знам. :?:
    Јас кучето го водам со мене во паб, еквивалентно на кафич да му дојде еве. Досега од ниту еден не ме вратиле од вратата. Секаде прашам може да влезе? Може. Ќе го седнам до мене до столот. Од масите во близина ако има кучкари ќе го викаат оно ќе се тегне кон нив да се погали, ќе им душка по џебовите. Исто како и дечарите што си кажуваат како ќе заиграат туѓо дете, и не им пречи туку напротив, сакаат да го занимаваат детето. Мајките немаат радар да знаат на кого му пречи.
    На кој му смета, уста има?! :^) Има. Извини, дај прибери си го детето, или во мојов случај кучето, оти и едното и другото толку разбира. Толку треба само. Ни вртење очи, ни кавги, ни непотребна нервоза да ви избива години подоцна оти туѓо дете ви турнало чаша сок. Кој е толку без осет и нема да реагира на збор? Со разбирачка. Ама не, па тоа е толку едноставно.

    И не им се секирајте толку на тие деца носени по кафичи. Досадно им било, нервозни ги правило. Таф! Мајките нека им берат гајлето кога ги трчаат, колку ги играат, кога ги хранат, бањаат, легнуваат...а кога ги остават еден саат без стимулација, без разлика каде. Како ќе научат трпение? Нека дојде мене некој во паб да ми рече тоа куче треба да го трчаш во парк не тука да се досаѓа додека ти пиеш сок и муабетиш. Ќе им го с'снам бе :!: :rofl:
     
    На sabatini, Doozy, mimiiiii и 10 други им се допаѓа ова.